Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

“Центри за податоци“ (AI Data Center) во Македонија

Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.170
3.222
Струмица
Во оваа вукојебина корупција врие, довербата во судството ни е под 2%, ги имаме препишано сите европски закони а ништо не се применува, и ми зборуваат за дата центри и рудници за ретки метали. Скоро во секој град водата веќе не е за пиење, местат соларни панели кај најдат па дури и врз плодна земја, запнале за проекти што ја загрозуваат животната средина и природните ресурси. Мала земја сме, немаме вишок територија за вакви проекти.

Ако сѐ уште не сте ја гледале документаркава, топло ви препорачувам да ја изгледате.
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.415
5.577
Цената не е толку битен фактор? Башка нема таму странски инвестиции од овој тип? Бугарија, Романија, Грција...?
Цената за што?
Се гради една хала или неколку и се оградува. Опремата секако не е наше производство, ни компјутерската ни машинската. Друго нема. Цената на објектот е занемарлива во однос на вредноста на тоа внатре.
 

gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.112
3.593
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / 2x 2TB Samsung NVMe 990 Evo Plus / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
DDR4 3200MHz Kingston Fury Renegade Kit CL16 (2x32)
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Master 3
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855) / Keychron Q2
OS
ArchLinux

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.611
3.258
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Цената за што?
Се гради една хала или неколку и се оградува. Опремата секако не е наше производство, ни компјутерската ни машинската. Друго нема. Цената на објектот е занемарлива во однос на вредноста на тоа внатре.
Исто и @gdamjan - цена на земјиште, струја, градба, плата.
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.566
1.056
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Ајде може да си прајме pros/cons ако дозволува некако Форумов па и Модераторите...

Pros:

1. Централизација на сите Државни Системи без infrastructure overwhelming
2. Иницијална инвестиција
3. Дополнително заработка квартално од DataCenter Profit tax
4. Вработување Min 50 highly payed individuals
5. Простор за развој на Везилка
6. Простор за локални проекти со многу помала латенција
 

acekorg

hello world
5 октомври 2010
420
696
Значи ако добро те разбирам, ќе дојде странец, ќе купи земја или изнајми (даде пари), ќе гради (троши пари тука) во некое забито место кое никој не го чул, патем ќе вработи и 5-10-15 луѓе од тука, ќе плати 10% данок на добивка, плус ете за логистика од тука ќе биде врзан со барем 2-3 фирми, во оптимистичко сценарио ќе повлече и други инвеститори и ти викаш што има ќар државата?
10% ама 10% од што?
На Cloud провајдерите парите им легнуваат на странски сметки, сигурно не мислиш дека ќе бидат целосно транспарентни колку реален профит прават туку ќе излезат со некоја интерна пресметана вредност на овој дата центар, странскиот ентитет префрлил сума X во Македонија од тоа ќе исплатат вработени и ќе платат 10% данок…
На начинот на кој што функционираат работите во оваа држава таа сума X ништо чудно да е договорена со владиниот врв.

@Ragnar пологично ми е да заработиш од некој таков и да ти одржува сервер инфраструктура на сите државни институции и да ти плаќа вишок струја што имаш во систем
Абе така ли се одржуваат државни сервери, ко на пазар… ние нив вреќа компири и 3 бали сено, они нас пиперки и патлиџани…
Тоа се сензитивни информации кај што има строга контрола на пристап, физичка локација каде се складираат, сервери во заклучени простории итн… дури и законски мора да има тендер, да се видат цени итн, не може под ракав со прв инвеститор од дејноста да заклучиш договор.
Се знае ли воопшто чиј ќе биде дата центарот, која фирма? Нигде не видов конкретна информација што планираат.
ај размисли вака. зашо странецот доаѓа во македонија од 100 други држави што имаат повеќе струја, повеќе аутопати, море, пристаништа, итн итн.

многу е просто, тие други држави имаат закони за екологија, и ги почитуваат.
Ова е најсилната теза во дискусијата.
Ние сме држава потоната во лајна што треба прво да си ги решиме домашните проблеми со вода за пиење, домашно земјоделско производство, да спречиме увоз на токсична храна и производи за домаќинство, да го исчистиме ѓубрето, диви депонии имаме на сите страни, дупки по улици, дивоградби (а и недивоградби со диводозволи), наталитет во опаѓање, пола младина иселена, затвараме школи…
Следствено,
народот не ја смета оваа држава за компетентна ниту има доверба дека со дата центар може да се справи. Буквално хемикалиите за ладење нема да се изненадам да ги најдат некој ден у Вардар истурени а електронскиот отпад на ајватовски рид. Можеби баш тоа е причината зошто приватна фирма за cloud computing сака во Македонија да функционира?
Ако ги решат прво горенаведените проблеми еве јас би имал доверба да речам во ред е, нека направат дата центар… а они кутрите не се ни доволно транспарентни во јавноста што планираат...
 

gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.112
3.593
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / 2x 2TB Samsung NVMe 990 Evo Plus / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
DDR4 3200MHz Kingston Fury Renegade Kit CL16 (2x32)
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Master 3
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855) / Keychron Q2
OS
ArchLinux
Исто и @gdamjan - цена на земјиште, струја, градба, плата.
тоа дали кошта 3% споредено со хардверот што треба да го купат и купуваат. поише ќе ги кошта да стигнат до пехчево него да изградат на географски подостапно место. плата за кого?

струја за овој потфат македонија нема. ќе си донесат свои гасни турбини, како што прават низ цел свет (осеќам ко 5ти да го повторувам ова)
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.566
1.056
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
10% ама 10% од што?
На Cloud провајдерите парите им легнуваат на странски сметки, сигурно не мислиш дека ќе бидат целосно транспарентни колку реален профит прават туку ќе излезат со некоја интерна пресметана вредност на овој дата центар, странскиот ентитет префрлил сума X во Македонија од тоа ќе исплатат вработени и ќе платат 10% данок…
На начинот на кој што функционираат работите во оваа држава таа сума X ништо чудно да е договорена со владиниот врв.


Абе така ли се одржуваат државни сервери, ко на пазар… ние нив вреќа компири и 3 бали сено, они нас пиперки и патлиџани…
Тоа се сензитивни информации кај што има строга контрола на пристап, физичка локација каде се складираат, сервери во заклучени простории итн… дури и законски мора да има тендер, да се видат цени итн, не може под ракав со прв инвеститор од дејноста да заклучиш договор.
Се знае ли воопшто чиј ќе биде дата центарот, која фирма? Нигде не видов конкретна информација што планираат.

Ова е најсилната теза во дискусијата.
Ние сме држава потоната во лајна што треба прво да си ги решиме домашните проблеми со вода за пиење, домашно земјоделско производство, да спречиме увоз на токсична храна и производи за домаќинство, да го исчистиме ѓубрето, диви депонии имаме на сите страни, дупки по улици, дивоградби (а и недивоградби со диводозволи), наталитет во опаѓање, пола младина иселена, затвараме школи…
Следствено,
народот не ја смета оваа држава за компетентна ниту има доверба дека со дата центар може да се справи. Буквално хемикалиите за ладење нема да се изненадам да ги најдат некој ден у Вардар истурени а електронскиот отпад на ајватовски рид. Можеби баш тоа е причината зошто приватна фирма за cloud computing сака во Македонија да функционира?
Ако ги решат прво горенаведените проблеми еве јас би имал доверба да речам во ред е, нека направат дата центар… а они кутрите не се ни доволно транспарентни во јавноста што планираат...
Ако зборуваме за мал провајдер од типот на Рамбо не знам што сертификати има, ако зборуваме на Hyperscalers од величина на AWS MSFT Oracle на друг начин работат... Имаат банки кај нив оти се со ISO27001 најмалку, работат со GDRP NIS2 итн, всушност и две години веќе се гради од AWS Sovereign Cloud за EU некаде во Германија.

Иначе за пиперки или не прочитај малку повеќе како работат Hyperscalers.

И уште нешто се почувствував "испровоциран".

Типови што живеат и вукојебини нека си најдат некоја колиба и нека си се изолираат не мора да ни солат памет.
А пак тие што тонат во "лајна" слободно нека пливаат каде им таква волја, не мора да не влечат и нам со ним надоле...

Заб за заб, паста за заби...
Се додека некој ќе рече Македонче ќе му речам слободно вади си Бугарски и чао пријатно можеме и без тебе...
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.415
5.577
Ајде може да си прајме pros/cons ако дозволува некако Форумов па и Модераторите...

Pros:

1. Централизација на сите Државни Системи без infrastructure overwhelming
2. Иницијална инвестиција
3. Дополнително заработка квартално од DataCenter Profit tax
4. Вработување Min 50 highly payed individuals
5. Простор за развој на Везилка
6. Простор за локални проекти со многу помала латенција

Исто и @gdamjan - цена на земјиште, струја, градба, плата.


Не се работи за податочни центри во кои се возат серверски апликации, хостинзи, бази и слично. Такви има, не се проблем.

Се работи за центри за вештачка интелигенција. Ќе ги наполнат со нвидија DGX сервери или слични. Сопственикот на центарот ќе продава пристап до АИ агенти со фирма регистрирана во Луксембург или слично место каде се плаќаат симболчни давачки и приходот ќе оди таму, а тука ќе вртат процесорите. А тие трошат струја, брмчат и греат. Ние нема да знаеме ни што влегува ни што излегува од нив, црна кутија. Ќе има еден-двајца во смена што ќе вардат дали е сѐ во ред и да се најдат ако треба да се стисне некое копче. А додека ги направат може и нив да ги заменат со роботи.
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.566
1.056
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Сега не би рекол уште подобро ама би рекол... Нека ги купат од тука (пошто еден Blackwell rack кошта отприлика 3-4M, за Македонија 5% колку што е данок... )...

Леле луѓе ги прајме овие што договараат ко лаици, демек ќе дадат кирија за џабе демек дури и ние ќе им платиме плус само и само да не има на мапа... Па јас што сум Глуп да одговарам ќе договорам 50М годишно на одредена количина racks...

Еве офф топик: И после се чудите што Скопје уште се вози во Кинеските автобуси од пред 15 години... Па пари за автобуси треба од некаде... Со 30 денари карта не се купува нафта не пак автобус...
 

acekorg

hello world
5 октомври 2010
420
696
@Глупав
Не е спорно дека имаат сертификати… туку дали стварно ни треба, составање експертски комисии и законските процедури што треба да се испочитуваат се, закони за заштита на лични податоци, јавни набавки итн.
И особено делот со доверба во владата и кој ќе спроведе таква операција кога сме дебакл држава, еден чесен и/или компетентен нема.

А за вториов дел од постот не знам стварно што да кажам. Однесувањето ти е ко да си преселен од Македонија па проблемиве у Македонија не ти влијаат? Или па живееш у станче у Дебар Маало и за остатокот од државата не те интересира…
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.566
1.056
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
@Глупав
Не е спорно дека имаат сертификати… туку дали стварно ни треба, составање експертски комисии и законските процедури што треба да се испочитуваат се, закони за заштита на лични податоци, јавни набавки итн.
И особено делот со доверба во владата и кој ќе спроведе таква операција кога сме дебакл држава, еден чесен и/или компетентен нема.

А за вториов дел од постот не знам стварно што да кажам. Однесувањето ти е ко да си преселен од Македонија па проблемиве у Македонија не ти влијаат? Или па живееш у станче у Дебар Маало и за остатокот од државата не те интересира…
Точно дека не треба да се турка на мала врата и толку набрзина еве глупо да кажам без народен концензус без да се објасни на поширока маса дека нема еве речено Пехчево да стане Невада, ќе се објасни и ќе се презентира;, но ќе речам и дека придобивките се многу поголеми отколку она што се презентира моментално од другата страна па и зелените кои живеат со бенефитите онлајн а со мозокот во Турско или порано, и што се објаснува по толку малку упатениот народ кој и те така и како е поделен по секакви основи...
Има начин политиката да се обедини барем по една основа дека податоците треба да ни се заштитени и да се работи ко што треба со дигитализација... Е сега што секоја страна сака она да е таа која потпишува договара и ги запишува поените во своја политичка историја тоа е тоа што ги иселува барем интелектуалците...

На вториот дел нема да ти одговорам културно прифати, културно се поставувам...
 

FikanA

hello world
3 април 2025
252
322
Средe никаде...
Читав нешто на твитер од некој што е во таа струка...
“....А би ми било мило затоа што веднаш би се вратил дома. Со убава работна позиција....“ овој мора да е профи чим одма ќе имал работна позиција. Source: trust me group


А и никако да се усогласиме на барем приближна бројка на колку вработени би имал. Некој ќе каже 5-10 души, некој 2ца, некој мисли дека цело Пехчево ќе се вработи во еден дата центар. Знам зависи од капацитеот, али па активни хигиеничари за што ќе се? Нели се тие соби комплетно изолирани од надворешноста?
А за вториов дел од постот не знам стварно што да кажам. Однесувањето ти е ко да си преселен од Македонија па проблемиве у Македонија не ти влијаат? Или па живееш у станче у Дебар Маало и за остатокот од државата не те интересира…
Реално ова испаѓа е статус на пола форум, да не именувам. Истата работа беше во темата за сејф сити камерите, и за пошта/царина итн. Пола од експертите не живеат во Македонија, али важно они знаат најдобро знаат што нас ни треба и пошто они се шетани господа од големото добро утро. Па брат, они во ВИЕНА (едвај) живеат!!!!!?!?!?!?
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.566
1.056
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
@Ragnar ти од Скопје си? Да се собереме барем двајца тројца на Форумов што сме од Скопје или Македонија,а не од Виена??? Чисто да нѐ викаат експерти а не некој кој сака квалитетна и фер дискусија!!!
 

FikanA

hello world
3 април 2025
252
322
Средe никаде...
Точно дека не треба да се турка на мала врата и толку набрзина еве глупо да кажам без народен концензус без да се објасни на поширока маса дека нема еве речено Пехчево да стане Невада, ќе се објасни и ќе се презентира;, но ќе речам и дека придобивките се многу поголеми отколку она што се презентира моментално од другата страна па и зелените кои живеат со бенефитите онлајн а со мозокот во Турско или порано, и што се објаснува по толку малку упатениот народ кој и те така и како е поделен по секакви основи...
Има начин политиката да се обедини барем по една основа дека податоците треба да ни се заштитени и да се работи ко што треба со дигитализација... Е сега што секоја страна сака она да е таа која потпишува договара и ги запишува поените во своја политичка историја тоа е тоа што ги иселува барем интелектуалците...

На вториот дел нема да ти одговорам културно прифати, културно се поставувам...
Пехчево да му стаат дата центар повеќе од 100MW ќе стане кратек во земјата, а не па Невада. Ја уште не гледам кои се овие придобивки, само кажувате ги има ама никако некој да ги наброи убаво и конкретно.
Работни места? Што, тие од Пехчево за 2 дена ќе научат и ќе работат таму за 10 илјади евра плата? Реално можда ќе ги опнат неколку од нив како чистачи за некое денарче над минималец. Или ќе се збогатиме од даноците што ќе ги “плаќа“ фирмата? Како што беше пишано погоре, ова не е ни некој ““дата центар““ што ние ќе си го користиме за склад на наши податоци, ниту наша фирма ќе работи со него. Ниту наши фирми ќе го градат објектот.
Мислењето е автоматски споено:

@Ragnar ти од Скопје си? Да се собереме барем двајца тројца на Форумов што сме од Скопје или Македонија,а не од Виена??? Чисто да нѐ викаат експерти а не некој кој сака квалитетна и фер дискусија!!!
Никој не кажа дека не сте од Македонија. Проблем е кога тие што не живеат тука и доаѓаат само заби да поправат солат памет за што и како треба да се прави тука :D. Мојот коментар не беше конкретно кон тебе, али гледам поголем број на членови што мислат дека се супериорни само пошто живеат во прекрасната развиена европска неуинија
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.566
1.056
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Упорно некој кој не ги знае придобивките од Клауд компјутинг се збори против тоа е противречно... Точно дека не е доволно транспарентно за да знаеме точно сите на форумов дали да подржуваме во потполност со експертиза, ниту пак за колкави инвестиции станува збор или годишни заработки...

Мојот став е дека технологијата е со бенефит и се надевам дека тие што договараат знаат да издејствуваат добивка повеќе и дека повеќе ќе добиваме отколку што даваме...

Имаше погоре pros кој сака нека додаде кој сака нека пиши cons... Вака е само оној кажа овој рече...

Сѐ додека го заобиколуваме развојот особено оној кај што се вели можам умеам знам се дотогаш ќе тонеме во лична осуда и погрдни зборови за себе...

Со плукај политика која владее кај нас во последниве 15 години (колку што следам поинтензивно) подалеку не мрдаме... Или јас што сакам да прашувам во последно време: гледаш проблем или бараш решение???
 

acekorg

hello world
5 октомври 2010
420
696
На вториот дел нема да ти одговорам културно прифати, културно се поставувам...

@Ragnar ти од Скопје си? Да се собереме барем двајца тројца на Форумов што сме од Скопје или Македонија,а не од Виена??? Чисто да нѐ викаат експерти а не некој кој сака квалитетна и фер дискусија!!!

Ех… ај да го продоскутираме најкултурно еве, па макар и да не се согласиме и тоа е ок. Не дека е некоја страшна тема па да ти судам лично според страната која си ја завземал. Све кул…
Еве јас сум од Скопје и работам ко дев, буквално секој ден користам AWS инфраструктура.

Типови што живеат и вукојебини нека си најдат некоја колиба и нека си се изолираат не мора да ни солат памет.
А пак тие што тонат во "лајна" слободно нека пливаат каде им таква волја, не мора да не влечат и нам со ним надоле...
Овој дел ме интересира. Зошто некој што не работи у ИТ сфера и живее во Пехчево треба да е согласен за дата центар кај него до куќа, за некој минимален бенефит што јас и ти би го имале (Ако воопшто видиме некаков бенефит)? Ќе вработат 30 Пехчевчани за колку што може пониска плата? Владините сервиси имаат проблеми од програмски аспект, нема само инфраструктура да ги реши.
А од моја перспектива ко Скопјанец, зошто еве владата не субвенционира живинарска фарма во Пехчево кај што и ќе работат Пехчевчани и некој македонски газда ќе прави профит и плаќа данок и најважно ќе јадеме домашно месо а на увозните португалски и бразилски стекови не ставиме забрана за увоз? Еве оваа идеја носи бенефит и за Пехчево и за сите нас.
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.566
1.056
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
значи збориме за ДатаЦентар... за кокошки се зборува во Министерство за Земјоделие иако и за таму имам идеи иако немаат форум...
Искрено јас би правел дата Центар во Криволак не во Пехчево, ама не е тоа јас што мислам има некој договара и тоа е... кога ќе станам некој поважен во политичка партија (потешко оти немам никаде карта) тогаш и јас ќе одлучувам, моментално само дискутираме pros и cons едноставно за разговор
јас ги кажав моите pros ретко кој ги кажа неговите cons...

има рекла казала и за тоа чиво е местото во Пехчево ама тоа е надвор од фокус, пошто сигурен сум дека на моменталниве не им беше намера да протнат од прва туку да издејствуваат јавна расправа
 

FikanA

hello world
3 април 2025
252
322
Средe никаде...
Упорно некој кој не ги знае придобивките од Клауд компјутинг се збори против тоа е противречно... Точно дека не е доволно транспарентно за да знаеме точно сите на форумов дали да подржуваме во потполност со експертиза, ниту пак за колкави инвестиции станува збор или годишни заработки...

Мојот став е дека технологијата е со бенефит и се надевам дека тие што договараат знаат да издејствуваат добивка повеќе и дека повеќе ќе добиваме отколку што даваме...

Имаше погоре pros кој сака нека додаде кој сака нека пиши cons... Вака е само оној кажа овој рече...

Сѐ додека го заобиколуваме развојот особено оној кај што се вели можам умеам знам се дотогаш ќе тонеме во лична осуда и погрдни зборови за себе...

Со плукај политика која владее кај нас во последниве 15 години (колку што следам поинтензивно) подалеку не мрдаме... Или јас што сакам да прашувам во последно време: гледаш проблем или бараш решение???
Ајде, може и така
Ајде може да си прајме pros/cons ако дозволува некако Форумов па и Модераторите...

Pros:

1. Централизација на сите Државни Системи без infrastructure overwhelming
2. Иницијална инвестиција
3. Дополнително заработка квартално од DataCenter Profit tax
4. Вработување Min 50 highly payed individuals
5. Простор за развој на Везилка
6. Простор за локални проекти со многу помала латенција
1. Не гледам како дата центар за тренирање ВИ на странска фирма ќе помогне со ова
2. Од кои парите ќе бидат повеќето украдени и народот нема ништо да види
3. Реално исто како претходната точка, повеќето од тие пари ќе се крадени

Следнава точка ти е нај канта од сите, без навреда...
4. Кој ќе вработат? Тие од Пехчево? Или луѓе што веќе го знаат и работат тоа? Еве речеме тебе сакаат да те вработат. Да го изградат кај што живееш ти може? Или ти пресели се во Пехчево и предај твојот стан/куќа на семејство што сака да избега од тоа и нема да има ќар од тоа?

5. Немаме болници функционални, немаме земјоделие, немаме производствени габарити. Арно Везилка ќе имаме.. Блаже Конески во гроб се врти

6. Не гледам дека имаме потреба од тоа ама ок
Мислењето е автоматски споено:

Искрено јас би правел дата Центар во Криволак не во Пехчево, ама не е тоа јас што мислам има некој договара и тоа е..
Ја мислам дека треба да направиме Дата центар каде што живееш ти. Тие од Криволак ништо не згрешиле за вака да ги казниме
некој поважен во политичка партија
Не дај боже
потешко оти немам никаде карта)
среќа
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.566
1.056
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
0. Прво не одговарам на провокјациите оти да ја навредуваше мајка Македонија ќе го јадеше... мене егото не ми е толку надувано... слободно мавај кога сакаш

1. никаде не прочитав дека е инклзивно со GPU, како што реков сериозен Hyperscaler без CPU, TPU и GPU не гради,
првично кажав што би сакал да се гради бидејќи (нема) немаше никаде точно известување што се гради

2. До кога со таа крадачка приказна... јас во тоа не верувам, не сум крадел (животозагрозувачки) во животот и не верувам во тоа дека некој ќе кради од комшијата за тој да има оној до него да гладува
Еве и да постои тоа, нели треба да бараме начини да го искорениме тоа, Барање Решенија а не воочување проблеми

3. Епа што бараме тука ко така кога 100% се кради, да идеме некаде каде нема што да се кради и ем нема да крадиме ем нема да ни крадатч или уште подобро да идиме некаде каде има многу изобилие а никој не кради (а ете и во Библијата прво напишале НЕ ЛАЖИ НЕ КРАДИ НЕ УБИВАЈ)
најверојатно треба прво да се научиме со тоа не лажи

4. АЈДЕ ЗА КАНТАТА... 50мина според фирма што ќе знаат да им средат работа без да им прават драма
ако учел некој CS од Пехчево претпоставувам него
Ако даваат добра плата и сместување имам културно зошто не би идел и јас не само Пехчево, секаде каде pros се повеќе квалитетно и квантитетно од cons

(ете @acekorg со 4000EUR плата нема потреба да субвенционира државата во Живинарство јас сум тој што ќе отворам Пехчево фарма после година работа)
а за местово кое живеам не можам ништ ода дадам или земам пошто не е во мое власништво

5. Ама важно те имеме тебе да ги величиш нашите Великани

6. Епа тоа говорев погоре дека не може некој кој не знае за придобивнки да зборува...
прашај колку значи (или уште поточно ЧИТАЈ чини) латенција од 1ms во Revoult или VISA , MasterCard да речемe за едно 15 000 000 корисници
 

acekorg

hello world
5 октомври 2010
420
696
значи збориме за ДатаЦентар... за кокошки се зборува во Министерство за Земјоделие иако и за таму имам идеи иако немаат форум...
Искрено јас би правел дата Центар во Криволак не во Пехчево, ама не е тоа јас што мислам има некој договара и тоа е... кога ќе станам некој поважен во политичка партија (потешко оти немам никаде карта) тогаш и јас ќе одлучувам, моментално само дискутираме pros и cons едноставно за разговор
јас ги кажав моите pros ретко кој ги кажа неговите cons...

има рекла казала и за тоа чиво е местото во Пехчево ама тоа е надвор од фокус, пошто сигурен сум дека на моменталниве не им беше намера да протнат од прва туку да издејствуваат јавна расправа
Цел краток документарец споделија за Cons а и малце ли ги има контроверзии по интернет, не за џабе ја имаме дискусијава.

Нас за да ги решиме проблемите со државни системи не ни треба цел AI дата центар, а ниту за Везилка. Се тоа може да си го платиме пд државни пари.

Работни позиции очекувам да се скроз минимални, веројатно и чистењето ќе е роботизирано.

А за финансиски придобивки од данок стварно мислиш дека ќе направи разлика во државен буџет за да се исплати?
Ај размисли ако купуваме увозна роба од маркети во косовска сопственост, точиме гориво од грчка бензинска пумпа, плаќаш струја на австријци, српски фирми за мебел итн итн, треба да сме среќни затоа што плаќаат 10% данок и вработиле луѓе?
Некој го даде одговорот поназад у темава… измеќарлук е ова, продадена држава, малку сме зависни од други, па и со државните податоци да станеме.
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.566
1.056
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
аај Арно велиш @acekorg доста бев измеќар за негативно настроение и на тебе и на овој погоре,
исто довоно бев измеќар денеска и н асите кои читаа на форумов темава денеска
се одјавувам јас и се надевам дека некој моите крадените податоци од ФЗОМ нема да ги злоупотреби како и тоа дека останатите кои ги има некаде и насекаде по државни сервери ќе бидат барем двапати посигурни ама не од ФЗОМ туку од неизградениот ДатаЦентар во Пехчево

over and out
Елвис е во Шуто
јас ојдов на спијање
Поздрав до утре каде и да си Македонијо
 

acekorg

hello world
5 октомври 2010
420
696
2. До кога со таа крадачка приказна... јас во тоа не верувам, не сум крадел (животозагрозувачки) во животот и не верувам во тоа дека некој ќе кради од комшијата за тој да има оној до него да гладува
Еве и да постои тоа, нели треба да бараме начини да го искорениме тоа, Барање Решенија а не воочување проблеми
View: https://youtube.com/shorts/YfdP7tPEfdE?si=tYhAmEfgDCGM7yuh
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно