Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

АЕК - Агенцијата за електронски комуникации

godovic

hello world
5 септември 2007
339
392
Скопје
Не можам да најдам тема за АЕК, ќе отворам нова, па ако модераторите сметаат дека не држи вода - delete или move во соодветна секција.

Темата ја отворам за сугестии, искуства, проблеми и препораки при комуникација со АЕК.

Во моментов имам проблем т.е. не можам да поднесам приговор од крајни корисници, па би сакал некој друг ако може да провери да се логира и дали ќе ја добие истата грешка.
link: е-Агенција: Електронско поднесување на барања

грешка:
1768999488717.png
 

mkextremer

user
4 февруари 2014
1.275
1.145
Не можам да најдам тема за АЕК, ќе отворам нова, па ако модераторите сметаат дека не држи вода - delete или move во соодветна секција.

Темата ја отворам за сугестии, искуства, проблеми и препораки при комуникација со АЕК.

Во моментов имам проблем т.е. не можам да поднесам приговор од крајни корисници, па би сакал некој друг ако може да провери да се логира и дали ќе ја добие истата грешка.
link: е-Агенција: Електронско поднесување на барања

грешка:
Погледнете го атачментот 157899
Страната не работи, за приговори само преку мејл или физички во канцеларија
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.696
Каде пишува МАКЕДОНСКА? Кога треба да се вреѓа и да се понижува, само тогаш е македонска? А за арно е национална? Да знам како треба
 

godovic

hello world
5 септември 2007
339
392
Скопје
no comment

Почитуван,

Во врска со Вашето конкретно прашање за миграција на припејд број од еден оператор во припејд кај друг оператор, со услов прво да се префрлите на постпејд, Ве информираме дека Агенцијата за електронски комуникации не ги регулира интерните политики на операторите во однос на условите за преминување помеѓу припејд и постпејд тарифни модели. Ова е политика на работа на самиот оператор.
Доколку сметате дека сте оштетени со безпотребна наплата на месечна претплата или други трошоци, или дека сте биле доведени во заблуда со неконзистентни информации од страна на операторот, имате право да поднесете приговор. Постапката е следна:

Прво што треба да направите е да поднесете приговор до операторот во пишана форма. Приговорот може да го поднесете лично во операторот или електронски, доколку имате согласност за електронска комуникација во рок од 15 дена од денот на настанатата повреда, а операторот е должен да Ви достави писмен одговор во рок од 15 дена од денот на прием на Вашиот приговор. Доколку не сте задоволни од донесената одлука по приговорот имате право во рок од 15 дена од денот на прием на истиот до Агенцијата да доставите Барање за решавање на спор, или во рок од 35 дена доколку операторот не постапил по приговорот во рок од 15 дена.

Со почит,
АЕК
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно