Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Македонски Пошти - Општа Дискусија

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  • Вкупно гласале
    721

Manis

hello world
14 јануари 2026
140
57
Па направи споредба сам за било кој производ што те интересира. Смени само државата на испорака кон европскиот пазар и ќе видиш.

Цената за европски пазар е со вклучена ДДВ/ЦАРИНА.

Нашите non-EU цени се без вклучени трошоци(Tax excluded,) и направи математика ДДВ/ЦАРИНА/Шпедиција и разни други глупости ќе видиш дека дупло по скапо фаќа за нас во споредба со европскиот, амерички, канадски и аустралиски пазар.
Мислењето е автоматски споено:

Удри му данок + царина + лежарина + шпедиција + сејфсити = Напрај математика!
како стадо овци стрижат не до коска од сите страни :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:
 
Steam.

user
31 мај 2011
1.082
999
Чаир
Steam.'s setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5700X3D w/ Arctic Freezer 36
Motherboard
ASUS TUF B550M-PLUS
Storage
Samsung 970 EVO PLUS 1TB + 2TB WD20EZRX x2 + WD SN770 1TB
PSU
Corsair RM1000e
RAM
32GB DDR4@2666MHz
Video card
Gigabyte RTX 5070 Ti WINDFORCE OC SFF
Case
CoolerMaster MasterBox NR600
Mouse
LAMZU Atlantis Mini Pro
Keyboard
LEOBOG A75
Audio
JCally JM20 MAX w/ AKG K371
Monitor
AOC Q27G4ZR + BenQ EX240N
OS
Windows 11
магично пратка што ја чекав од декември - за 2 дена испроцесирана од 1005 до чаир и магично испорачана и ја нема :) пазете си ги со време за тие што очајно ги чекате.

1772240619202.png
 
stavrov69

lurker
26 ноември 2008
514
327
Пред 2 дена ми стигна пратка од Данска што беше во пошта од 02.01, така да можно е да ги почнале пратките од оваа година. Инаку пратката беше некаде 250 евра и му пратив и уплата на маил (не ми беше побарано, чисто мислев побрзо да ја ослободат) али ништо не платив. Најверојатно не е толку до царинењето колку што на вработените не му се работи.

Sent from my SM-S918B using Tapatalk
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.699
Па направи споредба сам за било кој производ што те интересира. Смени само државата на испорака кон европскиот пазар и ќе видиш.

Цената за европски пазар е со вклучена ДДВ/ЦАРИНА.

Нашите non-EU цени се без вклучени трошоци(Tax excluded,) и направи математика ДДВ/ЦАРИНА/Шпедиција и разни други глупости ќе видиш дека дупло по скапо фаќа за нас во споредба со европскиот, амерички, канадски и аустралиски пазар.
Мислењето е автоматски споено:

како стадо овци стрижат не до коска од сите страни :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:
Што би било кога би било… Јас не најдов таква пратка што е моментално поевтина во ЕУ.
А кога ќе почнат да се наплаќаат сите давачки, тоа е за очекување да се случи зашто за поголем пазар има пониски цени, локални дистрибутерски центри па и поевтин транспорт… Неспоредливо.
 
nik0la_

lurker
5 јануари 2012
720
1.380
nik0la_'s setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 5 1600 Processor
Motherboard
Gigabyte AB530m-Gaming1
Storage
Force Series™ MP500 120GB M.2 SSD - Corsair & 500GB Western Digital HDD
PSU
EVGA 600 BQ, 80+ BRONZE 600W
RAM
16 GB 2x8 VENGEANCE® LPX DDR4 DRAM 2400MHz C14
Video card
Sapphire RX 580 Nitro+ 8GB
Case
ATX Midi Tower Case SAMA Vision III Gaming
Mouse
Bloody v7m
Keyboard
Sharkoon SKILLER MECH SGK3 mechanical RGB
Monitor
Philips 23" Full HD LED IPS
OS
Windows 10
Пратка од Тему порачана на 20.02 , денес ја зедов. Пратка од али направена кон крајот на декември NL, еве ја дрема на 1006 царина од 03.02...
А по ова што читам тука ке си полежи и цел март.

И двете пратки се по 60€
 
Manis

hello world
14 јануари 2026
140
57
Што би било кога би било… Јас не најдов таква пратка што е моментално поевтина во ЕУ.
А кога ќе почнат да се наплаќаат сите давачки, тоа е за очекување да се случи зашто за поголем пазар има пониски цени, локални дистрибутерски центри па и поевтин транспорт… Неспоредливо.
Е како нема разлика? Има голема разликата. Веќе далеку по евтино испаѓа да порачаш во ЕУ држава него ли овде. Во ЕУ цена е вклучено и трошоци за достава, ДДВ/ЦАРИНА и разни други трошоци. Кај нас плус плаќаме поскапо за достава и потоа уште ДДВ/ЦАРИНА на таа цена.

И НЕ Е тоа за очекување да се случи дека за голем пазар има пониски цени. Зарем ние не сме дел од големиот европски пазар? Каде живееме ние? Не живееме во ЕУ? Немаме најголема трговија со ЕУ? Во Тунгузија ли живееме? На Антартикот ли живееме па на -50 степена тешко е да се достави пратка.
 
denko55

hello world
8 ноември 2025
50
51
Абе уплатницата ти ја даваат за да уплатиш на некоја банкарска сметка, а ти си видел некоја банка да не зема провизија за тоа ?
1. Уплатница е. Како сакам ќе ја платам.
2. Тему.
1. Читајте што пишувам пред да реплицирате. Поштарот ми ја дава уплатницата непрокнижена на врата. Му давам пари само за сумата наведена како ДДВ на уплатницата, ми ја дава пратката. Не одам во банка да уплаќам, поштарот добива кеш, јас пратка, нема провизија. Тоа се случи со 2 пратки досега. Ако е исклучок ќе ве известам кога ќе добијам наредна пратка.

2. Тоа што Temu наплаќа ДДВ е нивна деловна одлука, не затоа што државата ги обврзала. Temu продава централизирано и лесно може да вгради ДДВ во цената. Кај AliExpress, Amazon, Ebay има многу различни продавачи и без јасна законска обврска платформата да биде даночен обврзник, тие не мора да го прават истото. Значи, не е прашање дали сакаат, туку дали ние како држава имаме закон и систем кој ги обврзува. Ќе биде до нив ако престанат да продаваат кај нас зашто не сакаат да го испочитуваат вака поставениот механизам. Ако ти сметаш дека вака треба да биде со среќа купувањето на Temu (често обработувана тема поради продажба на неквалитетни производи и измами).
 
Indigo44

read-only
3 февруари 2026
13
4

Па не пишувам јас теоретски, пишувам од искуство, поштарот не ја носи пратката туку остава картонче во сандаче со назнака дека имаш вредносно писмо и дека треба да одиш да си го подигнеш во пошта, кога ќе одиш тамо ќе си платиш се уредно па дури тогаш ќе ти дадат да си ја видиш пратката, и како што претходно напишав без разлика колку е скапа/ефтина пратката само за услугите на поштата треба да се платат околу 90ден. , барем така прават во моево “село“, изгледа во твојот град изгледа уште работат со кеш на рака:))
 
Вака беше секаде во Македонија, ама сега почнаа (веројатно заради наплата на ДДВ на пратки со мала вредност) со кеш на рака. Мене ми е смешно, ама ако некој сака да ми наплати провизија на уплатница од 9 денари, ја враќам нарачката назад. Не планирам на некоја ситница од 50 денари, да плаќам 35 денари провизија за банкарски услуги. Земја на апсурди...
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859

Земја на апсурди е сѐ додека има народ на апсурди.

1. Речи му: „не ти ја плаќам кеш, такво нешто не постои и е спротивно на секој можен закон. Дај ми ја да ја платам електронски сега веднаш.“
2. Кога ќе ја платиш електронски, нема да е провизијата 35 денари, туку 10 денари. Ако си во Халк и 0 денари.
3. Или како што ти вели Indigo44.
4. Па, потоа ќе се потрудиш малце за своите права (а и обврски) и ќе напишеш наместо овде на мене цели беседи, 2-3 мејла каде треба и има поента.
5. Кога ќе направат така 90% од народот, и тие нема веќе да го прават тоа.

Ама македонче пусто за греота, цел живот живее под: „а бе брат, џабе ти е све“ и „ќути има и бетер“.
Омилен спорт - кукање и немрдање со прст.

Апсурден народ —> земја на апсурди.
Апсурдите не паѓаат од небо. Не ги носат лоши самовили од Недојдија ноќе.

:unsure:
 
Последна промена:

1. „Спротивно на секој можен закон!?“ На кој закон? Поштарот само инкасира ДДВ и го носи во пошта за уплата во буџет. Ништо незаконско нема, се додека го прави тоа. Нареден пат кажи му го тоа на својот поштар. Едноставно ќе ти ја врати пратката и ќе рече „ај уплати си во банка, па дојди во пошта да ја земеш“.

2. Провизија за ДДВ? Не сум во Халк и немам намера да плаќам ниту денар. Тоа е трошок на посредникот/наплатувачот, не на граѓанинот.

Наредните точки (3, 4, 5): погоди на кого да му пишуваш и кој зборува страници наназад дека треба да пишуваме масовно до институции/медиуми.

И на крај, нешто не ти се признава кога не си во право. Јас читам, размислувам и менувам мислење ако треба. Почитувам туѓи ставови и често се согласувам со тебе, иако не можам да кликнам „ми се допаѓа“. Овој пат звучиш претенциозно и настапуваш од позиција на супериорност, како да знаеш сè, а всушност не знаеш. Не знам ниту јас, ама секојдневно учам.
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
1. На повеќе закони. Навистина немам намера да ги барам. Општопознати, ноторни работи, впрочем.

„Поштарот само инкасира ДДВ и го носи во пошта за уплата во буџет. Ништо незаконско нема...“ - едноставно не постои тоа!

„Нареден пат кажи му го тоа на својот поштар. Едноставно ќе ти ја врати пратката и ќе рече 'ај уплати си во банка, па дојди во пошта да ја земеш'.“ - одлично, токму тоа и ми е една од целите и една од опциите. Беше точка 3 кај мене и ти ја кажа Indigo44 претходно. Или, впрочем, направи како главната моја поента од точка 1.

2. Провизија која ја наплаќа банката за што и да е цел на дознаката.
Ирелевантно дали си во Халк или не. Ако си, само ќе ти се олесни процесот и финансиски и практично.

Не постои тоа „немам намера да плаќам“. Ако немаш намера, не се впуштај во економската спрега на двонасочна размена на вредности. Не купувај, не користи банкарски услуги... итн...

Провизија секогаш е на товар на уплатувачот, без разлика дали е граѓанин или правно лице.
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.699
Е како нема разлика? Има голема разликата. Веќе далеку по евтино испаѓа да порачаш во ЕУ држава него ли овде. Во ЕУ цена е вклучено и трошоци за достава, ДДВ/ЦАРИНА и разни други трошоци. Кај нас плус плаќаме поскапо за достава и потоа уште ДДВ/ЦАРИНА на таа цена.

И НЕ Е тоа за очекување да се случи дека за голем пазар има пониски цени. Зарем ние не сме дел од големиот европски пазар? Каде живееме ние? Не живееме во ЕУ? Немаме најголема трговија со ЕУ? Во Тунгузија ли живееме? На Антартикот ли живееме па на -50 степена тешко е да се достави пратка.
А колкав е трошокот да отидеш до ЕУ да си ја земеш пратката? После ќе треба и царина и данок пак да платиш. И не сме дел од ЕУ пазарот.

Manis

hello world
14 јануари 2026
140
57
А колкав е трошокот да отидеш до ЕУ да си ја земеш пратката? После ќе треба и царина и данок пак да платиш. И не сме дел од ЕУ пазарот.

Ама нема што да одам во ЕУ, ние сме дел од ЕУ географски. Од Скопје до Благоевград(Бугарија) е 3 часа возење(200 километра растојание од ЕУ) Не живееме на антартикот! Мешаш баби и жаби. Што сега освен бугарски ЕУ пасоши треба ли да идеме до бугарија да отвараме европско бугарско поштенско сандаче во Благоевград??. Тоа ли е решението според тебе? Зарем немаме своја држава. Очигледно НЕМАМЕ! НА ХАРТИЈА Е САМО И 35 ГОДИНИ НЕ СТРИЖАТ И ЛАЖАТ КАКО ОВЦИ.

Можеби сте русофили за сан-стефанска голема-бг проектот од Русија или не знам што..Ама колку и да не ви се допаѓа тоа, сепак ние сме дел од ЕУ пазарот.
Извозот на Македонија кон Европската Унија е 6.7 милијарди евра. А 40% од тој извоз оди само во Германија како наш најголем бизнис партнер.

Еве ти конкретен приме за (кожни кондури) Mac Toe Crazy Horse Leader Boots споредба цена од нашата држава со Хрватска и Бугарија.

Хрватска = 77 евра со платени комплетни трошоци, ДДВ, ЦАРИНА итн све што следува...И плус додади уште 3 евра за новите ЕУ давачки ако сакаш еве пример..Тоа ти е 80 евра.
Screenshot 2026-03-01 205511.png
Македонија = 82 евра плус + 15 евра ДДВ(18%) = 97 евра.
Screenshot 2026-03-01 204004.png
Бугарија = 77 евра комплет со платени трошоци ДДВ и слично.
Screenshot 2026-03-01 210219.png
Значи гледаш дека има разлика и тоа како е по евтино во држави што се дел од ЕУ сојузот. Е сега ако си со розеви наочари е тогаш јбг.

Освен тоа кога веќе споредуваш цени за храна во Хрватска со ЕУ, тогаш спореди ги цените со храна овде кај нас со платите од Хрватска. Ние имаме европски цени за храна а мизерни плати од 400еура.... Ако беше толку лошо Хрватска немаше од овде таму да одеме како печалбари а до вчера заедно бевме во Југославија. Која мизерија е тоа. Тешка пропаст сме.
 
Изменето од модератор:

denko55

hello world
8 ноември 2025
50
51
1. На повеќе закони. Навистина немам намера да ги барам. Општопознати, ноторни работи, впрочем.

„Поштарот само инкасира ДДВ и го носи во пошта за уплата во буџет. Ништо незаконско нема...“ - едноставно не постои тоа!

„Нареден пат кажи му го тоа на својот поштар. Едноставно ќе ти ја врати пратката и ќе рече 'ај уплати си во банка, па дојди во пошта да ја земеш'.“ - одлично, токму тоа и ми е една од целите и една од опциите. Беше точка 3 кај мене и ти ја кажа Indigo44 претходно. Или, впрочем, направи како главната моја поента од точка 1.

2. Провизија која ја наплаќа банката за што и да е цел на дознаката.
Ирелевантно дали си во Халк или не. Ако си, само ќе ти се олесни процесот и финансиски и практично.

Не постои тоа „немам намера да плаќам“. Ако немаш намера, не се впуштај во економската спрега на двонасочна размена на вредности. Не купувај, не користи банкарски услуги... итн...

Провизија секогаш е на товар на уплатувачот, без разлика дали е граѓанин или правно лице.
1. „На повеќе закони. Немам намера да ги барам.“

Ова во дебата значи: немам аргумент. Ако нешто е спротивно на „повеќе закони“, најмалку што можеш е да наведеш еден. Закон, член, одредба, било што. Инаку тоа не е аргумент, туку чиста реторика.

2. „Едноставно не постои тоа!“

Фактички неточно. Поштарот при увоз функционира како инкасатор на јавна давачка. Тој прима средства, ги евидентира, ги предава во пошта, средствата се уплаќаат во буџет. Тоа е стандардна практика, истото го прави ELS, наплатува во кеш без провизија. Не е измислица.

3. „Провизија секогаш е на товар на уплатувачот“.

Ова е половина вистина, а половина манипулација. Точно е дека банката наплаќа провизија од оној што ја прави трансакцијата. Но прашањето е: Кој е должен да ја направи трансакцијата? Ако пошта/курир врши посредување и одлучи да ја врши уплатата наместо тебе тогаш тоа е нивен оперативен трошок, освен ако однапред не е договорено дека е на товар на примачот. Не постои правило дека „секогаш“ мора граѓанинот да ја сноси провизијата. Тоа зависи од деловниот модел и условите на услугата.

4. Не постои тоа „немам намера да плаќам“.

Секако дека постои. Можам да одбијам услуга, можам да не прифатам дополнителен трошок, можам да изберам друг начин на плаќање.

5. Користиш апсолутни формулации како „секогаш“, „не постои“, „на повеќе закони“, без ниту една конкретна одредба. Звучи сигурно, ама нема аргументи. Не ми се лути, обожавам вакви дебати. Прочитај што пишувам, може барем делумно ќе прифатиш дека не си во право.
 
Последна промена:

Gligorov

hello world
25 февруари 2021
113
127
Ама нема што да одам во ЕУ, ние сме дел од ЕУ географски. Од Скопје до Благоевград(Бугарија) е 3 часа возење(200 километра растојание од ЕУ) Не живееме на антартикот! Мешаш баби и жаби. Што сега освен бугарски ЕУ пасоши треба ли да идеме до бугарија да отвараме европско бугарско поштенско сандаче во Благоевград??. Тоа ли е решението според тебе? Зарем немаме своја држава. Очигледно НЕМАМЕ! НА ХАРТИЈА Е САМО И 35 ГОДИНИ НЕ СТРИЖАТ И ЛАЖАТ КАКО ОВЦИ.

Можеби сте русофили за сан-стефанска голема-бг проектот од Русија или не знам што..Ама колку и да не ви се допаѓа тоа, сепак ние сме дел од ЕУ пазарот.
Извозот на Македонија кон Европската Унија е 6.7 милијарди евра. А 40% од тој извоз оди само во Германија како наш најголем бизнис партнер.

Еве ти конкретен приме за (кожни кондури) Mac Toe Crazy Horse Leader Boots споредба цена од нашата држава со Хрватска и Бугарија.

Хрватска = 77 евра со платени комплетни трошоци, ДДВ, ЦАРИНА итн све што следува...И плус додади уште 3 евра за новите ЕУ давачки ако сакаш еве пример..Тоа ти е 80 евра.
Погледнете го атачментот 159172
Македонија = 82 евра плус + 15 евра ДДВ(18%) = 97 евра.
Погледнете го атачментот 159171
Бугарија = 77 евра комплет со платени трошоци ДДВ и слично.
Погледнете го атачментот 159173
Значи гледаш дека има разлика и тоа како е по евтино во држави што се дел од ЕУ сојузот. Е сега ако си со розеви наочари е тогаш јбг.

Освен тоа кога веќе споредуваш цени за храна во Хрватска со ЕУ, тогаш спореди ги цените со храна овде кај нас со платите од Хрватска. Ние имаме европски цени за храна а мизерни северџански плати од 400еура.... Ако беше толку лошо Хрватска немаше од овде таму да одеме како печалбари а до вчера заедно бевме во Југославија. Која мизерија е тоа. Тешка пропаст сме.
И уште една ,,ситна" разлика, Таму ќе ги достават до купувачот, кај нас не.
 
Географски сме дел од планетата Земја. Но не сме дел од ЕУ. За да бидеме дел од заедничкиот пазар на услуги и стоки, треба да станеме дел од ЕЕО (Европска економска област — Википедија) или барем ЕФТА. Ваквите твои изливи на страст (можеби и незнаење) се погрешно насочени.
Ако сакаш да станеме членка на ЕЕО, јави се кај твојот пратеник и побарај да го стави тоа во неговата програма и да се бори за тоа. И да - целта на сите сојузи за слободна трговија е да се намалат цените на стоките и услугите.
Второ, калкулаторот не ти е баш прилагоден на нашите услови - во Македонија може и да поминеш без плаќање на некои од давачките, ама во Хрватска не можеш ама баш никако да куртулиш. Патем - еве можеш и пост рестант да нарачаш во Ќустендил, ама ќе мораш да ги платиш и македонските давачки и царина (или ќе шверцуваш) ама превозот до Ќустендил и назад пак ќе ти ја качи цената. НЕ МОЖЕШ НИКАКО ДА ПОМИНЕШ ПОЕВТИНО ОТКОЛКУ СО ДИРЕКТНА НАРАЧКА ВО МАКЕДОНИЈА (како Македонец што живее во Македонија). Премногу правиш калкулации со што би било кога би било...
Трето - Шведска има пониски цени од Хрватска, значи нормално е ние да имаме уште повисоки зашто сме во уште понеповолна положба. (А дека сме биле исто со Словенија и Хрватска, стана очигледно дека ептен нѐ лажеле...)

А навредите како *џански и слично не се баш дозволени на форумов.

Значи - „видела жабата се потковуваат коњите па ја дигнала ногата“ „во Солуна леб сомуна, до Солуна сто сомуна“ се наши а „тревата е позелена кај комшијата“ е увозна поговорка ама ептен се поклопуваат со муабетов
 
Нема овде ништо навреди. Можеби се навредуваш од вистината што знам. Зошто сегогаш сите се навердувате од вистината. Со розеви наочари по убаво ви е.

Географска ние сме дел од ЕВРОПА! Најголем трговски партнер ни е ЕУ! Уште кога требаше да влеземе во ЕУ. Ама каков народ такви и политичари. Нема врска

Местоположбата ни е одлична и не е лоша. Ние сме како крастосница.

И повеќе не можеш да поминеш бес плаќање на ДВВ/ЦАРИНА. За се се плаќа веќе царина и ддв плус имаш и трошоци за приватна шпедиција.

Тие калкулации се реални што сум ги направил. Секаде е по евтино во ЕУ од нас.

Е многу убаво решение имаш, пост рестант во Ќустендил, следно што е и во Бугарија да се лекуваме ?
 
Кажи уште некој виц... Како мало дете што се лути, отприлика е тоа ова сега што го правиш.

НИКАДЕ НЕ Е ПОЕВТИНО ЗА МАКЕДОНЕЦ ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА.

Ниту за шверцери нема поевтини начини зашто транспортот од другите земји пак ќе те кошта... Емтое. И сега, ајде пак - КАЛИМЕРО НЕМА ПРАВДА, НЕЛИ?!?
 
Manis

hello world
14 јануари 2026
140
57
Кажи уште некој виц... Како мало дете што се лути, отприлика е тоа ова сега што го правиш.

НИКАДЕ НЕ Е ПОЕВТИНО ЗА МАКЕДОНЕЦ ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА.

Ниту за шверцери нема поевтини начини зашто транспортот од другите земји пак ќе те кошта... Емтое. И сега, ајде пак - КАЛИМЕРО НЕМА ПРАВДА, НЕЛИ?!?
Немаме ние никакво производство овде во нашата држава. Што ќе купуваш од овде? Од Шутка ли ќе купуваш срање-неквалитетни-глупости шверцувани ?

Кондура од чиста кожа во ваков класичен изглед а не глупости. Еве ај најди го ти ова некој да ти го произведува овде? НЕМА!
Screenshot 2026-03-02 125552.png
Кој ова ќе ти го произведе кај нас? НИКОЈ! Кај нас све е фушларај и срање роба се носе. Најчесто од турска шверцувана роба што за ништо не ја бива.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.699
Немаме ние никакво производство овде во нашата држава. Што ќе купуваш од овде? Од Шутка ли ќе купуваш срање-неквалитетни-глупости шверцувани ?
...
mwaaa mwaa mwaaa mwaaa

Порано имаше еден цртан филм Калимеро нема правда, нели...

ЗНАЧИ, ДА СЕ ВРАТИМЕ НА ТЕМАТА. НЕМА ПОЕВТИНО НИКАКО ДА ПОМИНЕШ ОСВЕН ДА СИ НАРАЧАШ ВО МАКЕДОНИЈА. ТОА Е ШТО Е. СО ПЛАЧЕЊЕ ПО ФОРУМИ НЕ СЕ ПРАВИ АМА БАШ НИШТО.
 
Manis

hello world
14 јануари 2026
140
57
mwaaa mwaa mwaaa mwaaa

Порано имаше еден цртан филм Калимеро нема правда, нели...

ЗНАЧИ, ДА СЕ ВРАТИМЕ НА ТЕМАТА. НЕМА ПОЕВТИНО НИКАКО ДА ПОМИНЕШ ОСВЕН ДА СИ НАРАЧАШ ВО МАКЕДОНИЈА. ТОА Е ШТО Е. СО ПЛАЧЕЊЕ ПО ФОРУМИ НЕ СЕ ПРАВИ АМА БАШ НИШТО.
Ти сериозен ли си? Очигледно не си погледнал што се срање се продава овде и тоа по скапо го продават поради тоа што се шверцери и пре-продавачи.
Сето губре роба кај нас се носи. .Све е шверцувано од турција. Препродавачи се сите затоа овде е по скапо дупло а квалитет никаков.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.699
Ти сериозен ли си? Очигледно не си погледнал што се срање се продава овде и тоа по скапо го продават поради тоа што се шверцери и пре-продавачи.
Сето губре роба кај нас се носи. .Све е шверцувано од турција. Препродавачи се сите затоа овде е по скапо дупло а квалитет никаков.
Истата таа ѓубре роба е направена од ѓубре фабрики во ѓубре држави? И ако платиш транспорт, царина и данок за да стигне до тука ќе кошта помалку отколку истото тоа да го купиш од втора рака. (ова како со шестоодделенец да дискутирам)
 
Manis

hello world
14 јануари 2026
140
57
Истата таа ѓубре роба е направена од ѓубре фабрики во ѓубре држави? И ако платиш транспорт, царина и данок за да стигне до тука ќе кошта помалку отколку истото тоа да го купиш од втора рака. (ова како со шестоодделенец да дискутирам)
Како шестоодделенец самиот се така однесуваш и немаш никакво искуство од животот. Не можеш да разликуваш нешто што е квалитетно во споредба со тоа што овде го нозат на Канта Пазар РСМ.

Очигледно немаш искуство што значи добро а што лошо. Има разлика од материјали до начинот на изработка. Има разлика од Чиста кожа до Фејк-Синтетика Кожа која ја носат овде од Турција кај нас на канта пазар РСМ. Има разлика од Полиестер до Памук, Волна, Свила. Од горе примерот овој алиекспрес производ што сум ти ги постирал погоре квалитетот е сличен на тие Red Wings Boots и има споредба на YouTube со нив...И истиот го имам.... Има голема разлика со тие кондури што се продават овде по 1000-2000-10000 денара на Канта Пазар СРМ...Јас мотор возам и знам многу добро каква е разликата.
 
Последна промена:

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно