Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Демек 6KW е или тоа за ладење а 7 за топлење. Ме интересираше зошто скоро дупло послаба влечи само 300W помалку на максимум оптеретеност, само тоа.
Тоа не е максимална оптеретеност. Веројатно затоа. И другите клими на ова време ќе удрат во лимитот на максимална температура на изменувач и ќе намалат. Мислам дека лимитот е околу 57-62C на изменувач. Би се чудел и тие 2000W да ги држи повеќе од 5 минути со оглед на тоа што ќе се загрее и воздухот околу неа.
Имено инвертерите имаат своја логика и заштити, како и економија во предвид. Не можеш да ги наместиш „на максимум“ затоа што тој зависи од нивни параметри. Ако е надвор 10C или 15C нема ни да крене до 2KW едноставно пребрзо ќе дојде до лимитите и ќе намали. Од друга страна на -10 би држела 2 или 2,2 или 2,5KW подолго време. Исто и другата, само може да има попроста логика и мапирање па да можеш полесно да ја осфорсираш, ама и таа ќе почне да намалува кога ќе види дека изменувачите се прежешки или стигнала до некој од лимитите.

Сега гледам спецификации на клими.мк, за 3.5KW Toshiba Seiya вели макс за греење е 920W, ако споредам со мојата која според нив макс е 1940W (троши 100 повеќе според мерачот) се тука некаде, ок, ама Гриво 3.5 макс влечи дупло повеќе 1750W , wtf.
Toшибата може да одржи просек дневен/месечен од 1940W, греето може 940W. Не се максимални вредности тоа.
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
Тоа не е максимална оптеретеност. Веројатно затоа. И другите клими на ова време ќе удрат во лимитот на максимална температура на изменувач и ќе намалат. Мислам дека лимитот е околу 57-62C на изменувач. Би се чудел и тие 2000W да ги држи повеќе од 5 минути со оглед на тоа што ќе се загрее и воздухот околу неа.
Имено инвертерите имаат своја логика и заштити, како и економија во предвид. Не можеш да ги наместиш „на максимум“ затоа што тој зависи од нивни параметри. Ако е надвор 10C или 15C нема ни да крене до 2KW едноставно пребрзо ќе дојде до лимитите и ќе намали. Од друга страна на -10 би држела 2 или 2,2 или 2,5KW подолго време. Исто и другата, само може да има попроста логика и мапирање па да можеш полесно да ја осфорсираш, ама и таа ќе почне да намалува кога ќе види дека изменувачите се прежешки или стигнала до некој од лимитите.
Во ред сето тоа, можам да го разберам, ме изненади дека толку влече ево и за тие 5 мин.

Toшибата може да одржи просек дневен/месечен од 1940W, греето може 940W. Не се максимални вредности тоа.
Ахаа, благодарам.
 
Последна промена:

8357boki

read-only
18 декември 2021
40
82
Па еве јас сум климаџија и не гледам како би се префрлил на дрво кога никогаш не сум ни имал дрво и немам каде да го ставам дрвото. Бидејќи сум во куќа имам една греалка на гас по гаражите за не дај боже ако нема струја, ама многу смрдат корнат на плин додека работат. Одвратни се, башка и скапо е греењето на нив.
Јас како што реков, да имам стравови дека ќе нема струја или дека ќе има проблеми со струјата или дека ќе има енормни снегови би гледал на вакво нешто исто така:
View: https://www.youtube.com/watch?v=-fO5JHVJ8wY

Треба да се ископаат 2-3 дупки во ѕидовите, ама се добива убава чиста топлина и работи на 12V струја. Не смрди внатре, не ти го троши кислородот како плин. Ама треба акумулатор да имаш спремен за да може да работи
View: https://www.youtube.com/watch?v=nM5bGoTZ_sg
Само како надополнување, ова е т.н. ВЕБАСТО кое го има во камионите каде е и многу усовршено за разлика од порано, со далинско, со дисплеј и подесување која температура да се одржува. Не знам точно која цена се движат, обично кога има дефект се сервисират, прегорен горилник, проблем со софтвер, затната дизна ради лошо гориво или ако резервоарот е на резерва па знае ВЕБАСТОТО да го повлече талогот / ѓубрето од резервоарот. Кај автомобилите е малку поинакво, таму наместо да испушта топол воздух како кај камионите, ја грее водата, односно антифризот за кога ќе ја запалиш колата веднаш да имаш парно. Од искуство, ќе почне да заладува и кај секое трето возило почне ВЕБАСТОТО да затајува и мора да се сервисира.
 
igor.mitrik

read-only
20 ноември 2022
11
17
Крај на Декември и годината.
Мицу LN35 го заврши месецот со скоро 200kw/h при работа 24/7.
Среќна нова 2023 форумаши и се најдобро во новата
 
Атачменти

  • Screenshot_2022-12-31-15-59-57-47_608bf07bdfd91e9bf8dd410ba39e7620.jpg
    Screenshot_2022-12-31-15-59-57-47_608bf07bdfd91e9bf8dd410ba39e7620.jpg
    203,5 KB · Прегледи: 70

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Крај на Декември и годината.
Мицу LN35 го заврши месецот со скоро 200kw/h при работа 24/7.
Среќна нова 2023 форумаши и се најдобро во новата

Поблага зима и испаѓа не било мит тоа “греење со 200w”

6704c3d4726b4aaaa41b1740ae992f6a.jpg

Среќна нова година!

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Тоа и ја прави сезоната толку ефтина. 5.5 месеци е блага зимата и 2 недели (не мора последователни) има некои поладни испади. И тоа е тоа. Ако ги истераш тие 5.5 месеци со клима со ЦОП 5-6 веќе толку поефтино излага што нема логика да се споредува.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Досега се фалев дека Митсубишиво прави кратки дефрости кои траат 3 минути но ме копкаше за колку ќе ги прави во реални "ситуации" како што е маглата сега на +1 и сношти на - 2.

И еве. Повторно се фалам :) Повторно ги прави за 3 минути но, човече! Развива брутална снага! 3,8 kW и мразот го снемува како на забрзана снимка. Вода не тече. Рика!

Потоа го вклучува надворешниот вентилатор и издувува топла пареа, се суши (околу 10 секунди и веднаш се вклучува компресорот и внатре почнува да дува жежок воздух (ова со 2kW)
Потоа се стабилизира на 1200W па на 1100 и така до следниот циклус со 950W наместена на 25.

Интересно е што овојпат не прави дефрости на секои 40 минути туку на саат и дваесет минути.
Ваљда заради тоа што не се толку минусни температури.

Свака част.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Од што може да е звукот? Се јавува кога ќе се уклучи внатрешниот вентилатор, се јави за прв пат синоќа. @FLEGMA @zlatko_ti412 било кој
Да напоменам само, не го поправив проблемот со пиксната летото што се слушаше, што требеше да подмачкам.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
606
340

Кoј мoдел нa Mitsubishi 5.5kw или 3.5kw ?
 
Zero-T

read-only
16 мај 2014
38
50
Zero-T's setup  
Processor & Cooler
Intel Core I5 4670 @ 3.4Ghz
Motherboard
Gigabyte Z97 HD3
Storage
Western Digital Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Antec VP500 P
RAM
32 GB Patriot Viper 3 Black Mamba @ 2400Mhz
Video card
/
Case
LC Power Juggernaut 926B
Mouse
Razer Basilisk Essential
Keyboard
Genius LuxeMate i200
Monitor
2 x DELL U2414H
OS
Windows 10 64bit
Нормално ли е инвертер клима често да прави дефрост, под често мислам 3,4 пати во еден саат?
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Има мраз на неа многу?

Може заради маглава и влажноста да прави така, ако е преоптоварена.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Нормално ли е инвертер клима често да прави дефрост, под често мислам 3,4 пати во еден саат?
Не е нормално толку да прави. Ова значи дека прави на секои 20 минути

[edit]
Освен да не успева да одмрзне како што треба па да се врти во круг. На колку е наместена и за која јачина и марка станува збор?
 
8357boki

read-only
18 декември 2021
40
82
dekemvri 2022.jpg

Состојбата за декември:
На SRC50ZS е тапо 110 мерач и затоа имам подетална статистика, додека на HR25VF е TUYA и затоа износот во денари е земен како просек. Црвениот текст во големата табела значи недела и само ниска тарифа.
Mits. heavy SRC50ZS за декември потрошено 239,321 KWh, односно 1.556 денари.
Mits. electric HR25VF за декември потрошено 84,07 KWh, односно просечно 576 денари.
При пресметката за висока тарифа е земен износот од блок 1.

Screenshot_20230101_204218_Tapo.jpg

Лани 5ката беше пуштена на 26 степени и 2/3 брзина, додека оваа година најверојатно ради помошта од втората клима и топлото време е подесена на 24 степени и 2/3 брзина, додека 2,5ката додека сме отсутни од дома на 22 степени и 2 брзина, навечер пред спиење на 24 степени и 2 брзина.
Овие два дена како што е цело време магла, помалата ја имам фатено 2 пати да прави дефрост, со максимум околу 700 W и траење од околу 3/4 минути ( наместена на северна страна ). Големата на западна страна намонтирана на полузаградена тераса никако да ја приметам да прави дефрост, ја проверувам и немам приметено мраз. Големата лани после 20 декември кога правеше дефрости реки течеа од неа, па таа вода на терасата замрзнуваше... Затоа за оваа година и ставив тацна со посебно црево да ја собира таа вода.
 
Zero-T

read-only
16 мај 2014
38
50
Zero-T's setup  
Processor & Cooler
Intel Core I5 4670 @ 3.4Ghz
Motherboard
Gigabyte Z97 HD3
Storage
Western Digital Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Antec VP500 P
RAM
32 GB Patriot Viper 3 Black Mamba @ 2400Mhz
Video card
/
Case
LC Power Juggernaut 926B
Mouse
Razer Basilisk Essential
Keyboard
Genius LuxeMate i200
Monitor
2 x DELL U2414H
OS
Windows 10 64bit
абоНе е нормално толку да прави. Ова значи дека прави на секои 20 минути

[edit]
Освен да не успева да одмрзне како што треба па да се врти во круг. На колку е наместена и за која јачина и марка станува збор?
Се работи за Vivax AERI+ 12, 3.5kW, најмногу се случува кога е пуштена на трета брзина и 30 степени или на 17 степени преку ноќ, вентилаторот на ауто и мод за спиење.
Преку ден е обично на 24 и тогаш не е до толку често, еднаш во 1 час.
Можеби е и од маглата како што пиша @mdeni, сепак мислам дека е многу и има чудни вибрации на надворешната единица.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Да споделам нешо подетална статистика од кај мене денес...
Еден од поладните денови до сега - ем маглив дотука бидува, бар во Прилепов :)

01.01-power.png

AP25 поставена на 22 и фан 3 да турка топлина накај дневна - деновиве работи постојано на нејзин минимум 270-280w без он-оффс а кога има сонце работи он-офф пошто е поставена на 22С а просторот добро изолиран.
LN35 поставена на 24 и ауто-фан (по осет вака мислам дека преку ден работи со 2ка а навечер 3ка) работи постојано и кога има сонце преку ден знае да спушти потрошна и до 100w.

01.01-temps.png
Го греам цел спрат ~65m2 со разотворени врати.
Спалната нормално најладна од цел спрат зашто е најдалеку од двете клими а и термометарот е поставен ниско на 15цм од подот... башка што е на север.
Откако ставив изолација мислам дека има огромна разлика, ѕидовите не зрачат ладно и осетот на топлина е сосема друг!
Летната кујна долу (иди под трпезаријата) не ја греам освен по потреба (Хансолот ми е таму) држи над 10С деновиве.

HomeWithTemps.png

Livingroom-MitsuLN35.jpg Diningroom-MitsuAP25.jpg Bathroom-Underfloor.jpg

Подното греење во WC ми троши ~600w и како што може да се види во изминативе 24часа потрошило скоро колку двете клими заедно.
Затоа и е поставено со тајмери да се вклучува и работи строго само на ефтина тарифа од 22 до 07 наутро и за викенди.
Плочките после тоа изиграваат акумулација зашто постепено се ладат и еве до овој период го одржуваат да не падне испод 20С иако прозорот често се отвора и остава на кипер преку ден.
Ама мислам до денар вредат тие 1000 денари што ќе ги потроши месечно подново коа ќе стапнам бос на плочки :cool:
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Добро, се изнафаливте со климите а звукот знае некој од што е, или после празниците да си барам мајстор? Не се јавува звикот нон стоп, синоќа кога ја пуштив пред спиење немаше ништо, сабајлево повторно се јави.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Звукот е резонанца од кинеското тресење на компресорот и околните лимови. Вака на невидено тоа можам да кажам.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Звукот е резонанца од кинеското тресење на компресорот и околните лимови. Вака на невидено тоа можам да кажам.
Па пишав дека се слуша кога ќе се вклучи fan-от на внатрешната единица.. Каков компресор какви лимови..
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Ах јас помешав за ЗероТ што рече дека вибрира надворешната.
 
dule_

hello world
7 март 2015
264
158
Се работи за Vivax AERI+ 12, 3.5kW, најмногу се случува кога е пуштена на трета брзина и 30 степени или на 17 степени преку ноќ, вентилаторот на ауто и мод за спиење.
Преку ден е обично на 24 и тогаш не е до толку често, еднаш во 1 час.
Можеби е и од маглата како што пиша @mdeni, сепак мислам дека е многу и има чудни вибрации на надворешната единица.
Јас ја имам истата клима, никогаш не правела дифрост освен ако не зголемиш значајно температура. Инаку зошто ја пушташ на 30 степени?

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Од што може да е звукот? Се јавува кога ќе се уклучи внатрешниот вентилатор, се јави за прв пат синоќа. @FLEGMA @zlatko_ti412 било кој
Да напоменам само, не го поправив проблемот со пиксната летото што се слушаше, што требеше да подмачкам.
Добро, се изнафаливте со климите а звукот знае некој од што е, или после празниците да си барам мајстор? Не се јавува звикот нон стоп, синоќа кога ја пуштив пред спиење немаше ништо, сабајлево повторно се јави.

Не ми е познат звукот па да коментирам... а и не можам добро да слушнам на звучници од монитор сум :(
Ако е кратко после старт/дефрост можеби од ладни пластики...
Ако трае долго и е гласно да се слуша низ цела соба барај сервисер...
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Не ми е познат звукот па да коментирам... а и не можам добро да слушнам на звучници од монитор сум :(
Ако е кратко после старт/дефрост можеби од ладни пластики...
Ако трае долго и е гласно да се слуша низ цела соба барај сервисер...
Не е гласно ама го слушам понекогаш, можно е да е од таа пиксната што ја спомнуваше @FLEGMA , али на ладење поинаков звук даваше, ќе пробам деновиве да подмачкам.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно