Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

ФОН или ФИНКИ за ИТ смер?

Статус
Затворена за нови мислења.

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Баш ме фати сега тука, значи како е организиран сајтот укажува колку е организиран факултетот и колку посветува на тоа да стојат добро работите. Ако беше тоа така, зошто е ФИНКИ познат по тоа дека е најлошо организираниот државен факултет? Баш разговарав со еден вчера кој што ми кажуваше какви маки имал со нив(откажување на предавање 15 мин пред да биде предавањето, а тој више дошол со автобус до факултетот, неможејќи да присуствува на предавање бидејќи немало училна, заговори како професори намерно буткале бидејќи им требало повеќе пари и слично) можеш и на форуми како кајгана и фемина да видиш вакви ситуации. Со ова заклучувам дека уредноста на сајтот не е точен показател за тоа дали е навистина добра наставата таму или не. Барим, ако беше организиран добро ФИНКИ поради тие причини(како што ги наведе) ќе ти верував малце повеќе.
Ај вака да размислување, јас за вас ќе се жртвувам и ќе ви кажам каков е ФОН откога ќе почнам да студирам таму. Ако е shit ќе се префрлам на ФИНКИ, ако не е ќе ви кажам. Ај да останеме на оваа точка и више да не се мачиме со пишување, така јас мислам ;)

Види сега, да имаш ФАКУЛТЕТ и да немаш асални податоци за ниеден смер е многу несериозно и смешно. Ако не ти е тоа показател, тогаш објасни ми како кадарот е посветен на подобрување на секој предмет кога имаат по 8 предмети. На секој државен имаат по 2 или 3 предмети, вклучително и ФИНКИ.

Гледам дека си решен, терај. Само те молам не не убедувај, ова е како да стоиме над карпа и сите знаци да ме убедуваат дека ќе умрам ако скокнам, а ти да ми објаснуваш како никој не скокнал таму, не мора да значи, само ми изгледа високо сигурно не е додека не се докаже спротивното.
 
BearGrills

hello world
11 јануари 2019
57
14
тогаш објасни ми како кадарот е посветен на подобрување на секој предмет кога имаат по 8 предмети.
Ако го гледаме ова тој аспект, ФОН има 9 редовни професори по информатика, додека американ колеџ има... 7.
Иначе, твоите аргументи против ФОН се претпоставки направени врз основа на тоа што некогаш си слушнал и некои други анегдотски докази. Можеби тоа е показател, ама очигледно не ниту значи бидејќи професорите кај ФИНКИ, ете, предаваат по 2-3 предмета и сајтот им е подобро уреден, ама е познат како многу неорганизиран факултет со нефлексибилни професори(како што насекаде слушаш од луѓето). Значи, не значи тоа 100% дека е така.
Ќе признаам дека малце одам во непозната територија со тоа што го одбирам ФОН, ама сепак ќе ризикувам бидејќи барим знам дека едното е лошо, а другото(фон) можеби е или не е. Ако испадне на крај дека бев во право, тогаш јас ја добивам најголемата придобивка. Искрено иако квалитетот на образованието таму не е баш-баш нешто добро, не ми е тоа целта со факултетот(целта ми е да имам слободно време да го учам тоа што ја сакам на страна и да го развиам социјалниот живот, и сепак диплома на крај ако одлучам да не се откажам порано за да почнам да работам, ФОН, од овој аспект, знам дека ми нуди подобри услови бидејќи не е тежок колку што е ФИНКИ).
Така да, ете. Нема да ве разубедам, ама ќога ќе поминам извесен период студирајќи таму ќе направам пост тука за да го споделам моите искуство за да можам да им помогнам на другите.
 
Последна промена:

BearGrills

hello world
11 јануари 2019
57
14
Само едно знам, дечково за програмер нема да го биде, ама со ваква упорност за продажба сигурно ќе го биде.
Извини, ама ќе бидам и те како ќе видиш. Откога осознав дека ова е за мене претходната година во Април секој ден, без ниту еден да скокнам(со исклучок) се бавам со програмирање или нешто во врска со тоа. Единствено само 3 дена сум скокнал од 28-30 јуни, ама освен тоа ниту еден ден не сум пропуштил. Оттогаш доста сум развил различни вештини и планирам да продолжам со ова. Без разлика каде и да идам на факултет или што било, тоа ќе го остварам еден ден(кога и да е) како кариера и за тоа нема "ама можеби...", "можеби неможам..." :)
 
SpiritBond

hello world
21 август 2015
412
901
Aerodrom
Дај бе пуштете го човекот да си иде на ФОН, очигледно е дека не му се учи дисректна математика и остало, само нејќе да признае… ;)
 
gloria borger

hello world
10 мај 2018
447
841
херцажа
Мислам дека дискусијата може да се затвора и да почињаме да си легнуваме полека полека.
OP очигледно се одлучил да стане програмер и ништо нема да го запре на патот кон тоа. Не знам зошто воопшто се дискутираше, на крајот заклучивме секој треба да си гледа за себе и да не кажуе многу за другите, пошто другите не знаат што е најдобро за него, само он знае, што е контрадикторно само по себе бидејќи тој праша, а потоа кога му одговорија им рече друже не ми кажуј како треба.
Исто така на крајот заклучивме дека сево ова е залудно, бидејќи што и да кажеме ние, а што и да каже OP, одлуката за да стане програмер е неотповиклива - со што продолжување на дискусијава би било пукање у колено.
 
Andrejrulz

hello world
14 октомври 2014
107
108
BearGirlls, let me tell you a story...
Во текот на 2 Светска војна, американците почнале претерано да губат воени авиони во војна. И седнале математичари на маса да дискутираат стратегија како да ги „појачаат авионите“ за да не гинат во битка. И сите на маса ставиле податоци околу тоа каде најмногу биле погодувани од куршуми авионите што се враќале во база, со цел да ги „зајакнат“ тие делови и да станат поотпорни на куршуми... сите освен еден. Се појавил еден паметен тип и рекол дека деловите што се најмалку погодувани се најважно бидејќи авионите што се погодени од куршум на тоа место, воопшто не се враќаат во база, односно се рушат. Заклучокот од оваа приказна денеска е познат како „survivorship bias“, можеш да си прочиташ во слободно време - кога не програмираш.

Е сега, како се вклопува сето тоа во нашава (читај- твојата) приказна?
Упорно тврдиш дека никој не може да каже од свое лично искуство дека не го бива ФОН, затоа што сите биле на ФИНКИ.
Е сега, ако сите што се активни на ИТ форум, биле на ФИНКИ, а сите што се активни на фемина зборуваат против ФИНКИ, треба да ти укаже на тоа дека не вреди да го вложуваш своето време на ФОН бидејќи не го бива. Нема поголем доказ од сведоштвото на мнозина.

А патем, кога веќе толку инсистираш на тоа дека факултет ќе ти користи за да стекнеш социјален круг којшто подоцна може да ти помогне во животот, имај на ум дека на форумов има лица на одговорни положби во ИТ фирмиве низ Македонија (зашто една шака народ останавме), којшто ја читаат темава... и некако мислам дека не ти оди баш во прилог :)
 
Можеби мојата опција за факултет не е логична за тебе, но јас си ги имам моите причини и, дали ги сфаќаш или не, јас ги наведов. Верувај јас сум зборувал и со луѓе на силни позиции во ИТ сферата во Македонија и ми кажале дека мојата одлука е разумна и добра, како што гледаш различни луѓе имаат различни мислења. Животот не е толку едно-насочен, не значи сега ако одам на ФОН јас ќе испаднам полош програмер крај-на-крај него ако отидев на ФИНКИ, има повеќе насоки и ќе те замолам да ја почитуваш мојата, иако не се согласуваш.
Без разлика за тоа дали мислиш дека мојата одлука за факултетот е погрешна, тоа не значи дека мојата амбициjа е шега.
Мислењето е автоматски споено:

OP очигледно се одлучил да стане програмер и ништо нема да го запре на патот кон тоа. Не знам зошто воопшто се дискутираше, на крајот заклучивме секој треба да си гледа за себе и да не кажуе многу за другите, пошто другите не знаат што е најдобро за него, само он знае
Алал ти вера, драго ми е што доаѓаме до еден добар заклучок.
 
Последна промена:

Andrejrulz

hello world
14 октомври 2014
107
108
Можеби мојата опција за факултет не е логична за тебе, но јас си ги имам моите причини и, дали ги сфаќаш или не, јас ги наведов.
... има повеќе насоки и ќе те замолам да ја почитуваш мојата, иако не се согласуваш.
од прв до последен пост, сите ја почитуваме твојата одлука. Секој добронамерно ти ги даде своите 0.02$, а ти после секој пост арогантно го отфрлаш секој совет што го доби.
Многу добро правиш што своите одлуки ги темелиш на кажувањата од луѓе кои се на силни позиции во ИТ сферата во МК. Сигурно тие добро те познаваат и ти го мислат најдоброто.
Go For IT. All things considered, ФОН ти е најдобрa опција.
 
Зошто ја продолжуваш дебатата... Што сакаш да постигнеш со ова? Јас "добронамерно" бев обвинет дека мислам со половиот орган него мозокот, дека сум залетан и се тоа слично. Памти, се ова рано во разговорот кадешто јас не навредов никој.
Јас не сум наивен, нит глуп, нит ништо и сум се консултирал со доста луѓе за оваа одлука, ги вклопив и вашите мислења за ова. Неможам да ти докажам, но, верувај дека оваа е одлука за која мора малце да запазиш за да бидеш сигурен дека не залетуваш без да размислуваш. Вашите мислења ги сфатив, отпрво не ги разбрав убаво и затоа ги "отфрлив", ама ако ги провери моите последни неколку коментари ќе сфатиш дека ги прифатив нивната мислења бидејќи малце се разјасниа, но сепак нивните аргументи не ми го смениа мислењето, и не разбирам зошто тоа е нешто лошо.
Те замолувам да ме оставиш јас сам да си одлучам, иако е против тоа што ти мислиш дека е правилно, немам никакви лоши намери.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.814
33.977
roka.mk
Те замолувам да ме оставиш јас сам да си одлучам
Па ова е најголемата навреда масовно на сите што го потрошија своето време да ти објаснат и помогнат на прашање кое ТИ го постави овде. Ние не те маваме по уши да побараш помош.
Па бољи жени да ни опцуеше на сите овде него ова... и вие сте генерацијата на која треба да се потпреме...
 
BearGrills

hello world
11 јануари 2019
57
14
Па ова е најголемата навреда масовно на сите што го потрошија своето време да ти објаснат и помогнат на прашање кое ТИ го постави овде. Ние не те маваме по уши да побараш помош.
Па бољи жени да ни опцуеше на сите овде него ова... и вие сте генерацијата на која треба да се потпреме...
Неприфаќање на советите != ги игнорирав вашите совети.
ШТО Е ТЕШКО ТУКА ЗА СФАЌАЊЕ?
Ми ги дадовте вашите совети и аргументи, ама дојдов до заклучок дека вашите препораки не се соодветни за мене. Што е волку тешко ова да се сфати? Отпрво ме навредивте со 100 различни навреди, па сега се љутиш што нема да ти го применам твоето мислење. Ти го сослушав мислењето, ама не значи сега дека ќе постапам по тоа бидејќи ти ми рече така. Си направив проценки и донесов одлука дека не се согласувам. Денот ми го наполнивте полн со стрес и негативна енергија без причина со толку навреди и омаловажувања.
Знаеш каков непочит е да ти каже некој дека си "налетан"? Да ти каже некој дека "мислиш со половиот орган место мозокот"? Да ти се исмејува на твојата амбиција? (коментарот на @lynx) Да кавужа што си и каков си однесувајќи се како демек те познава тебе, да те понижува дека си "помлад"?
Овие работи не се важни тука? Остави се на страна? Дали е ова култура?

Пример ќе ти дадам, ти си се преселил и сакаш да се шишаш, затоа бараш добар бербер. Ги прашуваш соседите што мислат, кои ти се опциите и кој бербер е најдобар. Има луѓе кои што ќе ти кажат дека бербер А е најдобар, други ќе ти кажат дека бербер А е лош и дека бербер Б е подобар. Ти ги ислушуваш ставовите на соседите од двете страни и САМОСТОЈНО донесуваш одлука за тоа кој е најдобриот бербер за тебе лично врз основа на се тоа што си дознал, и двете страни од аргументот. Ти одиш кај бербер А, а соседите што ти викаа дека бербер Б е подобар ти се налутиа бидејќи различно одлучи
Еве јас сум во истата ситуација, ви ги сослушав ставовите и на крај не се согласувам. Сега вие сте соседите што ми се лутат бидејќи на крај донесувам одлука што тие мислат дека е грешна(памти, јас не ги игнорирав вашите мислења, но не беа доволни да ме разубедат). Што сум згрешил тука? Те молам образложи ми за да сфатам
 
Последна промена:

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.546
2.992

Малио, ај гаси то срујата и легни си.
(Скапа е, нема доволно ќумур, а ниту гас).

И немој да ојш на факултет.
Сварно нема потреба.
Ова во согласност со сите твој постој.
Ој ислушај си некој курс и програмирај се.
Озбилен сум, не т'исмевам, ниту сум саркастичен.
А, уше ова: за половио орган - то е баци биолошки така, сакале ние да признајме или не, така си е. На таа возрас еден куп семиња се праат во малата гла'а, и тие си влијаат на размислувањето и перцепцијата на свето.
Така да си знајш.

Ај добра ноќ и докуцање.

Испратено од телефоно.
 
Без разлика што мислиш ептен некултурно е такво нешто да велиш за некој друг, особено кога не го познаваш
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.588
8.234
Мелмак
Се шо е битно е колку ти клика мозокот за програмирање ако веќе ти е амбиција да бидеш (добар) програмер. А тоа ни финки ни фон ни никој нема да ти го даде. Едино да се надеваме дека го имаш.

Исто е многу битно да ти лежи добро математика. Тесно е поврзано со алгоритми и логика така шо ако си многу лош во математика добар знак е (иако има исклучоци) дека програмирање ќе ти биде тешко.

Ароганцијата малце исто треба да ја намалиш освен ако си најдобриот генијалец во полето кој до сега се родил. Со арогантен пристап потешко се учи од сениори, а учење од сениори како и самостојно решавање на проблеми кои ти се тешки во моментот се најбрзи начини за напредување во полето.

За се друго нема да коментирам. Со здравје со изборот и се надевам и јас дека ќе станеш програмер иако според тоа како се изразуваш повеќе делуваш ко wannabe политичар.
 
Тоа ми е поентата, јас го повторувам првиот пасус цело време. За математика сум просечен, научив преку khanacademy бидејќи сум во стручно училиште без математика и не сметам дека сум лош.
А во врска со ароганција, незнам како сакаш јас да се однесувам кон луѓе што ме навредуваат. Како после такви нареди можам да знам дали се пасивно агресивни, сериозни или се со цел да ме исмејуваат? Не се ставаш во моја позиција, јас не осеќам дека луѓе што ме понижуваат имаат добри намери кон мене
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.588
8.234
Мелмак
Дечко ти се шо повторуваш е: не ме знаете не сум таков каков шо викате дека сте заклучиле дека сум...

а пак сите доаѓаме до истиот заклучок. Шо значи има нешто тука, и си некаков каков шо мислиш дека не си.

I have spoken.
Мислењето е автоматски споено:

Т
А во врска со ароганција, незнам како сакаш јас да се однесувам кон луѓе што ме навредуваат. Како после такви нареди можам да знам дали се пасивно агресивни, сериозни или се со цел да ме исмејуваат? Не се ставаш во моја позиција, јас не осеќам дека луѓе што ме понижуваат имаат добри намери кон мене

Ги читав постовите, ти прв со ароганција, дефанзивност и понижување (на туѓите аргументи) почна. Советувам да се навратиш назад со ладна глава и да си прочиташ ти како и што си пишувал и да се анализираш онака непристрасно.

Не се знаеме, не сме си битни, ама сите тука пробаа да ти дадат помош а ти само им враќаш АМА ЈАС НЕ САКАМ ПОМОШ МИСЛАМ ДЕКА СУМ ДОВОЛНО ПАМЕТЕН САМ ДА СИ ОДЛУЧАМ...

А отвараш тема за помош, па после викаш дека не било за помош туку за дебата... а коа има дебата не ти годи... и така.

Запиши кај сакаш или не запишувај ама дефинитивно остави ја дискусијата тука бидејќи ниту добиваш нешто од неа ниту ние добиваме нешто од тебе :)
 
BearGrills

hello world
11 јануари 2019
57
14
А отвараш тема за помош, па после викаш дека не било за помош туку за дебата... а коа има дебата не ти годи... и така.
и ако ти прочиташ ќе видиш дека 5 пати кажав "доволно беше ова, ајде да го оставеме разговорот на оваа точка" и... кој ме послушна? Јас ја почнав да, ама кога сакав да ја завршам, вие бевте упорни и сакавте да ми докажете нешто друго.
Не се знаеме, не сме си битни, ама сите тука пробаа да ти дадат помош а ти само им враќаш АМА ЈАС НЕ САКАМ ПОМОШ МИСЛАМ ДЕКА СУМ ДОВОЛНО ПАМЕТЕН САМ ДА СИ ОДЛУЧАМ...
Бидејќи јас се чуствував дека некои луѓе сакаат да ми наметнам мислење за кое што не се слагам и тоа е тоа. Ако не се слагам, не се слагам. Вие ме ФОРСИРАТЕ да одлучам според тоа како вие мислите дека треба да постапам(така јас го доживеав ова и заради тоа ми се реакциите) и тоа е целосно грешно. Токму поради ова викам "остај ме сам да си одлучам, не си ми ти татко"
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.023
Дечки олабавете, како тргнала работава уште малце и ќе побара оштета.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.188
16.309
и ако ти прочиташ ќе видиш дека 5 пати кажав "доволно беше ова, ајде да го оставеме разговорот на оваа точка" и... кој ме послушна? Јас ја почнав да, ама кога сакав да ја завршам, вие бевте упорни и сакавте да ми докажете нешто друго.

Бидејќи јас се чуствував дека некои луѓе сакаат да ми наметнам мислење за кое што не се слагам и тоа е тоа. Ако не се слагам, не се слагам. Вие ме ФОРСИРАТЕ да одлучам според тоа како вие мислите дека треба да постапам(така јас го доживеав ова и заради тоа ми се реакциите) и тоа е целосно грешно. Токму поради ова викам "остај ме сам да си одлучам, не си ми ти татко"
А ти зошто коментираш кога не се сложуваш со мислењата? Тие ти ги дадоа мислењата затоа што ти ги побара не затоа што они сакаа тебе да те најдат и да те убедуваат.
Јас мислам дека ги доби сите информации кои ти требаа, време е да заврши темава.
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.309
1.546
Skopje
Ти си студирал ли таму за да знаеш каков им е информатичкиот смер? Си зборувал ли со некој кој што учел во тој факултет и ти кажал ли каква им е наставата? Не. Што трескаш тогаш, "дете"
Не се споредуваат? Па финки е дно, тоа значи дека ФОН е понизок него дно, ама разликата е што немаш Д О К А З или И С К У С Т В О за да го потврдиш тоа

:LOL:

Е како бе така? Како тоа ја немам доказ, а ти, 18 години дете кажуваш дека Финки е дно?

И пази, сам дојде да си прашаш, да добиеш различни мислења. Нели тоа е поентата кога ќе поставиш прашање? 1 коментар не видов тука што ќе те поддржи во размислувањето ама сепак сите сме идиоти и те напаѓаме. Многу агресивно навлагаш на работите а сакаш дискусија. Почитувај и други што ќе ти кажат зошто добиваш издржливи коментари, колку и да ти звучат тебе одбивни.

И да, од 2ца лица во ИТ што ми се доста блиски другари, 1 има заврешно на Финки а другиот прекина во 3та година бидејќи се вработи. И 2цата имаат и позитивни и негативни мислења, али сепак го препорачуваат. За Фон немам слушано човек да го препорача освен во твојов случај кај што очигледно сакаш само да пролеташ низ просториите и да не те умараат професори. Фон е одличен за тоа. А искрено не ни знам програмер што завршил на Фон.
 
Ако можам да бидам целосно искрен, јас најверојатно треба да се преиспитам самиот себе во врска тоа како ги поставувам моите одговори и ставови, бидејќи очигледно лошо сум сфатен и тоа предизвикува вие кон мене да имате поразличен однос и погрешно да разбирате некои работи што пишувам. Јас навистина не сум човек што има лоши намери или сака да напаѓа некој друг за неговото мислење, ама изгледа сум се поставил така бидејќи немам искуство во врска со комуникација на форуми.
Ако навистина така сум се поставил, тогаш извини, иако не ми беше таа намерата
 
Geek64

read-only
24 декември 2018
45
35
Студирам на ФЕИТ ( не на ФИНКИ ) на смер КТИ и од прва рака можам да кажам дека студирањето си бара жртва. Но, колку и да е тешко на ФЕИТ ( или ФИНКИ ) никогаш не би одбрал приватен факултет за да студирам.

Покрај тоа што на факултетот примарна цел е да пренесе знаење на студентите, тој е и за да те спреми како да се движиш низ животот понатаму, како да се снајдуваш, да се вмрежуваш со луѓе итн. Приватните факултети сметам дека тоа го немаат и се доста олеснети во споредба со државните. Тоа што ќе "имаш повеќе" време не значи дека ќе станеш подобар програмер. Тоа време може многу лесно да го прокоцкаш и да застраниш од курсот. Во тие години сме кога пробуваме различни работи ( во и надвор од факултетот ).

Читајќи ги претходните постови, сметам дека доволно добро некои од членовите објаснија што е подобро, а помеѓу овие два факултети кои се споменати во насловот, тоа е ФИНКИ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно