Го одслушав подкастот, само што завршив со слушање и мислам дека е најдобро веднаш да ги напишам импресиите. Oпшто земено разочаран сум од квалитетот и содржината на муабетот, веројатно пошто очекував многу повеќе. Дебатата Кан/Кресер од пред една година беше многу поинтересна.
Можам да пишувам подетално за одделните делови од дискусијата но ајде само за последново што го слушав, за протеините. Практично ако сублимираме пораката на Вилкс е дека 100% plant based е еднакво добар (или подобар) избор на протеини како месото... Ама само ако во голема мера се суплементира со протеински прашок, aко се суплементира leucine и креатин и коктел од други аминокиселини.
Или можеш едноставно повремено да јадеш месо.
Во месото покрај протеините ги има и потребните аминокиселини покрај другите нутриенти кои ги има во оваа nutrient dense храна. Ова посебно важи за месото од органи, како џигер/срце/итн, или морски плодови како школки. Од овој аспект очекував и се надевав на поквалитетна и подетална дискусија за heme iron но тоа не се случи заради пасивноста на Кресер.
Јас лично го делам ставот на Џо, кога го кажува ова.
Исто, моментот со endothelial function, го отсликува целиот настап на Вилкс. Кога му се презентираат мноштво студии кои презентираат спротивното од тоа дека храна од животинско потекло предизвикува влошување на endothelial function, Вилкс почнува со истата приказна која ја практикува кога нема аргумент (а често ги нема): Кажува „научниот консенсуз ова она“, и дека се друго се „студии финансирани од индустријата“, проследено со постојаното „ти не разбираш нутриционизам“, итн итн.
За мене тоа не се аргументи, фактите се факти без разлика од потеклото. Неточноста се утврдува со други факти, не со барање потекло на студиите. Ако идеме така месојадите не би требало да слушаат ништо што доаѓа од вегани, или веганите не би требало да слушаат ништо што доаѓа од месојади. Пошто нели потеклото на фактите. Глупости. Крајот на подкастот беше најлошиот дел од ионака лошата дискусија.
Еве еден типичен извадок од подкастот:
Вилкс: „оброци со храна од животинско потекло повеќе ги зголемуваат триглицеридите во серум (крвта)“
Кресер: „но напротив, low carb исхрана често ги намалува триглицеридите во серумот“
Вилкс: „aма не и неколку часови после оброк (postprandial), а после неколку часови јадеш уште еден оброк (со храна од животинско потекло)“
Кресер: „kako тогаш со време триглицеридите се намалуваат кај многумина (на low carb исхрана)“
Вилкс: „затоа што со време телото се адаптира на тоа“ (и упорно продолжува за покачувањето на триглицерите и разлика во FMD во best case сценариото што го презентира)
Кресер: ќути, наместо да продолжи баш за тоа дека адаптацијата на телото за high fat low carb исхрана е клучот/поентата на таквата исхрана.
За филмот The Gamechangers не се кажа ништо навистина ново на подкастот, Вилкс навистина одбрани некои технички неточности кои наводно ги кажал Кресер (не сум го слушал тој подкаст). Ама тоа го направи во подкастот, не во филмот. Целата работа со подкастот личеше на фарса, на чело со Кресер кој идиотски прифати да биде испрашуван како мало детенце во училиште (кажи дефиниција за ова, за она, не знаеш што е тоа??). Дури ни најдобриот доктор по медицина (ете некој хипотетички земен лик) не е можно да ги знае на памет сите работи на памет без да консултира литература. Лаик наоружан со пребарувач може така да поставува прашања се додека не налета на едно за кое испрашуваниот нема одговор. Тоа се разбира не докажува дека докторот по медицина е незнајко и дека општо не знае за што зборува.
Најголемиот дел од критиките за филмот стојат сеуште.
Се на се никаде во подкастот не слушнавме валидно објаснување како тоа 100% plant based е подобриот избор. Слушнавме како Вилкс одбрани некои технички неточности кои ги кажал Кресер (кој дојде целосно неспремен за тоа што му се случи со „Васко Евтов“ настапот на Вилкс со чести и безобразни упаѓања во збор).
На крај тоа што јас можам да заклучам дека го слушнав е дека 100% plant based е може да биде еднакво добар избор ако се суплементираат многу нутриенти, и сето тоа веројатно подобро под надзор на нутриционист и со чести мерења и проверки.
Анекдотално - тука ќе напоменам дека јас лично познавам неколку вегетаријанци и понекој веган. Од сите нив само еден е одлично информиран и зема повеќе суплементи за да го надокнади недостатокот од нутриенти. Останатите не знаат ни дека мора да земаат Б12 витамин. Ова се разбира важи и за тие кои јадат месо, со тоа што недостатокот на нутриенти кај нив не е толку изразен.
На жалост повеќето луѓе се мрзливи и неодговорни за сопственото здравје без разлика на тоа дали се вегани, омнивори, или месојади. Поголемиот дел од нив НЕМА дисциплинирано да земаат суплементи за нутриентите кои хронично им недостасуваат, и сето тоа е многу поизразено кај вегетаријанците и веганите. За просечен неодговорен мрзлив нуб поштетно е да биде веган отколку месојад. Ова не е критика кон веганството, само констатација на реалноста за луѓето.
Мое мислење е дека за едуцирани луѓе со вложен труд и време во изборот на храна и суплементи, за таквите и веганство и омниворство може да бидат здрави избори, и засега јас лично не гледам јасна предност на едното или другото. За неедуцирани луѓе кои не можат или не сакаат да се „замараат“ со нутриционизам, омниворство е подобар избор.
Тоа кажано за сите општо е добро да се држат настрана од рафинирани јагленихидрати, и редовно да јадат свеж зеленчук и овошје (со понизок гликемички индекс).
Доколку пораката на филмот е точна, дека 100% plant based исхрана е подобра и за спортистите, тогаш сигурен сум дека некои од бројните менаџери на спортски клубови ширум светот ќе ја искорист шансата да им дадат предност на нивните играчи преку инсистирање на 100% plant based исхрана, и ние овде навистина ќе имаме доказ дека Вилкс не зборува глупости во филмот (и по подкасти на нет).
На крај се што напишав подлежи на мојот личен bias иако се обидувам да бидам објективен. Но за некогаш да го сменам мислењето и можеби да ја сменам исхраната, ќе требаат многу повеќе аргументи од тие што ги нуди Вилкс и неговиот филм The Gamechangers.
За мене неспоредливо многу повеќе може да се научи од постовите од луѓе како Псај (како овој овде) каде има многу посилни аргументи, отколку може да се научи од пропагандни и продукциски скапи филмови како The Gamechangers. Како што самиот Вилкс љуби да каже „морам да проверам кој ги спонзорирал тие студии“, лесно може да се види кој го спонзорирал The Gamechangers. Но како и да е, интересна тема за дискусија во секој случај.