delix
lurker
- 7 април 2007
- 702
- 23
Спремав за факултет презентација на тема Free and Open Source Software и истражувајќи се најдов во дилема. Разгледувајќи го историјатот на слободниот софтвер, неговата дефиниција, филозофска основа и развој, почнав да размислувам за тоа дали сакам мојот софтвер да биде слободен. Според дефиницијата слободен е софтверот кој нема ограничување на користењето, дистрибуцијата и модификацијата, со цел да се проучи, подобри, развие и продолжи неговата основа, т.е. да продолжи да биде слободен софтвер.
Гледајќи дека и самиот еден ден се стремам да бидам софтверски инженер, во прв поглед немам многу против оваа идеја, да креирам одредена програма, да си го наплатам времето кое ми било потребно да ја креирам програмата и потоа мојот производ да биде слободен за сите да можат да го менуваат. Но сето тоа е во спектарот доколку работам нешто што и друг може да го направи. Доколку софтверот кој го работам користи некој алгоритам, кој претходно никој не го замислил, на теориска основа, јас би сакал, таа идеја да ја заштитам што можам подобро. Како што името на еден автор би стоело на неговиот роман и слично.
Знаејќи дека некои од вас активно креирате програми, вед дизајни, и други ИТ продукти, ме интересира вашето мислење. Дали целосно го подржувате слободниот софтвер, што е проблемот со неслободниот софтвер на големите компании, и што е со вашиот софтвер?