Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.298
Скопје
Кај нас месецов климите потрошија 187 KW а сметката во споредба со ланската за истиот период е за 10% пониска. Со оглед на се, цената на ел. енергија, надворешните температури и ако ми текне дека тој период греевме само една соба (со 2 KW грејач во радијатор), а сега две, сума сумарум задоволен сум од и од изборот на начинот на греење а и од моделот :) .
Освен начинот на греење со лани други навики како семејство не сме смениле, си бевме штедливи и лани а и од секогаш сме :) .

Најголема придобивка која би ја издвоил е дека кондензацијата, влагата па и мувлата што се појавуваше од крај на Октомври па до Март во северната соба годинава ги нема!
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992

Драго ми е што и влагата ја снемало, и кај мене беше таков случајот. Кога почна греењето на инвертери престана да се прави мувла на столбот над кадата тогашна.
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
573
252
Кај нас месецов климите потрошија 187 KW а сметката во споредба со ланската за истиот период е за 10% пониска. Со оглед на се, цената на ел. енергија, надворешните температури и ако ми текне дека тој период греевме само една соба (со 2 KW грејач во радијатор), а сега две, сума сумарум задоволен сум од и од изборот на начинот на греење а и од моделот :) .
Освен начинот на греење со лани други навики како семејство не сме смениле, си бевме штедливи и лани а и од секогаш сме :) .

Најголема придобивка која би ја издвоил е дека кондензацијата, влагата па и мувлата што се појавуваше од крај на Октомври па до Март во северната соба годинава ги нема!
Каков е тој радијатор со 2кв греач, дај линк да го видиме?
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Од лично искуство можам да кажам дека тоа се само мајсторски недоучени муабети, колку да се кажи нешто, макар и глупост.
Слободно да си земиш тошиба, таа шо ја меркаш изглеа изгледа е twin rotary, а тие се уште подобри од аспект на мекост, економичност и бучава/вибрации.
Се разбира, се ова ќе падни во вода ако е лоша монтажата, ама тоа е до моментот при монтирањето на надворешната и внатрешната единица.
Битни работи (повеќепати спомнати во темава):
  • да има цел круг свиткани бакарни цевки надвор зад надворешната единица
  • вакумирање пред прва употреба (да се извлечи воздухот од системот, да остани само фреон)
  • внатрешната да не ја залепите до таван, остајте 15-20тина сантими, а по можност и од страните да е слободно (за проток/циркулација на воздух)
....и то.
Ако има уште нешто, некој нека дополни.

Испратено од телефоно.
П.С.
Јас имам тошиба, тоа го мислев под лично искуство, во позитивен контекст.
18ката е твин
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.164
3.213
Струмица
А оваа промена никој не ја прочита?
320935758_504368005220450_6460604950775811076_n.jpg
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
А оваа промена никој не ја прочита?
320935758_504368005220450_6460604950775811076_n.jpg
Пуздер не направија ако е вака. 50% плус на сметките НАЈМАЛКУ!

Овде па вака пишале:
Благо зголемување има и на цената за ефтина тарифа. Па така ако досега потрошен киловат во ефтина струја чинеше 3,99 денари, сега ќе чини 4 денари.

Ќе има мучки!
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
Пуздер не направија ако е вака. 50% плус на сметките НАЈМАЛКУ!

Овде па вака пишале:
Благо зголемување има и на цената за ефтина тарифа. Па така ако досега потрошен киловат во ефтина струја чинеше 3,99 денари, сега ќе чини 4 денари.

Ќе има мучки!
Не. Пошто се намали мрежарината, евтинаа тарифа остана иста на вкупно (енергија+пренос)

Sent from my ТЕЛЕФОН using Tapatalk
 
NikolovskiM

hello world
20 април 2019
161
279
Само да ти кажам дека истава ја имаш за ~40к у Сетек. Обично ценава варира од 39-44, зависи како ќе го начекаш моментот.

Истава и ја ја разгледував ко опција, според Eurovent имаше одлични „бројки“. Е сеа дали у реалност е така и кои би и биле позитивните и негативните страни, да каже некој што ја има...и мене баш ме интересира :)

п.с. Ја иам видено климава у живо, предобро изглеа, црна мат пластика, ако ти е таков стилот дома - топ :)
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Пониски цени имате од лани јер досеа беше топло. Декември месец еве изминува, во Охрид не паднала температурата под 0 степени, бар по мои некои мерења. Ќе видиме кога ќе оди под 0 и кога ќе врне снег со голема влажност на воздухот како ќе трошат климите. Иначе кај мене Мицуто парапетна во дневната и кујната потршила 350кв вкупно за месец декември а во спалната HR35, 80 кв( не греам 24/7 со неа, бар не сеуште).
 
Што е тука е. Ќе трошат можеби нешто повеќе, ама и си го надокнадиле тоа со високиот COP сега. Тоа е целата поента. Целите тие стравови ако ги имате се решаваат со уште една клима, или со панелка (не повеќе од 1KW) или калориферче (не појак од 1KW) за тие 10-14 дена во комбинација со најефтино тајмерче за да се палат од 22-07 часот и готово. И најефтината клима ќе се снајде. Зборувам за Повардарието, на планините можно е да треба нешто плус.
 
Не викам јас дека нема да згреат климите де. Имаме доста топла зима засега, ќе има зими и со снег и кои ќе бидат доста поладни од оваа, па тогаш ќе видиме. Замисли да се случеше она што се случи во Америка деновиве, ќе се префрлеа 90% од климаџиите на дрво пак.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Не викам јас дека нема да згреат климите де. Имаме доста топла зима засега, ќе има зими и со снег и кои ќе бидат доста поладни од оваа, па тогаш ќе видиме. Замисли да се случеше она што се случи во Америка деновиве, ќе се префрлеа 90% од климаџиите на дрво пак.
Па еве јас сум климаџија и не гледам како би се префрлил на дрво кога никогаш не сум ни имал дрво и немам каде да го ставам дрвото. Бидејќи сум во куќа имам една греалка на гас по гаражите за не дај боже ако нема струја, ама многу смрдат корнат на плин додека работат. Одвратни се, башка и скапо е греењето на нив.
Јас како што реков, да имам стравови дека ќе нема струја или дека ќе има проблеми со струјата или дека ќе има енормни снегови би гледал на вакво нешто исто така:
View: https://www.youtube.com/watch?v=-fO5JHVJ8wY

Треба да се ископаат 2-3 дупки во ѕидовите, ама се добива убава чиста топлина и работи на 12V струја. Не смрди внатре, не ти го троши кислородот како плин. Ама треба акумулатор да имаш спремен за да може да работи
View: https://www.youtube.com/watch?v=nM5bGoTZ_sg
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
Gree Eco Lomo 3.5KW (сменети цевки и фреон) максимум оптеретена троши 1750W, не измерив колку е издувот али е малку поладен од Toshiba Shorai 6KW која макс троши 2050W.

Не очекував дека ќе е толку мала разликата во макс потрошувачка помеѓу двете, би сакал да знам зошто е тоа така.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Gree Eco Lomo 3.5KW (сменети цевки и фреон) максимум оптеретена троши 1750W, не измерив колку е издувот али е малку поладен од Toshiba Shorai 6KW која макс троши 2050W.

Не очекував дека ќе е толку мала разликата во макс потрошувачка помеѓу двете, би сакал да знам зошто е тоа така.
Тошибата е 5.5? Ако да, тоа ти е прво зошто троши толку, а второ дали се во иста просторија? Дали се на иста страна монтирани? И додека не измериш COP на двете клими, неможеш реална споредба да направиш.
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
Тошибата е 5.5? Ако да, тоа ти е прво зошто троши толку, а второ дали се во иста просторија? Дали се на иста страна монтирани? И додека не измериш COP на двете клими, неможеш реална споредба да направиш.
Демек 6KW е или тоа за ладење а 7 за топлење. Ме интересираше зошто скоро дупло послаба влечи само 300W помалку на максимум оптеретеност, само тоа.
 
Aowek

user
14 април 2012
1.212
1.169
Демек 6KW е или тоа за ладење а 7 за топлење. Ме интересираше зошто скоро дупло послаба влечи само 300W помалку на максимум оптеретеност, само тоа.
Кинез, ако прашаш на жолт форум ќе ти кажат дека тоа е поради "физијата во компресорот кој балансира поради големата температура надвор" и ти ќе се чудиш што ти пишале :D
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
Сега гледам спецификации на клими.мк, за 3.5KW Toshiba Seiya вели макс за греење е 920W, ако споредам со мојата која според нив макс е 1940W (троши 100 повеќе според мерачот) се тука некаде, ок, ама Гриво 3.5 макс влечи дупло повеќе 1750W , wtf.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно