Во блиска иднина планирам да искомбинирам UPS-и и продолжни заштитни кабли за повеќе уреди, па би било супер ако може да се отвори дискусија за кои брендови се подобри од други, кои најисплатливи, на кои работи треба да се внимава при купување и слично.
Некои од прашањата кои мене ми се мотаат во глава се:
- дали се батериите за сите UPS уреди заменливи, и колку време траат обично пред да мора да се заменат
- дали се батериите стандарден формат или секој бренд си има свој формат
- за кои уреди користите или би препорачале да се користи UPS (примери: компјутер, мрежна опрема, итн.)
- дали продолжните каблови со заштита за мрежни кабли навистина штитат од некој напон кој би се пренел преку мрежен кабел
- дали воопшто е можно висок напон да се пренесе преку мрежен кабел и да оштети опрема поврзана во мрежата
- истото од погоре за антенски кабли
- дали мрежен кабел кој би бил така наставен би загубил од перформансите (пример, ако гигабитен cat5e кабел се поврзе преку surge protector или UPS за заштита, дали перформансите на тој кабел - со други зборови максималната брзина на пренос - би страдале)
- колку време би траеле батериите со најмал можен а колку со најголем можен load зависно од спецификациите на самиот UPS
И сите други теми и детали поврзани со ова.
Од ова што го гледам низ продавници нема некој огромен избор кај нас. Ова делува интересно:
www.anhoch.com
бидејќи има и дисплеј, ама од друга страна не сум чул за брендов скоро ништо.
Исто така моделот погоре не е применлив во секоја ситуација. Читав во спецификациите за некои од UPS уредиве кои ги продава Анхоч дека за да работи ко што треба на самиот UPS мора во секое време да има минимален load од 5% од рејтуваната ватажа на самиот UPS. Така што UPS од 700W за да работи ко што треба во секое време би требало да има уреди кои трошат барем 35W врзано на самиот UPS како активни потрошувачи. Според тоа зависно од потрошувачите би се бирало и каков односно колкав UPS би требало да се користи.
А исто така на јутуб имаше интересно видео како човеков сам си прави со акумулатори од кола UPS за компјутер:
View: https://www.youtube.com/watch?v=1q4dUt1yK0g
Се надевам ова ви е доволно за да се започне дискусија на темата.

Anhoch PC Market Online - UPS Mediacom PC Security Solution 1200VA/720W w/Display, AVR, Surge Protection
Anhoch PC Market Online UPS и стабилизатори на напон UPS Mediacom PC Security Solution…