Pane24
Mariovec
Околу оваа проблематика / лавиринт се занимавам скоро 1 месец за приклучување интернет во рурална област с.Витолиште ( Мариово ) каде што нема : Кабелски оператор , фиксната мрежа е античка односно преку некој си ериксон централа е колку толку за телефонски разговор остварување , Нема вајфај покриеност и на крај образованието и интелигенцијата на вработените односно на 70% од вработените и со поголем дел од нив со завршено основно образование . Случајов мој е ваков : Се јавувам во ВИП контакт центарот и му кажувам мојата локација за дали може да се уклуче домашен интернет , провериле на компјутер и ми рекоја дека е можно . Ок одам у продажен салон во Прилеп за да склучам договор за интернет пакетот VIP Net Lite S ми дадоја некој домашен модем ZTE за на адсл интернет и колку и да му викам дека мене ми треба некој бежичен модем за преку репетитор да земам интернет . Али бадијала кога и паметниот попушта тука го земав и тој адсл модемот и приклучувам на домашна линија чекам 1 сат ништо нема . Се јавувам пак во оператор и ми рекоја да се врате опремата додека не дошла техничка екипа да проверат за условите . Ок ја вратив опремата и раскинав договорот. Од тогаш поминаа 2 дена ми се јави некој од техничка служба и ми вика дека немаат никаква покриенот ВИП за таков интернет ни за адсл ни за бежичен и немало теоретски шанси . Ок му викам . По 1 недела односно денеска ми се јавува една женска и му кажувам све како што е и таа ми вика дека ме излагале и дека да сум пошол во продажен салон за да си барам опрема од КАНОПИ антените и модемите нивни и дека тие имале таква можност. Дали овоа е вистина ?