Андреј
hello world
Слушалки
Гледам ривју сега ова филипсот open-back, не сум имал такви до сега, вика скоро као звучник ти се 30% од тоа што го слушаш внатре излегува надвор
Ми треба повеќе бас, она да ја осетиш музиката како ти се шета низ главата е тоа ми треба
Каков е тој иновативен бас рефлекс систем на овие Beyerdynamic DT770?
Ако сакаш бас пробај со филтри (EQ APO и Peace GUI) не слушалки нови.
Еве ти еден филтер пресет за Philips 9500 кој ми изгледа добар и следи харман таргет за бас, одличен до 200Hz. Ако ти треба повеќе можеш да додадеш секако, ама квалитетот на истиот ќе зависи и од квалитетот на драјверите во слушалките. Некои драјвери трпат такви децибелни промени, други лошо реагираат.
Philips 9500 изгледа прилично неутрално ама им фали бас зошто се отворени, но тоа се решава со Filter 1: ON PK Fc 31 Hz, Gain 6.8 dB, Q 0.83. Колку се детални и каков саундстејџ имаат, не можеш да видиш од овој график. Еве еден водич за тоа што можеш да очекуваш и како се читаат графици.
Многу можеш да направиш со еквилајзер на компјутер, барај само слушалка која може да се „испегла“ лесно, не секоја е таква. Бас лесно се пегла, треблот е проблем секогаш. 9500 изгледаат рамни во таа секција.
Дополнително 9500 можеш да ги направиш гејминг слушалки со микрофон, не сум навлегол ама има опции ако пребараш.
Ако сакаш понатаму да слушаш музика на „хи-фи“ левел (што и да значи денес таа дефиниција), тогаш види ги производите што ги препорача @TheMarshal. Topping E30 e неверојатна вредност на почеток и можеш да почекаш на Topping L30 amp.
Тоа со шетање на музика низ глава и јас сакам некој да ми го објасни, изгледа дека си го губам времето со стерео 2.0 наместо да ставам 7.1
Последна промена: