Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Ebook Readers

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
Дап, страницата на стрипот треба да е целина. Панелите некогаш и се „преливаат“ еден во друг. Но! На екран од стадардна големина ебук читач нема доволно место, ок можеби за стрипови со физички мала величина (како Алан Форд). Затоа panel view е корисен компромис.

Јас лично не би го менувал стандардниот (мал) ебук читач, со поголем, за да читам стрипови. Голем модел едноставно не би бил удобен за читање книги. Би бил поголем, потежек, повеќе замарање на рацете (и повеќе површина да слетуваат муви и да менуваат по десетици страни на глупиот тач екран, бах). :)
Значи не би го менувал мојот омилен читач. Но би набавил и еден поголем читач, чисто само за читање на стрипови (но и повремено за пдф, мануали и техничка литература).
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.231
1.728
Скопје
Тесно ги следиш работиве значи. Мене ми изгледа дека интересот за е-инк екрани во боја примарно им е за таблети, не за ебук ридери. Затоа и емулацијата на лцд (со 30 фрејма освежување). А во врска со бројот на боите, мислам дека можеби тоа и нема да биде голем проблем - не сум сигурен дали стриповите користат голем распон од бои. Огромниот дел секако се црно-бели. Затоа најмногу ми се допаѓа моментот што кога ќе испаднат моделите со боја, постарите црно-бели модели како Кобо Aura One (со поголема дијагонала) би требало да паднат со цена кога ќе се чистат залихите. Тоа ќе биде право време за набавка на поголем црно бел ебук ридер за стрипови. :)

Така е , и типацот кажа дека сакаат во образование да влезат со првиве модели, нели сега таблети се делат по децава на велико по школи во уса(незнам како е кај нас на ова поле).Цената на производство им била пониска дури и од лцд, така да добра алтернатива ќе бидат.
Колку бои користат стрипови немам појма, ама кога ќе прочитам 4096 бои, пред очи ми искача слика од зачетоците на колор екрани кај телефониве. Јес да и бедна резолуција имаа 128х128 и слични смешни бројки, така да може и да не е лошо со добра резолуција, којзнае, ќе видиме.
Иначе и ја би си сакал едно Aura One, така да чул те госпоТ, и да ги земеме на попуст по 100ина $ :)


Колку што знам panel view го има веќе неколку години наназад, но самиот стрип мора да биде форматиран да го поддржува, така да пиратерија што е само скенирана и пикната во cbr нема функционира така.
За тоа погоре го спомнав Kindle Comic Converter, се користи да го направи CBR фајлот да функционира со Panel Viev. Не сум пробал , така да незнам каков би бил резултатот, али би требало да работи ако читачот поддржува.

Јас лично не би го менувал стандардниот (мал) ебук читач, со поголем, за да читам стрипови. Голем модел едноставно не би бил удобен за читање книги. Би бил поголем, потежек, повеќе замарање на рацете (и повеќе површина да слетуваат муви и да менуваат по десетици страни на глупиот тач екран, бах). :)
Значи не би го менувал мојот омилен читач. Но би набавил и еден поголем читач, чисто само за читање на стрипови (но и повремено за пдф, мануали и техничка литература).
Ствар на навика, јас се навикнав на мојов со футрола да го држам, и сега ако го извадам ми е ептен незгоден пошто ми е многу тенок без неа :).
Иначе за тежина, 100% се слагам и ми е еден од побитните фактори.Али не се којзнае колку потешки поголемиве.
Пример пејпрвајт 6" е 205гр, кобо H2O 6.8" е 233грама, кобо H2O2 6.8" e 207 грама, кобо Aura One 7.8" e 230гр, новиот Оаsis e 194гр. Ептен се блиску сите и не верувам дека би правело којзнае колкава разлика.
А најидеалниот на ова поле, читач само за книги би бил стариот Оasis, 131гр(без футролата)!!! Плус задебелен е од страната и ваљда би бил идеален за држење со една рака(не сум држел во живо). И физички копчиња покрај другото.
Мечтата ми беше еден оазис(постариот) за книги и стрипови со мал формат, и Aura One за поголеми стрипчиња и пдф, слично како и ти што опишуваш. Ама после риалити чек(веројатно 600+ евра би била таа комбинација), и после краток поглед низ прозор, сватив дека уште сум во Македонија :), и избрав по малку од сите светови со H2O-во
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.231
1.728
Скопје
Да ја освежиме малку темава ;), со нешто негативни а понешто и позитивни сознанија.
Прво со лошото...
Последен абер е дека Acep колор екраните се одложени до 2019 година, што значи дека веројатно пред 2020 нема да видиме ридер со оваа технологија :(.
ClearInk наводно најавиле дека ќе излезат со веќе сериски производ во Мај на Display World, ама и овие додека изорганизираат продажна мрежа и слични логистички зајебанции...Така да веројатно нема ни овие да ги видиме годинава, се надевам дека грешам.

Сега убавите работи :)
Пошто сеуште сум запален за 8" модел , регуларно читам па ќе улета нешто несакајќи, баш како што ми се деси само што.
Го најдов овој мадафака ,популарен бренд во холандија.
Има све што може човек да посака, 7.8" 300ппи екран, 3.5мм џек, блутут 4.0, 16ГБ меморија(околу 13ГБ достапни на корисникот, доволни за отприлика 400 стрипа од мојте), Андроид 4.2.2, А2 мод за листање на страни што го намалува квалитетот ама овозможува драстично подобро скролање(пример низ плејстор).Го фалат и дека ептен рамномерно е осветлен екранот пошто користи 10 сијалички (Aura one користи 9)
Како минус може да му се стави што нема препорачани апликации за читање од плејстор, а пустите генерално не се оптимизирани за еридери и вртење на страници е со анимација и му треба подолго да сврти страна.Веројатно може да се најде некоја апликација кај што ќе може да се исклучи анимацијата ама тое е оставено на корисникот да си се снајде.За стрипови веќе знам таква и се вика ComicRack.
Али кога ќе се земе во предвид цената, овој недостаток е ептен занемарлив. 165 евра за ова што го нуди е стварно топ.
Достава до Македонија за жал нема , али можеби во комуникација со дечките може да се организира.

Одиме понатаму :). После малку подетално истражување, разбрав дека моделов уствари е ребрендиран Boyue T80s , што е исто одличен избор за цената од 220$.
После уште малку рчкање, гледам дека на бангуд имаат и листинг со ридер со истите спецификации, цена и бренд, али го водат како модел Boyue Likebook Plus со стратешки додадено и Т80s во насловот. Од набрзина читнуење, ми стои како да е скроз истиот.
На али не се наоѓа како Т80s , ама како Boyue Likebook Plus + футрола го има за 220$ или поточно 198$ за 4 дена кога ќе им почнат попустите.
Ептен ми е криво што немам средства да го плеснам, пошто е УПМ добра понуда.
И да не заборавам уште еден момент , пошто доаѓа дирек од змајево гнездо, а и башка ако се земе кога ќе бидат попустиве кога ќе има миљарда нарачки и пошта нема да знае кај им е газот а кај главата, шансите да пројде без 18% ддв се одлични.
Ако се изјуначи некој, обавезно да сподели импресии.

Едит:
Еве го и комплетот со футрола за 187$ за 4 дена кога ќе почнат попустите. Само тука малку повнимателно ако некој реши да пазари, пошто дифолт е ставен фри шипинг со дхл, обавезно мењање на China Post Airmail.Преку али апликацијата за мобилен ќе спушти уште некој долар цена.
Кај овие претходниве со 198$ цена, може дополнително да се искористи и купон од 2$ колку што забележав.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
Со дозвола на Дежаву, го пренесувам следново од приватна преписка. Може да е корисно за некој. :)

Инаку го прашував зошто за 50 долари (колку што мислев дека е разликата), било кој не би земал попрво Кобо Аура Оне, наместо Кинез.

Незнам која цена ја споредуваш на аура, ама најефтино што видов со достава до тука е на ибеј околу 238$ со 8гб , тука рачунај дека имаш плус уште околу 50$ давачки кај нас , пошто преку емс идат ддвто + ситно за услуга не и бега. Со 32 гб сега не ја гледам, ама пред некој ден беше околу 330$ на ибеј + давачки.
За кинезов нормално неможам да кажам дека 100% проаѓа без давачки(ѓаволот нит орал нит копал) , али ееептен се добри шансите, бар од досегашно искуство од мнооогу нарачки.Обично се што е од кина па дури и со големи димензии не застануваат на царина, освен ако не е со слични димензии како мобилен, тогаш често одат, пошто нели мислат дека е мобилен :).
Така да 185$ колку што и е кај најефтиниот продавач на али веќе околу 100ина долареси искача разлика, + и за футролчето рачунај околу 10 долари...
Башка директна споредба неможе баш да им се прави ради разликата во меморија и дополнителните функции што ги има бујево.
Кога би имал некој дирек од нив да ми купи кобо од 32гб за околу 280$ и да ми го донесе без давачки , најверојатно не би се мислел и би идел со него, ама вака... Ептен ми прави лиги кинезов маме му :)

Ги зачитав руските коментари на али и како што гледам генерално се позитивни , освен нешто ситно. 1 или 2 ќе да беа проблем со светлото , и 1-2 за лаг при вртење страни, мада реално не ги знаеме дечките и можда им е прв уред од ваков тип и да им лагираат споредeно со таблет :).Читам дека има и апдејти што може одма да се инсталираат, а незнаеме дали ако стварно лагира повремено не би се решило со нив(пошто нема инфо дали инсталирале апдејти дечките што се жалат на лаг).Иначе имаше и за икарусот видевце на јутуб дека се буни при зумирање/одзумирање на пдф, мада и таму колку што памтам немаше нагласено на кој фирмвер е.
Тоа со сијаличката можда е проблем настанат при транспорт, или евентуално лоша контрола на квалитет.Јебига, увек има ризик кога се нарачува преку нет.
Билд квалитетот веројатно не е како кај аура ако се водиме од цената, мада ова е шпекулација од моја страна нели.Не се и кобо светци на ова поле, имаа/имаат и они проблеми со контрола на квалитет, поточно светлото кај аура оне со 8гб.
Од 114 души што гласале овде Kobo Aura One: ComfortLight - MobileRead Forums 38% им е со мана комфорт лајтот(жолтите диоди). Не сум сигурен за новиов со 32гб, али веројатно е решен или во најмала рака подоправен проблемот.Нормално тука е битно да не се заборава моментот дека претежно коментираат дечки што имаат проблеми, тие што им е све ок претежно си тераат без да се фалат, така да тие 38% не треба да се земаат баш здраво за готово.
иииии, колкав текст сум напишал. Ова стварно ме пленил кинезов чим волку време му посветив , изгледа ќе мора да го пуцнам кога ќе ми улетаат од ефтините пари :)



@FiC DoGG @Zippo @blackelf @VerGer @kirev
Момци, ве тагнувам пошто веројатно на сите ни е изгубена претплатата на новава тема (кога се подели старата). Се извинувам ако некој не го интересира.
 

Delta111

hello world
23 мај 2010
134
146
Иначе на кој му е хитно за читач и му фаќа око Kobo H2O, би препорачал да побрза.Пошто имаат веќе пар месеци H2O2 избацено, и може да ги снема.А новово ем е поскапо и според мене ама ич не е некој апгрејд.Му имаат додадено +4гб за вкупно 8гб ама па тргнати се сд слотовите, и внатрешниот и надворешниот.Светлото е со опција да си подесуваш бело или накај жолто и е 30ина грама полесен.

Планирам во најскоро време да земам читач па би те прашал за впечатоци (вака од дистанца) за Kobo H2O. Ова ќе ми биде прв читач (досега на таблет) и се мислам помеѓу твојот модел и Onyx Boox Nova. Втората верзија на Кобото H2O2 како што читав на форуми (и според тебе) не е апгреjд и текстот е малку поматен така да треба првава да се земе refurbished или на старо. Ониксот го има на ново но е доста поскап (и отворен систем, практично е-инк таблет).

Ониксот е нешто подобар од Boyue-то за кое правевте муабет на темата со @Lokvan со тоа што уште подобар модел сега е Likebook Mars којшто е иста класа со Onyx Boox Nova иако постои генерален консензус дека е Ониксот малку помоќен и подобар но и нешто поскап. И двата се е-инк таблети (што го сметам за предност) во однос на затворен систем како кај Кобото но Кобото е поефтин и од двата, со помал екран и со доста помали перформанси (не е таблет).

Во однос на Кобото, дали си сеуште задоволен, дали пак би го купил и секако дали сметаш дека 8 инча (кај Ониксот) е долгорочно подобар избор.

Инаку Кинезиве како што ги викате се кинези колку што се Шаоми и Хуавеи, односно се таа класа кај е-читачите. Сериозни компании со сериозен производ и според мене се супериорни во однос на затворен систем (Кобо, Киндл, Покитбук) популарен на западнава хемисфера.

Фајловите ми се 99% Epub (се знае од каде) :).

Почнав да ја читам Kaliban's War (втората од Expanse) на таблетот но сакам да продолжам на е-читач, заразно е читањево плус ме трга од компјутер што го сметам за многу позитивна работа.

Инаку барајќи по продавнициве сфатив колку сме беда во однос на запад, нема ни на старо ни на ново ништо за купување освен еден стар (со набиена цена) модел на Киндл во Анхоч. Катастрофа!!!
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
@Delta111 не ги следам новите модели па не можам да ти помогнам во дилемата меѓу спомнатите модели/брендови. Но друже, што и да одбереш гарантирано е дека задоволството и удобноста на читањето многукратно ќе се зголемат со префрлање од таблет на ебук ридер. :)

Е-инк екранот е тоа нешто што ја прави разликата. Читливоста, незамарањето на очите, итн.
Од тој аспект, јас попрво би пазел и гледал на работи како величина на екранот, контраст и слично, евентуално траење на батеријата иако недела дена би требало да траат сите и на најхардкор читателите.

Таблетски функции се целосно несоодветни за принципот на работа на е-инк екраните, и никогаш нема еден ебук ридер да биде ни блиску до таблетската функционалност макар и на најевтниот 4 години стар крш таблет или смартфон. Затоа јас ич не би се замарал со барање на таква функционалност. Ебук ридерот ќе го користиш исклучиво за читање книги, евентуално стрипови и технички мануали (ако е доволно физички голем).

Ниту па да се секираш толку за отворен/затворен систем. Уредите си работат, форматите на книгите се лесно конвертабилни со Calibre софтверот, со кој и можеш да се служиш за префрлање на книгите во читачот.


Инаку повеќето од ова сигурно веќе го знаеш, ама ете мислам дека нема никаква штета да се сублимира и да се повтори уште еднаш. :)
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.231
1.728
Скопје
Планирам во најскоро време да земам читач па би те прашал за впечатоци (вака од дистанца) за Kobo H2O. Ова ќе ми биде прв читач (досега на таблет) и се мислам помеѓу твојот модел и Onyx Boox Nova. Втората верзија на Кобото H2O2 како што читав на форуми (и според тебе) не е апгреjд и текстот е малку поматен така да треба првава да се земе refurbished или на старо. Ониксот го има на ново но е доста поскап (и отворен систем, практично е-инк таблет).
И од дистанца и од блиску пресупер е х2о-то :).
Ониксот се популарни на руски пазар, и бајаги негативни коментари се начитав за нив на времето по руски форуми, и ги отпишав одамна.Можда се подоправени сега, незнам, али за цената што ја бараат за Onyx Boox Nova ни под разно не би го препорачал.Јас лично пре би го земал марсот од тие 2, пошто тоа што е помоќен ониксот ама ич не ти игра улога при избор на еридер.Можда побрзо ќе отвара апликации од апстор, а при листање на страни(што и ќе работи читачот 99% од времето) нема да приметиш разлика у брзина, па макар и 32 јадрен процесор да стават :).
Исто како добра ефтина варијанта ти е и тоа бујето што го спомнував, гледам сега за по околу 160 долари ги има.А по мене не гледам на марсот нешто па и толку драстично подобро.

Кога не би бил проблем буџет, онда не би земал во предвид ни еден од тие 3, пошто негативното кај андроид ридерите е што батерија ти трае 1-2 недели со 1-2 саати читање дневно(а имаат дупло поголеми батерии), а кај другиве 1-1.5 месеци. А тоа што е андроид и отворен систем, не е направено за нас да ни учинат, него пошто се пошабански брендови споредено со Киндл, Нук, Кобо, и немаат асални тимови за развој на сопствен софтвер, па со андроид им е полесно.
Ако веќе психички си се спремил да даваш 300$ за ониксот, јас би стиснал заби уште малку и би одел со Кобо Форма:
-8 инчи Мобиус флексибилен екран(другиве се со стаклен, може и да има и некој друг со ваков ама не сум сретнал), поотпорен на физички оштетувања и 0.2 инчи гратис.Викаат дека е подобар од тој на Аура оне.
-Ептен лесен, околу 200 грама, што ми е битен фактор за еридер
-Физички копчиња за вртење страни
-Комфорт лајт(додатно жолто осветлување) , се фалат луѓе стварно било пораат за очи, лично не сум пробал.
-Водоотпорен
Гледам тука ептен добра понуда за форма, дури и предобра хмммм...
Иначе само оригиналната футрола е 50ина долари.... а следен најефтин со 8 гб е околу 315$ без футрола. 32 гига 360$ без футрола. Намерно ти го пуштам линков од продавачов со малку продажби за верзијава со 32гб, пошто повеќе ќе ти се тресе негативен фидбек да не му оставиш, ќе му се одрази на процентот повеќе.Иначе можеш да си најдеш и продавачи со повеќе трансакции ако преферираш, за истата цена.

Тоа е-инк таблет заборави го, како што и колега @Lokvan ти кажа, пошто ќе се разочараш :). На е ридерот по мене тоа му е една од добрите карактеристики, да те одтргне од сметњи од страна за да се задлабочиш во материјалот , нема сурфање уз пат. Ќе читаме или ќе се заебаваме? :p.

Во однос на Кобото, дали си сеуште задоволен, дали пак би го купил и секако дали сметаш дека 8 инча (кај Ониксот) е долгорочно подобар избор.
Втората верзија на Кобото H2O2 како што читав на форуми (и според тебе) не е апгреjд и текстот е малку поматен така да треба првава да се земе refurbished или на старо.
Во однос на моево сум презадоволен, ама сменета е ситуација на пазарот моментално така да кога сега би требало да купувам би се мислел дали H2O или H2O2. Почињам и јас да сакам да имам со жолто светло :). После скоро година користење, гледам дека и 8ГБ би биле доволно.Моментално имам вкупно 20ГБ(околу 17 достапни) и не сум го приклучил на пц едно 6 месеци откако го наполнив со книги и стрипови.Со 8гб нека бидат 2-3 месеци за обнова на материјал, а ако читаш само книги и ги наполниш тие 8ГБ(околу 6 достапни) нема години да го приклучиш :).
Тоа што екранот бил поматен, сигурен сум дека нема ни да го приметиш ако не земеш еден до друг да споредуваш.
Покрај другото, H202 е еден од ретките актуелни модели за кои не сум прочитал скоро ниедна поплака.
И најбитното зашто би се мислел меѓу 1 и 2, е пошто на кецот гледам му ја напумпале цената на околу 200$ и е исто ко двојчето. Да беше кецот 130-140$ Колку што беше последно кога го гледав, без двоумење би ти препорачал кец како бест бај, али вака...

Фајловите ми се 99% Epub (се знае од каде) :).
Ако читаш само книги(епуб), тогаш немаш апсолутно никаква потреба од 6.8 или повеќе инчен екран.Подобро ти е 6", покомпактно за носење.
Во овој случај Kobo Clara HD за 140$:
-300 ppi екран
-8ГБ сд картица во внатрешен сд слот која можеш по желба да ја замениш за поголема, прилично е лесен за отварање.
-Дополнителни жолти диоди за осветлувањето

Сигурно нешто испуштив, али во моментов толку ми текнува.

П.С.
И јас имам 3-ка, ама страв ми да помислам дека ќе морам да користам модел со тач скрин ако (кога ќе) му се деси нешто на мојов. ;)
Каква ретардирана глупост е тач скрин UI на уред кој во 99.99% од времето единствена интеракција со корисникот, му се две команди: страница напред, и страница назад.
Ете решен е проблемот со физички копчиња :) (ја имам предвид формата), башка голем екран, м м м м.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
Aууу... Колега @DeJaVu ти баш го пратиш пазаров на нови ебук ридери. :)

@Delta111 фала на идејата за Caliban's War, баш ќе ја пробам - треба да отвориме една тема со препораки и кратки рецензии за книги... Ако некако успееме да ја разрешиме мистеријата во кој дел од форумов да го направиме тоа, а да не е во офтопик делот од форумот. ;)
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.231
1.728
Скопје
Aууу... Колега @DeJaVu ти баш го пратиш пазаров на нови ебук ридери. :)

@Delta111 фала на идејата за Caliban's War, баш ќе ја пробам - треба да отвориме една тема со препораки и кратки рецензии за книги... Ако некако успееме да ја разрешиме мистеријата во кој дел од форумов да го направиме тоа, а да не е во офтопик делот од форумот. ;)
Чекај па ти , одма тема за препораки. Треба прво да ги прелажеме некако дечкиве овде да се тргнат малку од пц и од таблет :p :)

Calibans War е само втора книга од Еxpanse серијата која се состои од 7 , а годинава и 8-ма книга ќе искочи. Така да , пази на што се нафаќаш :).
Не сум ги почнал, али ми се на мени и мене.
Пошто ни се слични вкусовите еве и од мене 3 препораки:
1.Red Rising (4 книги) - првите 3 ги имам прочитано и се одлични, звер е писацот на поле на развој на ликовите и ептен добро знае да грабне книгата баш ради тој факт, средно комплексни изрази и не е тешко да се прати на англиски(сеа зависи и кој колку знае нели).
2.Inverted World - Поодамна ја имам читано оваа, ама е ептен у пм добра, и памтам дека ми е една од ретките книги што кога ја завршив ми беше ептен бед што нема уште, ко да ми убиле близок :).
3.Brave new World - Ја ставам трета, ама ми е на врв на сите листи, и ако некој ја нема прочитано, под итно одлагање све останато и правац на неа.Напишана е 1932 година. Кога ќе ја прочитате книгава, ќе си речете типов или временска машина имал, или некој јак фраер ја прочитал и си рекол "Е вака ќе го моделирам модерниот свет". Ајде фаќајте се за работа :)
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.231
1.728
Скопје
Одамна се токмам да купам e-reader и никако да се наканам. Сега онака прошалтав по ибеј и налетав на ова: Kobo Clara HD 6" eReader wth ComfortLight PRO N249-KU-BK-K-EP | eBay

Не е малце-многу-ефтино? Фејк листинг е или навистина одат волку ефтино non-kindle ридерите?
Дефинитивно е фејк, нов продавач со 19 фидбек и апла нереална цена. И да пробаш парите во секој случај нема да ги изгубиш, ибеј или пејпал ќе ти ги вратат, али времето дефинитивно ќе си го изгубиш :).
Имаш линк во тој големиот пост погоре за Clara HD, и e 140$
 

Delta111

hello world
23 мај 2010
134
146
@DeJaVu, @Lokvan,

Благодарам за одговорите, вредни сугестии од двајцата!

Инаку да не сфатите дека веќе сум решил па само барам потврда за решеното навистина ценам што одвоивте време. Целиов муабет го сметам како размена на искуства па можеби нашиот муабет ќе го поттикне или ќе му помогне и на некој друг да се одлучи полесно што да земе или да почне да размислува дека е-читач е потреба а не луксуз (тргам на страна финасии што е проблем сам по себе на нашиве простори).

Инаку моите искуства за неколку месечно следење форуми е следно.

Кобо како читачи додека работат се одлични но ако имаш фалинка поддршката и гаранциите се лоши. На форуми луѓе доста се жалат и на кварови и на лоша поддршка отпосле. Сурфање и слично се небитни кај Кобо, тоа е е-читач главно за епуб коишто додека работи е главно одличен/добар но ако се расипе подобро купи нов наместо да чекаш замена од Кобо. Со оглед што кај нас и ги нема во продажба состојбата со гаранции станува уште полоша. На форуми се жалат и на проблем со осветлувањето (мене ми е битно) и ако им се падне таков примерок го враќаат за замена додека тука е тоа неможно заради непостоење на физичка продавница.

Кобо Форма, топ перформаси, цена боли глава за е-читач но ако се премине преку цената (што е каде каде набиена) остануваат два проблема. Едниот е класичната “ако се расипе фрли го“ а вториот е наводното треперење на комфорт лајтот таканареченото PMW flickering. Не сум сигурен ова второво дали е навистина проблем а немам човек што се разбира во лед светилки па да објасни при долготрајно користење (знам да се зачитам и со саати не само по пола час на ден) дали е воопшто потенцијален проблем или надуена работа. Многу седам пред компјутер и не би сакал очите да имаат никаков додатен напор од е-читачот значи очекувам напор не поголем од печатена книга. Тоа е мојата дилема со Формата во момент.

Зашто ми се допаѓа андроид читач. Самата идеја дека можам да читам пола саат па да уклучам браузер да посурфам десетина минути, да побарам непознат збор во речник или да уклучам друга апликација некако ми делува многу примамливо. Додека читам книга на странски јазик (не само англиски) многу ми помага веб конекција заради речниците и википедија така да почнав да си правам планови да го користам читачот наместо таблет во поголем дел од времето. Сепак можеби сосема грешам и сурфањето треба во сегашнава фаза да го заборавам, затоа и е добро да се слушне фидбек од корисници.

Затоа и ја спомнав Kaliban's War. Читајќи ја на таблетот барем десетина пати уклучив браузер да прочитам повеќе детали за некој лик, колку серијата ја следи книгата, по кој ред да се читаат книгите, мислам јасно ви е ептен (мене лично) ми се зголенува ќеифот кога ја имам и таа сурфачка опција во читачот. Од друга страна точно е и дека можеш да го имаш таблетот до себе па наместо еден уред да користиш два.

Во однос на големината на екранот одам по следниве карактеристики. Освен книги сакам да читам и стрипови (имам веќе колекција) и читајќи го @DeJaVu заклучив дека 8 инча е идеално за стрипче во помал формат. 10 инча за секојдневно читање некако ми се оверкил, 6 инча ми личат премалку а 8" идеален компромис. Идеално би било два читача помал за книги и стрипови, еден поголем за PDF и еден голем таблет 13" за PDF списанија и таман да се банкротира :carefree:. Од некаков компромис за подобри времиња некако ми личи 8 инча е идеално.

Тапо е што кај нас не можам да отидам во продавница и во живо да видам како некој уред функционира поготово ако на корисникот (како мене) му е прв пат.

Во МедиаМаркт (Дојчланд) пред 7-8 годиони ги имаше изложено еден до друг десетина читача и знам дека бев фасциниран од екраните што немаат одблесок ама тогаш ни на крај памет не ми беше да зимам така да сега треба да решам на слепо и нормално дека добро сакам да проценам пред да пресечам.

@DeJaVu

Onyx многу напреднаа од последен пат кога си ги прател. Сега се искуствата од позитивни до многу позитивни. Полека навлегуваат и на западен пазар и имаат генерално многу малку кварови во однос на Кобото.

Мојот идеален читач би бил Кобо Форма со хардверот и софтверот на Boox Nova. На таблетот многу ме нервира што секое случајно додирнување на ивицата на екранот ќе ми заврти рандом неколку страници. На кого му текна тач екран за вртење страници на е-читач срам и арам да му е. Физички копчиња се според мене многу битна карактеристика.

Топ би било да се најдеме уште неколку па па да ги споредиме читачиве, многу фалат информации за темава посебно кај нас :).
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
Тач функционалноста на жалост е резултат на неедуцирана јавност на чии барања произведувачите го прават овој потез. :-/

Туку друже @Delta111 еве неколку мои согледувања кои сакам да ги истакнам затоа што мислам дека како таблет/смартфон корисник можеби не ги разбираш сосема.


Прво за Англискиот Речник... Колку што знам, не само Киндл туку и сите читачи би требало да имаат вграден речник. Кај Киндл има некоја верзија од Оксфорд, но можеш да ставиш кој сакаш друг дигитален речник (се разбира, треба да биде во соодветен формат).
Практично како што читаш и доаѓаш до збор кој сакаш да го провериш, едноставно го селектираш зборот и веднаш излегува мало прозорче со објаснување - кое ако сакаш можеш да го кликнеш и да отидеш во речникот и да прочиташ подолг текст за тој збор. Краткото објаснување често е доволно за да се потсетиш/видиш што значи зборот.

Не мора да отвараш бровсер или било што друго! :)
Внатре во книгата си проверуваш речник. :carefree:

Како што кажа колегата @DeJaVu тие т.н. отворени ебук ридер се само најевтиниот пат за произведувачите до софтверска подршка. Генерички неоптимизиран Андроид оперативен систем, и апликација за читање. Плус куп непотребни апликации кои нема да ги пуштиш повеќе од еднаш.
Ова го прават малите кинески произведувачи пошто така им е најевтино. И се рекламираат као на нашиов уред може да се исталираат кои сакате апликации. Но тоа се апликации кои нема да се користат, заради ограниченоста на е-инк екранот, а неоптимизираноста ја троши батеријата, и куп други глупости.


Друга работа, за осветлувањето.
Ова замарање со заднинското осветлување често го слушам/читам. Разбирливо е пошто луѓето доаѓаат од друг свет, со кориснички искуства од таблети и смартфони. Од тоа искуство се прават очекувањата и за ебук ридерите... Што е погрешно. :)

Ебук ридерите немаат потреба од заднинско осветлување!
Вистина е! :eek:h:

Кога се чита од ебук ридер, потребно е, всушност неопходно е добро и убаво осветлување, потполно исто како кога се чита од хартиена книга. Овој момент често мора да се доживее за целосно да се разбере. Заднинското осветлување смета во читањето и ги замара очите, потполно исто како што тоа го прават таблетите и телефоните.
Главната предност на е-инк екраните е баш тоа што НЕМААТ ПОЗАДИНСКО СВЕТЛО! :eek:h:

И сега веројатно се чудиш откаде тогаш испаднала функционалноста за позадинско осветлување кај ебук ридерите?

- Позадинско осветлување кај ебук ридерите произведувачите го уведоа од истите причини од кои се уведоа тач екраните наместо класични механички копчиња. Муштериите го бараат тоа. А да се сетиме дека муштериите доаѓаат од појдовно искуство на користење на таблети и телефони. Следствено и ебук ридерите ги замислуваат како таблети и телефони, и бараат функционалности како тач екрани и заднинско светло.



Затоа јас би ти го советувал следново: најдобро е да имаш два ебук ридери, еден основен модел за читање книги и еден физички поголем уред за стрипови. Или ако не си по стрипови, тогаш помал ебук ридер е позгоден за употреба. Големите уреди се потешки и понезгодни за користење.

За крај уште еднаш сето ова накратко и сублимирано: „Затворените“ уреди како Киндл, Кобо се подобри, поисшмирглани, и поквалитетно направени. Не знам за Кобо, ама за Киндл има куп продавачи на Алиекспрес кои продаваат заменски делови. Јас сам си го заменив екранот, кој го искршив од невнимание. Какво олеснување беше тоа! :)
Популарноста на еден уред е голема предност за достапност на заменски делови. За добар дел од ебук ридериве, кршење на екран (или дефект на друг дел) значи фрлање на уредот.
Понатаму. Бровсер и апликации не ти требаат - освен можеби ако си некој како мене кој не користи смартфон, но ебук ридерите секако се многу лимитирани дури и за повремена употреба на бровсер или било што друго освен читање. Тоа е неупотреблива функционалност која реално служи само за рекламирање.
Понатаму. Осветлувањето е небитно, или во најдобар случај - споредно. Реално заднинско осветлување би требало да се користи само во ситуации каде нема осветлување, како на пример навечер во автобус. Кога си дома, секогаш подобро е за тебе и за твоите очи да користиш добро собно осветлување (жаруља сијалица, или ЛЕД со висок CRI фактор). Читање во автобус или кола, често прави motion sickness што е исто што и „морска болест“. За во автобус или аутомобил препорачувам аудиокниги. Многу посоодветно и нема „морска болест“. :)
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.231
1.728
Скопје
@DeJaVu, @Lokvan,

Благодарам за одговорите, вредни сугестии од двајцата!

Инаку да не сфатите дека веќе сум решил па само барам потврда за решеното навистина ценам што одвоивте време. Целиов муабет го сметам како размена на искуства па можеби нашиот муабет ќе го поттикне или ќе му помогне и на некој друг да се одлучи полесно што да земе или да почне да размислува дека е-читач е потреба а не луксуз (тргам на страна финасии што е проблем сам по себе на нашиве простори).
Сугестиите се гратис , на крај ти ќе си решиш што ќе земеш, дали веќе претходно избрано или не ти најдобро си знаеш :).
Ич не е луксуз, пошто кај нас за среќа се бесплатни е-книгите, со 20-30 више си му ги извадил парите на некој поефтин модел.

Инаку моите искуства за неколку месечно следење форуми е следно.

Кобо како читачи додека работат се одлични но ако имаш фалинка поддршката и гаранциите се лоши. На форуми луѓе доста се жалат и на кварови и на лоша поддршка отпосле. Сурфање и слично се небитни кај Кобо, тоа е е-читач главно за епуб коишто додека работи е главно одличен/добар но ако се расипе подобро купи нов наместо да чекаш замена од Кобо. Со оглед што кај нас и ги нема во продажба состојбата со гаранции станува уште полоша. На форуми се жалат и на проблем со осветлувањето (мене ми е битно) и ако им се падне таков примерок го враќаат за замена додека тука е тоа неможно заради непостоење на физичка продавница.

Не очекувај поддршка од било кој ако земеш преку ибеј или али, во најдобар случај рачунај дека имаш гаранција додека ти трае протекшн периодот на платформата од која си го купил. На ова поле амазон се без конкуренција, али колку што знам веќе не испорачуваат киндл кај нас, така да и со нив незнам колку би било безболно искуството со киндл земен од ибеј ил слично.
Ако те секира тој момент, онда едина опција ти е пејпрвајт од анхоч или невада(futureshop.mk) или да ги прашаш во невада дали можат оазис да ти донесат и по која цена.
Постери со бајаги мислења и едно чудо читачи пројдено низ раце, тврдат дека немале ниеден со перфектно осветлување, други па се колнат дека нивните биле перфектни. И кај ист модел има варијации кај осветлувањето од читач до читач. И на моево има доле десно еден регион малку потемен споредено со останатата површина, не ми смета и не го ни преметувам при читање, некој може па ич и да не го примети тој момент.Друг па може 5 пати да го менува ради таква ситница според мене, и на крај да заврши со полош :) . Се зависи од тоа кој колку е цепидлака и какви му биле очекувањата пред да купи, пошто на рекламните материјали кај сите е перфектно осветлувањето :) . Ако бараш перфекција, онда само офлајн и отварај читачи дур не најдеш или дур не те избркаат од дуќан :p .
И кога читаш форуми , не заборавај дека генерално пишуваат луѓе што имаат проблеми, на кој му е ок не се фали.Така да што по популарен е брендот/моделот толку повеќе негативни коментари ќе најдеш. Плус и фанбојизам е присутен, поготово за киндле(во мои очи е ајфон во светот на читачите).

Кобо Форма, топ перформаси, цена боли глава за е-читач но ако се премине преку цената (што е каде каде набиена) остануваат два проблема. Едниот е класичната “ако се расипе фрли го“ а вториот е наводното треперење на комфорт лајтот таканареченото PMW flickering. Не сум сигурен ова второво дали е навистина проблем а немам човек што се разбира во лед светилки па да објасни при долготрајно користење (знам да се зачитам и со саати не само по пола час на ден) дали е воопшто потенцијален проблем или надуена работа. Многу седам пред компјутер и не би сакал очите да имаат никаков додатен напор од е-читачот значи очекувам напор не поголем од печатена книга. Тоа е мојата дилема со Формата во момент.

Бев еден од првите што ги изруга на мобилрид за моментов со пвм, се откажав у новини од нив што се вика :). Али тоа пошто пвм ми е тригер зборче, се заради претходни искуства со ефтини лед сијалици и ламби на кои пвмот им а со ниска фреквенција и кој и те како можам да го приметам и ме нервира. После иницијалниот шок и преварување на информацијата ко што треба, не сметам дека е причина да се прескокне формата само ради тоа.
Претходниот монитор што го имав ми беше со пвм на 240HZ, а моменталниов ми е без, и неможам да кажам дека приметувам разлика или дека ми сметал претходниот, а окапував пред него исто како и пред моменталниов.
За да се измери на која фреквенција работи пвмот треба да се брцне осцилоскоп на диодите, досега точно колку што знам го нема никој измерено, али има видеа на јутјуб кај што го прикажуваат моментот.На 240фпс видео гледам 4 линии, што би му дошло 960hz фреквенција на пвм, што е одлично споредено со други уреди(ајфон Х пример има 240Hz) и не верувам дека некој би го приметил при користење.
Веројатно имале добра причина да го реализираат на тој начин, не верувам дека сакале да заштедат долар на уред од 300 :). Причина што ми паѓа на ум, е дека со константна волтажа кај диодите се менува спектарот при измени на нивото, пвм не пати од тој момент.
Едина негативна ситуација што би можела да се деси е ако ти е запалено светлото на формата, а во позадина имаш сијалица со пвм фреквенција не делива со 960hz , тогаш веројатно би го приметил(што помала разлика толку полошо). Мада ако више имаш сијалица запалено зашто би го користел светлото од читачот нели...

Зашто ми се допаѓа андроид читач. Самата идеја дека можам да читам пола саат па да уклучам браузер да посурфам десетина минути, да побарам непознат збор во речник или да уклучам друга апликација некако ми делува многу примамливо. Додека читам книга на странски јазик (не само англиски) многу ми помага веб конекција заради речниците и википедија така да почнав да си правам планови да го користам читачот наместо таблет во поголем дел од времето. Сепак можеби сосема грешам и сурфањето треба во сегашнава фаза да го заборавам, затоа и е добро да се слушне фидбек од корисници.
Затоа и ја спомнав Kaliban's War. Читајќи ја на таблетот барем десетина пати уклучив браузер да прочитам повеќе детали за некој лик, колку серијата ја следи книгата, по кој ред да се читаат книгите, мислам јасно ви е ептен (мене лично) ми се зголенува ќеифот кога ја имам и таа сурфачка опција во читачот. Од друга страна точно е и дека можеш да го имаш таблетот до себе па наместо еден уред да користиш два.

10 минутно сурфање на е-ридер трае 30 минути :p:) . Така да подобро таа работа на мобилен или на таблет да си ја завршиш.
Речници имаат вградено(претпоставувам дека исто и андроидиве имаат) и со селектирање на зборот добиваш дефиниција, како дополнителна опција на кобово(незнам за другите) имаш да го пребараш зборот на вики или гугл, ти искача бровсер попап директно врз книгата.


Во однос на големината на екранот одам по следниве карактеристики. Освен книги сакам да читам и стрипови (имам веќе колекција) и читајќи го [USER=7015]@DeJaVu
заклучив дека 8 инча е идеално за стрипче во помал формат. 10 инча за секојдневно читање некако ми се оверкил, 6 инча ми личат премалку а 8" идеален компромис. Идеално би било два читача помал за книги и стрипови, еден поголем за PDF и еден голем таблет 13" за PDF списанија и таман да се банкротира :carefree:. Од некаков компромис за подобри времиња некако ми личи 8 инча е идеално.
[/USER]

6 инчи - алан форд, макс магнус и други со таа големина
6.8 инчи - Мистер но, Загор, Дилан дог, Марти Мистерија и други со таа големина. На оваа големина на екран имаат букви со гоемина колку што има во книга(извадив 2 рандом од библиотека баш да споредам)
7.8-8 инчи - Мислам дека и поголемиве нема да се проблем за читање. Како вокинг дед пример, кој и на 6.8 се чита ,ама реално ситни се буквите.
10 инчи - као идеален за пдф според мислења и цена/големина, мада може и на помаливе со малку магија.Кога го имав киндлот читав понекоја редка книга во пдф конвертирана со k2pdfopt , ги зголемува буквите според уредот што ќе го избереш во подесувањата.Незнам како би се справило со некој пдф со слики пошто ептен ретки ми се фајлови во пдф и не сум пробал.

[QUOTE="Delta111, post: 1113180, member: 6037"]
[USER=7015]@DeJaVu

Onyx многу напреднаа од последен пат кога си ги прател. Сега се искуствата од позитивни до многу позитивни. Полека навлегуваат и на западен пазар и имаат генерално многу малку кварови во однос на Кобото.
[/QUOTE]
Пак ќе кажам, зависи од популарноста на моделот/брендот на колку поплаки ќе налеташ.А и зависи кај читаш.За оникс на руски форуми имаш највеќе информации.

Мојот идеален читач би бил Кобо Форма со хардверот и софтверот на Boox Nova.
Стварно ме изнасмеа фразава :) , претпоставувам нешто друго имаше во предвид, пошто вака искача дека Boox Nova би бил идеалниот за тебе без никакви измени :)[/user]
 

Delta111

hello world
23 мај 2010
134
146
@Lokvan, @DeJaVu

Полека ми се кристализира сликата така да ќе сублимирам:

1. Осветлување е добро да се има но не е приоритет за купување.

2. Браузер или други андроид апликации се небитен критериум за е-читач.

3. За книги (само текст) и за мобилност ако често се чита надвор сосема е доволен 6 инчен читач (да се стави во чеб на јакна).

4. За читање во домашни услови книги + стрипови идеално е 8 инча.

5. За PDF и списанија од 10 инча нагоре.

@Lokvan

Се откажав од Киндл затоа што сите книги ми се во epub и некако не ми се конвертира секоја со Калибр. Јасно ми е дека текстот се подесува, дилемите ми беа други но со муабетов ги расчистивме.

@DeJaVu

Мислев на Кобо Форма со физичките копчиња на андроид систем и појак процесор но се согласивме дека е небитно сурфањето така да Формата можеби е многу добар е-читач. Одлично е објаснувањето за PMW најверојатно обострано сме се читале на mobileread :).

Фала ви на двајцата за советите, генерално ми ги разрешивте дилемите. Некако ми се кристализира слика дека е пожелно да се има еден мал читач за надвор и еден поголем за дома но заради фактот што често читам надвор на мобилен најверојатно ќе земам 6 инчен како прв читач (засега инклинирам кон Кобо заради epub без конверзија) а потоа во подобри времиња (ем да не се залетам па да ми биде криво) би земал и еден поголем 8 или 10 инчен.

Уште еднаш фала на двајцата :).
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.427
5.585
Се откажав од Киндл затоа што сите книги ми се во epub и некако не ми се конвертира секоја со Калибр. Јасно ми е дека текстот се подесува, дилемите ми беа други но со муабетов ги расчистивме.
A да ги разгледаш „хаковите“ што овозможуваат поддршка за епуб и пдф на киндле?
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
Дури и без хакови за epub, функционалноста на Calibre e потребна и корисна.
@Delta111 секако ќе мора да користиш најмалку некој фајл менаџер, така? Calibre е тоа и многу повеќе. Има аддони за разните ебук ридер, некои работи полесно се прават така отколку на самите уреди каде можностите на корисничкиот интерфејс се ограничени.
Исто згодно е тоа што Calibre книгите ги организира во библиотека, можеш да додаваш забелешки и многу други работи. И на крај, секако некои книги ќе ги најдеш во разни ебук формати, ги има десетици - не е само epub.

Calibre e потребна и корисна алатка за секој корисник на ебук ридер. :)


и фанбојизам е присутен, поготово за киндле(во мои очи е ајфон во светот на читачите).
Неспорно дека тоа секогаш постои за било кој популарен бренд, само во случајов споредбата со Ејпл и со Ајфон не е соодветна. :)

Ејпл и ајфоните се статусен симбол, кратко и јасно. Моделот на бизнис им е дека хипстери и проста раја секогаш се спремни да фрлаат јаки пари за статусни симболи. Има и сиромашни лузери, со ајфони во џепот - макар во телефонот да изгледа дека не се сиромашни.

Ејпл и ајфоните се скапи, луксузни производи.
Од друга страна бизнис политиката на Амазон, со Киндл ебук ридерите е сосема различна. Цената на самиот хардвер е прилично ниска, за она што се добива. Дури мислам дека Амазон не прави голем профит на уредите (ако воопшто).
Бизнис политиката на Амазон, е да продадат што повеќе Киндлови затоа што... Затоа што потоа корисниците директно од Киндл ќе купуваат книги од Амазон. Амазон прави неспоредливо поголем профит од продавањето книги, отколку од профит од продавањето на самите ебук ридери.

Слично како конзолите за играње, се јадат меѓу себе во цените на самите уреди, затоа што бројот на продадени козоли значи повеќе корисници кои потоа ќе купуваат игри од нив - а во тоа е вистинскиот профит.

Само што ние овде не сме богати како во западните општества, па пиратираме книги наместо да ги купуваме. Јас лично радо би платил некои 5-10% од сумата - што е и дарежливо, од аспект на разликите во животниот стандард (и тоа што копиите се дигитални, па реално немаат трошоци како за хартиените книги)...

Затоа мислам дека Киндл е добар пари-перформанси избор за основен читач. Цената е прифатлива (основниот модел е накај 4к во Анхоч?), а хардверот е прилично квалитетен. Јас мојот уред СЕКОЈДНЕВНО го користам повеќе од седум години... ОК минус пола година кога морав да заменам скршен екран. :)

Тоа не значи дека другите ебук ридери не се добар избор, гледано од други потреби и други замисли. Мене ми треба еден ридер со поголем формат за стрипови, само не се брзам и никако да налета понуда која не се одбива... ;)
@Delta111 како што веќе реков, што и да одбереш - ќе уживаш во читањето неспоредливо повеќе од искуството со читање на таблет. Можам да се обложам во тоа. :)
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.231
1.728
Скопје
@Lokvan Фанбојизам во смисол дека не се согледуваат објективно минуси кај нив а плусови кај конкуренција. Ти ептен влезе :).

Се откажав од Киндл затоа што сите книги ми се во epub и некако не ми се конвертира секоја со Калибр. Јасно ми е дека текстот се подесува, дилемите ми беа други но со муабетов ги расчистивме.

Фала ви на двајцата за советите, генерално ми ги разрешивте дилемите. Некако ми се кристализира слика дека е пожелно да се има еден мал читач за надвор и еден поголем за дома но заради фактот што често читам надвор на мобилен најверојатно ќе земам 6 инчен како прв читач (засега инклинирам кон Кобо заради epub без конверзија) а потоа во подобри времиња (ем да не се залетам па да ми биде криво) би земал и еден поголем 8 или 10 инчен.

Уште еднаш фала на двајцата :).

Нека не ти биде пресудно при избор тоа со конвертирањето пошто имаш и булк конверт опција на калибрето, сите одеднаш да ти ги среди.А и плус од @moongose информацијава за хакчето уште понерелевантен фактор го прави конвертирањето. Само можно е да се губи гаранција ако се џеилбрејкне за да се стави хакот, во случај да е земен локално киндлот.
Мене повеќе ми прави мерак кларата вс пејпрвајт, мал допринос цената, комфортлајтот, и пошто е помала по димензии.На некој може да му е порелевантна водоотпорноста што ја има најновиот пејпрвајт.
Kobo-Clara-vs-Kindle-Paperwhite.jpg

Паметен избор да земеш помал/поефтин да видиш како ќе го користиш и да знаеш што точно да бараш во поголемиот.

Иначе ме интересираше дали и за колку би донеле оазис во невада па им се јавив, и успат дознав дека ни кај нив нема пејпрвајт на лагер, со 3 недели чекање може од новиот да се нарача за околу 10.5К. Кажа младичот ќе ми пуштел маил со точни цени, а узпат ќе прашал дали "amerikanskiot partner" може и кобо да обезбеди (клара и форма), па може и за нив евентуално да имам нешто инфо утре.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
Нема нешто ново за сериско производство на ридери со е-инк екрани во боја?
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.231
1.728
Скопје
Нема нешто ново за сериско производство на ридери со е-инк екрани во боја?
Остај не ми спомињај, џабе радовање. Нит клиринк нит бутур а камоли па ацеп.
Белким ќе пуштат нешто бар годинава, али не ми налетало ништо ново на темава.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
Дури и кога ќе испаднат, првите генерации на ридери со е-инк екрани во боја ќе бидат баснославни скапи, и ќе имаат „дечји болести“... Ама од друга страна мислам дека ќе има наплив од поголеми црнобели ридери заради чистење лагер. ;)
Најмногу се зимаат за стрипови, и сите ќе сакаат да можат да читаат стрипови во боја.

Никако да налета некој поевтин поголем ридер, нешто основно без моменти како фенси поздинско осветлување, итн. :-/
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.123
7.810
Имам Kindle Paperwhite ваљда поише од три години. За PDF е речиси неупотреблив. Позадинското врши работа за ноќе да не пречиш никому кога читаш. За онлајн конверзија кога те мрзи да го палиш Калибр:

Amazon.com: Send to Kindle by E-mail
Специјално за ПДФ - PDFs can be converted to the Kindle format so you can take advantage of functionality such as variable font size, annotations, and Whispersync. To have a document converted to Kindle format (.azw), the subject line should be "convert" when e-mailing a personal document to your Send-to-Kindle address.

Online ePub converter
 

Noumenon

hello world
14 ноември 2009
220
164
Јас користам "push to kindle" екстензија на хром и апликација за да праќам подолги статии од веб.

За PDF ако ептен некој сака да чита од kindle, а содржината е премногу комплексна односно не е само текст за лесно да се конвертира, би му препорачал да ја конвертира во пдф ама сликовен формат - хоризонтално преку k2pdfopt, така што 1 страна би дошла = 2 налегнати (така и ќе мора да се чита). Далеку од совршено решение и големината на фајлот би била прилично голема (тоа нема да ја афектира негативно брзината), ама во некои случаеви обично, за стручни книги или пак за скенирани и нема подобро.
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.231
1.728
Скопје
Дури и кога ќе испаднат, првите генерации на ридери со е-инк екрани во боја ќе бидат баснославни скапи, и ќе имаат „дечји болести“... Ама од друга страна мислам дека ќе има наплив од поголеми црнобели ридери заради чистење лагер. ;)
Најмногу се зимаат за стрипови, и сите ќе сакаат да можат да читаат стрипови во боја.

Никако да налета некој поевтин поголем ридер, нешто основно без моменти како фенси поздинско осветлување, итн. :-/
Ќе видиме што ќе биде...

Иначе брка осветлувањето работа, не би земал без, пошто увек имаш опција да го исклучиш нели.Можда ќе се премислиш кога ќе имаш таков, пошто и онака кога ќе ти дојде време, нема да имаш опција без светло да земеш :).
А за тачот што го ругаше во претходен пост, искрено и јас бев скептик пошто првиот ми беше без, али ептен е позгодно.Главна грижа ми беше дека ќе се шмрља, али далеку од тоа, мат се екраните и не се лепат отпечатоци на нив ко на пример на таблет.Го забришувам прашинки само кога ќе собере, досега ниеднаш ради отпечатоци.

Него погоре спомна дека ајфон бил статусен симбол, еве да те побијам :)
Nevada.jpg

Ете и еридер да земеш кај нас стана статусен симбол :p :) .

Ми спомна дечкото на телефон дека нешто царинските стапки им ги смениле, па затоа се поизгор цените(вчера ми кажа дека би требало 10.5к да биде пејпрвајтот).
Али само што ги проверив најновите царински стапки од 2019, и таму не е променето ништо, како што беше само 18% ддв за е-ридер така и си е.Така да за нас како физички лица не е променето ништо. Под реден број 13843 се еридери кој сака да си препровери.
Според ова, едина варијанта останува нарачка од странство, апсурдно би било да се земе од тука. Плус постои и можноста да се пројде и без тие 18% во зависност колку се преоптеретени во пошта.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
Ајде бе, ова се стварно ретардирани цени... :supershock:
За 4 илјади го земав Киндл 4-ката и тоа од овде, од Анхоч. Претходно за некои ~150 долари Киндл киборд (3-ка) го нарачав.

Сега да купувам ебук ридер, би земал најевтина достапна опција. Потоа на следно патување некаде во ЕУ, би земал некој голем модел. Или би нарачал на адреса на хотел/смештај/познаник.


Јаки маржи удираат овие од Невада, а?
Како и да е, јас 500 евра за ебук ридер не би платил. Виделе Амазон дека има волна за шишање. И не само тие, и на Кобо цениве се изгор. Ама па со цениве на телефоните... Колку се најновите ајфони, идат на 4 цифри бројка (во евра)?
Луѓево телефони менуваат на 2 години, а ебук ридер се користи многу подолго.

Мислев дека Кинезите ќе влезат во бизнисов со ебук ридери, и ќе направат бум во нискиот сегмент на пазарот. Не ми е јасно како не се деси такво нешто до сега... Искача дека првите неколку генерации на Кинд имале скроз дампинг цена на хардверот. Како што објаснив, пошто вистинскиот профит Амазон го прави на продавањето книги.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно