Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Алтернативен превоз (велосипеди, тротинети)

boro1

user
13 август 2009
1.816
1.631

I bet this gets a lot of bitches..

Кола или пешки. Тротинети точоци скутерчиња ми се некако безврска, 500 денари месечно повеќе или помалку за гориво не прават некоа значајна разлика а ризикот е зголемен за х50.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770

Забораваш на времето.

Типично сценарио: Од Лисиче до ТЦ Буњаковец ми треба 25-30 минути вкучувајќи и паркирање. Со точок ми треба 15 минути. Последниве 2-3 години и доста често се случува да не може да најдеш паркинг место, па да треба уште 10-тина минути да возиш додека најдеш. Па ако налеташ на зона што е само за резиденти, good luck.
 
StefanPetrov

lurker
5 април 2016
525
910
StefanPetrov's setup  
Processor & Cooler
12700F / Arctic Liquid Freezer II 240
Motherboard
MSI PRO Z690-A DDR4
Storage
1TB Firecuda 520 SSD / 500GB Kioxia Exceria SSD / 1TB WD HDD
PSU
Asus ROG STRIX 750W
RAM
32GB G.Skill Aegis 3200 MHz
Video card
EVGA 3080 FTW3 Ultra 10GB
Case
Modecom Volcano Amirani White
Mouse
Razer Deathadder V2
Keyboard
Cooler Master MK730 Brown Switches
Monitor
LG 32" 165Hz QHD
OS
Windows 10 / Ubuntu
Моментално пешки до 4км во правец, над тоа палам кола ради поѕрошеното време. Оваа алтернатива не ради цената на горивото туку зошто обожавам да пешачам, дур земам точак електричен потоа вероватно со точак и повеќе од 4км.
Имам, топ е. Еднаш вртиш на педалата, оти како да си свртил 3 пати.

Секогаш ќе препорачам електричен точак пред електричен тротинет. Поарно земи скутер/веспа искрено пред тротинет, и онака 4 тактните трошат по 2-3 литри на 100 километри. А и двајца можи да носи.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.692
12.532
Skopje
www.wemaxa.com

Не се согласувам, имам и ел. велосипед, и скутер и тротинет. А категорија од 18 год. Трошок за гориво и одржување на скутер на страна, не се споредува моментот со возење на тротинет во мир покрај Вардар, без семафори и неписмени шофери, камери и камикази пешачи - посебно сега со осоен плебс што чека пред бесилки и гилотини да гледа сеир или да ликува..

Велосипед, во било каков формат е одличен избор но кај нас има проблем, се краде. А кој пробувал да маневрира велосипед да качува по скали/лифт и после да му бара место каде да го смести (ходници по згради, тераси... итн) не е тоа тоа. Велосипед бара посебна гардероба, да не редам причини кој вози знае. Потење и сл. оставам на страна.

Да немаше проблем со кражби, да можеше било каде да оставиш велосипед и да знаеш ќе биде таму кога ќе се вратиш, немаше потреба да се дискутира, али јбг ситуацијата е таква каква што е. Осетлив сум на ова поле, ми имаат здиплено ендуро мотор, пред зграда, врзан со дебел ланец, уште си ја чувам сообраќајната...
 
NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.589
6.861
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home

chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Не се согласувам, имам и ел. велосипед, и скутер и тротинет. А категорија од 18 год. Трошок за гориво и одржување на скутер на страна, не се споредува моментот со возење на тротинет во мир покрај Вардар, без семафори и неписмени шофери, камери и камикази пешачи - посебно сега со осоен плебс што чека пред бесилки и гилотини да гледа сеир или да ликува..

Велосипед, во било каков формат е одличен избор но кај нас има проблем, се краде. А кој пробувал да маневрира велосипед да качува по скали/лифт и после да му бара место каде да го смести (ходници по згради, тераси... итн) не е тоа тоа. Велосипед бара посебна гардероба, да не редам причини кој вози знае. Потење и сл. оставам на страна.

Да немаше проблем со кражби, да можеше било каде да оставиш велосипед и да знаеш ќе биде таму кога ќе се вратиш, немаше потреба да се дискутира, али јбг ситуацијата е таква каква што е. Осетлив сум на ова поле, ми имаат здиплено ендуро мотор, пред зграда, врзан со дебел ланец, уште си ја чувам сообраќајната...
Јас пред некој ден бев на кеј со точак, одамна не сум возел со точак таму и нешто што многу ми пречеше беше улетани батиња со тротинети. Буквално ги возат со максимална брзина и само ти излегува од позади тебе, нешто што ама ич не ми се допаѓа бидејќи кејот го сметам како зона за спорт и релаксација, а не некој со тротинет на струја да лета за да стигне некаде побрзо. Да си возат некоја нормална брзина во ред, ама вака кога ќе ги видам како камикази ми иде јас да ги исклучам од сообраќај.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.692
12.532
Skopje
www.wemaxa.com
Јас пред некој ден бев на кеј со точак, одамна не сум возел со точак таму и нешто што многу ми пречеше беше улетани батиња со тротинети. Буквално ги возат со максимална брзина и само ти излегува од позади тебе, нешто што ама ич не ми се допаѓа бидејќи кејот го сметам како зона за спорт и релаксација, а не некој со тротинет на струја да лета за да стигне некаде побрзо. Да си возат некоја нормална брзина во ред, ама вака кога ќе ги видам како камикази ми иде јас да ги исклучам од сообраќај.

Не ти сметаат повеќе пешаци кои одат доле по велосипедска (иако горната патека е наменета исклучиво за нив), застануваат, зјапаат во мобилен, шетаат пуштени миленици, се кошкаат а ти смета 1 ако помине во 15 минути на тротинет? Брзи тротинети се ретки, 95% што возат тротинет по кеј ги возат 17-20км/ч.
Мислењето е автоматски споено:

Кај нас ретко мислам, не сум видел. Ел. скејтборди сум видел 2јца мислам.
 
Па сметаат пешаците да, меѓутоа пешакот јас го гледам, а камиказава со тротинет само ми излегува од позади и прелетува до мене. Он ако ме собере ќе ме искрши и мене и точакот, пешаков не ми е никаква опасност. Додатно сметам дека кеј не е место за тротинети, со тротинет никој не се рекреира, тука баш спротивно го гледам тоа како кога возат веспи по велосипедски патеки.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
Додатно сметам дека кеј не е место за тротинети, со тротинет никој не се рекреира, тука баш спротивно го гледам тоа како кога возат веспи по велосипедски патеки.

Законски смееш и со мопед да возиш на кеј или било која вело патека, нормално ако ја прилагодиш брзината до 25km/h.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.692
12.532
Skopje
www.wemaxa.com
Кои се примарни причини доколку некој тука користи автомобил за градски превоз?

  • навика/комоција/сум платил ќе го возам
  • стар сум за (точак/тротинет..) или немам или одамна возев..
  • имам алт.средство ама комплицирано ми е да го менаџирам (ставам/вадам од дома/влез/ полнам етн.) кола ми е поедноставно
  • купувам храна и сл. потребен ми е автомобил за транспорт
  • разнесувам деца/партнер итн. по Х места т.е. одиме повеќе луѓе
  • друго.. ?
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.215
2.644
се вози зошто е комотно, свое, не мирисаш мишки нечиви во автобус, не те тепа промаја како оние што возат тротинети, точаци и мотори.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
се вози зошто е комотно, свое, не мирисаш мишки нечиви во автобус, не те тепа промаја како оние што возат тротинети, точаци и мотори.

Тогаш значи луѓето од Виена/Минхен/Прага сакаат да мирисаат мишки? И големото користење на јавен превоз не им е до бенефитот што со јавен превоз стигаат побрзо до крајната дестинација? :unsure:
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.692
12.532
Skopje
www.wemaxa.com
Да започнеме листа, главни причини се:

1. Мишки
2. Промаја
3. Швалерки ≠ гидан

https://www.tiktok.com/video/7617518005249101059 View: https://www.tiktok.com/@hahahamememachine/video/7617518005249101059?q=armpit%20icecream&t=1774003451804

Лично, користам возило (низ град) од помалку егзотични причини, и тоа кога: планирам да купам/носам поголем товар, кога е екстремно ладно, кога има снег или голомразица.
 
Последна промена:

Enquito

poweruser
8 август 2017
2.600
1.764
Мислам дека автомобилот пред се ти дава комоција, слобода на движење, одиш каде сакаш, кога сакаш, со кого сакаш. Тоа е пред се зошто луѓето се возат со автомобил, наместо со бус.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Кои се примарни причини доколку некој тука користи автомобил за градски превоз?

  • навика/комоција/сум платил ќе го возам
  • стар сум за (точак/тротинет..) или немам или одамна возев..
  • имам алт.средство ама комплицирано ми е да го менаџирам (ставам/вадам од дома/влез/ полнам етн.) кола ми е поедноставно
  • купувам храна и сл. потребен ми е автомобил за транспорт
  • разнесувам деца/партнер итн. по Х места т.е. одиме повеќе луѓе
  • друго.. ?
Многу субјективен ти е пристапот. Не живеат сите на 2-3 км од работата и можат да користат транспортни средства по желба.

Многу луѓе патуваат по 10-15 км па и повеќе во еден правец, на дестинации каде воопшто нема јавен превоз во близина или е недоверлив, како и услови за возење велосипед или тротинет.
Луѓето на пат кон работа оставаат деца во градинка или училиште.
На враќање од работа пазаруваат, затоа што немаат на минута-две од дома супермаркет или пазар. Ела влези во преполн автобус со ташна и две торби пазарлук.
Имаат теренска работа, одат натака-навака низ град со возило и носат најразличен багаж. Неизводливо со автобус или точак.

Многу луѓе се приморани да одат со кола баш затоа што немаат можност за алтернативен превоз, дали јавен превоз што е најдобар случај или можност за точак, тротинет, мопед...
Секако има и такви што заради мрза или снобизам одат исклучиво со кола.
Ама чекај саат време автобус на дожд и ветер или на 35 степени, па уште толку гужвај се внатре затоа што носи патници и од претходните три што не дошле, па ревидирај ги причините зошто.

Еве практично прашање, живееш во Радишани а работата ти е некаде во Карпош 2-3. Или Триангла. Како би одел на работа?
 
Проблемот е што до сега нема таков одговор, прашањето е конкретно а да хипотетизирам можам и сам, не беше тоа поента. Еден кажа мишки му сметале и сакал да му биде лаг'ница, плаќал па ќе вози, не кажа дека живее на Х километри или има реална потреба..
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.989
Најдобра опција секако се моторциклите кои имаат автоматски менувач. трошат малку, имаат гепек за работи, со нив се носи кацига, ракавици, имаат добри гуми и кочници, имаат регистрација, имаат осигурување, едноставно се направени да функционираат на овој свет.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Проблемот е што до сега нема таков одговор, прашањето е конкретно а да хипотетизирам можам и сам, не беше тоа поента. Еден кажа мишки му сметале и сакал да му биде лаг'ница, плаќал па ќе вози, не кажа дека живее на Х километри или има реална потреба..
Каков одговор нема, на што?

Сите причини што ги набројав се од реалното секојдневие, не се измислени. Дури и тие што им сметаат мишки.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
Многу луѓе патуваат по 10-15 км па и повеќе во еден правец, на дестинации каде воопшто нема јавен превоз во близина или е недоверлив, како и услови за возење велосипед или тротинет.

Тука се согласувам. Јас почнав да возам автомобил кога се преселив во Бразда (на ~12км од Скопје). До тогаш, иако имав дозвола, немав пипнато кола.

Најпрво, Бразда е ридско место, ми отпадна идејата да возам точак. Пробав неколку пати доста напорно беше. Второ, навечер е доста лошо осветлено и небезбедно и потребно беше да се вози по магистрали или локални улици каде што се дивее и вози брзо. Автобусите беа премногу ретки и не ме оставаа баш на станици каде што најчесто движев. Под дифолт морав да почнам да возам.

Претпосавувам дека истово е валидно и за луѓе што живеат во сите приградски средина во околината на Скопје.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.622
3.169
Јавен превоз се користи се додека не си способен за приватен превоз.
Авионите се добар пример за тоа. Авион во суштина е автобус што лета.
Користиш регуларни летови се додека не си во можност да имаш свој авион. Не е снобизам, практичност е.
Во големи градови луѓе имаат хелихоптери од истата причина. Побрзо и поефикасно стигнување од точка А до точка Б. Тоа нетзеро и слични климатски срања се само замајување на јавност (и во суштина се снобизам). Практичност е тоа што го сака секој.
Темата е алтернативен превоз. Ако има електрични возила што ќе бидат издржливи/исплатливи како тие на внатрешно согорување, тоа ќе биде алтернативата.
 
Последни теми

Последни огласи

На врв Дно