Си се цитирам себеси од пред 4-5 години.Момчади и една девојко,
Успеал ли некој да се направи connectable на приватниве тракери со динамичка ИП адреса од Телеком?
На секој тракер сум not connectable и ова мислам ме кочи драстично за upload-от.
Upload-ирав торент пред 1 недела, 100 души го симнаа а рејтиото на тој торент ми е 1.17.
Само од првиот што го симнуваше од мене 1.00 се напраи рејтиото, после сите други од мене ептен малку влечеа за да дојде до 1.17.
Тој првиот што симна од мене напраи ~7.00 рејтио све да му
За симнување ова што не сум connectable не е страшно ама за upload те кочи.
Не те кочи целосно, ама колку што разбрав од читање на еден приватен тракер, кога не си connectable на тебе не можат да се прикачат сите други што исто така не се connectable. Сите што сме not connectable не праиме проблем ама ако има премногу not connectable корисници сме го повредувале swarm-от.
Сегде на некој начин индиректно кажуваат дека е неопходно статична ип адреса...
Иначе се препорачуваше и порт меѓу 60000 и 65000 да се користи, пробав, џабе.
Се запнав пак за ова, и од тоа што читав, веројатно Телеком користи нешто што се нарекува CGNAT па не може да бидеме connectable. Некои на Reddit велат дека се јавувале на своите ISPs што користат вака и ќе успееле да ги убедат да го исклучат за нив, без разлика дали си на динамична или статична, иако повеќето што се со динамична се позади CGNAT.
Арно ама, CGNAT се заобиколува со VPN.
Арно ама #2, не сите VPN даваат да forward port (тоа што треба да се направи за да бидеш connectable).
Некои давале во минатото, пред некое време откажале.
Еден VPN што најчесто го препорачуваат е AirVPN. Па, си реков ајде да пробам, доста приступачни цени, три дена за 2 евра, 15 евра 3 месеци и слични попусти за поголемите пакети. Сајтот има некои старовремски/несекојдневни карактеристики ама од еве саат време што го користам, задоволен сум. Брзо го наместив, без никакви замарања, форвардирав порт преку нивниот сајт, го наместив у торентот, брзината си тера фул, аплоуд забележувам каде каде повеќе peers се конектираат... и таќе.