Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

stavrov69

lurker
26 ноември 2008
514
327
Затоа што маглите се честа појава во Скопје инвертер клима со грејач на надворешна единица или на масло на компресор.
Мрзнењето е незгодно особено ако седиш во зграда па не можеш да интервенираш.
Има ли некој што ги прави овие работи?
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
Moже да се монтира...Ама дали си размислувал дека и за тој грејач ке треба струја да работи. Тие се одприлике околу 300вати, и кога температурата е под (некој си степен) работат нонстоп. Па во тој случај заштедата на електрична енергија ке биде многу помала...Односно потрошувачката ке се зголеми за некој си 30% одприлика.
А користење на клима е ради заштеда, а не ради тоа што ке биде ефикасно или незнам што греењето. Како год, пак поефтино доаѓа ама па ефикасноста на климите се намалува како паѓа температурата. Има еден куп табели по упатствата што како и колку троши на која температура, влажност на воздух итн итн. Ме мрзи да барам сеа....Ако налетам на нив ке ги постирам...

Друго економично греење во овакви услови кај нас е само термоакумулациона печка која ке се полни само на ефтина струја ноќе, а ке зрачи преку ден. АКо имаш добра изолација и добра дограма, нема да имаш губитоци и се ке биде ОК.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.575
19.283
Грејач на надворешна единица, мислам дека некој член имаше ставено слики како е наместено самоделски.
Па.. има „од мајка“ клими со тоа а некои пробуваат да бидат научници па им местат па испаѓа дека им е исто да се греат со термо печка.
Греач на масло од компресор (фабрички) и инвертер, да не е галички, ќе брка работа.

Сепак, не можеш да се потпреш само на клима за греење. Panasonic има готови решенија за централно греење со климатизери односно топлотни пумпи (FONKO ги монтира/ше) ама тоа е надвор од нашиот опсег.
Јас на пример имам парно на нафта кое не е запалено 10 години заради потрошувачка. За да го оспособам на цврсто гориво треба да вадам бренери и триста чуда. Ќе чекам нашиве да донесат гасификација ;)

Јас во зима се греам на клима и термо печка (6-ка) и уште една термо водетската (2-ка) кои ги полнам на евтина. Ги спастрив темелно (сменив стаклена волна и вентилатори) и све некако чекаме да дојде април :)

Toa e. Да седиме во медитеранска земја како Грција полесно ќе тупиме овдека. Еден Daikin и чао.
 
stavrov69

lurker
26 ноември 2008
514
327
И јас си користам термо печка али во дуќан имам инвертер па ме интересираше дали може да ставам такво нешто за поретко да влева во дефрост на ладно.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.575
19.283
И јас си користам термо печка али во дуќан имам инвертер па ме интересираше дали може да ставам такво нешто за поретко да влева во дефрост на ладно.
Ќе ставиш и нема да ти брка работа. Поголема ефикасност ќе има да ја исчистиш надворешната од ѓубре и прашина отколку да се бафташ со греачи.

Треба да и најдеш sweet spot на климата за да не дува долго време и нема толку често да влегува во defrost.
 
Bane

hello world
11 септември 2011
209
214
Prilep
Bane's setup  
Processor & Cooler
Core i5-10400
Motherboard
Asus prime B460M-A
Storage
Samsung 970 evo 500gb + Kingston A2000 500gb
PSU
Bequiet PurePower 11 Gold 600w
RAM
G.Skill Trident Z Neo 16GB 3200MHz DDR4 CL16 (2x8)
Video card
ASUS Turbo GeForce® GTX 1060 6GB
Case
Bequiet Pure Base 500dx white
Mouse
Razer Basilisk
Keyboard
HyperX
Audio
onboard
Monitor
Dell Ultrasharp U2412M
OS
Windows 10
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=28_56_143&product_id=201920

дали климава е во ред за 16.000 денари? (просторијата е 40м2.) местењето ми е гратис.
ми треба клима за преоден период кога треба да топли и нормално да лади во лето.
најбитен фактор во моментов не ми е потрошувачка туку тивкоста на климата при работа, палење, гасење итн.
 
smole

poweruser
18 април 2007
3.901
4.581
Бидејќи климата ќе ја користам 95% за ладење, ќе ми прави голема разлика ако земам инвертер наспроти НЕинвертер?
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.065
7.741
Бидејќи климата ќе ја користам 95% за ладење, ќе ми прави голема разлика ако земам инвертер наспроти НЕинвертер?
Инвертерот помага и кога е претопло надвор - обичните тогаш не можат да разменуваат топлина со околината
 
vane44

Баниран/a
26 ноември 2010
1.419
809
Гевгелија
за ладење ќе ти брка работа и климатизер TCL од 200 евра џабе ќе фрлиш пари за инвертер ако мислиш само да се ладиш со него
 
vane44

Баниран/a
26 ноември 2010
1.419
809
Гевгелија
Инвертерот помага и кога е претопло надвор - обичните тогаш не можат да разменуваат топлина со околината

кој вели дека не можеш кога јас цело прошло лето на +45 се ладев со мојата најобична НЕО клима на 25с.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.086
6.019
Инвертерот лади потивко и троши помалку енергија. Ако конфорот во собата е важен (тишина, константна температура) - инвертор е правиот избор.
 
vane44

Баниран/a
26 ноември 2010
1.419
809
Гевгелија
Инвертерот лади потивко и троши помалку енергија. Ако конфорот во собата е важен (тишина, константна температура) - инвертор е правиот избор.

е тоа да ама ако гледаш да поминеш што е можно поевтино нормално ќе одиш на варијанта неинвертер,јас планирам овој месец да земам уште една ама овој пат ќе сменам ќе одам на вивакс да пробам како ќе се покаже,од неото сум презадоволен зимава работеше и грееше одлично и на -7с толку беше најладно кај нас
http://jivi.mk/index.php?route=product/product&path=217_218_219&product_id=172
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.388
975
инвертер клима за во лето нема никаква разлика со обична.
ако ви е само за во лето,не фрлајте пари за џабе.

највеќе доаѓа до израз инвертерот само зимно време под -5
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
@maci како мислиш дека нема???
Инверторот е баш тоа, односно заштеда на енергија со променлива работа на компресорот, односно моторот.
Исто како што во зимо инверторот работи нонстоп, во почетокот со максимална снага, па како постигнува температура, така поспоро врти, троши помалку енергија. Тоа е заштедата...
Инаку далеку од тоа дека нема да лади или грее и едната и другата...
:)
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.388
975
мислам дека нема.бидејќи што фајде од променливо работење на компресорот во лето?не ми е јасно зошто би работел променливо?
а во зима да, треба да работи променливо поради мрзнењето,поради ниската стартна температура...
ај да речеме дека е така,дај да споредиме колку е разликата од инвертер и обична клима.
еве на мојата обична клима 3,5kw пишува потрошувачка при ладење е 1150 вати а на греење 1230вати.
еве нека прочита некој на внатрешната единица на инвертер колку му пишува на налепницата.
па ќе споредиме.
 
остави ти што пишува и на мојата пишува дека троши 1070 вати на ладење ама не мрда повеќе од 850 проверена 10 пати најмалку со апаратчето од анхоч
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.388
975
ване,обична или инвертер?
незнам зошто повеќе веруваш на апаратче од продавница а не на спецификација од произведувачот?

искрено јас повеќе би верувал на спецификација од производителот него на апраратчето.бидејќи може апаратчето не е баждарено како што треба,незнаеме дали точно покажува....затоа :)
 
vane44

Баниран/a
26 ноември 2010
1.419
809
Гевгелија
обична нео клима е со тошиба компресор,а апаратчето си покажува многу убаво тестирано е на повеќе фиксни потрошувачи варира +- 2 вати
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
мислам дека нема.бидејќи што фајде од променливо работење на компресорот во лето?не ми е јасно зошто би работел променливо?
а во зима да, треба да работи променливо поради мрзнењето,поради ниската стартна температура...
ај да речеме дека е така,дај да споредиме колку е разликата од инвертер и обична клима.

@maci
Значи вака најпросто да ти објаснам. Во зимо, заради ниските температури, со цел да се постигне саканата температура, моторот ја зголемува или намалува својата брзина... Пример инверторот никогаш не се гасне, или се гасне ако се створат идеални услови тоа да се направи. Значи тој дува постојано се додека не влезе во мод на дифрост. А кога не е во мод на дифрост, ако ја постигне температурата која му е зададена во просторијата, пример 21 степен, таа и понатаму дува и дува и дува. И ако ставиш рака од кај што дува ке видиш дека уствари не дува топло, врело како год сакаш наречи го, туку дува млако накај ладно, односно со температура многу блиска до 21 степен, да речеме 25 до 27... Во тој режим на работа климата троши многу малку, односно го одржува воздухот на одредена температура постојано...Компресорот работи малтене во најспор режим на работа со најмала потрошувачка.
Обичната клима нема таков режим на работа...Таа или дува топло, или не дува, нормално ако си приметил (Заради овој феномен многу луѓе се во заблуда кога кажуваат дека ионверторот не им грее, па прават споредби со обична клима која ги топли небаре е термопечка пушѓтена на дување). Значи почнува да дува, моторот работи со максимална потрошувачка, тој е единствениот работен режим, дува топло и за некоја минута ке постигне во момент сакана температура и гасне. Се до нареден циклус каде што кога температурата ке падне за неколку степени, два три сеедно, повторно пали компресорот и троши максимум, односно за колку е деклариран....И така натака...

Значи ова е за зимо...За лето важи истото со тоа што да не го препишувам цел текст, замени го клучниот збор - греење со ладење и би требало да ја сватиш поентата...

Не е исто за 1 час да потрошиш 1 киловат и 500 вати нели?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.575
19.283
Бидејќи климата ќе ја користам 95% за ладење, ќе ми прави голема разлика ако земам инвертер наспроти НЕинвертер?
Во врска со твоето прашање - нема да ти прави разлика.

И јас ја земав за да се ладам ама некако ми легна малата потрошувачка во преодни периоди од средина/крај на септември до октомври/ноември.
Особено кога дома нема никој во голем дел од денот.

Совет:
Ако си во можност земи инвертер. Помалку троши и не малтретира кога ќе грееш.
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.388
975
sale,ако собереме колку е разликата во потрошени KW на инвертер и на обична клима,ќе сватиме дека за времето кога сме ја користеле(зборам одприлика) во летниот перјод се движи од 500-1000 ден заштеда.(зависи колку ќе ја пушта во текот на денот).
или во превод едно седнување во кафанче на ручек за двајца :)
сакам да кажам премногу е мала разликата за да од старт даде пример 15-20 000 ден за инвертер.
зборам за ситуација ако дечкото не е при пари и гледа да помине рационално.бидејќи прочитав само ќе му треба за летен перјод.

ова е мое размислување.

п.с.се слагам дека инвертер е подобро од обична клима :)
 
stavrov69

lurker
26 ноември 2008
514
327
мислам дека нема.бидејќи што фајде од променливо работење на компресорот во лето?не ми е јасно зошто би работел променливо?
а во зима да, треба да работи променливо поради мрзнењето,поради ниската стартна температура...
ај да речеме дека е така,дај да споредиме колку е разликата од инвертер и обична клима.
еве на мојата обична клима 3,5kw пишува потрошувачка при ладење е 1150 вати а на греење 1230вати.
еве нека прочита некој на внатрешната единица на инвертер колку му пишува на налепницата.
па ќе споредиме.
Тоа е максимална потрошувачка и не е константна. Значи при уклучувањето може да троши толку за да ја постигне оптималната температура за работење.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.575
19.283
Во теорија разликата до инвертер е голема затоа што ладни денови под -10 се максимум 2 недели. Во пракса инвертерот троши помалку затоа што ја намалува снагата како што ја постигнува температурата. Кај обичната клима има чести прекинувања и падови на температурата. Инвертерот има мотори на права струја кои се контролираат со електроника и тоа синхронизирано со внатрешната единица. Многу слична контрола како PWM кај компјутерските вентилатори.
 
Последни теми

Офтопик

Последни огласи

ит маркет

На врв