FikanA
hello world
Абе не е така црно бело, таа стигмата од Чернобил некако после толку време уште демнее врз главата на луѓето. Чернобил сам по себе не експлодира и стопи бидејќи не бил безбеден, принципот на работа на тој реактор бил таков што не може да трпи нагло пали гаси.Само уште нуклеарен реактор ни фалеше да менаџираме, со нашиот природен талент за менаџирање опасни работи.
Со неправилна обука и користење сите индустриски габарити се опасни за околината. Дали ќе бидат парни, гасни или нуклеарни централи. Ние имаме ураниум на наше копно и би било огромен плус во секторот на енергетска независност да работиме со тоа.
А и убаво кажа @gdamjan, нема да е тоа отворен оглас па да си пикнат политичките прасиња нивните да клатат врата и земат плата. Има испити кои треба да се положат, обуки кои траат долго. Нема тука вујче да те бутне да работиш
Интересно, фала што сподели. Баш кога ќе се приберам дома ќе видам ако можам нешто малце повеќе да подпрочитам околу ова со гасните турбини и SpaceX.Тоа што мене ми мириса е дека CLOUD-иве сега лицитираат кај да градат датацентри, а да немаат еколошки пречки. Тоа што е факт е дека дури и во развиените земји кои не кубурат со струја, инсталираат гасни турбини за генерирање струја[1]. Со оглед дека Македонија нема нешто посебно обзири за екологија, а гас се чини ќе има за индустрии[2], релативно безбедна[3] - делува ко лесна мета за поставување на вакви датацентри.
EU земјите се многу поригидни за екологија, а подалеку од EU станува сѐ поризично.
Дури не мора ни да се случи сево ова во Македонија на крај од денот. Доволно е потенцијалот дека „може да се случи“ да го искористат во блефот да им дадат други земји отстапка од еколошки регулации.
[1] SpaceX Is Spending $2.8 Billion to Buy Gas Turbines for Its AI Data Centers
[2] North Macedonia to officially join Vertical Gas Corridor in September
[3] геостратешки дел од нато, локално им е доволно приватна полиција/војска против мирен народ
Мислењето е автоматски споено:
нуклерка секако не можеме да правиме сами. ако нешто такво би се правело тоа би била некоја регионална соработка. менаџирањето мислам би било оставено на комерцијален оператор.
А ова околу играње политички игри околу легеслативи и закони за екологијата ништо ново, али не ми текна дека може едноставно да не користат нас како алатка да им попуштат другите. Инаку да, држави како нашата, односно неразвиени и доста корумпирани, за такви работи нив им се идеални бидејќи знаат дека се што треба е да се вети % од парите што ќе ги земат на тој што треба да потпише и завршиле.
Подобрување на економијата можеме ако почнеме од нула, то ест почнеме со отворање на наши фабирки одново и прекинеме да пробуваме да ги затвораме нашите веќе постоечки фабрики, case in point, Цементара ТИТАН.Значи кај нас нешто вакво ќе може да се изгради кога ќе направиме целосно функционална држава. А за да направиме целосно функционална држава потребно е подобрување на економијата. Со оглед на тоа што на вакви работи гледаме теории на заговор, кој колку ќе ќарел итн. единствена издржана опција ни е да се фокусираме на масовно одгледување на бостан и зарзават за извоз.
Според мене, економски силна земја е кога таа зависи што помалку од други земјии. Како сме тргнале со затворање, на крај ништо нема да произведуаме, а и малкуто што ќе остане ќе се странски фирми што тоа си го извезуваат за едно 300-400% профит на наш грб.
Не гледам ја како отворање на дата центар ќе ни помогне со економијата?
1. Огромен плац кој би можел да е наменет за агрокултура - а не да мора да купувам пипер и домат од комшии
2. Огромен и континуиран трошок на вода и струја. - не е битно што ќе плаќааат смеките, нема да остане за другите такашто нема што да плаќаат
3. На толкав плац само неколку работени кои нема да зимаат ““““европски плати““““ - доколку не сум разбрал слободно може некој да ме корегира
Реалноста е сите пари што ова ќе ги заработи ќе одат кај фирмата и кај партијата што ќе потпише дека може да градат