Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Новите Магента пакети?

gamon

user
15 септември 2014
1.669
1.951
orgrimar
@gamon си има конфизи и тие што пипкале за да оправат го посрале максимално за да се среди се брише конфигот и се креира од почеток.
Така да луѓето кои го креираат од почеток се на повисоко ниво од контакт центар така да затоа кога стигнало до правиот човек го средиле.
Воедно ако вие мислите дека во телеком има стручњанци грешите..... еве вака...
Има да стручњанци но тие си седат на страна моментално и ги гледаат новиве вработени кои се ставени за да ги заменат за нешто што он работел 20 30 години или више, а новиот дошол партиски врска нема и зема иста плата како него и се мава во груди како горила..... и затоа е оставено се на милост и немилост затоа што веќе во секоја фирма е направено ако gamon може да работи за 10 души ќе може за уште 10 , а ќе ја зема најмлата плата или иста плата како и некоја нова невеста.... е затоа си пропаѓаме ние затоа што се е сведено на нема проблем оди си напушти ќе те замениме за 5 минути од тие замени за 5 минути пропаѓа се затоа што сите си мислат дека овој завршил факултет и знае се , ама коѓа ќе го однесат на пракса во ѓонот кај што има милион кабли мрежи и компјутери кои трепкаат и светат се губи во свемирот и ќе ти каже ова во книгата не го пишуваше.
за жал секаде е така, кај нас ради партии во светот ради намалување вработени, пријател од данска инжинер за базни станици отпуштен после 25 год, тимот од 40 инжинери намален на 10
 
Jedah

user
6 ноември 2007
1.308
2.284
Jedah's setup  
Processor & Cooler
AMD RYZEN 5 1600AF 6-Core 3.2 GHz (3.6 GHz Turbo) & CoolerMaster Hyper H411R
Motherboard
ASUS PRIME B450M-K
Storage
SSD: M.2 Corsair NVMe MP510 240GB / HDD: SAMSUNG F1R HE103UJ 1TB / HDD TOSHIBA DT01ACA 1TB
PSU
Cooler Master MasterWatt Lite 700W, 230V, 80Plus, HDB fan, Active PFC
RAM
Kingston 16GB 2666MHz DDR4 CL16 DIMM (Kit of 2) 1Rx8 HyperX FURY Black
Video card
MSI Gaming Radeon RX 570 256-bit 4GB GDRR5
Case
DeepCool Tesseract BF
Mouse
Logitech Optical M100 USB Black
Keyboard
A4Tech A4 KR-85 ComfortKey
Monitor
LG 24'' Full HD IPS Monitor with FreeSync™ (24MP60G-B)
OS
Windows 11
View: https://youtu.be/-02bj_VAJHA?si=ch5s_InTzEOc6njg

Телеком ти се прецената скапа монополска хоштаплерска компанија.
Едвај чекам 02.2025 да ги отерам у пичку лепу матер. Префрлам три броја од кај нив и чао тути.
Знаеш што е најтажно? Што нема ни да се јават да прашаат зошто си одите од нашата компанија после 14години. Ги заболе таквото...

Инаку Speak Out се рекламира како бесплатна придобивка.
Јас го користам "бесплатно" со 100ден. на сметка. секој месец.
Затоа што на пакет имам 2GB месечен интернет кој е доволен за 10 FB reels а не можам да го променам пред истек на договор.
Прашав в салон, ме одбија. Им дадов негативна оцена за услуга. Ми се јавија од салон со закани да променам оцена. Вработениот немало да лапа бонуси на плата ако не бил добро оценет.
 
TexasUS

user
25 февруари 2017
1.284
1.315

Ни АЈедан не се ништо подобро :) Немаме избор и тоа е тоа
 
DrMTR

senior
27 март 2014
7.921
8.414
Дојде време да бегаме по кабловските оператори за интернет. Таму барем ке им биде гајле зошто бегаш од кај нив.
 
Julian

lurker
20 август 2016
519
352
Дојде време да бегаме по кабловските оператори за интернет. Таму барем ке им биде гајле зошто бегаш од кај нив.
Никогаш не би се вратил на тие ноќни мори. Петок навечер бегаше интернет до понеделник немаше екипа да дојде да провери. Зборувам за локален провајдер вон главниот град.
 
18 септември 2020
926
865
Македонија
Ни АЈедан не се ништо подобро :) Немаме избор и тоа е тоа
Во поглед на припејд сегментот подобри се, имаат солидни пакети за сечиј корисник, а Лајка па имаат уште поповолна понуда во тој сегмент. Не ни треба на сите постпејд, туку да си имаме колку толку добра комуникација и секаде да имаме сигнал низ државата.
Во А1 за 499 денари имаш неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи, 5гб интернет и неограничено за социјалните мрежи. Во Лајка за 200 денари имаш 5гб интернет и неограничени разговори и СМС кон сите мрежи.
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.164
3.213
Струмица
Инаку Speak Out се рекламира како бесплатна придобивка.
Ако ја користиш мобилната апликација се собираат срциња за секој месец да го имаш бесплатно, доволно да ја отвараш 5-6 дена во месецот ти дава 300 и да ја плаќаш сметката преку апп уште 300, ама тоа е доволно за еден број. Вториот број во Магента ќе "штеди" гигабајти или ќе си плаќа стотче за Speak Out..
Не е проблем и 100ден. месечно, ама ова со срцињава и глупите Moments за опција која си ја добивал бесплатно, е едно големо замарање на своите клиенти.

Малку им беше шо ги скапнаа лани интернет пакетите за 100ден, а сега и придобивките почнаа да ги наплаќаат... бугарска работа.
Мислењето е автоматски споено:

Во А1 за 499 денари имаш неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи, 5гб интернет и неограничено за социјалните мрежи.
Лани имаше убава промоција и затоа скокнав на Магента, плаќам 450ден. (без никакви бонуси/уреди) за неограничени разговори и 6ГБ интернет, а СМС не ми треба, има вајбери, месенџери па и RCS Chat како замена за СМС.
Е сега шо ја покакаа со бесплатниот Speak Out, социјалките нема да се неограничени, ама ќе најдам решение и за него, во скоро време.

Оптиката е далеку подобра од таа на Телекабел (1000ден за 150/150) а може да кажам и најстабилна во оваа вукојебина, за 1300ден имам 300/300, и пред недела дена кога ми ја скинаа промоцијата 100/100 брзината беше вратена на 60/30, се јавив на 122 и за 10 минути се среди проблемот со 300/300 бустерот, а не да чекам исто толку време само да ми дигне некој слушалка од Телекабел, а дали и воопшто ќе дигне..

На А1 не би пробал пак, одамна ги имам отпишано, затоа и не ги спомнувам.
 
Последна промена:

chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Јас си имам 100 гб нет за 800 денари во Магента пакет кој ми истекува за пола година. Ако не го продолжам, а гледам дека сега истиот е со 20 гб нет, смеат да ми го скинат интернетот на 20 од 100?
 
  • ми се допаѓа
Реакции: thrw

gamon

user
15 септември 2014
1.669
1.951
orgrimar
Јас си имам 100 гб нет за 800 денари во Магента пакет кој ми истекува за пола година. Ако не го продолжам, а гледам дека сега истиот е со 20 гб нет, смеат да ми го скинат интернетот на 20 од 100?
си пишува, имаш 100 гб додека трае договорот после е 10 гб
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Се здробив од барање на некигашните "Екстра придобивки" за да активирам Stream On.

Сега ги испикале во оние ретардирани Moments и треба да плаќаш со срциња. Ретардирана работа!

И Флегма да ви кажит нешто. Постпејд претплатник сум 27 години кај нив. Единствени пакети кои се исплатливи кај нив се или најевтиниот или најскапиот (под услов да ти треба таков ултра неограничен пакет)

И нема тука многу филозофија. Овој телеком функционира исто како банка. Ништо нема поволно, бесплатнио или евтино.

Со Магента немам искуство и не можам да зборувам многу за тоа. Заради нивната бирократија не можев да мигрирам од ADSL на оптика туку само на VDSLи покрај фактот што бандерата која има оптика е на 10 метри од мене.

Последно сум на оптика од Кабелнет Прилеп, пакет 100/100 + дигитална (два CA модули) + IPTV (два акаунти) , и супер задоволен.

Кај телеком најисплатливо е да ги пронајдеш сите пензионери низ фамилија па да им ги користиш тарифите од 236 денари.

Пред години ми доаѓа писмо "Пошто ти кај нас 20 години, многу те љубиме и затоа евеврешивме една мала пажња со телефон (мислам дека беше) Алкател ама и да го продолжиш договорот за 24 месеци"

Шака јада. Иди легнете и преправајте се дека сте умрени.
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.169
18.780
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Јас си имам 100 гб нет за 800 денари во Магента пакет кој ми истекува за пола година. Ако не го продолжам, а гледам дека сега истиот е со 20 гб нет, смеат да ми го скинат интернетот на 20 од 100?

Мене ми го скинаа, пошто тој е промотивен додека трае договорот. Имав 100 сега имам 20 :(
Мислењето е автоматски споено:

Се здробив од барање на некигашните "Екстра придобивки" за да активирам Stream On.

Сега ги испикале во оние ретардирани Moments и треба да плаќаш со срциња. Ретардирана работа!
Им пишав јас дека не сум среќен со промените. Не дека ги заболе, ама си кажав.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.710
15.803
youtu.be
Задремал им Стојан за корисниците, пред неколку години отидов да го мигрирам постпејд бројот кој што го користев ~20 години без никакви турбуленции кај нив и без око да им трепне само ме прашаа кој е бројот кој што треба да се мигрира и дали се платени сите сметки.
Толку од грижа за корисници.
И како што кажа @FLEGMA, кај нив или користиш минималистички пакет или напумпан пакет, другото е сѐ турска дубара за пара.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
другото е сѐ турска дубара за пара.
Особено ако се слизнеш и да земеш телефон со пакетот или, уште полошо, телефон на рати на телефонска сметка.

Пошто подобро е да земеш пари од лихвар отколку нешто од ксј нив.

Сите договори им се со извршна клаузула (солемнизација) што во превод значи дека директно завршуваш на извршител.
Оттука натаму нема потреба повеќе да објаснувам.
 
20 јуни 2008
643
697
Ivicakmk's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 5800X & Noctua NH-D15 chromax.black
Motherboard
MSI MAG X570 TOMAHAWK WIFI
Storage
Samsung 980 Pro 1 TB + Toshiba MG07ACA14TE
PSU
ASUS TUF Gaming 1000W Gold
RAM
2x16 GB Kingston HyperX Fury DDR4 3600 MHz CL16
Video card
Asus TUF RTX 3070 Ti
Case
Sharkoon TG6
Mouse
Razer Basilisk V3 Pro
Keyboard
Logitech G915 X Lightspeed
Audio
Razer Blackshark V2 Pro
Monitor
Dell S2721DGFA / BenQ BL3201PT
OS
Windows 10 Pro
Hint: Кај телеком е најисплатливо да имаш пријател агент (инсајдер) и ќе бидеш среќен со попустите. Има многу попусти. ;)
Прво имав оптика од Телеком па оптика од Неотел. Кога ми заврши договорот со Неотел не му дозволија на агентот да ми даде поволности затоа што не ме сметаа за нов клиент. Променето е нешто?
 
18 септември 2020
926
865
Македонија
Од Телеком па рекламираат магента тв со Смарт телевизор со новата Магента 1 каде што магента тв иди заедно со интернетот. Прескапи се пакетите, порано беше поисплатливо да се земе само мобилна телефонија и интернет, сега не дозволуваат така Телеком, само посебно мобилна и посебно интернет.
Магента 1 од почетокот па се до годинава е поскапена. На почетокот со 25% попуст, после помалку нешто за мобилната и интернетот, па после со без буџет и сега со покачени цени. Во глобала, постпејд тарифите кај Телеком и А1 се покачени, прво А1 па после Телеком. Да имаше 3ти мрежен оператор ќе беше поинаку, ама кога преовладува криминал во оваа банана држава така е.
 
DrMTR

senior
27 март 2014
7.921
8.414
Преплатите полека ама сигуно од добри 500 денари на времето, наместо да ги одржуваат на тоа ниво, тие ги доведоа до цена од 850-900 мкд за некоја си нормална тарифа без смешни ограничувања. Тоа е, кога нема реален конкурент.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.235
И А1 ги поскапеа пост пеид. Некни се движев низ Шити мол и ми текна да застанам да прашам, пошто немаше гужва. Велам дечки зошто претплатава ми е зголемена за 100 денари наместо да ми ја намалите?
Епа господине поскапени се пакетите, башка вас ви истекол договорот од 2 години. Велам што има врска тоа што ми истекол договорот? Си плаќам месечна сметка што е проблемот? Епа немало проблем, тие со активен договор не памтам што ми рече, дали не им се качила цената или добиле поголема брзина или количина.
Па велам, јас го земав пакетот за во викендица заради изолација за време на корона и сега сето тоа помина. И во моментот кога се мислам дали да ви го вратам рутеров, вие ми ја поскапувате тарифата а не добивам ништо повеќе, за да ми помогнете да решам да ви го лупнам од глава?
Епа не знам господине тоа е.

Е свашта од нашиве маркетинг „експерти“.
 
Телеком до сега нема направено вака мислам. Ова со агентиве што даваат договор е друго, кога склучував прв пат беа фер и рекоа да попустот тој дополнителен важи 24 месеци само после тоа не.

Овие А1 за многу пакети стари зголемија кај многу корисници
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
И А1 ги поскапеа пост пеид. Некни се движев низ Шити мол и ми текна да застанам да прашам, пошто немаше гужва. Велам дечки зошто претплатава ми е зголемена за 100 денари наместо да ми ја намалите?
Епа господине поскапени се пакетите, башка вас ви истекол договорот од 2 години. Велам што има врска тоа што ми истекол договорот? Си плаќам месечна сметка што е проблемот? Епа немало проблем, тие со активен договор не памтам што ми рече, дали не им се качила цената или добиле поголема брзина или количина.
Па велам, јас го земав пакетот за во викендица заради изолација за време на корона и сега сето тоа помина. И во моментот кога се мислам дали да ви го вратам рутеров, вие ми ја поскапувате тарифата а не добивам ништо повеќе, за да ми помогнете да решам да ви го лупнам од глава?
Епа не знам господине тоа е.

Е свашта од нашиве маркетинг „експерти“.

Имам и слично и полошо искуство со А1.

На истечен договор, при промена на оператор ми дојде сметка од 25000 денари да им враќам пенали. Ме испраќаа во endless loop со приговори. На крајот се реши све, но изгубив скоро два месеца. Од кога се реши се, ми стигна нова сметка од 3000 денари - наводно дека сум им должел опрема. После неколку недели и тоа го решија.

Месеци уназад ми наплаќаа ХБО, иако требаше да биде вклучено во пакетот... и многу други глупости.

Никогаш повеќе, ужасно искуство со нив.
 
Истото и јас го имав, си реков изолиран случај на крај ај океј ама еве гледам не сум само ја, по премин на Телеком (фиксни услуги) сметката продолжи да стига и нареден месец. Кога се јавив зошто ми рекоа мора исто приговор да поднесам во салон. WTF A1.
 
Последни теми

Последни огласи

На врв Дно