Дечки, ми треба мала помош. Во потрага сум по нов телевизор, 65 инчен и би се користел за гледање спорт(претежно фудбал на аренаспорт) преку магента, за гледање филмови преку стриминг сервиси и исто така и за гејминг на пс5. Малку сум ограничен со избор затоа што сакам да земам од телеком да го искористам буџетот,и вкупно буџетот би бил до 50к. Најмногу на око ми фати tcl c655 ама ме плаши каква би била сликата за гледање спорт. Моментално имам lg 55 um7400 од 2019 та модел и би сакал да е барем малку подобра сликата. Убаво би било ако некој имал искуство да сподели.