Не се брзај, истражи ги понудите.
Па со денови ги гуглам сите апарати шо се достапни кај нас, искрено разочаран сум дека нема нешто многу избор. Затоа и пишав на форумов реално за да добијам препораки и совети од нашава мала љубопитна и снаодлива заедница.
На МАК ВЕЛД се само РЕМ (Хрватските) кои сигурно не се хрватски туку како и се друго кинезарија. Така шо гледам апарати шо се beginner friendly.
Покрај Варстројов еве и овој сеа го гледам ми фаќа око од нашиве Мак Стерн (Јоле) - кои ако ништо друго се тука да им отидеш ако има било каков проблем во животниот век на апаратот, и да им го треснеш од глава ако нешто ептен се сјебе хаха.
Апарат за заварување Digital Double Pulse MIG 200 WDP – ЈОЛЕ – MAK STERN
Електро сервис и продажба на апарати за заварување и алати
jole.com.mk
Ама ми се свиѓа опцијава за дисплеј каде си идат автоматски подесувањата за почетници. Подобрена верзија на контрол панелот на Варстројот е ова, макар ко шо кажав и со варстројот од тоа што проверив ептен би бил среќен. Овој е плус 200 амперски и ептен е тука на цена со Варстрој од 200А - а делува ко подобар/понов производ.
Ќе ги прашам баш деновиве каде се произведени овие и колку гаранција имаат. За поевтините модели знам дека имаат Мак Стерн една гаранција но како шо ми пишаа на ФБ „тука сме потоа за све шо треба“.