Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Privatni casovi

Alien

read-only
27 април 2009
30
0
Не би можел конкретно да ја посочам областа ( затоа и ми требаат часови :)) , ама сакам да научам повеќе на тема - одржување на компјутери и некои работи околу сигурноста ...
Па ако имате информации , или конкретно некого да ми препорачате би ви бил благодарен
 

HijackHacker

poweruser
21 февруари 2008
5.112
305
www.gorjan.rocks
Сакаш да научиш општо за оддржување на компјутери во смисол, форматирање, инсталирање програми, соочување со вируси...?
 

Alien

read-only
27 април 2009
30
0
Па , не баш толку едноставно ...Еве да речеме кога би бил одговорен за компјутерите во фирма каде што има доверливи податоци и се користи апликативен софтвер , значи , би сакал да научам што се треба да се направи околу сигурноста на компјутерите и податоците и воедно со кои можни проблеми би се соочил во поглед на одржувањето (тука би биле и некои основни мрежни проблеми ,вируси, проблеми со преинсталирање и.т.н) Значи би ми одговарал некој кој веќе има искуство во таква работа)

Поздрав
 

HijackHacker

poweruser
21 февруари 2008
5.112
305
www.gorjan.rocks
Ако конктетно бараш некој со искуство во фирма, ок. Но ако работа во образовна институција и обвластено оддржување на компјутерите таму се признава како искуство, тогаш можам да ти помогнам :)

Сепак, причекај да видиме што имаат да понудат и другите членови, имаме многу искусни :)
 

darknessdimi

hello world
5 март 2009
224
5
малце офф топик ...
мислам дека нема да можеш тоа што ке го научиш и цело време тоа да го применуваш цело време треба да бидеш во тек да ги следиш работите ..
 

sojic

hello world
29 април 2007
435
24
darknessdimi е во право. Тоа не се учи, тоа се стекува со континуирана работа. Треба да го познаваш добро системот, да знаеш вирусите кои „дупки“ ги користат... и не само тоа... ќе треба и вработените да ги обучиш, т.е. да им кажеш како на кој начин да работат.

Еве ти два примера:
Еден од начини за фаќање вируси е УСБ. 99% од луѓето кога ќе стават УСБ, кликаат на Open..... во прозорот што ќе им се појави автоматски.... и одма закачуваат вирус.

Зошто.??? Вирусите ја користат фината со autorun, така да се стават во autorun и ти мислиш дека ќе го отвориш усб-то, а у ствари го старташ вирусот.

Истиот ефект се добива и ако го исклучиш прозорот што ти се појавува автоматски, а кликнеш два пати на my computer па после два пати на removable device. Повторно го стартуваш autorun и вирусот.

Треба ти како IT админ, или whatever поврзано со одржување на компјутери, да им објасниш дека за да се избегне стартување на вирусот од usb, треба да користат Windows Explorer.

Зошто?
Како прво, со користење на дрвото од лева страна, се избегнува се избегнува стартување на ауторан, а како друго, побрзо навигираш од еден фолдер у друг.

Друг пример.
Да им објасниш да не користат msn, евентуално ако мора да го користат никако да не отвараат „понудени“ слики, што им испраќа некој.

Овдека вирусите работат на следниов принцип:

Некој твој пријател на ист начин се има заразено, а не е свесен. Вирусот, се праќа од негово име, и ти добиваш „покана“ за download не некоја слика најчесто (your naked girlfriend.jpg) на пример. Ти од љубопитност веднаш кликаш, што е тотално погрешно. тоа не е слика туку е .jpg.exe на пример.

Тука сега имаш и друг тип на заштита.... firewall, за што треба да знаеш кој програм кој порт користи за да знаеш дали да му дадеш пристап, да го забраниш, да му дадеш пристап само од внатрешна мрежа или и од надвор...

Повторно треба да знаеш дека ништо не е сигурно преку интернет, за што треба да имплементираш vpn ако треба да врзеш клиент преку интернет

Доста за сега... значи... не ти треба курс, ти треба искуство, работа.
 

toteto

Баниран/a
19 ноември 2008
916
40
Лелел зе изнапишав џабе... прцнав Прати брз одговор и снема интернет :plachko2: Ајде сега скретено тро...

Треба искуство и тро појќе логика. Се нервирам вкрај кога некој од моите пријатели на мсн ќе ми пушти „слика“ кај што сум јас на неа велејќи... Have you seen this pic? You look so cool on it“ и „сликата“ зипована. - сигурно и нив истото ова му го пуштил ова и тие го прифатиле. Нека размислуват тро, од кога на мсн се пушта слика зипована? Од кога на мсн со твоите пријатели зборуваш на англиски?

Уште сум мал па незнам многу за барање на работа... но мислам дека можи во некоја фирма да те вработат како помошник администратор (или како се вика професијата) па нема да ти дават плата туку ти ќе учиш од администраторот.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно