Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

“Центри за податоци“ (AI Data Center) во Македонија

FikanA

hello world
3 април 2025
243
313
Средe никаде...
Само уште нуклеарен реактор ни фалеше да менаџираме, со нашиот природен талент за менаџирање опасни работи.
Абе не е така црно бело, таа стигмата од Чернобил некако после толку време уште демнее врз главата на луѓето. Чернобил сам по себе не експлодира и стопи бидејќи не бил безбеден, принципот на работа на тој реактор бил таков што не може да трпи нагло пали гаси.

Со неправилна обука и користење сите индустриски габарити се опасни за околината. Дали ќе бидат парни, гасни или нуклеарни централи. Ние имаме ураниум на наше копно и би било огромен плус во секторот на енергетска независност да работиме со тоа.

А и убаво кажа @gdamjan, нема да е тоа отворен оглас па да си пикнат политичките прасиња нивните да клатат врата и земат плата. Има испити кои треба да се положат, обуки кои траат долго. Нема тука вујче да те бутне да работиш :D.
Тоа што мене ми мириса е дека CLOUD-иве сега лицитираат кај да градат датацентри, а да немаат еколошки пречки. Тоа што е факт е дека дури и во развиените земји кои не кубурат со струја, инсталираат гасни турбини за генерирање струја[1]. Со оглед дека Македонија нема нешто посебно обзири за екологија, а гас се чини ќе има за индустрии[2], релативно безбедна[3] - делува ко лесна мета за поставување на вакви датацентри.

EU земјите се многу поригидни за екологија, а подалеку од EU станува сѐ поризично.

Дури не мора ни да се случи сево ова во Македонија на крај од денот. Доволно е потенцијалот дека „може да се случи“ да го искористат во блефот да им дадат други земји отстапка од еколошки регулации.


[1] SpaceX Is Spending $2.8 Billion to Buy Gas Turbines for Its AI Data Centers
[2] North Macedonia to officially join Vertical Gas Corridor in September
[3] геостратешки дел од нато, локално им е доволно приватна полиција/војска против мирен народ
Мислењето е автоматски споено:


нуклерка секако не можеме да правиме сами. ако нешто такво би се правело тоа би била некоја регионална соработка. менаџирањето мислам би било оставено на комерцијален оператор.
Интересно, фала што сподели. Баш кога ќе се приберам дома ќе видам ако можам нешто малце повеќе да подпрочитам околу ова со гасните турбини и SpaceX.
А ова околу играње политички игри околу легеслативи и закони за екологијата ништо ново, али не ми текна дека може едноставно да не користат нас како алатка да им попуштат другите. Инаку да, држави како нашата, односно неразвиени и доста корумпирани, за такви работи нив им се идеални бидејќи знаат дека се што треба е да се вети % од парите што ќе ги земат на тој што треба да потпише и завршиле.
Значи кај нас нешто вакво ќе може да се изгради кога ќе направиме целосно функционална држава. А за да направиме целосно функционална држава потребно е подобрување на економијата. Со оглед на тоа што на вакви работи гледаме теории на заговор, кој колку ќе ќарел итн. единствена издржана опција ни е да се фокусираме на масовно одгледување на бостан и зарзават за извоз.
Подобрување на економијата можеме ако почнеме од нула, то ест почнеме со отворање на наши фабирки одново и прекинеме да пробуваме да ги затвораме нашите веќе постоечки фабрики, case in point, Цементара ТИТАН.
Според мене, економски силна земја е кога таа зависи што помалку од други земјии. Како сме тргнале со затворање, на крај ништо нема да произведуаме, а и малкуто што ќе остане ќе се странски фирми што тоа си го извезуваат за едно 300-400% профит на наш грб.
Не гледам ја како отворање на дата центар ќе ни помогне со економијата?
1. Огромен плац кој би можел да е наменет за агрокултура - а не да мора да купувам пипер и домат од комшии
2. Огромен и континуиран трошок на вода и струја. - не е битно што ќе плаќааат смеките, нема да остане за другите такашто нема што да плаќаат
3. На толкав плац само неколку работени кои нема да зимаат ““““европски плати““““ - доколку не сум разбрал слободно може некој да ме корегира
Реалноста е сите пари што ова ќе ги заработи ќе одат кај фирмата и кај партијата што ќе потпише дека може да градат
 

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.743
3.421
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
А и убаво кажа @gdamjan, нема да е тоа отворен оглас па да си пикнат политичките прасиња нивните да клатат врата и земат плата. Има испити кои треба да се положат, обуки кои траат долго. Нема тука вујче да те бутне да работиш :D.

Офтопик: Не знам баш дали нема да биде отворен оглас, пошто ние сме расипани во сржта така да ќе се најде некое дете што набрзина ќе добие сертификат потребен за да работи и ќе влезе со некомпетентност. Ова го кажувам од искуство луѓе што земаат сертификати за да се качат на едно поголемо скалило во НАТО позиции во Македонија.

И да не се заборават скандалите во М-НАВ каде што имаше упад во контролната кула која е една од најбитните работи за безбедност на летовите, и оние партиско/роднински врски кои се вработуваат во најбитните сектори само затоа што платата е висока.

Да скратам, господ не чува нас на сите лошотилоци што ги правиме, и слава му што се уште функционираме некако како држава.

Ќе искористам уште нешто што го пишав неодамна на твитер, поврзано со ова (за жал) полесно е да иселат цел регион отколку да се откажат од дата центар. Исто така полесно ќе затворат школи отколку да дислоцираат казина.
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.562
3.020
Можно е да изумре темата, ако денот се познава по утрото. На денешната седница на советот на општина Пехчево, сите 9 советници рекле одлучно НЕ за дата центри на нивна територија. Значи по одлуката да не се гради хидроцентрала, сега НЕ и на дата центри. Следно и против рудници.
Во меѓувреме бројот на жители во Општина Пехчево се намалил од 5,517 во 2002 на 3,983 во 2021 односно пад од 27.80%. Уште еден интересен податок е што бројот на средношколци се намалил за 83% во последниве 10 години.
Треба да се гледа на нето бенефитот за нас како држава - за ваков тип на објект (дата центар) на наша територија.
Сметам дека во минус ќе влегува тој бенефит кај нас. Барем со оваа констелација на поставеност на нештата: гледајќи локално и глобално.
На некој начин, ова НЕ од советниците и не е така негативно.

Малите хидроелектрани...имаше еден период, малце повеќе од 15 години кога беа ИН, се пропагираа како златно (или ултра зелено) решение за зауздување на хидро потенцијалите од малите рекички.
Години покасно, не се виде некој голем бенефит од нив (има пошироки истражувања, што ја опфаќаат и Македонија, и соседниве држави од бивша Југославија, и искуствата години потоа).
Се разбира, имаше и бенефит, ама тој заврше само во џепојте кај инвеститорите.
Пошироката заедница не виде аир од маливе хидроцентрали.
Хидроцентралите се добри - само ако се од поголем размер, и по можност да се пумпно акумулациони (да можи да се рециркулира водата и да се користи системот како еден вид на „батерија“).

Само уште нуклеарен реактор ни фалеше да менаџираме, со нашиот природен талент за менаџирање опасни работи.
Па, за нуклеарен реактор, односно градба на нуклеарна централа потребно е да дадат согласност и нашите соседски земји. Секако дека нема да дадат! :)
(апсурдно е што тоа е за наше добро, оти, јбг - изгинасмо! Гостивар х1.000.000.000)

Тоа што мене ми мириса е дека CLOUD-иве сега лицитираат кај да градат датацентри, а да немаат еколошки пречки. Тоа што е факт е дека дури и во развиените земји кои не кубурат со струја, инсталираат гасни турбини за генерирање струја[1]. Со оглед дека Македонија нема нешто посебно обзири за екологија, а гас се чини ќе има за индустрии[2], релативно безбедна[3] - делува ко лесна мета за поставување на вакви датацентри.

EU земјите се многу поригидни за екологија, а подалеку од EU станува сѐ поризично.

Дури не мора ни да се случи сево ова во Македонија на крај од денот. Доволно е потенцијалот дека „може да се случи“ да го искористат во блефот да им дадат други земји отстапка од еколошки регулации.


[1] SpaceX Is Spending $2.8 Billion to Buy Gas Turbines for Its AI Data Centers
[2] North Macedonia to officially join Vertical Gas Corridor in September
[3] геостратешки дел од нато, локално им е доволно приватна полиција/војска против мирен народ
Мислењето е автоматски споено:


нуклерка секако не можеме да правиме сами. ако нешто такво би се правело тоа би била некоја регионална соработка. менаџирањето мислам би било оставено на комерцијален оператор.
Па, поради потребите од џиновски количини струја за гига дата центрите на компаниите кои се под портфолиото на Блекрок, Вангард и слични, од пред околу 2 години започна измена на главниот климатско-енергетски наратив низ мејнстрим медиумите, кој што се градеше до тогаш (fossil fuel: bad, renewable: ultra good, go green итн), па сега повторно се ублажува светогледот кон јагленот, гасот, нафтата и слични енергенси.
Некако омекнат е пристапот кон претходно „главните кривци“ за климатските промени, па станаа поприфатливи новите (и старите) турбини за гас, продолжување на векот на термоцентрали на јаглен...

Енивеј, само да потсетам дека во енергетиката постои термин што се нарекува „базна енергија“.
Таа базна енергија до сега не се успеа да се обезбеди од обновливи извори, посебно не од ветер, фотоволтаици и уште помалце од мали хидроцентрали.
Така што, новата „зелена агенда“ сигурно ќе оди накај нуклеарни централи (дефинитивно најеколошки, и покрај неколкуте инциденти во минатото), а во меѓувреме гасот и јагленот нема да замини никаде.
Пошто ова чудовише (што се крие позади убавите изрази како АИ, дата центри) јаде струја и ресурси како лудо, а инвеститорите кои веќе имаат вложено трилијарди долари (што во неизградени и ветени идни капацитети, што во закупени вафли за рамови, ромови, и други типови на видови), ќе сакаат да си ги наплатат онвестициите.
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.600
3.250
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Подобрување на економијата можеме ако почнеме од нула, то ест почнеме со отворање на наши фабирки одново и прекинеме да пробуваме да ги затвораме нашите веќе постоечки фабрики, case in point, Цементара ТИТАН.
Според мене, економски силна земја е кога таа зависи што помалку од други земјии. Како сме тргнале со затворање, на крај ништо нема да произведуаме, а и малкуто што ќе остане ќе се странски фирми што тоа си го извезуваат за едно 300-400% профит на наш грб.
Не гледам ја како отворање на дата центар ќе ни помогне со економијата?
1. Огромен плац кој би можел да е наменет за агрокултура - а не да мора да купувам пипер и домат од комшии
2. Огромен и континуиран трошок на вода и струја. - не е битно што ќе плаќааат смеките, нема да остане за другите такашто нема што да плаќаат
3. На толкав плац само неколку работени кои нема да зимаат ““““европски плати““““ - доколку не сум разбрал слободно може некој да ме корегира
Реалноста е сите пари што ова ќе ги заработи ќе одат кај фирмата и кај партијата што ќе потпише дека може да градат
Цементара не е наша, има грчки сопственик :) Во поглед на независноста, тоа е така, но многу работи се сменија во последно време, па видовме дека дури и суперсилите до некаде зависат од други држави, а камоли помалите како нас.
Во поглед на странските фирми, во кој дел на наш грб прават профит? Повеќе од 15 години имаме странски инвестиции во земјава, а голем дел од нив ја крепат нашата кревка економија. Па за едно затварање на странска фирма има со денови жалби и поплаки, како тоа ќе влијае на економијата.
Како и со другите странски инвестиции, така и со овие дата центри бенефитот би бил при самата градба (наши фирми ќе ја градат) како и вработување на десет, 20 колку и да се луѓе, што може за Скопје не е многу, но за помало место е значајно. Да не зборуваме тоа што за таму треба да се вработат не само чувари и хигиеничари туку и стручен кадар кој ќе дојде во допир со нова технологија, што секако е позитивна работа. Ако се испадне добро, тоа можеби би било поттик и за други tech компании да дојдат тука. Тоа вака од тепка што ми текна.
1. На Македонија не е и недостига обработливо земјиште. Напротив има вишок кој никој не го работи. Ова не ни видов каде е? На некоја запустена нива?
2. Ова мислам дека е мерлива работа и се разгледува пред да се отвори. Кој би вложувал ако ова не е разгледано и нема издржано решение на долг рок?
3. За вработените пишав погоре.
Мислењето е автоматски споено:

Треба да се гледа на нето бенефитот за нас како држава - за ваков тип на објект (дата центар) на наша територија.
Сметам дека во минус ќе влегува тој бенефит кај нас. Барем со оваа констелација на поставеност на нештата: гледајќи локално и глобално.
На некој начин, ова НЕ од советниците и не е така негативно.

Малите хидроелектрани...имаше еден период, малце повеќе од 15 години кога беа ИН, се пропагираа како златно (или ултра зелено) решение за зауздување на хидро потенцијалите од малите рекички.
Години покасно, не се виде некој голем бенефит од нив (има пошироки истражувања, што ја опфаќаат и Македонија, и соседниве држави од бивша Југославија, и искуствата години потоа).
Се разбира, имаше и бенефит, ама тој заврше само во џепојте кај инвеститорите.
Пошироката заедница не виде аир од маливе хидроцентрали.
Хидроцентралите се добри - само ако се од поголем размер, и по можност да се пумпно акумулациони (да можи да се рециркулира водата и да се користи системот како еден вид на „батерија“).


Па, за нуклеарен реактор, односно градба на нуклеарна централа потребно е да дадат согласност и нашите соседски земји. Секако дека нема да дадат! :)
(апсурдно е што тоа е за наше добро, оти, јбг - изгинасмо! Гостивар х1.000.000.000)


Па, поради потребите од џиновски количини струја за гига дата центрите на компаниите кои се под портфолиото на Блекрок, Вангард и слични, од пред околу 2 години започна измена на главниот климатско-енергетски наратив низ мејнстрим медиумите, кој што се градеше до тогаш (fossil fuel: bad, renewable: ultra good, go green итн), па сега повторно се ублажува светогледот кон јагленот, гасот, нафтата и слични енергенси.
Некако омекнат е пристапот кон претходно „главните кривци“ за климатските промени, па станаа поприфатливи новите (и старите) турбини за гас, продолжување на векот на термоцентрали на јаглен...

Енивеј, само да потсетам дека во енергетиката постои термин што се нарекува „базна енергија“.
Таа базна енергија до сега не се успеа да се обезбеди од обновливи извори, посебно не од ветер, фотоволтаици и уште помалце од мали хидроцентрали.
Така што, новата „зелена агенда“ сигурно ќе оди накај нуклеарни централи (дефинитивно најеколошки, и покрај неколкуте инциденти во минатото), а во меѓувреме гасот и јагленот нема да замини никаде.
Пошто ова чудовише (што се крие позади убавите изрази како АИ, дата центри) јаде струја и ресурси како лудо, а инвеститорите кои веќе имаат вложено трилијарди долари (што во неизградени и ветени идни капацитети, што во закупени вафли за рамови, ромови, и други типови на видови), ќе сакаат да си ги наплатат онвестициите.
За хидроцентралите не сум експерт, но верувам дека има експерти.
А во поглед на зелените агенди, тоа нема врска со дата центрите. Наративот се смени пред се поради конфликтот во Украина. Не може да водиш војни во странство и истовремено овде каде е мирно да се занимаваш со тоа дали колата ти е со вклучена клима 5 минути пред да влезеш во неа. Или да порачуваш глупости од Тему и да се јадосуваш дали пластичното шише од Кока Кола не си го рециклирал.
Светот се менува, тоа е тоа.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно