Андреј
Gaining Experience
Изборот на слушалки е преголем на Али Експрес и реално е тешко да се најде нешто фино. Затоа се потпираме на искуства и препораки како оние на Scarbir, Crinacle и други критичари кои пишуваат за тоа како звучат.
Извонредно тешко е да се долови преку зборови, особено кога во прашање се и лични преференции.
По дома имам неколку слушалки кои најверојатно ќе ги поклонам лево-десно, бидејќи не се исплати да ги вратам, ниту можам да ги продадам. На кратко ќе пробам да ви го доловам звукот и искуството со нив.
Единствената причина поради која ги купив е рецензијата на Скарбир. Звукот можам да го опишам како напнат V-shaped тјунинг, каде средните тонови се мачат да дојдат до израз. Би нагласил напнат, затоа што звукот делува агресивно и преблиску во уво, не се осеќа големината на сцената. Не знам како им дал 5 ѕвезди али тоа е, секој има свој вкус. За да бидам сигурен дека не се расипани ги измерив и подолу е резултатот.
Ова е шопинг искуство од типот Киндер јајце. Никој ги нема измерено, не се знае какви се, само едно добро интервју на интернет. Гледајќи ги рецензиите за верзијата со balanced armatures, знаев дека нема да ми се допадне тоналитетот на таква слушалка, па одлучив да ја купам верзијата со динамичен драјвер.
Можеби најлошата слушалка што сум ја купил за парите. Високите тонови се пренагласени и тука се губи целиот баланс и тоналитет. Дополнително, слушалките прикажуваат некоја фонија повремено кога ќе се доближат, неподнослив звук што е верувам технички проблем кај сите модели.
QCY e компанија која го револуционизира пазарот на слушалки со евтините модели како QS1 и QS2. QS1 е мој дејли драјвер, бекап на кој секогаш се враќам со полно срце после тестирање на поскапи слушалки како овие погоре. Не се перфектни, има вакум, не се најдетални, може и да се покомотни со попрецизен бас... маани имаат, јасно е. Сепак имаат балансиран звук и фин бас за во транзит. Најбитно за мене е дека не се чувствувам уморено после слушање или пак имам болка во ушите како последица.
QCY T5 е донекаде подобрена верзија на QS1 и QS2. Покомотни се, имаат многу подобар и функционален микрофон, звукот делува поприродно и е добро балансиран. Нешто што ретко се среќава кај слушалка под 25 долари, ако не ви смета дизајнот.
За жал имав проблем со високите фрекфенции. Пикот околу 7.5-8K станува неподнослив за мене после некое време. Пробав да го испеглам и реално звучи малце подобро, но сепак и натаму се осеќа. Тоа не значи дека на други не им се допаѓаат, бидејќи имам пријател кој ги слуша секојдневно. Исто Scarbir и Crinacle им дадоа добри оценки. Сепак, најдобро е да си ги слушате ушите а не тоа што другите пишуваат

SSK BT03

Shanling MTW100

QCY T5

QCY T5 со Spinfit CP360 eartips