Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Електрични велосипеди - за и околу

dreamson

hello world
8 ноември 2009
326
690
Го има кај нас ова Zoom 442 не ми го наоѓа нигде...
Барај кај овој има колчиња со амортизери 100% ќе најдеш, не мора да е од Zoom, има подобри тој.

Само види која димензија е кај твојот точак, и такво барај.

Иначе од искуство :) со тек на време ќе те преболи гз, почетник си :oops:
 
18 август 2019
1.210
1.176
Ајде малку сериозно.

Не знам колку ќе помогне амортизација во случајов. Амортизација треба на макадам. Овде не е проблемот до амортизацијата туку на седиштето доаѓа дел од задникот кој во нормални услови (седење на стол) не бил под оптоварување. Особено ако корисникот не бил активен на велосипед. Дури и кај активните велосипедисти се јавува овој проблем кога ќе го сменат седиштето со друго (друга форма).

Со тек на време задникот ќе се привикне на новите услови.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.692
12.532
Skopje
www.wemaxa.com
Ајде малку сериозно.

Не знам колку ќе помогне амортизација во случајов. Амортизација треба на макадам. Овде не е проблемот до амортизацијата туку на седиштето доаѓа дел од задникот кој во нормални услови (седење на стол) не бил под оптоварување. Особено ако корисникот не бил активен на велосипед. Дури и кај активните велосипедисти се јавува овој проблем кога ќе го сменат седиштето со друго (друга форма).

Со тек на време задникот ќе се привикне на новите услови.

Тоа се тие програмерски форумски газови, пола теми се кој какво канцелариско столче да најдеме, па ваква ергономија, па таква ергономија, мемори пена за лев образ али за десен гел пошто на десниот се навалувам, потпунки, наслонувач 68 степени агол и лумбарни лептири, потпирачи за лакти.... и сеа од тие мини царски трончиња одиш на меѓуножно дупетрескало :)
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.782
33.887
roka.mk

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.989
Да се ми засвиѓа, од тоа се плашам. :/
Нема да ти се засвиѓа. Остај провокации, нормалмо е да е ужас седиштето дифолтно.

Муабетот е друг, има седишта кај нас, ретко ама се наоѓа. Налик ова, итаљански, не се ни скапи. Знам пошто имам, и разликата е небо-земја, уствари нептун-земја.

Налик ова. MONTE GRAPPA SEDISHTE BRAVO SOFT (ART.115) - Велосипед

На пример, или има слични. Самиот материјал треба да е пре, нај, ултра мек, прстот да пропадне 3цм кога ќе стиснеш. За да ја распредели тежината на коските како што треба. А федерите (да строго федери мора), апсорбираат масивни количини на дупки и нерамнини кои инаку директно во карлица и кичма се пренесени.

Очекувај да се намалат болките за 96-97%. Ако намалувањето е помалку од овој процент, не е добро седиштето.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Главно е да ти одговара формата, џабе ти се и амортизери и сунѓер ако те убива.

Јас на роуд користам седиште со минимален сунѓер (Prologo Scratch m5) , т.е. не е ни сунѓер, некоја пена мислам е не знам што беше точно, и комотно можам да го возам по 15, 20 км без спортската облека, без да осетам болки. Нормално не препорачувам вакво за градски точак, ама ако ја погодиш формата нема да ти биде проблем ако нема амортизер или не е 10 цм дебел сунѓерот.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.989
Тотално неточно. Нажалост кај бајкери и роади и слично владее такво мнение. Многу ми е жал што куп народ вака се доведува во страшна заблуда.

Конкретно си има проблем човекот, ист како и 95% комјутери. Ти спаѓаш во тие 5% кои не не интересираат.

Жал ми е за коментаров, ама преку глава од муабетов искрено. Да не се знаело за доста.

Повелете најсовршеното видео на цел интернет поврзано со точаци:
View: https://www.youtube.com/watch?v=5EE8m8mmq1k
 
Дени, не знам зошто те вознемири до толку мојот коментар. Моето искуство е тоа, јас секогаш ќе земам квалитетно седиште дизајнирано да одговара на моите димензии, него ли некое со федери и не знам каков падинг (не ми текнува во моментов на зборот на МК).

Секој спрема својот памет, мислам дека нема ништо лошо да се сподели мислење и искуство, било тоа да тебе ти се допаѓа или не. @Fatal1ty_ верувам дека цени повеќе искуства и на крај сам ќе си процени дали повеќе ќе му одговара квалитетно седиште, ергономско пред се, или генеричко седиште со федери.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.989
Не бе не.

Фаталити не си човек ако не ги заќутиш. Дај заедно да пробаме, дој Карпош 1 и да се заврши глупиов муабет.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.026
1.841
Скопје
Дени, не знам зошто те вознемири до толку мојот коментар. Моето искуство е тоа, јас секогаш ќе земам квалитетно седиште дизајнирано да одговара на моите димензии, него ли некое со федери и не знам каков падинг (не ми текнува во моментов на зборот на МК).

Секој спрема својот памет, мислам дека нема ништо лошо да се сподели мислење и искуство, било тоа да тебе ти се допаѓа или не. @Fatal1ty_ верувам дека цени повеќе искуства и на крај сам ќе си процени дали повеќе ќе му одговара квалитетно седиште, ергономско пред се, или генеричко седиште со федери.
двајцата сте делумно во право :)

на роуд различно се седи према пример градски/електричен .. тежината е различно рапределена, на роуд повеќе се потпираш што се вика него што седиш.

второ да гзните коски треба да имаат соодветна потпора, и затоа треба точна димензија седиште без разлика дал е меко, со федери и тн.
 
Dinamit

hello world
25 мај 2013
434
607
@Fatal1ty_

Одбери од oваа фирма.
Ако некој ги продава кај нас. Нема промашување.
Selle има традиција од над 100 години во правење на седла.
Се што сум имал било врвно.
Најди само некое за Citybike и тоа е.

Ако ти е прашањето дали Ќе завршиш работа и со поевтини седла и комбинации, Одговор е ДА.
Brooks од старине ( се исто така супер седла, но тешко мислам дека ќе најдеш од нив на ново, евентуално некое користено)

Како и да е поудобно од Selle нема да ти биде.
Ако не ти е проблем 60-100 евра, тука затвори го случајот.
 
Последна промена:

CBB_6

BBC
9 декември 2016
349
1.069
одиш на меѓуножно дупетрескало
Со тек на време задникот ќе се привикне на новите услови.
Да се ми засвиѓа, од тоа се плашам. :/
Дај заедно да пробаме
Ова чоек да отвори набрзина да скролни и згора-преку да прочита, ќе си помисли дека за нешто „трето“ прајте муабет.. :LOL:
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
двајцата сте делумно во право :)

на роуд различно се седи према пример градски/електричен .. тежината е различно рапределена, на роуд повеќе се потпираш што се вика него што седиш.

второ да гзните коски треба да имаат соодветна потпора, и затоа треба точна димензија седиште без разлика дал е меко, со федери и тн.
Точно така, мојот совет беше токму тоа, ако ја утнеш формата на седиштето, џабе ти е се, а не дека треба да користи карбонско седиште од 100 грама.

За жал гледам дека лошо беше прифатен мојот коментар, и наместо некаков одговор со аргументи добивме "да ги заќутиш", "глуп муабет", 7 минутно видео што врска си нема со темата.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.989
Драго ми е што се разбираме. За да не западне народ во заблуда непотребно.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.989
Седиштето мора да биде тврдо, тесно, и анатомски дизајнирано да те потсети дека страдаш, зашто ако не страдаш, дали воопшто возиш? Toa e парадоксот. Do you even lift bro.

Од другата страна, комјутерот, кој вози не само кога е убаво време и кога Strava сегментот е „свеж." Тој има меко седиште и не се срами од тоа. Има амортизери зашто улиците не се велодром, туку распаднат асфалт, шахти, ивичњаци и онакви халф-пајпови за олуци. Има федери на седиштето зашто е човек кој знае дека `рбетот не е потрошен материјал. Има ерго грипови зашто раката е алатка, не жртва.

Има една посебна психологија кај сериозниот велосипедист, потребата да биде виден како некој кој страда за нешто. Тврдото седиште не е удобност, тоа е идентитет. „Јас сум доволно тврд за ова." Тесните гуми не се практичност, тоа е филозофија. „Јас барам чист контакт со патот." Отсуството на амортизери не е избор, тоа е религија. „Вибрациите ме поврзуваат со велосипедот." Ако му кажеш дека постои седиште кое е и удобно и лесно, ќе те погледне како да си му кажал дека земјата е рамна. Комјутерот, пак, нема потреба да докажува ништо, нема потреба да го гали егото. Неговиот велосипед не е продолжение на егото, тоа е алатка. Како добро пенкало, или удобни чевли. Работи, е удобен, стигнуваш каде треба, и не размислуваш за него додека не треба да го заклучиш. И во тоа е слободата.

Удобноста пред се, наспроти тоа егото ти го убива газот и кичмата, ама мора да се трпи, за мода.

View: https://www.youtube.com/watch?v=5EE8m8mmq1k
 
TheBuilder

read-only
15 мај 2014
6
2
Здраво,
Сакам да земам електричен велосипед кој највеќе би го користел за идење на работа, и да возиме низ парк со децата, значи ништо екстремно. Не ми се даваат многу пари засега пошо и не возам толку често па го гледам овој: MS ENERGY eBike c11_M size електричен велосипед | Електрични велосипеди | Електрични велосипеди и тротинети | eKupi.mk - Вашата интернет-продавница

Рамот е М (17'') според спецификација и е со максимално оптоварување од 100 кг. Јас сум висок околу 173цм и околу 73-75кг тежок.
Проблемот е што нигде не можам да го најдам распакуван да го пробам, па не сум сигурен дали големината ќе ми одговара.

Ако може некој поискусен да сподели дали одговара рамот со мојата висина/тежина и ако има луѓе што го имаат купено да кажат искуство како сте задоволни општо од точакот и од перформанси на моторот и батеријата.

Фала однапред.
 
Атачменти

  • EK000598166_1.jpg
    EK000598166_1.jpg
    119,7 KB · Прегледи: 16

mkgunner

hello world
29 октомври 2008
444
339
Кичево
mkgunner's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 1600AF
Motherboard
MSI B450 Gaming Plus Max
Storage
Kingston A2000 250GB
PSU
Chieftec GPS-600A8
RAM
2x8Gb G.Skill Ripjaws F4-3200C16D-16GVGB
Video card
XFX RX570 4GB
Case
No name
Mouse
некаков Кинез
Keyboard
Delux K5108 (11 години, абер нема да рикне)
Audio
Panasonic SA-AK20 на AUX
Monitor
AOC 27V2Q
OS
Windows 10 Pro

Зависно од геометријата на самиот рам и спецификациите на производителот, не секогаш М големина одговара на твојата висина. Најдобро е ако можеш да најдеш технички податоци и табела за тој точак и тогаш ќе знаеш точно која големина ти одговара.
 
acikaaa

user
22 октомври 2018
1.188
1.190
Скопје

mkgunner

hello world
29 октомври 2008
444
339
Кичево
mkgunner's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 1600AF
Motherboard
MSI B450 Gaming Plus Max
Storage
Kingston A2000 250GB
PSU
Chieftec GPS-600A8
RAM
2x8Gb G.Skill Ripjaws F4-3200C16D-16GVGB
Video card
XFX RX570 4GB
Case
No name
Mouse
некаков Кинез
Keyboard
Delux K5108 (11 години, абер нема да рикне)
Audio
Panasonic SA-AK20 на AUX
Monitor
AOC 27V2Q
OS
Windows 10 Pro

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.782
33.887
roka.mk
@null_ptr Ај плиз накратко цела постапка како иде нарачката и доставата од Краго, добра информација може да биде.
 
null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.044
1.128
Куманово
Колку ти зедоа од Краго ако не е тајна?
Велотека ми земаат по 15 евра од пратка.
имав еден куп нарачки од различни продавници, ама може да се израчуна со нивниот калкулатор=
1777321789355.png 1777321366250.png
@null_ptr Ај плиз накратко цела постапка како иде нарачката и доставата од Краго, добра информација може да биде.
Како и секоја нормална нарачка на интернет, твое име, број, и-мелј и нивна адреса во Германија, кога ќе стигне го сликаат и мерат пакетот и ти бараат фактура (на истиот и-мејл). Секоја друга недела идат за МК и ти испраќаат со карго до врата. Доста брзи и услужни и одговараат на секое прашање на WhatsApp. До сега над 10 пати имам нарачано, пакетите читки - ништо не фали.

Crago Calculator
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно