psy-galactic
read-only
- 30 март 2009
- 43
- 26
Дали успеа некако да ја продолжиш гаранцијата, и јас купив TCL Телевизор и го имам истиот проблем.Хеј дечки, денес се подновив со TCL 55C61B и морам да кажам првичните импресии се одлични! Искрено, многу сум задоволен. Ми изгледа како да има подобар екран и поквалитетна слика од LG 70UJ8003 што го имам во дневна.
Разговарав и со еден дечко од Нептун, и според него, а и според тоа што истражував, за цена до 25.000 денари, ова можеби е најдобрата опција на пазарот во моментов. Јас плус го фатив со 3.000 денари попуст, значи за 22.000 денари, што ми изгледа како супер deal. Пишувам и за да споделам искуство, доколку некој друг се мисли за истиот модел.
Инаку, колку што прочитав, C61B е идентичен со TCL C655, па ако сте го гледале тој модел, ова е практично истото.
Имам и едно прашање: дали некој успеал да ја продолжи гаранцијата (2+3 години) преку сајтот на TCL? Кај мене, во последното поле за внес на лични информации, полето е disabled и не ми дозволува да внесам/селектирам ништо. Се има ли некој сретнато со ваков проблем?