Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Предлог за контакт за заварување

flippy1524

read-only
13 февруари 2018
9
4
Се обидов да си ја сменам батеријата на switch-ot бидејќи оригиналната беше подуена. при процесот на вадење успеав да го скршам приклучокот за батеријата, и еден пин ми се откачи
Нарачав резерва приклучоци од алиекспрес, но немам никаква опрема ниту искуство во заварување.


Ова делче го нарачав (две парчиња за секој случај), воедно и прикачени слики од уредот. Пинот што ми се откачи е во средина каде што треба да седи батеријата во втората слика.

Ако имате препорака за некој од Скопје што би се нафатил да ми помогне за да го завари делот, се разбира со компензација.


sw1.jpg sw2.jpg
 

flippy1524

read-only
13 февруари 2018
9
4
Корисни коментари ми се појавија на мејл за моето барање (кои гледам дека се избришани).
Еве и уште некој сет на корисни информации ако на некој му врши работа.

Примери од други луѓе кои го имаат решено проблемот, чисто за референца (првиот ми се чини најсолиден):
  1. View: https://www.youtube.com/watch?v=_TxY3OXn9cI
  2. View: https://www.youtube.com/watch?v=TjOuf9REtZ0
  3. View: https://imgur.com/a/jMkDqRV
  4. https://www.tiktok.com/video/7364809654657977632 View: https://www.tiktok.com/@retrosix/video/7364809654657977632
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.621
19.361
Самот продолжи ти да чепкаш.
Ќе ти заврши свичот на канта пазар за 100-ка.
Исправен
 

kolesk

lurker
6 февруари 2016
814
1.257
Зошто да не чепка? Затоа што згрешил?
Луѓе сме, грешки се случуваат.
Јас повеќе се радувам, кога самиот нешто ќе поправам/сменам, отколку некој друг за мене.
 

kolesk

lurker
6 февруари 2016
814
1.257
Па ако гледаме така, грешката секогаш ќе биде или може да биде скапа.
Поготово кај мене на операциона маса. Каде грешките или се фатални или ...
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.621
19.361
Зошто да не чепка? Затоа што згрешил?
Луѓе сме, грешки се случуваат.
Јас повеќе се радувам, кога самиот нешто ќе поправам/сменам, отколку некој друг за мене.
Затоа што нема опрема. Секој обид да ја среди ситуацијата ќе предизвика уште поголема штета.

Ако мисли дека ќе поправи откорнат вод од 0,1mm со обична лемилица без микроскоп и без флукс, само напред.
 

kolesk

lurker
6 февруари 2016
814
1.257
Се согласувам со тебе.

Ако не средиш со Даниел, побарај го Лорџи од форумот за електроника. Он има апаратура/алат за такви работи.
 

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.370
2.793
не знам како успевате да уништите електроника за вакви ситни ствари. Ќе видиш прво на нет ќе истражиш како се работи, поготово ова доба кога има све на тацна.
 

flippy1524

read-only
13 февруари 2018
9
4
не знам како успевате да уништите електроника за вакви ситни ствари. Ќе видиш прво на нет ќе истражиш како се работи, поготово ова доба кога има све на тацна.
Претпоставувам додека ја вадев старата батерија. во одреден момент сум го чукнал некако, бидејќи кога го откачив приклучокот се беше океј. Повеќе се фокусирав да не ја превиткам надуената батерија што ја вадев, да не направам плус хаос. Сепак да пробам да средам нешто него да купувам скрос нов уред. Според тоа што истражував беше нешто што би го пробал сам со опремата што ја имам.

Затоа и пишав тука, видов видеа дека сервисирањето за тоа што го расипав е надвор од моето познавање и барам совет за некој што има искуство со тоа што би се нафатил. Фала на тие што споделија инфо за кого би можел да побарам! Шегите за заварување се добредојдени, касно ми текна откако постирав
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно