Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Препорака апарат за заварување?

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Не се брзај, истражи ги понудите.

Па со денови ги гуглам сите апарати шо се достапни кај нас, искрено разочаран сум дека нема нешто многу избор. Затоа и пишав на форумов реално за да добијам препораки и совети од нашава мала љубопитна и снаодлива заедница.

На МАК ВЕЛД се само РЕМ (Хрватските) кои сигурно не се хрватски туку како и се друго кинезарија. Така шо гледам апарати шо се beginner friendly.

Покрај Варстројов еве и овој сеа го гледам ми фаќа око од нашиве Мак Стерн (Јоле) - кои ако ништо друго се тука да им отидеш ако има било каков проблем во животниот век на апаратот, и да им го треснеш од глава ако нешто ептен се сјебе хаха.

1754693134471.png

Ама ми се свиѓа опцијава за дисплеј каде си идат автоматски подесувањата за почетници. Подобрена верзија на контрол панелот на Варстројот е ова, макар ко шо кажав и со варстројот од тоа што проверив ептен би бил среќен. Овој е плус 200 амперски и ептен е тука на цена со Варстрој од 200А - а делува ко подобар/понов производ.

Ќе ги прашам баш деновиве каде се произведени овие и колку гаранција имаат. За поевтините модели знам дека имаат Мак Стерн една гаранција но како шо ми пишаа на ФБ „тука сме потоа за све шо треба“.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
А еве и од сестринскиов бренд на ИНГКО и тоа со 3 години гаранција!!!

IMG_7625.jpeg
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
EMTOP/WADFOV се со полош квалитет компоненти од Ингко/Тотал, ако се сите од иста продавница. :-/
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
757
1.171
Ај да пишам и јас, и да те дозбунам. :D

Прво да знаеш, апарат со жица, без гас, е срање за мене. И жицата е дупло поскапа. (Имаш во Јоле цени на жица, па споредувај)
Рачунај, подобро купи од интернет, варстрој цо2, половен, него ваков комбиниран. За цо2, ти треба плус боца, кабли и манометар. Ако почнеш со цо2, никогаш нема да фатиш електрода. Ем е потешко електрода, ем ти ќе "пецкаш" лимови, а со цо2, можеш да "пуниш" вар.
Од мене имаш препорака вака, размисли уште еднаш, дали ти треба комбиниран апарат. Поскап е каде/каде, отколку апарат со една опција. Доколку стрикно бараш комбиниран, би ти препорачал еден излет со автобус до Ниш/Врање, и купи Хугонг апарат (имаш српски веб страни), важи за квалитетна марка.

Доколку се премислиш за цо2, имаш да бираш.
1. Ефтинија Импекс - magmaweld турски, професионални апарати. Имаш од пиле млеко таму. (имаат и жици)
2. Раде кончар заварување - апарати произведени/монтирани тука. Имаш од старите класични апарати, каде се штелува само гас/жица/струја, до нови со електроники и поздрави и честитки.
3. Меркур - Варстрој нови, најниска цена.
4. И страните што ги наброја ти, и другите форумџии.

Ако треба нешто, тука сме. :D
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.690
12.523
Skopje
www.wemaxa.com
Во темава фалат илустративни примери, доста интересна тема е и убаво е да се додадат слики/линкови итн, појма немам а баш ме интересира да научам нешто.

Делот со гас додатен - боци и чуда - кај нас хобиста може да обезбеди, дополнува итн?

Челична цевка за ауспух (за мотор) на пример, со што апарат ампеража електроди и слични чудесии би можела да се завари?

@toshex добро би било да го документираш целото твое патешествие да научиме нешто, @Lokvan пошто си поупатен - обемниот текст ако може со сликици и линкови да го збогатиш би било одлично.
 
Искрено еве и ИНГКО да земам стрикно за МИГ пак е 27 илјади. Сметам дека Варстројов или МакСтар/МакСтерн апаративе шо ги ставив во потесен избор се топ за цената и иако се комбинирани комотно може да ги работиш цело време во еден од режимите шо ги поддржуваат, ама бар имаш опција ако ти затреба електрода пример или обратно. Пак ќе потенцирам не се ова апарати само за без боца, не се евтини некои со вградени каблови кои не се откачуваат (за пиштолот конкретно) и не работат само со мали намотки жица туку со големи намотки исто така.

Е сеа хугонг и јас гледав дека многу ги фалат ама може пошо ги форсираат за продажба у србија. Ги гледав на канали и реално ништо подобри од Варстрој да речеме. На крај на денот мислам дека веќе се е у кина произведено само дали по некоја специфична европска лиценца и спецификација или едноставно рибренд на ОЕМ кинески модели - тоа е единствената разлика.

Ги гледав и турските, исто и некои TELWIN ама сите се прескапи за тоа што го нудат - пак ќе кажам споредено со варстрој или макстерн се полоша опција.

Од англиски сајтови и јутуб што гледав дека е најбитно (мислам спомнав веќе) во изработката (да нема пластични делови на критични механизми, итн итн итн) - пак ќе кажам овие шо се во потесен избор ги штиклираат сите боксови.

Овој што е МакСтерн дури е со дупло пулсирање (не знам што точно е тоа во детали, ама наводно со тоа можело да се заварува секаков алуминиум а без тоа потешко). И нај нај најбитно интерфејсот на овие два ми е супер - со лесни и автоматски опции.

Од сиве други брендови модели со ЛЦД прикази се огин и пламен. Најдов дури и едни Велдер Компани кои се застапници за бренд Коларц:

1754784737550.png

Ама апаратов е негде отприлика 1400 евра...

Гледав по огласи и половни апарати, нема нешо понуда.

Ако конкретно имаш или некој тука има препорака за модел на апарат со линк и цена, и секако да има рецензии - праќајте слободно.
Мислењето е автоматски споено:

Во темава фалат илустративни примери, доста интересна тема е и убаво е да се додадат слики/линкови итн, појма немам а баш ме интересира да научам нешто.

Делот со гас додатен - боци и чуда - кај нас хобиста може да обезбеди, дополнува итн?

Челична цевка за ауспух (за мотор) на пример, со што апарат ампеража електроди и слични чудесии би можела да се завари?

@toshex добро би било да го документираш целото твое патешествие да научиме нешто, @Lokvan пошто си поупатен - обемниот текст ако може со сликици и линкови да го збогатиш би било одлично.

Ќе, ќе. За ова со челична цевка ако е инокс гледав дека за МИГ апарати има специјална жица за инокс заварување. А кои подесувања не знам точно ама сигурно може да се најде табела некоја за сите можни видови на материјали и подесувања.

Гас мислам дека може да се обезбеди и дополнува но ко шо спомнаа членови може да е малце комплицирано. Во странство ко шо гледав во видеава за заварување им се ептен достапни боци со гас во сите hardware stores.
 
Последна промена:

kolesk

lurker
6 февруари 2016
757
1.171
Полека малку. Одма отиде на заварување на инокс или алуминиум. Дали воопшто знаеш да заваруваш?

Чим си решил за варстројот, со здравје да го користиш, и мирна рака.
Обавезно добра маска, и барем некоја кожна кецела, колку да не ги "дупиш" алиштата од искрите.

Чисто да знаеш, миг техниката користи аргон гас, додека маг техниката користи јаглерод диоксид. Ќе ти требаат две боци, ако ептен навлезеш во занаетот. (аргонот е поскап)
Боци ќе купиш на реклама5 (гледај да се во систем), па ќе ги менуваш за полни во месер или техногас.
Имаш и мали боци од пп-апарат, кај дојрана.

За техника, јутуб нека ти биде водилка, во смисол како да наштелуваш апарат, техники на влечење, полнење, итн. Сепак јутубериве, покажуваат заварување во идеални услови, со секакви стеги/помагала, добро исшмирглани епрувети, итн. Кога ќе треба во некоја нива со кал да вариш, тогаш се мењаат работите. :D
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
Челична цевка за ауспух (за мотор) на пример, со што апарат ампеража електроди и слични чудесии би можела да се завари?
Уф, ова е една работа што не би се осудил да ја направам дури и кога ќе научам повеќе. Не за друго, туку секоја грешка е скапа а ќе идеш на пример кај Кире (кај Очната болница во Ѓорче) и за мали пари ќе го завари профи. Ипак заварување е искуство пред сѐ а ние сите заедно цел живот нема да заварувани ни колку една година што заварува мајстор.

Делот со гас додатен - боци и чуда - кај нас хобиста може да обезбеди, дополнува итн?
Може, ама си кошта. И прашањето е дали ти треба пошто малтене сѐ можеш и со електрода да завариш, само треба повеќе вештина. Но не е дека со жица/гас од веднаш стануваш мајстор. Плус еднаш кога ќе научиш со електрода, после другиве методи со гас се многу полесни пошто си ја совладал логиката и праксата. Плус има ситуации кога електрода најдобро ја завршува работата. Итн.

Накратко ако имаш пари и немаш проблем да ги потрошиш, go for it.
Ако сакаш само да се пробаш и да поднаучиш заварување. Едно инвертор апаратче до кај ~200 ампери, ете да има hot start и arc force гимици, тоа ќе те кошта од 7 до 9 илјади денари за нешто Ингко/Тотал, или некој од регионалниве произведувачи (склапачи).

@Lokvan[/USER] пошто си поупатен - обемниот текст ако може со сликици и линкови да го збогатиш би било одлично.
Како ќе има конкретни ситуации секако ќе ставаме линкови фотографии, но пишување цел guide/manual тоа е нешто за мајстор. Овде повеќето сме нубови, барем јас сум секако... :)
И реално, на нет веќе има куп такви упатства.

Прва работа за секога е да земе да вежба палење и почнување на вар. Парче плотна, стара лопата, профил, било што. Запали, држи вар 5-10 секунди, изгаси. И така едно сто пати. Кога ќе можеш од 10 пати едно 8-9 пати да не ти се залепи електродата, тогаш си добар (хинт: јас уште не сум).

Заварување си бара многу пракса. Исто и читање, за да искстувото побрзо да го претвориш во знаење. За да разбереш како изгледа правилен вар, што се дешава кога ставаш преслаба струја, како изгледа кога струјата е таман, и што се дешава кога ќе претераш со амперите. Исто како се понаша заварувањето кога електродата е на плус, а како на минус (кој електродите што подржуваат работа на минус).

Стварно не е нешто што јас би можел да напишам упатство со слики и слични. Но кажи ако сакаш да ти пратам некоја книга, како "For dummies", или рипови од комерцијални DVD-а за заварување... Крајно пресудно ќе биде тоа дали имаш желба да се занимаваш со вакво хоби.
Мислењето е автоматски споено:

Кога ќе треба во некоја нива со кал да вариш, тогаш се мењаат работите. :D
Интересно е како треба вуду магија за да најдеш целулозни електроди 6010/6011 кои се баш погодни за заварување земјоделски машини и разни прљави и р`ѓосани површини. Повеќето дури и на базични електроди гледаат како на нешто „за индрустрија, не е за мене“.
Овде не се признава ништо освен рутилни 6013. Не дека и со нив не може многу да се заврши, ама пак некако чудно е колку не само овде туку во целиов регион само 6013 се претпочита. :)
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
757
1.171
Скоро сите се префрлија на цо2, затоа се поретко се наоѓаат електроди. Ез загреб, и јесенице ги имаше во секое продавниче, сега тешко да најдеш. Освен по некое старо пакетче.

Веќе и за монтажа, мајсторите носат инвертер миг/маг апарат, со мала боца. И го шета секаде. Ем полесно се вари, ем нема згура за чистење.
Електрода треба да ја сушиш, па да ја чуваш на суво. (Во специјални цевки/туби, за да не прими влажност)

Електрода со инвертер, многу тешко да ти залепи. Ако немаш заштита, може да ти го изгори грецот, или пак цела електроника. Заштита ја намалува струјата.

@Lokvan можам да проверам дали имам целулозни, па да ти дадам една шака. Мада за земјоделски делови, имаше некоја цака. Прво се загрева делот, за да се отпушти, па коренест вар со базична, и две/три полнења со рутилна. (за се си има цаки, кои мајсторите не ги кажуваат лесно) :D
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
У склад на информаривност и затоа што неколку пати се спомнува заштита ко што кажав заштитна опрема веќе имам и нарачано - од тоа почнав:

IMG_7639.jpeg IMG_7640.jpeg IMG_7641.jpeg IMG_7643.jpeg IMG_7644.jpeg

Само заштитни ракави ми фалат ама ќе најдам.
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
757
1.171
Отвори на инстаграм : extrabis .
Имаш ракави таму.
Кога зема скоро се, уште и кондури купи, и спремен си како командос.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Отвори на инстаграм : extrabis .
Имаш ракави таму.
Кога зема скоро се, уште и кондури купи, и спремен си како командос.

Имам веќе работни заштитни кондури хаха заборавив да ги ставам.

Панталони/ногавици немам од кожа ама се надевам престилкава ќе покрие.

Глеј повеќето луѓе не се замараат ни со пола од заштитава така шо валјда ќе е ок.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
@Lokvan можам да проверам дали имам целулозни, па да ти дадам една шака. Мада за земјоделски делови, имаше некоја цака. Прво се загрева делот, за да се отпушти, па коренест вар со базична, и две/три полнења со рутилна. (за се си има цаки, кои мајсторите не ги кажуваат лесно) :D
Нарачав мала количина 6011 од Тему. :)
За чудо квалитетно изгледаат, со графит на врвот и сѐ тоа.

Има многу методи, и корен со базична секако е подобро да се загрева материјалот... Така барем вика теоријата, не сум работел такви зафати досега но треба да преправам приклучок за една товарна приколка (кога ќе се наканам со тоа да се нафатам).

Целулозна електрода има најголема пенетрација, а освен тоа не и смета толку прљаво/мрсно/р`ѓа. Индустриски многу ги користат за заварување големи цевки, коренот со целулозна па после тоа полнењето со базична.

Електрода треба да ја сушиш, па да ја чуваш на суво. (Во специјални цевки/туби, за да не прими влажност)
Мислиш на базичните електроди... Гледав интересно видео каде го дискутираа и тестираа ова. Пошто има куп луѓе кои се колнат дека базичните ги чуваат исто како и рутилните, расфрлани по работилница, и после хх години пак си работат како што треба... Работата е дека водородот во електродата прави проблем само кај кртите/тврдите челици. Кај овие mild steel што ги работиме во профили и дебели лимови/плотни, нема гајле базична електрода што не е од свежо отворена кутија или сушена/греена на 300+ степени. Практично влагата ги прави крти варовите кај тврдите челици, ама не прави разлика кај „меките“ челици како тие во профилите. Ако те интересира може и да се обидам да го најдам видеото.

Рутилни електроди немаат гајле од влага. Има куп примери каде ги брцаат во кофа и варат со нив, нема гајле за такви варови. :)

Електрода со инвертер, многу тешко да ти залепи. Ако немаш заштита, може да ти го изгори грецот, или пак цела електроника. Заштита ја намалува струјата.
Може тебе не ти лепи, профи и со искуство... Ја како што ретко работам, прво земам тест парче метал се „загревам“ со неколку електроди па после ми оди ок. Од прва редовно ми се лепат електродите. Како што ќе потврди и секој нуб. :)

За колегите нубови: Кога ќе залепи одма одлепувајте ја електродата, колку повеќе чекате толку потешко се вади електродата. И ако се изрони обвивката, голиот дел од електродата потрошете го на тест парче метал (ме мрзи да објаснувам зошто). За базични електроди (а донекаде и за рутилни), за повторно палење добро е малку да се изгребе електродата од бетон, или полека нежно да се удри врвот. Ова е за да се обезбеди „гол“ дел од металот да дојде во контакт со парчињата што се заваруваат.
Чувајте ги и најмалите парчиња неупотребена електрода, корисни се за пополнување празнини и заварување делови со поголем размак меѓу нив. Само треба обвивката да ја изроните и малку да ја зашмирглате жицата.
Мислењето е автоматски споено:

Имам веќе работни заштитни кондури хаха заборавив да ги ставам.

Панталони/ногавици немам од кожа ама се надевам престилкава ќе покрие.

Глеј повеќето луѓе не се замараат ни со пола од заштитава така шо валјда ќе е ок.
Имам сѐ, и ретко што користам освен: маска, ракавици, работничка облека по долги ракави/ногавици.
Кожна кецела/ракави треба да имаш, ама ќе треба кога ќе работиш нешто над глава, како конструкција за стреа или така нешто. И тогаш ќе треба и заварувачка капа, за што може да послужи и обична капа ама подобро не. Заварувачката е од платно што има flame-retardant слој, обичната теоретски може да се деси проблем. :)

99% за обични ситуации каде се работи на маса, ти треба маска, ракавици, работничка облека по долги ракави/ногавици.

Друга работа што не се спомна а апсолутно ќе ти треба е - добра брусилка.
Последната што ја земав е Bosch GWS 9-125S, добра е. Евтина варијанта би била TOTAL 900W F125 TG109125565, и таа ми врши работа. Двете имаат регулација на брзина на ротација, што е корисно да се има. Имам и Макита 9558HN, и стар Блек&Декер 115-ка. И уште некоја ноу-нејм 115-ка.
Брусилки никад доста пошто згодно е разни дискови/четки да не мораш постојано да ги менуваш, туку да бидат достапни.
Мислењето е автоматски споено:

И кога работиш со брусилка, со диск ама посебно со четка, обавезно пази да не користиш лабава облека. Само тесни ракави, и подобро без кожни ракавици. Тенки може ама со пазење... Побарај на нет видеа со последици од несреќи при користење такви алати и лабава облека или широки ракавици (или подобро не барај).
Мислењето е автоматски споено:

Сакав да сликам нешто од последново работење, ама стариов веќе удрил една рака минимум боја... Пак се гледа релативно добро варот испод бојата. Во ќошот се гледа местото каде згурата ми дошла пред „барата“ растопен метал и тука се прави нешто како дупка во варот. Нубовска грешка ама сеуште повеќе од доволно добро за металниов профил да има 99% од јачината на варот.

1754844511221.jpeg
 
Последна промена:

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Нарачав мала количина 6011 од Тему. :)
За чудо квалитетно изгледаат, со графит на врвот и сѐ тоа.

Има многу методи, и корен со базична секако е подобро да се загрева материјалот... Така барем вика теоријата, не сум работел такви зафати досега но треба да преправам приклучок за една товарна приколка (кога ќе се наканам со тоа да се нафатам).

Целулозна електрода има најголема пенетрација, а освен тоа не и смета толку прљаво/мрсно/р`ѓа. Индустриски многу ги користат за заварување големи цевки, коренот со целулозна па после тоа полнењето со базична.

Мислиш на базичните електроди... Гледав интересно видео каде го дискутираа и тестираа ова. Пошто има куп луѓе кои се колнат дека базичните ги чуваат исто како и рутилните, расфрлани по работилница, и после хх години пак си работат како што треба... Работата е дека водородот во електродата прави проблем само кај кртите/тврдите челици. Кај овие mild steel што ги работиме во профили и дебели лимови/плотни, нема гајле базична електрода што не е од свежо отворена кутија или сушена/греена на 300+ степени. Практично влагата ги прави крти варовите кај тврдите челици, ама не прави разлика кај „меките“ челици како тие во профилите. Ако те интересира може и да се обидам да го најдам видеото.

Рутилни електроди немаат гајле од влага. Има куп примери каде ги брцаат во кофа и варат со нив, нема гајле за такви варови. :)

Може тебе не ти лепи, профи и со искуство... Ја како што ретко работам, прво земам тест парче метал се „загревам“ со неколку електроди па после ми оди ок. Од прва редовно ми се лепат електродите. Како што ќе потврди и секој нуб. :)

За колегите нубови: Кога ќе залепи одма одлепувајте ја електродата, колку повеќе чекате толку потешко се вади електродата. И ако се изрони обвивката, голиот дел од електродата потрошете го на тест парче метал (ме мрзи да објаснувам зошто). За базични електроди (а донекаде и за рутилни), за повторно палење добро е малку да се изгребе електродата од бетон, или полека нежно да се удри врвот. Ова е за да се обезбеди „гол“ дел од металот да дојде во контакт со парчињата што се заваруваат.
Чувајте ги и најмалите парчиња неупотребена електрода, корисни се за пополнување празнини и заварување делови со поголем размак меѓу нив. Само треба обвивката да ја изроните и малку да ја зашмирглате жицата.
Мислењето е автоматски споено:

Имам сѐ, и ретко што користам освен: маска, ракавици, работничка облека по долги ракави/ногавици.
Кожна кецела/ракави треба да имаш, ама ќе треба кога ќе работиш нешто над глава, како конструкција за стреа или така нешто. И тогаш ќе треба и заварувачка капа, за што може да послужи и обична капа ама подобро не. Заварувачката е од платно што има flame-retardant слој, обичната теоретски може да се деси проблем. :)

99% за обични ситуации каде се работи на маса, ти треба маска, ракавици, работничка облека по долги ракави/ногавици.

Друга работа што не се спомна а апсолутно ќе ти треба е - добра брусилка.
Последната што ја земав е Bosch GWS 9-125S, добра е. Евтина варијанта би била TOTAL 900W F125 TG109125565, и таа ми врши работа. Двете имаат регулација на брзина на ротација, што е корисно да се има. Имам и Макита 9558HN, и стар Блек&Декер 115-ка. И уште некоја ноу-нејм 115-ка.
Брусилки никад доста пошто згодно е разни дискови/четки да не мораш постојано да ги менуваш, туку да бидат достапни.
Мислењето е автоматски споено:

И кога работиш со брусилка, со диск ама посебно со четка, обавезно пази да не користиш лабава облека. Само тесни ракави, и подобро без кожни ракавици. Тенки може ама со пазење... Побарај на нет видеа со последици од несреќи при користење такви алати и лабава облека или широки ракавици (или подобро не барај).
Мислењето е автоматски споено:

Сакав да сликам нешто од последново работење, ама стариов веќе удрил една рака минимум боја... Пак се гледа релативно добро варот испод бојата. Во ќошот се гледа местото каде згурата ми дошла пред „барата“ растопен метал и тука се прави нешто како дупка во варот. Нубовска грешка ама сеуште повеќе од доволно добро за металниов профил да има 99% од јачината на варот.

Погледнете го атачментот 152846

Фала за предлозите за капа ете тоа уопште не го помислив/размислив (заварување на нешто над глава).

А за брусилка имам батериска тотал, ама ете исто ко и со секој алат само ми потврди дека мора да гледам за безбедно ракување.

Ја пред се на рачен циркулар се плашев ама изгледа за секој електричен алат со мотор ќе мора да погледам видеа за секој случај. Па и рачен. Better safe than sorry.

Фала ти уште еднаш за ова!!! Стварно мислев брусилката не е нешто за кое треба да се секирам (ко со дупчалка/штрафилица) ама уште кога спомна лабави ракави одма претпоставив што може да се деси.

Лекција за сите нас дека никогаш не може да си премногу претпазив.
 
Misko6000

user
5 април 2015
1.128
1.003
Почни со електрода, МИГ-МАГ от после тоа е п.... дим за прилагодување. Научи електрода прво на дебели лимови , а како ќе стекнуваш рутина оди на потенки. Мој совет мало ММА инвертерче до 160 А за старт. Kolarc турските се ОК, Telwin кај Синпекс , Wurth итн итн. И еден совет, заварување се учи со пракса секојдневна, на различни материјали.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
Стварно мислев брусилката не е нешто за кое треба да се секирам (ко со дупчалка/штрафилица) ама уште кога спомна лабави ракави одма претпоставив што може да се деси.

Лекција за сите нас дека никогаш не може да си премногу претпазив.
Статистички гледано, најмногу несреќи се со брусилка. Којзнае колку десетици илјади има годишно... Ова не е за да се плашиме па да не работиме, туку за да бидеме претпазливи. Немој само да те лаже ѓавол да го вадиш штитникот, ниту дршката, како што прават куп мајстори... И дефинитивно погледај неколку видеа за безбедност со брусилка. Како да го држиш телото, како брусилката, итн. Најголемата опасност е од кршење на дисковите па парчињата летаат со неверојатна брзина и кинетичка енергија. Исто и кикбек , на ист принцип како и со моторна пила или рачен циркулар.

Се препорачува и целосна маска за лице. Мојата маска за заварување на пример има grind мод, каде не се затемнува на искри од брусење... Но генерално срања се дешаваат најчесто кога се прават глупи работи, например кога се бруси со диск за сечење или истиот се витка додека се сече, итн. При правилна употреба инциденти се многу ретки, и уште поретко има било какви повреди.

И бегај од ретардирани додатоци за брусилка, како диск со ланец од моторна пила, додаток моторна пила, итн.

Секој алат треба да се почитува и да се гледа како на нешто потенцијално многу опасно. Брусилка посебно.

Повистинито нешто амин!

Ја имам веќе земено заштитни очила и full face маска за grinding но после видеово има да ги носам и двете кога ќе користам брусилка па и циркулар!

(и заштита за уши иначе)
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
757
1.171
И челичните/месингани четки се зезнати за работа. Летаат парчиња како игли од нив.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
Добри работи може да се научат од ликов. Не му се концизни видеата ама ок е содржината, за паралелно слушање при работење нешто.

View: https://youtu.be/QbUMbn1BtP0
Мислењето е автоматски споено:

И челичните/месингани четки се зезнати за работа. Летаат парчиња како игли од нив.
Само усукани/виткани, побезбедни се... Барем на почеток. :)
На помалку обртаи подобро.

Ц ц ц ц. Е за ова треба еден подфорум ХОБИИСТИ во офтопик и во него тема за БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА.
Треба пазење, заштитна опрема, и сѐ ќе биде во ред.
Мислењето е автоматски споено:

Фала за предлозите за капа ете тоа уопште не го помислив/размислив (заварување на нешто над глава).
На Али/Ибеј пребарај со welding cap bandana, не се скапи. Ова е повеќе за варење над глава, overhead позција. За на маса и не ти треба, ептен треба лоша среќа да имаш. ;)
 
Последна промена:

gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.055
3.492
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Најбоља тема на форум

ја пред спиење обично си пуштаме некои видео од paul brodie или слично.

„еден ден“™ кога нема да имам работа ќе пробам да научам сам да направам еден точак.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
еве ти за почеток и хоби, има и со флукс жица, само ќе треба да тркнеш до Врање

Има и кај нас такви од 120 или 140 ампери комбинирани кинески апарати со интегриран пиштол кабел кој не се вади за слична цена. Системите за водење и буткање жица им се пластика и со тек на време ќе отиде тоа на корзо.

Поентата е дека неќам нешо шо ќе прегрева така лесно и на кое вградениот чкарт пиштол му е едина опција.

Е цената на жицата е супер - на пола од Wdfow жицата која ја ја нарачав.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно