ChemicalAngel
lurker
- 24 ноември 2008
- 822
- 230
Со ова АРМов умрев чекајќи 10 години веќе, имам пари тргнато настрана за преоѓање, никако да искочи нешто спремно за смена. Само ме држат во неизвесност!
Ве молам, да не го мешаме процесорот на Apple. Комплет затворен систем си е, и ги засега само Mac корисниците и никој друг. Беше една недела на вести и толку. Ви текнува на PS3 со cell процесорот? И тој беше state of the art![]()
Конкуренцијата е битна, а не дали е Apple и дали е затворен систем.
Тоа што го прави Apple, сите го следат ко на пример Микрософт. А денес софтверот многу полесно може да се мигрира отколку пред 20-25 години, пошто најголем дел од апликациите се извршуваат со vm или во browser, a за апликации што се стари и тешки за миграција, Микрософт ќе направи миграционо ниво за да се извршува без проблем.
Позитивна работа е конкуренција, макар доаѓала и од диктаторска платформа како што е Apple.
Само треба Apple/Microsoft да покажат дека вреди т.е подобри перформанси со помала сметка за струја
Мислењето е автоматски споено:
Intel нема да дозволи производството да им зависи од други, а особено нема да дозволи на конкурентна компанија да им го земе приматот и да плаќа за нивниот развој.
Ова е точно само ако имаш над 80% од пазарот. Ако немаш монопол на пазарот, а имаш скапо производство, многу брзо ќе те изеде конкуренцијата.
До сега е точно за Интел, затоа што има монопол, но тоа се менува што значи додека Интел ја стигне конкуренцијата веќе ќе има инвестирано неколку десетици милијарди долари, што ќе го направи не-конкурентен
Интел има конкуренција не само во АМД, туку во cloud платформите, бидејќи тие се доволно богати да произведат сопствен дизајн на процесор и да пуштат производство до TSMC или со други зборови наместо клиенти Интел добива конкуренција и губи пазар.
Но, може и да ги пренамени фабриките т.е да произведува процесори по нарачка ко TSMC, но за тоа треба да се конкурентни, а за тоа треба промена на mindset. Ако ти текнува на Интел му требаше 6-7 месеци да најдат нов CEO, што укажува на фактот дека е многу лоша фирма за работа т.е високите менаџери во Интел имаат свои мали интели што не комуницираат помеѓу себе, а за тоа да се смени требаат неколку години ко на пример 2025.
Последна промена: