aleksuperior
lurker
- 6 декември 2012
- 682
- 972
Бидејќи има голема дискусија на форумов околу РАМ на мобилните уреди, поготово Андроид и iOS оперативните системи, сакам да споделам како Андроид ја управува искористеноста на РАМ-от и каде најчесто корисниците прават грешки поврзани со истиот - кои се производ на неупатеност и измислени гласини кои што кружат помеѓу луѓето.
Гласините кои што кружат се следниве:
- За да ти функционира добро Андроид телефонот/таблетот мора да се користат Task Killer-и или да се исклучуваат рачно апликациите и процесите преку Settings/Multitask прозорецот
- Ако ти се исклучени апликациите (од РАМ) ќе ти се подобрат перформансите и ќе добиеш подолго користење на батеријата (battery life) од едно полнење
Сега да ви кажам зошто овие гласини не се точни:
Андроид не ги менаџира апликациите и процесите како Windows
Верувам дека сите корисници на Андроид се запознаени со Windows оперативниот систем. Да генерализирам, во Windows ако имате пуштено многу програми/процеси (поготово ако го пополните РАМ-от) ќе ви се намалат перформансите на истиот. Кога ги исклучувате програмите/процесите во Windows, тогаш се подобруваат перформансите.
Андроид е оперативен систем базиран на Linux оперативниот систем и ги менаџира програмите/апликациите/процесите сосема различно. Во Андроид нема едноставен начин да се исклучи апликацијата. Но ова е далеку од проблем, бидејќи со таква цел е дизајниран самиот оперативен систем.
Кога ќе излезете од некоја апликација на Андроид, апликацијата сеуште е во "позадина", но во повеќето случаи таа не го користи ниту процесорот ниту ресурси од мрежата. Случаи во кои апликацијата во позадина ќе ги користи ресурсите на процесорот и мрежата се кога се работи за апликација како следниве: Музичка апликација (додека свири музика), апликација која спушта фајлови, апликации кои се синхронизираат со серверите (како мејл апликации, инстант пораки), и други.
Кога ќе се вратите во апликацијата од која што излеговте, таа инстантно е спремна за користење, бидејќи сеуште била складирана во РАМ-от и спремна за користење.
Многу корисници на Андроид имаат навика цело време да ги исклучуваат апликациите/процесите со Task Killer-и или мануелно, бидејќи се опседнати со тоа колку многу РАМ користи Андроид. Но тоа е позитивната страна на овој оперативен систем, бидејќи апликациите кои се складирани во РАМ-от одма ќе се пуштат - без потреба да се префрлаат од NAND меморијата.
Точно заради овој начин на работење на Андроид, може да заклучиме дека празен РАМ е бескорисен. Напротив, пополнетиот РАМ е добро употребен заради кеширање на апликациите за брза употреба (која е поентата да имате 50GB РАМ а да се користи 1GB). Андроид го полни РАМ-от со корисни апликации кои што ги користите најчесто, за кога ќе ја повикате апликацијата - да се пушти најбрзо. Ако на оперативниот систем му е потребна дополнителна меморија, ќе ја извади од меморија апликацијата која е оддамна користена и со тоа ќе направи простор за новата апликација. Се ова се случува автоматски, менаџирано од кернелот и оперативниот систем - затоа нема потреба да се користат Task Killer-и и рачно стопирање на апликациите од страна на корисникот. Ова е прав МУЛТИТАСКИНГ
Зошто Task Killer-ите и мануелното исклучување на апликациите имаат негативен ефект
Кога се користат Task Killer-и или рачно стопирање на апликациите, не само што правите бескорисни постапки, туку и негативно влијаете на перформансите на самиот уред. Ако која било апликација ја извадите од РАМ-от (или Task Killer-от го направи истото), кога ќе ја вклучите истата пак, апликацијата ќе мора да се вчита од NAND меморијата во РАМ и да се активира процесорот за да се процесира целиот код одново. Оваа постапка ќе ви потроши повеќе батерија отколку да сте ја оставеле апликацијата во РАМ-от. Постојат и апликации кои се напишани да работат цело време во позадина, и ако намерно ги исклучувате, тие одново и одново само ќе се вклучуваат а со тоа ќе ви одземаат перформанси на процесорот и ќе ви ја трошат батеријата.
Верувам дека скоро сите Андроид корисници се запознаени со CyanogenMod. Девелоперите кои што работат таму, не прифаќаат bug reports од корисници кои користат Task Killer-и, бидејќи истите "прават повеќе проблеми отколку што решаваат." Ова кажува многу за тоа колку се корисни Task Killer-ите.
Инаку РАМ-от безразлика дали е празен или пополнет со апликации, троши цело време иста количина електрична енергија - затоа ако имате попразен РАМ нема да добиете подолго користење со едно полнење (подобар battery life).
Совет за подобро корисничко искуство
Покрај тоа што не треба да ги користите Task Killer-ите и да ги исклучувате мануелно апликациите, јас лично познавам многу Андроид корисници кои што заради неупатеност во правилно користење на копчињата за навигација (поточно НАЗАД [BACK]; и ДОМА [HOME] копчињата) несакајќи го успоруваат оперативниот систем - поготово на телефоните со постар (послаб) хардвер и застарена верзија на Андроид каде што помалиот РАМ има поголемо влијание врз успорувањето.
Тоа што го имам констатирано е: кога корисниците сакаат да излезат од некоја апликација, го користат "ДОМА [HOME]" копчето, а многу ретко "НАЗАД [BACK]" копчето.
Проблемот тука е што кога се користи "ДОМА [HOME]" копчето, апликацијата се "ПАУЗИРА" и еквивалентно на Minimize копчето во Windows - спремна за одма да се вратите во апликацијата и да продолжите каде сте застанале. Кога го применувате ова на сите апликации, а немате намера да правите Мултитаскинг (да излезете од една апликација, да влезете во друга, па да се вратите во првата), Андроид ќе го пополни РАМ-от многу брзо со "ПАУЗИРАНИ" апликации кои што зафаќаат повеќе РАМ - па како што отварате нови, оперативниот систем ќе биде приморан да прави FORCE CLOSE на "ПАУЗИРАНИТЕ", со тоа успорувајќи го Андроид.
Правилното користење на копчињата се состои од "НАЗАД [BACK]" копчето за "исклучување" на апликацијата (кеширање на истата во РАМ за брзо користење во блиска иднина) - со тоа и поефикасно користење на РАМ-от и побрз оперативен систем.
Од друга страна, "ДОМА [HOME]" копчето треба да се користи само кога правите моментален Мултитаскинг т.е. паузирате видео, пишување, игра, итн. за да завршите друга работа (на пример сакате да видите нешто запишано во мејловите), но штом ќе ја завршите работата - да се вратите на тоа што го правевте (видео, пишување, игра, итн.)
Со примена на овие едноставни совети, верувам дека ќе ви се подобри корисничкото искуство со вашиот Андроид уред.
Ако имате забелешки и дополнително искуство и знаење на темата, ве молам да ја дополните темава со корисни работи, од кои сите би имале бенефит.
А ако ви се допадна тоа што го споделив и ви помогнав, лајк е доволен!
Извори:
HTG Explains: Why You Shouldn’t Use a Task Killer On Android
http://www.howtogeek.com/127388/htg-explains-why-you-shouldnt-use-a-task-killer-on-android/
How Android Manages Memory
https://developer.android.com/training/articles/memory.html

Последна промена: