Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Премиум членство: Basic и 1337 стануваат една Pro претплата

ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
304
1.082
www.IT.mk
Со IT.mk v7 го поедноставуваме моделот на премиум членство, односно претплата. Basic и 1337 повеќе нема да постојат како одделни членства.

Отсега ќе има една претплата:
IT.mk Pro: 588 денари годишно

Во суштина, досегашното 1337 членство станува Pro, но со значително пониска цена.

Досегашните цени беа:
  • Basic: 499 денари годишно
  • 1337: 1.500 денари годишно
  • сега Pro: 588 денари годишно
Што се случува со постојните членства?

Сите активни членства автоматски ќе бидат префрлени на Pro. Не треба да преземете ништо. Постојните Basic членови веднаш стануваат Pro и го задржуваат постојниот датум на истекување. Нема доплата. Пример: доколку сте купиле Basic пред две недели, ќе имате Pro во преостанатиот период од вашата едногодишна претплата.

Постојните 1337 членови ќе бидат префрлени на Pro, а неискористениот дел од уплатата ќе биде претворен во дополнително Pro време според новата цена. Пример: доколку сте купиле 1337 пред две недели, преостанатата вредност од членството ќе ви обезбеди приближно 895 дена Pro, односно околу две години и пет месеци.

По истекувањето, обновувањето ќе биде по новата цена од 588 денари годишно.

Што добиваат Pro членовите?
  • Попусти на IT.mk/market за Pro членови - ова останува како за 1337 што беше. На скоро секој производ ќе бидат прикажани цени за премиум членови со дополнителни попусти. За Pro членови ќе има и периодични акции со одредени купони и дополнителни попусти и промоции.
  • Посебна Pro секција на форумот - Само Pro членови ќе имаат пристап до посебен дел од форумот за комуникација, размена на информации и дискусии, темите ќе бидат ограничени - наскоро ќе дообјасниме. Во таа Pro секција IT.mk тимот ќе споделува: рани информации и најави, белешки и новости од IT.mk, информации за идни настани, содржини и теми наменети за активните членови.
  • Огласи на почетната страница - огласите објавени од Pro членови ќе можат да се појавуваат и во главниот feed на IT.mk, со што ќе добијат значително поголема видливост.
  • До три лични огласи месечно - Pro членството е наменето за физички лица и овозможува објавување до три лични огласи месечно.
  • Компании, продавници и лица што редовно продаваат производи како деловна активност нема да можат да користат лична Pro претплата за таа цел. За нив воведуваме верификуван компаниски профил, по цена од 9.999 денари годишно. Компаниите ќе можат да објавуваат до 30 огласи месечно во посебна секција, одвоена од личните огласи.
Што се менува со рекламите?
На бесплатните профили повторно ќе се прикажуваат класични рекламни банери. Pro членовите нема да гледаат класични банери. Во главниот feed и понатаму може да се појавуваат таргетирани нативни спонзорирани картички, како понуда од партнер или бренд или пак логоа од компании на одредени форум секции. Овие објави ќе бидат јасно означени како спонзорирани и може да им се прикажуваат и на Pro членовите. Pro членовите ќе имаат можнсот да ги исклучат дел од комерцијалните понуди по свој избор.

Што повеќе не е дел од претплатата?
Поради изменетите регулаторни услови, месечните наградни игри (1337 giveaways) повеќе нема да бидат дел од членството. Со намалувањето на цената од 1.500 на 588 денари годишно, бесплатната маичка при зачленување исто така повеќе нема да биде вклучена.

Целта на Pro не е пакет со подароци, туку подобро искуство на IT.mk, поголема видливост, пристап до затворена секција и директна поддршка на македонската ИТ заедница.

Сите активни членови ќе добијат известување со новиот датум на истекување откако ќе биде завршена миграцијата.

Повеќе детали Претплата ⋆ IT.mk
 
Изменето од модератор:

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.805
10.119
Јас ова не можам да го разберам...

Во веста и идејата за v7 се зборува дека заедницата е компетитивна предност, она што го немаат другите портали.

Ние не сме редакција која што сака да штанца ИТ вести и да билда бројка на квантитативна посетеност, па затоа, размисливме убаво што е нашата компетитивна предност. Одговорот беше јасен: заедницата.

Ф̶о̶р̶у̶м̶о̶т̶ Заедницата се враќа на почетна​

IT.mk никогаш немаше да постои без форумот. Пред вестите, маркетот, индексот и сите други сервиси, имаше луѓе кои сакаа да разменуваат знаење и да разговараат за технологија. Тоа беше оригиналната идеја. Во 2007.
И сега врз база на тоа размислување, во новата претплата создавате посебен затворен дел кој нема да биде достапен за заедницата ако не плати за тоа.

Пример нема проблем моето постирање што го храни вашиот фид бесплатно, ама јас треба да платам ако сакам мојот оглас да биде на фидот.

Ова малку треба да се размисли, испегла, па пак да се размисли...
 

D

Администратор
31 март 2007
4.052
4.247
www.aqtos.com
Јас ова не можам да го разберам...

Во веста и идејата за v7 се зборува дека заедницата е компетитивна предност, она што го немаат другите портали.

И сега врз база на тоа размислување, во новата претплата создавате посебен затворен дел кој нема да биде достапен за заедницата ако не плати за тоа.

Дискусиите остануваат како што се. Тој дополнителен потфорум нема да има тема за графички, за клими итн. Ке биде повеќе за вмрежување на премиум членовите и за споделување инфо за што правиме со ИТ малку подетално како и покани до настани и слични промоции , а се надевам и некои добри партнерски зделки.

Нема да се тераат паралелни теми со тие на бесплатниот форум.

Пример нема проблем моето постирање што го храни вашиот фид бесплатно, ама јас треба да платам ако сакам мојот оглас да биде на фидот.

Ова е банална дискусија. Твоето постирање, нашите трошоци за хостинг, оддржување и мака 19 години да го тераме ова. Ај да ја сведеме на заеднички бенефит.

А да, ако сакаш твојот оглас од кој ти имаш директен ќар да добие примарен real estate и да биде прикажан пред повеќе луѓе како и да биде споделен на социјални медиуми, тогаш да, ке треба да платиш 49 ден/мес.

Ова малку треба да се размисли, испегла, па пак да се размисли...

Отворени сме за конкретни предлози.
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.176
18.795
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
600 денари годишно е ништо. Да не го тупиме беспотребно, не е задолжително.
Ова е највалидниот коментар во целиот муабет со претплати. Ни во кратово веќе нема еспресо за 58 денари, така да муабетов за претплатава е поскап од истата многукратно.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.805
10.119
Ова е највалидниот коментар во целиот муабет со претплати. Ни во кратово веќе нема еспресо за 58 денари, така да муабетов за претплатава е поскап од истата многукратно.
Тогаш очекуваме сите да станат PRO членови така?
Мислењето е автоматски споено:

Отворени сме за конкретни предлози.
Какви предлози, како да се монетизирате подобро?

Имаше едно време кога ви давав предлози, па седнавме да видиме предлози...

Среќа еве сте дале дампинг цена според другите членови, па без разлика што не нудите поволности, луѓево ќе ви даваат пари.

1784188976324.png
 
Последна промена:

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.176
18.795
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Тогаш очекуваме сите да станат PRO членови така?

Не, зашто мора сите да станат про членови? Форумот е доволно функционален и без никаква претплата. Ако некој процени дека треба да купи нешто и има 70 денари попуст ако земе претплата од 58 денари, тогаш нека си земе... или не... who cares! Ако некој едноставно сака да има паричка, нека си плати 58 денари месечно, again, who cares! Секој од тука има барем неколку претплати за разноразни сервиси, ова е исто, сервис, дали на некој му вреди или не, нека си реши и нека си плати... или не.
Јутуб можеш да користиш и без претплата, пак ќе слушаш музика и гледаш видеа, е сега ако сакаш некои поволности, тоа кошта 750 денари месечно, што не е мала сума, ама реши си дали ти вреди или не. Нетфликс кога кренаа цени и скинаа делење, јас го откажав акаунтот, поголема вредност ми има Јутуб, мене лично.

Да се дискутира за претплата од 600 денари месечно, и без претплата немаш пристап до форумот или имаш само до првите три мислења од темата, има поента да се расправаме, ама за 58 денари и за фул пристап на форумот, стварно кој што сака нека прави.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.805
10.119
Не, зашто мора сите да станат про членови? Форумот е доволно функционален и без никаква претплата.
Па не би рекол, ете погледни горе што дискутира сопственикот. Товар е форумот и тоа го разбирам целосно.
Ако некој процени дека треба да купи нешто и има 70 денари попуст ако земе претплата од 58 денари, тогаш нека си земе... или не... who cares! Ако некој едноставно сака да има паричка, нека си плати 58 денари месечно, again, who cares! Секој од тука има барем неколку претплати за разноразни сервиси, ова е исто, сервис, дали на некој му вреди или не, нека си реши и нека си плати... или не.
Не ти ја разбирам поентата - секој продукт/услуга мора да нуди вредност за корисниците да платат за тоа. Ти во овој параграф одиш од тоа дека вредноста е во попуст на производ (и неточно, бидејќи за попуст од 70 денари плаќаш 588 денари, не 58 денари) до тоа дека секој има претплати за сервиси.

Па има милијарда претплати де, луѓето немаат неограничен фонд, решаваат на што ќе дадат пари, а на што нема да дадат пари.

Сакаш да дискутираме вредност или не?
Јутуб можеш да користиш и без претплата, пак ќе слушаш музика и гледаш видеа, е сега ако сакаш некои поволности, тоа кошта 750 денари месечно, што не е мала сума, ама реши си дали ти вреди или не. Нетфликс кога кренаа цени и скинаа делење, јас го откажав акаунтот, поголема вредност ми има Јутуб, мене лично.
Е зашто бе си откажал претплата на нетфликс? Па за 700 денари месечно ли? Па тоа ти е помалце од 1 денар по филм, зар има смисла да дискутираме за 1 денар по филм?
Да се дискутира за претплата од 600 денари месечно, и без претплата немаш пристап до форумот или имаш само до првите три мислења од темата, има поента да се расправаме, ама за 58 денари и за фул пристап на форумот, стварно кој што сака нека прави.
Добро кој е минималниот износ што може да го дискутираме? Еве Win Rar е 29 долари за доживотно, ако го користиш во наредни 25 години тоа ти е по 5 денари месечно.

Зар има смисла цената да ја дискутираме тогаш?

Стварно не го разбирам муабетов, се однесувате како ценава да е толку ниска што ќе купи секој, а тоа ниту е реалност кај нас ниту било каде во светот. Кога се лансира услуга, се прави. 4P пакет, од кои едно P е цената. Јас тука дискутирам 2 од тие П, односно продуктот и цената и сега ми реплицирате со тоа дека е толку ниско што нема смисла да се дискутира.

Тогаш имаме друга утка, која ниту ти ниту веројатно D не ја гледате:

Ако цената е толку ниска и пак имаш лимитиран импакт (не се очекува зголемување на продажба на претплати), тогаш треба да се разгледа модел на FREEMIUM услуги (ова е фремиум), каде што имаш парето правила на приходот (и тоа парето x10).

Ама добро, чим е преевтино еве не го дискутираме, срамота за 50 денари месечно да праиме муабет.

Со претходниот 1337 пакет кој беше проблемот? Во теорија и тоа нудеше премногу, па се заглавивме не можеше ни 200 претплати да се направат. Па тоа беше 125 денари месечно - не е исто преевтино? Едно кафе на плажа е поскапо.


Си бил кај нивното мапирање на индустрија од 2024? Провери колку компании купиле лиценца - 0. Што зборев јас во 2019 кога пак се расправаа со мене? Ете среќа форум е, отвори ги темите и ќе видиш.
И не е дека не се продаваат истражувања во МК, погледни ги ИнсајдерИД.

Многу чудни муабети, ама така некако интровертно сте свртени, како YES MEN (и во тимот кај нив и надвор низ форумов еве), па дури и кога се дискутира не може да се дискутира.
 

Solidsnake

hello world
28 декември 2014
456
635
Поентата е финансиска поддршка на форумот кај што имаш искуцано скоро 5000 мислења, бенефитите се екстра.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.805
10.119
Поентата е финансиска поддршка на форумот кај што имаш искуцано скоро 5000 мислења, бенефитите се екстра.
Не разбирам што дискутираш? Ова беше поентата и со 1337, од 37.000 членови имаше едвај активни 200.

И не зборам за тебе, зборам како пакет за генерална публика.
 
Последна промена:
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

ит маркет

На врв Дно