Денес славиме нешто навистина посебно! Нашиот форум надмина 1.000.000 мислења! А како да не биде посебно, кога ова не е само бројка, туку доказ за 18 години споделено знаење, искуства, дискусии, смеа, па дури и несогласувања што не направија подобри.
Пред скоро 18 години, започна како мала заедница од млади ентузијасти, љубопитни и желни за нови информации, Како растевме заедно, учевме еден од друг, ги споделувавме првите проекти, решававме проблеми, но и создадовме нешто што е многу повеќе од техничка платформа создадовме семејство кое има исти или барем слични интереси, а тоа се компјутерите и ИТ светот.
Некои од вас тука се стекнаа со своите први знаења, некои најдоа пријатели за цел живот, стекнаа контакти со кои комуницираа секојдневно а можеби и деловни партнери. Она што не' обединува сите е страста за знаење и желбата да помогнеме еден на друг.
Денес, со милион напишани мислења, можеме да кажеме дека зад секој збор стои труд, љубов и заеднички дух. И ова не е крај, ова е само почеток на уште многу нови достигнувања! Со надеж дека за вториот милион нема да ни требаат уште 18 години.
Ви благодариме што сте дел од оваа приказна! Продолжуваме заедно! посилни, помудри и поповрзани од кога било!
Да ни е честито!