Optimus Princeps
read-only
- 5 октомври 2026
- 1
- 27
Здраво колеги и ИТ заедница,
Сакам со сите вас да споделам лично искуство кое сметам дека е од огромна важност за секој IT професионалец во Македонија, со цел да ги заштитите вашите права и да не подлегнувате на неосновани застрашувања и притисоци.
Фирмата „Друштво за компјутерски активности Матрикс И.Т. Глобал Сервицес Македонија ДООЕЛ Скопје“ (Matrix I.T. Global Services), која работи за нивниот клиент Crazy Labs Ltd, поднесе тужба против мене за наводно непочитување на конкурентска клаузула, барајќи судски забрани и надомест на трошоци.
После долга судска постапка, битката заврши со целосна победа во моја корист:
Основен граѓански суд Скопје (Пресуда РО-1114/23 од 12.12.2024)– Го одби тужбеното барање на Matrix I.T. Global Services / Crazy Labs како целосно неосновано. Судот потврди дека:
При спогодбен раскин на работниот однос, согласно чл. 37 ст. 2 од ЗРО, конкурентската клаузула не произведува правно дејство.
Фирмата никогаш не исплаќала паричен надоместок за почитување на конкурентската забрана (чл. 38 од ЗРО).
Обидот за ограничување на правото на работа и слободата на пазарот е спротивен на Уставот и законите.
Апелационен суд Скопје (Пресуда РОЖ-1369/25 од 10.06.2026) – Ја потврди првостепената пресуда и ја одби нивната жалба како неоснована.
Посебна благодарност и препорака за мојот правен тим
Оваа голема победа немаше да биде можна без врвната професионалност, експертиза и посветеност на мојот правен застапник – Адвокатско друштво „Марковски и партнери“ од Скопје.
Од самиот почеток до крајот на постапката, тимот на „Марковски и партнери“ изгради беспрекорна правна стратегија, непоколебливо ги бранеше моите работнички и уставни права и извојува победа на сите судски инстанци. Доколку било кој од вас или вашата компанија се соочи со комплицирани трудово-правни спорови, спорни договори или притисоци од работодавачи, најтопло ви ги препорачувам „Марковски и партнери“ како заштитници на вашите права.
Главната порака до сите колеги од ИТ секторот:
Не дозволувајте незаконски клаузули во договорите да ве застрашуваат при менување работа или кариерен напредок.
Според македонското законодавство, доколку работниот однос престане спогодбено и/или доколку работодавачот не ви плаќа надоместок за важителноста на конкурентската клаузула по заминувањето, таа НЕ ВАЖИ.
Правата на работниците и слободата на пазарот на труд се уставно загарантирани.
Документите од правосилните пресуди се во прилог како доказ за целата постапка.
Се надевам дека ова искуство ќе им послужи како охрабрување и поука на многу други колеги кои се соочуваат со слични притисоци.
Основен граѓански суд Скопје, Пресуда РО-1114/23
drive.google.com
Апелационен суд Скопје, Пресуда РОЖ-1369/25 Пресуда РОЖ 1369-25_Final.pdf

Пресуда РО-1114-23_Final.pdf