Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Правење на сопствена мрежа-How to?

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.862
34.124
roka.mk
Во последно време глеам дека има многу постови од типот како да вмрежам компјутер и слично.Па затоа еве едно мало објаснување за тоа како да се поврзат два или повеќе компјутери во мала мрежа.

ВОВЕД

Како поминува време се повеќе имаме потреба од работа на компјутери.Самиот компјутер е свет за себе.На него можеме да работиме свашта,али кога тогаш ќе дојдеме до идеа или потреба тој компјутер да го поврземе со компутерот на брат ми и ви мрежа да играме некоја игра која многу ја сакаме.
Да се изведе умрежување на компјутери не е некој којзнае каков баук.Да не би помислиле оние кои ќе го читаат ова дека се правам многу паметен, не сакам да објснувам како се прави комплицирана корпорациски мрежни решениа.Сакам на почетниците само да им објаснам како најлесно да спојат два компјутери и да може во таа мрежа нешто да се работи.Исто така ќе ги прескокнам темите како 1 Gbitни i wireless мрежи за да што поедноставно можам да го приближам умрежувањето за оние кои тоа досега не го правеле или слабо им одело.
Само да напоменам дека овој туториал ќе биде за умрежување во Windows XP/2000...бидејќи многумина го користат токму овој оперативен систем(со се почести исклучоци).

HARDWARE

За основно вмрежување на 2 компјутери на нас ни е потребно многу малце опрема и пари.Доволно се две мрежни картички и еден кабел.Мрежните картички на поновите компјутери се вградени на самата матична,како нивни составен дел,додека кабелот кошта околу 200денари метар.
Постојат и две (актуелни) брзини со кои картичките работат.Таа може да биде со 100 или 1000 Mbit-а.Наизглед огромна разлика во брзина нема да биде многу приметлива во секојдневната работа.Овие 1000 Mbit-ни се доста поскапи а и опремата која иде со нив е скапа.Освен тоа,и нејзината работа ќе зависи и од перформансите на целиот систем.100 Mbit-ните картички е сосема доволно за гледање филмови преку мрежа и копирање фајлови.
Кабелот е сосема друга приказна бидејќи секогаш постојат различни начини на спојувањеПрашање е само каква е околина низ која кабелот ќе проаѓа.Доколку се работи за спојување на компјутери во различни соби или на исто биро,ќе биде доволно да купите обичен UTP кабел.Тој е најефтин и во сличај да откаже за малце пари може да се замени.
Ако спојувате компјутери во соседната зграда или со другарот кој е во куќата карши вас,тогаш се потребни STP кабли. Тие се UTP кабли кои се заштитени така што на кабелот малце имаат влиание адмосферските и другите пореметувања.
За каблите исто така важи дека до 100метри функционираат нормално додека за поголема одалеченост се поставуваат дополнителни уреди или со решавање на некоја друга врста на мрежа.
ВО последно врмем е популарен и wireless начин на поврзување т.е без жици со помош на радио бранови.На прв поглед тоа е идеален начин но има и неколку мани.Како прво,многу повеќе кошта,зависи од адмосферските промени,има ограничено делување и сл.Не би препорачал почетниците да се замараат со тоа....ако некој го интересира ќе напишам нешто и за тоа =).
За умрежување на повеќе од 2 компјутери потребен ни е и hubилиswitch.Разликата во овие два е во тоа што СВИЧОТ е попаметен и со тоа и побрз.Но во пракса и не е така...течко е за малце пари да се направи брз и паметен уред.*паметноста* на свичот треба да се конфигурира а тоа е кај нив невозможно.Што и да купите од тие два уреди нема да згречите.Едниствено на што треба да внимавате е доволем број на портови.Секогаш мислите унапред поевтино е да купите еден свич со 16 одколку 2 со по 8.Оставите место и за во иднина.

Основно умрежување на два компјутери!
Умрежување на два компјутери е наједноставниот начин на спојување.Но,така едноставноит има и една специфичност.За тоа ви е потребен посебен crossover кабел.Да не дојде до забуна,тоа е оној истиот кабел кој погоре го спомнав али разликата е во жичките во внатре кои се другше споени.Не е некој проблем зошто тоа секој продавач го знае само треба да му напоменете каков кабел сакате.
Почетокот на спојување е секако уградувањето на мрежните картички во секој компјутер и инсталирање на потребните драјвери.Не сакам да понижувам никого и да кажувам како се прави тоа мислам дека е доволно јасно,ако не е кажете ќе ви објаснам и тоа.Постапката е крајно едноставна.Исто така тие картички се поврзуваат со кабелот.Со што завршивме со хардверските компликации.

Со самото подигање на системот на компјутерите кои се во мрежа ќе се осети мало успорување во стартувањето бидејќи тие ќе се бараат еден со друг (ништо страшно).Одкако ќе се покрене виндовсот почнуваме со подесувањата.
Пров треба да влезете во Network Connections.Може на повеќе начини и тоа преку Control Panel или десен клик на My Networ Places/Properties.
untitled_4.jpg


Овде се гледаат конекциите што ги имате во компјутерот.Обично тука има една од адсл-от или од друга интернет конекција.Другата конекција е се појавува кога сме ја инсталирале мрежната картичка во основа се вика Local Area Connection.Тоа е назив кој го дава самиот виндовс и ние можеме да го смениме во што сакаме.
Со двоен клик на конекцијата добиваме нејзин статус.Прилично е јасно кои информации ги добиваме тука.
untitled_3.jpg


За подесување на конекцијата ќе стиснете Properties и се добива ова:
untitled_10.jpg


Табот General од прилика изгледа вака.Табот Advanced случи за уклучување на Windows firewall-от и најдобро е да не чепкате таму зошто може само да ги искомплицирате работите.
Она што треба е клик на Internet Protocol (TCP/IP) па на Properties и треба да го добиете ова:
untitled1.jpg


кликнете на Use the following IP address и под IP Address пишете 192.168.0.1, Subnet mask само кликаме и он самиот ќе напише ,а може и рачно да напишеме 255.255.255.0.На другиот компјутер го правиме истот само што кај IP адреса ставаме 192.168.0.2.
Така сме споиле два компјутери.Само стоскаме ОК.Ќе треба малце време да компјутерот ја препознае врската.Немојте да бидете нестрпливи и да мислите дека компјутерот паднал. =).
За да провериме дали компјутерите се споиени како што треба отвараме Command Prompt и пишуваме ping 192.168.0.2.Скоро секогаш се пишува ИП адресата од другиот компјутер.Исто така може да го пишеме и неговото име.Доколку врати повратна информација тогаш двата компјутери комуницираат.

Умрежување на три или повеќе компјутери!

Умрежување на три или повеќе компјутери не е ништо комплицирано од мрежување на 2 компјутери.Само што ни треба припазиме на хардверот.Прво што ни е потребно е обичен или patch кабел (има уште многу други називи).
Како што кажав и погоре потребен е hub/switch.Постои начин и да се спојат без него али тогаш еден од компјутерите би требало да има повеќе мрежни картички и да биде постојано уклучен.Ова го посочувам само како информација плус бидејчи воопшто е е ефикасно.
Се останато е исто како и кај спојувањето на два компјутери само разликата е кај доделувањето на ИП адреси:192.168.0.3, 192.168.0.4.....и.т.н.Воглано првите три дела од адресата останува иста се мења само од компјутер до компјутер.Или стручно тоа би се нарекло, мораат да бидат суклатни по класа С.

SHARING!

Сега откако успешно ја извршивме комуникацијата на компјутерите,остана уште да одредиме што ќе делиме со него.Наједноставен пример е да делиме ресурси од просторот на хард дискот.Може да ја праќаме целата партиција или само фајлови.Делење на цела партиција не е лошо ако правилно се изведе и слично е делењето на фолдерите.Па ќе го објаснам само него бидејќи има повеќе можности.Партицијата која ќе ја делиме би требало да биде форматирана во NTFS за можност на контрола.
Наједноставен начин на *шарење* е да на сите се дозволи пристап до податоците.Многу неуверливо и глупо нели? Затоа ќе избегнам објаснување на тоа.Идеме да направим како што треба.
Подготовна за шарење е да на секој компјутер се додаде јузерот на другиот корисник во мрежата.Не заборавајте на на секој корисник додадете и пасворд бидејќи без него се паѓа во вода.
Отворите My Computer.Десен клик на партицијата која сакате да ја sharate и притиснете Sharing & Security.
untitled_4.jpg


Притиснете на New Share.Под Share name пишите назив кој сакате да и го дадете на таа партиција на кориснивците на мрежата.Под Comment не морате ништо да пишете ако не сакате.Под user limit можете да ограничите спојувањата со таа партиција.Корисно во некои случаеви.
Сега направите Permission за корисниците.Зашто вака креирано сите корисници имаат право да пристапат на таа партиција.Тоа ќе го тргнеме и ќе додадеме корисници кои имаат одредени права.Значи стискаме на Add и додаваме корисник.Кога сите сме ги додале,одредуваме кој корисник има а кој нема право по критериумите: Full Control, Change i Read.
untitled_11.jpg


стисните ОК и Apply.До тука овозможивме сите да можат да работат со таа партиција.Да напоменам само дека секој фолдер посебно може да се конфигурира.Така за секој корисник може да се изградат само негов приватен фолдер и тоа со десен клик /Properties/Security.
Уште еден благодет на NTFS е тоа што има Quota.Таа ни овозможува да секој корисник има точно одреден простор на дискот.Може секо корисник да има лимитиран простор на дискот.Исто така може со Quota Entries да се одреди точно одреден корисник да има некоја вредност.
untitled_16.jpg


Така сетиран компјутер може да биде и сервер.Не мора да се поставува посебен оперативен систем,једино би било добро да работи нонстоп.

...
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.862
34.124
roka.mk
Делење на Интернет

Епа дојдовмеи до мојата најружна тема:( .Делењето на интернетот или Internet connection sharing е нешто што секој корисник на мала мрежа би сакал да има али незнаејќи дека тоа е многу опасно за неговата мрежа.
Прво би сакал да објаснам како се прави тоа не неколку начини.Прв начин е искористување на виндовс ресурсите.Мора да се направи кој компјутер че биде делител на интернетот конекцијата.Тој компјутер мора да има ИП 192.168.0.1..Без ова не е можно да се направи делење.
Значи идеме:
Десен клик на Properties/Sharing.стиснете Enable Internet Connectio Sharin for this connection.Под тоа е Enable on-demand dialing..Тоа вас че ви овозможи да конекцијата сама се активира кога корисникот ќе се обиде да пристапи на интернет.Добро би било да наместите и автомацки да се конектира при палење на компјутерот.
(Извинете што нема да ставам слика за ова али моментално неам мрежа на компјутерите).

Тука би завршил со делењето на интернетот...која е многу тешко да се заштити.

Заштита!!

Кога сте влегле во светот на мрежите било би добро да знаете и нешто како да се заштитите. бидејчи опасноста расте се секој нареден компјутер во мрежата.Најдобро би било да ставите некој firewall и внимателно да го конфигурирате.
Јас би ви го препорачал Zone Alarm.

Ете толку од мене повеќе неможам да ви помогнам.Се надевам дека и со овој скромен пост успеа некој да научи нешто....ако е така тогаш многу ми е мило :)
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно