Sapphire
user
- 11 ноември 2015
- 1.207
- 810
Интересна тема, еве јас имав сличен проблем во 2016 како да се реши ова.
Јас моментално користам APC 1000 купено од ebay за 50 евра без батерии, купив два Топла акумулатори обични за во кола 55Ah, ги врзав во серија и го дупнав капакот од упс-от и ставив нови подебели кабли, од 2016 до сегa работи безпрекорно, серверите и рутерите целата опрема што е приклучена на него е uptime со години.
За surge protector користам исто така APC продолжен кабел купен од ebay, со лан протектор комбинација уштекан директно на влезот во рутерот. Сето ова е добро заземјено. Моја препорака доколку ти е за сериозна работа најдобро е да се користи APC опрема, и да си викнеш електричар да ја измери опторнаста на заземјувањето. Слободно пробај со евтино УПС и два обични акумулатори за во кола и ке видиш дека ке функционира. Треба да се запаси само UPS-от ако работи на 24V батерии, тогаш акумулаторите треба да се врзат во серија двата по 12V за да добиеш 24V потребни за УПС. Ако е на 12V батерија тогаш можеш да користиш и само еден акумулатор.
Со паралена врска на акумулатори добиваш поголема струја Ah. (со тоа што напонот останува ист 12V, али добиваш на ампери, така што два акумулатори од 55Аh во паралена врска ке дадат 110Ah и ке држат повеќе ).
Со сериска врска на два акумулатори ке добиеш поголем напон 24V ( амперажата ке остане иста од 55Ah).
Еве слики
Погледнете го атачментот 95962Погледнете го атачментот 95963Погледнете го атачментот 95964
Погледнете го атачментот 95965
Колку W трошиш од прилика и колку време можеш да издржиш со овие батерии?