Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Ryzen 7 5700x3D - процесор од алиекспрес

Sadwerkl

hello world
15 ноември 2022
58
63
Значи сет прави штета на економијата со тоа што направиле увоз на х број процесори и сакаат да ги продадат по според мене нереални цени, и потенцијално им дремат на залиха.
Доколку не увезат ниеден, и секој си нарача од Али кога му треба, ќе имаме повеќе пари во економијата.
Јасно.
Или па незнам, луда идеја, да ги прилагодат цените?
Има нешто што се вика економија од обем. Не може Сетек или кој било друг да продава производ со пониска цена од таа што се продава на Алиекспрес, зашто побарувачката на Алиекспрес е многу пати поголема од таа на Сетек. Затоа никој и не може да продава со таа цена по која Кинезите продаваат. Ако не, дај да ги затвориме нашите препродавачи, да укинеме царини, и сѐ да си увезуваме од Кина пошто е поевтино. Попатно ќе му ја мислиме што ќе правиме со невработеноста. Не знам како нецели 1.500 денари разлика е нереална цена, кога буквално секаде освен во Кина е поскапо.

ПС: Муабетов е фактички пар екселанс зошто од аспект на националната економија нема многу голем резон да укинеш царини макар и за одредени производи. Не ја ограничуваш со тоа воопшто доминантноста на пазарот на неколку препродавачи зашто обемот на нарачки на поединци од странство е мал, ако тоа им било целта.
 
Последна промена:

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
Не знам како нецели 1.500 денари разлика е нереална цена
Од кај па сеа искочија 1500 ден. :)

Не може Сетек или кој било друг да продава производ со пониска цена од таа што се продава на Алиекспрес, зашто побарувачката на Алиекспрес е многу пати поголема од таа на Сетек. Затоа никој и не може да продава со таа цена по која Кинезите продаваат. Ако не, дај да ги затвориме нашите препродавачи
Ете гледаш од примерот на ДД дека може и пониско.
Не ги затвараме нашите препродавачи, него треба да ги превоспитаме малку да не се обидуваат да се збогатат преку ден на рачун на популација со и така најниска куповна моќ во регионот, која и те како е склона кон поефтини алтернативи ради тој факт. Никој не бара пониска цена од алиекспрес, туку разумно повисока.
 

Sadwerkl

hello world
15 ноември 2022
58
63
Од кај па сеа искочија 1500 ден. :)


Ете гледаш од примерот на ДД дека може и пониско.
Не ги затвараме нашите препродавачи, него треба да ги превоспитаме малку да не се обидуваат да се збогатат преку ден на рачун на популација со и така најниска куповна моќ во регионот, која и те како е склона кон поефтини алтернативи ради тој факт. Никој не бара пониска цена од алиекспрес, туку разумно повисока.
Ако го прочита ПС, баш кажувам зошто со тоа ти што ќе купиш производ од алиекспрес, воопшто не ги превоспитуваш препродавачите, а тоа реално можеш да го направиш зашто државава не ти наплаќа царина. Ако целта е превоспитувањето, тогаш воведувањето царини и враќање на ДДВ-то на 18% ќе им ги ограничат маржите на препродавачите зашто не ќе можат посекако да продаваат многу поскапо од цените што одат на европскиот пазар. Ниту укинувањето на царина за компјутерски делови, ниту повластена стапка на ДДВ нема голем ефект врз цените, ако тоа им било целта на тие што ги носеле политиките.
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
со тоа ти што ќе купиш производ од алиекспрес, воопшто не ги превоспитуваш препродавачите,
Читаат тука горе доле од сите фирми, така да може ќе се сепнат за момент. А тие што работат маркетинг сигурно го читале Бернајс и знаат како функционира потрошувачкиот организам и кој дел од организмот се членовиве овде.
обемот на нарачки на поединци од странство е мал
Можеби во оваа сфера каде што се во игра поголеми суми, но за ситници и глупости бројот на нарачки е огромен. Така да процесот е започнат, со време и позитивни искуства полека се опушта човек и оди и со поголеми/поскапи нарачки.
Дали закони ќе се сменат, дали ќе се прилагодат фирмите незнам, но ако се остане исто, со истиов нивни мајндсет не им се пишува добро.
 

D.P.R

Him
22 октомври 2016
748
566
Free
Немам уште привелигии да можам да го допаднам мислењето, само сакав да те потсетам дека тие 1000 денари што ќе ги заштедиш можеш да му ги дадеш на чичко ти да купи производи со 18% ДДВ :D.
Ако некој составува компјутер и има фиксен буџет тие 1000 денари му дозволват да си купи уште еден рам стик, или пак подобра матична, подобро куќиште, напојување, CPU Cooler и така натаму, цела поента на темата е дека за ниска цена се купува силен процесор, ако не ти менват тие "1000 денари" слободно купи си локално од нашите продавници.
 

incontempt

hello world
24 февруари 2016
238
224
Скопје
incontempt's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 5700x3d BQ Dark Rock Pro
Motherboard
ROG STRIX B550-F GAMING
Storage
KINGSTON SKC1000 240gb, SAMSUNG 990PRO 2TB, WDC 12TB
PSU
Antec High Current Gamer Modular 850 W
RAM
G.Skill FlareX 4x8gb 3800Mhz cl16
Video card
PowerColor Radeon RX 6900 XT Red Devil
Case
NZXT S340 Elite
Mouse
Logitech G502, Attack shark X3
Keyboard
Keychron K7 Max
Audio
Onkyo TX-SR373, Wharfedale Diamond 11.1
Monitor
AOC 24G2U x2 + 43" Philips TV
OS
Windows 11 IoT Enterprise LTSC
Од истата продавница само што се појави го нарачав 5700x3d за 9200ден., претходно и делови за точаци имам купувано од над 300еу. Се што е со поголема вредност досега пристигнало без проблем. Маржите кај нас не се реални, со цени идат х3 повеќе на еден куп галантерија(не само за пц делови и техника), трошење на наш пазар е злоупотребено, не ми е јасно со кој аргумент ги браните нашите добавувачи...

А во поглед на "невработеност" доколку купуваме од надвор, ние ништо од сето ова не ни произведуваме...
 

Psycore

Модератор
12 ноември 2013
1.132
1.530
Скопје
Што ви е со линковиве од Сетек и ДДСтор? Темава е за 5700Х3D, линковите се од 5700Х, нормално дека ќе е 10-11к.
Најди ми X3D било каков во Македонија испод 16.000.
 

D.P.R

Him
22 октомври 2016
748
566
Free
Што ви е со линковиве од Сетек и ДДСтор? Темава е за 5700Х3D, линковите се од 5700Х, нормално дека ќе е 10-11к.
Најди ми X3D било каков во Македонија испод 16.000.
Во насловот пишува 5700X 3D, ако ддстор и сетек лажат и продаваат 5700х а не 5700х3D тогаш е веќе друго.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв