Се надевам ќе ви се најде ова ривју а и тие што ги интересираат вакви работи.Дојде и на ред да ја заменам старата лемилица која веќе е дотрајана.Барав нешто што ќе е евтино,со добар врв и исто така со регулатор на температура која е многу битна за правилно залемување и да се избегне прегорување на компонентите.Се одлучув за гореспоменатата ZD-98 30C.Нормално не е нешто што веќе сме слушнале за марката но битно ми е да ги задоволи потребите.
Лемилицата е со променливи тефлонски врвови,што уште еднаш ми беше од причините да се одлучам за оваа.
Во пакет добивате лемилицата со самата dock станица т.е регулаторот на топлина,држач,сунѓерче за чистење и упатство.
Самата лемилица која е со регулација на топлината може да достигне температура од 150°C до 450°C што може да ја подесувате во зависност од тоа што лемите и на која температура треба.На задниот дел од регулаторот се наоѓа приклучок за маса кој е погоден за лемење на интегралци.
Во секој случај е лемилица која е погодна за секого.Цената е 1150денари и мислам дека е пристапна цена за секого.Тефлонските резервни врвови се 100 денари и во зависност од тоа колку го користите може да трае и подолго.
За дополнителни информации повелете прашајте.
Креирано за IT.com.mk.Забрането копирање или користење било какви ресурси без дозвола на JunkieMKD