FLEGMA
sensei
- 2 август 2012
- 11.576
- 19.283
Деновиве што следат го реновирам станот. Бидејќи досега се греев на парно за струја, тоа отпаѓа, и размислувам за клими. Дневната со трепзарија е 28 квадрати, и кунјата која е отворена околу 10 квадрати значи вкупна површина за греење е 38 квадрати, со оглед на тоа што има и ходник кој веројатно и често ќе се отвара, треба и него да се земе во предвид, уште не повеќе од 5 квадрати. Дограма има добра, нова, мислам дека 5 коморна( татко ми ја купуваше пред неколку години, доста скапо ја плати), е сеа зградата е постара и нема термоизолациона фасада.
Прашањето ми е дали да ставам една 18ка парапетна единица, или две 12 во дневната со мултисплит? Дали парапетните се толку подобри за греење од стандардните ѕидни, бидејќи цената е доста повисока за парапетна.
Спалната и детската соба исто сакам да ги поврзам со мултисплут( 1 надворешна и 2 внатрешни единици), е сеа бидејќи се работи за детска и спална дали е ок да се оди со кинеска клима бидејќи имам добра понуда од Мидеа од локален дистрибутар.
Иначе се работи за локација Охрид.
Нив ги кудиме за други работи. Тебе не ти е даден одговор пошто ние треба, ваљда, да го вузуелизираме твојот простор за да знаеме дали ти требаат парапетни или сплит. Дали мулти сплит со парапетни или мулти со ѕидни.Пошто никој не одговори на моите 2 прашања деновиве, во консултација со машински инжињери и луѓе кои се долго време во бизнисот со клими, нарачав мултисплит митсубиши со 2 парапетни единици за дневна и кујна. Откако ќе бидат монтирани ќе споделам слики и импресии.
Ги кудете оние од жолтиот форум како фалат одреден тип на клими кои не чинат, ама кога му треба совет на човек на темава нигде ве нема.
Нит распоред знаеме, нит позиција за монтирање, нит висина. Ништо
Рака на срце јас го немав видено твојот пост. Ама како и да е, одличен избор си направил со парапетни за греење.
Кој модел Mitsubishi?