Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Ebook Readers

Zippo

user
22 октомври 2014
1.008
899
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
Имам Kindle Paperwhite, дефинитивно моја најдобра tech-инвестиција. Би ти препорачал да земеш таков.
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.231
1.728
Скопје
Кажи колку држи во книги/страници, тоа со саатите е нерелевантно за уреди со е-инк екрани. ;)
Тоа на производителите да им се жалиш што така ги рангираат :).Пример пејпрвајт вика 8 недели батерија со 30мин. читање дневно, веројатно извадиле некој просек на брзина на листање. И Кобо исто пишуваа, ама сега гледам дека е сменето на "depending on usage" што би му дошло пологично.
Покрај брзина на листање сигурно зависи и од комплексноста на страната што треба да се исцрта(претпоставувам дека стрип страна повеќе батерија троши споредено со само текст од книга).
Моментално на статистика гледам 2.8 страни во минута, ама не сум сигурен дали е глобална или за моментално отворениот фајл.

Во секој случај го нема моментон леле батерија да не снемам :), како на таблет или телефон.

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk
 
blackelf

lurker
14 декември 2013
619
546
Amazon Kindle 6" Wi-Fi Touch ? Види и други да не имаат. Туку можеш и Anhoch PC Market Online за замена. А јас и покрај Киндл Пејпервајт (со позадинско светло) во последно време посегнувам по Lenovo Tab3 8 Plus за читање. Особено ако е стручно или вести. Лесен, добар, боја, дијаграми, еднаш во денот го полнам во секој случај...
Се размислував и јас да земам Lenovo Tab3 8 Plus. Кажи ми нешто за него, како стои со батерија, полнење од 0 до 100%, и екранот дали е добар?
 
FiC DoGG

user
17 април 2007
1.047
1.111
www.behance.net
FiC DoGG's setup  
Processor & Cooler
i7 2600k Noctua NH D14
Motherboard
Asus Sabertooth P67
Storage
840 pro 128GB + 500GB HDD + 1000GB HDD
PSU
CM Real Power 550W
RAM
2x4GB DDR3 1333
Video card
Gigabyte GTX 760 2GB
Case
CM Centurion 5
Mouse
A4tech X7
Monitor
2x Dell U2412m
OS
Windows 8.1 Pro
Тоа на производителите да им се жалиш што така ги рангираат :).Пример пејпрвајт вика 8 недели батерија со 30мин. читање дневно, веројатно извадиле некој просек на брзина на листање. И Кобо исто пишуваа, ама сега гледам дека е сменето на "depending on usage" што би му дошло пологично.
Покрај брзина на листање сигурно зависи и од комплексноста на страната што треба да се исцрта(претпоставувам дека стрип страна повеќе батерија троши споредено со само текст од книга).
Моментално на статистика гледам 2.8 страни во минута, ама не сум сигурен дали е глобална или за моментално отворениот фајл.

Во секој случај го нема моментон леле батерија да не снемам :), како на таблет или телефон.

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk

Што има на страната и колку долго читаш не прават разлика. Е-инк екрани користат струја само кога менуваат страна после тоа екрано воошто не користи струја се додека пак не смениш страна. Така да, безралика дали е текст или стрип цел екран прави рифреш кога менуваш страна.

Инаку јас имам киндл 4 земен 2012 и уште не пушта душа, и добро држи батерија, а едвај чекам да пушти душа да имам причина да земам paperwhite :D
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.034
1.845

Ја уше сум заглавен на 3ка та или така наречениот сеа Kindle Keyboard, ни батерија има попуштено ни бутур .. ми иде да го пуштам у вода некој одмор :)
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.123
7.810
Се размислував и јас да земам Lenovo Tab3 8 Plus. Кажи ми нешто за него, како стои со батерија, полнење од 0 до 100%, и екранот дали е добар?
Нешто кажувам, добро стои, брзо полни, екраноте е добар :) (брзам, ама стварно е изненадувачки добар уред). Дај линк ако најдеш некое ривју на нет
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.231
1.728
Скопје
Што има на страната и колку долго читаш не прават разлика. Е-инк екрани користат струја само кога менуваат страна после тоа екрано воошто не користи струја се додека пак не смениш страна. Така да, безралика дали е текст или стрип цел екран прави рифреш кога менуваш страна.

Инаку јас имам киндл 4 земен 2012 и уште не пушта душа, и добро држи батерија, а едвај чекам да пушти душа да имам причина да земам paperwhite :D
Не се слагам баш.
Пошто пикселите на еинк се малтене капсули со мастило(бело и црно), и кога треба да се исцрта страната ридерот пушта напон на потребните "пиксели" + или - во зависност дали треба да е црно или бело.Не верувам дека исто струја би повлекло ако треба да измени пример 500к или 1м "пиксели", нели? Значи ипак сметам дека траење на батеријата зависи од комплексноста на страните. Незнам некој да мерел со инструмент, така да ова ми е educated guess што се вика.Би го отворил да измерам чисто ради наука :), али во тој случај ќе треба да се збогувам со водоотпорноста. Така да ...
Како и да е, траење на батерија да е проблем во еридер е малтене нонсенс. Освен 1 случај што знам за Кобо, кај моделот Aura One, кој е со 7.8" екран и 1872 x 1404 резолуција, а батеријата е оставена истата ко од помалите модели и трае отприлика пола од другиве. Мада па на рачун на тоа има иста тежина ко 6.8" и е минимално поголем по димензии.Реално и не е проблем и не верувам дека не некој и тоа би му било малку, али тука е моментот со навиката претходните да траат дупло.

Него друга работа, што се се фатиле со тој пејпрвајт?Ко да не постојат други :p.
Киндл е за американци, пошто им е ептен добро направен екосистемот на амазон и им е преедноставно за користење.А за нас сомалијци, не игра тоа некоја улога пошто и онака верувам дека книгите преку компјутер се додаваат.
Иначе имав и киндл, и едина опција што ми фали е што кај киндл можеш да пратиш книга на мејл на другарче и со следното синхронизирање да ја има на неговиот киндл.

А еве го и моето резимирање зашто е подобро кобо H2O.
Цена:
Пејпрвајт - 11500 во невада
Кобо H2O - од јапан околу 9000 со сите давачки, достава за околу 1 недела.Минус на ова би ставил што би било попроблематично за остварување гаранција доколку има потреба.

Екран:
Пејпрвајт - 6", 1440x1080,300ppi. Ако е стриктно за книги, онда би му дал плус пошто е со покомпактни димензии.
Кобо H2O - 6.8", 1430x1080,265ppi. Разликата од 35ppi не прави апсолутно никаква разлика, а тие 0.8" плус и те како прават.Одлична големина за мераклии на стрипчиња како што спомнав и погоре, а и во случај да сака човек да си зголеми фонт на книга а да не врти на секои 5 секунди.
Тука би го спмнал и новиот киндл оазис, кој веќе парира со големината на екранот(7").Ама е тотално друга зверка и кошта рука и нога.

Меморија:
Пејпрвајт - 4GB интерна.
Кобо H2O - 4GB интерна + SD слот со официјална поддржка до 32, ама кажуваат луѓе дека и 128GB поддржува.Интерната меморија на кобово(исто и на постарите модели) е втор внатрешен SD слот со 4GB картица во него, и може да се замени пак со официјално до 32GB картица, а според искуства и до 128GB. Значи може да иде вкупно до 256GB, м м м м :). Нерелевантно е ако се ставаат само книги, али пошто покрај книги сум и стрипаџија многу битен момент(1 стрип 20-30 и други поголеми мегабајти, а брзо се читаат споредено со книга). И да не го заборавам моментов, ако се модира кобово и се брикне несакајќи, може да се среди со враќање на имиџ на интерната сд картица.

Батерија:
Мање више исто и кај двата, и нерелевантен фактор при избор

Водоотпорност:
Пејпрвајт - јок. Вреди да се спомене пак новиот Оазис кој е водоотпорен, ама пак... Цена, ценаааа
Кобо H2O - Чек.
Водоотпорноста па и не ја сметам за толку релевантен фактор, ама зашто па и да не.Добра опција да се има.

Поддржка на формати:
Пејпрвајт - Ама ептен многу си го сакаат тој нивни AZW формат, и памтам дека се морав да конвертирам за да ставам на моето киндле.Не е страшен проблем ако се користи калибре преку кое прилично едноставно се конвертира, ама па за некој што не е многу вичен, може и да биде проблем.Лично имав и понекој проблем при конверзија со тоа што не ми ги покажуваше одредени српски букви точно. Можда бил и до мене проблемот, т.е. не перфектно подесено калибре, во секој случај е додатна главоболка конвертирањево.
Кобо H2O - Полесно не може . Едноставно дури и за некој што првпат фаќа еридер во рака и не е многу вичен компјутерски, само копи паста на "усб стикот" :). Веројатно има и понекој формат што би требало да се конвертира и за овој, ама досега не ми налетало такво нешто. Како минус во формативе кај кобо е пдф.Покрај тоа што екранот е поголем и каде каде попогоден за пдф од киндл, обработката е ужасно спора и скоро па и да е неупотреблив пдф на кобово фабрички.Сепак се решава со мало модче, се додава трд парти апликација за читање и си работат и пдф ок.

Да не заборавам, кобово фабрички има поголем избор на фонтови.Јес да се додаваат нови прилично едноставно кај двата читачи, некој што не ја разбира работата би го оценил поголемиот избор.
И далеку од пресуден или многу важен ама прилично глуп момент кај киндл , е што кога ридерот е во дремка прикажува рандом сликица, а кобо си ја прикажува корицата на книгата што е моментално отворена.Што е ептен некако логично.

Мислам дека не заборавив ништо, бар од работите мене што ме засегаат. Интересно како од оглас прерасна во дискусија за таблети и еридери темава :), ама нејсе ќе му се најде ваљда на некој информацијава.
Ајде сега киндлаџии, дајте една листа со плусови/минуси за киндл , и зашто би бил подобар од кобово? Пошто прилично долго се информирав на темава пред да го изберам H2O, и баш ме интересира дали сум промашил нешто, дали нешто ми фали а да не знам :).

А да, КОЛЕЕЕДЕЕЕЕ
 
Заборавив, не прават рифреш на целата страна на секое вртење(освен ако не ти е така подесено).
На киндл мислам дека имаше опција да се избере од 1-5 вртења, на кобово има од 1-10 или на секоја нова глава од книгата.
Од фул рифреш на секоја страна апсолутно нема потреба, освен ако нема многу ghosting(останати силуети од буквите од претходната страна). Јас на книги ghosting ама ич не гледам на кобово со подесено на фул рифреш на секоја нова глава(ова може да биде и 20+ страни), кога би можел скроз би го исклучил.На стрипови ако не фул рифреш на секое вртење, се познава ghosting во одредени ситуации, ама не смета нешто многу.
 
ако мериш више со цени од ебаЈ ондак еве ти исто јапанац за 6$ е поскап paperwhite-от :)
SALE Amazon Kindle Paperwhite E-reader (300 ppi) Latest 3rd gen eBook FREE SHIP | eBay

а ако ти е за стрипови зашто би се ограничил на нијанси на сиво во денешно време? Таблет тука како леново-то или слично би ти завршил боље работа, нормално едина мана батерија, ама ја лично би избрал боја наспроти батерија.

него еве ти предност, мојот ми чита на увце ако ме мрзи да читам .. ама го скинаа тоа од 3ка та нагоре мислам нема веќе аудио хехех, а на тројкава си вози и музиче дур читаш на плажа пример, нормално по цена на батерија.

Мене лично ми прија киндл-от, не пошто е супериорен, веќе немаат екслузива со e-ink произведувачот како што имаа порано, па први да ги добиваат новите генерации, туку што може да си купам инстант од кај сакам нешто покрај пиратеријата, а има ствари ко bookbub, што редовно пуштаат бесплатни книги преку Амазон, од каде фаќам по нешто ново, што не сум планирал да читам и така.

А иначе Оазис-от го меркам ко замена за 3-ка ва .. само ќе ме обеси жената ако земам нешто ново така без реална причина :)

Иначе не сум го глерам Kobo-во до сега искрено, ама вака на папир изгеда солид.
 
FiC DoGG

user
17 април 2007
1.047
1.111
www.behance.net
FiC DoGG's setup  
Processor & Cooler
i7 2600k Noctua NH D14
Motherboard
Asus Sabertooth P67
Storage
840 pro 128GB + 500GB HDD + 1000GB HDD
PSU
CM Real Power 550W
RAM
2x4GB DDR3 1333
Video card
Gigabyte GTX 760 2GB
Case
CM Centurion 5
Mouse
A4tech X7
Monitor
2x Dell U2412m
OS
Windows 8.1 Pro
Заборавив, не прават рифреш на целата страна на секое вртење(освен ако не ти е така подесено).
На киндл мислам дека имаше опција да се избере од 1-5 вртења, на кобово има од 1-10 или на секоја нова глава од книгата.
Од фул рифреш на секоја страна апсолутно нема потреба, освен ако нема многу ghosting(останати силуети од буквите од претходната страна). Јас на книги ghosting ама ич не гледам на кобово со подесено на фул рифреш на секоја нова глава(ова може да биде и 20+ страни), кога би можел скроз би го исклучил.На стрипови ако не фул рифреш на секое вртење, се познава ghosting во одредени ситуации, ама не смета нешто многу.

Да под дефолт прави фул рифреш на цела страна, а ако уклучиш partial refresh тогаш као ги менува само оние пиксели што му требаат и еден фул рефреш на секоја 5 страна, ама не бев воодушен нешто од изгледот, на стрипови има и те како ghosting, а на текст буквите знаат да бидат fuzzy и не толку читки.
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.231
1.728
Скопје
ако мериш више со цени од ебаЈ ондак еве ти исто јапанац за 6$ е поскап paperwhite-от :)
SALE Amazon Kindle Paperwhite E-reader (300 ppi) Latest 3rd gen eBook FREE SHIP | eBay
Цената за верзија без реклами е 169$

а ако ти е за стрипови зашто би се ограничил на нијанси на сиво во денешно време? Таблет тука како леново-то или слично би ти завршил боље работа, нормално едина мана батерија, ама ја лично би избрал боја наспроти батерија.

Не е само за стрипови, и за книги e наизменично :) . 90% од стрипчиња што читам моментално а и што ќе ги читам уште доста години(моментално околу 9000 броја во колекција) се црно бели, така да не ми фали некако боја дури и да е некоја ретка колор едиција конвертирана во грејскејл. Доста се полесни од таблет, а и башка малку око да поштедам.
Иначе ти држи муабетот, колор стрипчиња боље изгледаат на таблет. Мада јас ипак ќе почекам да искочат ридери во боја за таа намена, има добар развој на тоа поле и веројатно ќе има годинава.Исто и респонсивноста би требало драстично да се подобри кај новиве ридери пошто имаат и нови процесори разработено.

него еве ти предност, мојот ми чита на увце ако ме мрзи да читам .. ама го скинаа тоа од 3ка та нагоре мислам нема веќе аудио хехех, а на тројкава си вози и музиче дур читаш на плажа пример, нормално по цена на батерија.

Мене лично ми прија киндл-от, не пошто е супериорен, веќе немаат екслузива со e-ink произведувачот како што имаа порано, па први да ги добиваат новите генерации, туку што може да си купам инстант од кај сакам нешто покрај пиратеријата, а има ствари ко bookbub, што редовно пуштаат бесплатни книги преку Амазон, од каде фаќам по нешто ново, што не сум планирал да читам и така.

А иначе Оазис-от го меркам ко замена за 3-ка ва .. само ќе ме обеси жената ако земам нешто ново така без реална причина :)

Иначе не сум го глерам Kobo-во до сега искрено, ама вака на папир изгеда солид.
За книги ми е libgen.io прва станица, нема што не сум нашол(на наглиски). Кој не го знаел сајтов можда ќе му заврши работа.

И новиот Оазис чита на увце ;), ете ти дополнителен аргумент да си го земеш.Можда само со спиење на кауч ќе пројдеш штознаеш, кој не ризикува... :).
И мене ми фаќа око, али според мене е опција што доаѓа во предвид само ако не го занима човек колку кошта и мора да има ајфон :)(за помалку од 50% од цената на оазис го имаш кобо H20). Со 32ГБ верзијата е 300$ + достава би била околу 15-20$(отприлика толку беше за другиве моделчиња) ако може да се нарача преку амазон до македонија, и 18% ддв додај... Не друже, не проаѓаш само со кауч :p.
Исто кaкo алтернатива го имаш Kobo Aura One со 7.8" екран со 32GB околу 290$ + 18%ддв при достава.Ептен е блиску цената меѓу овие 2 , ама па тие 0.8 + на екранот ептен се привлечни. и додатно имаат ставено по два реда диоди и може фронтлајтот да биде бел или жолткаст.Нели сега тоа е најмодерно, дека блулајтот од диодите за осветлување пореметува сон па оваа опција е као идеална за пред спиење ако читаш.Мада ипак мислам дека ова е поизразено кај лцд екрани пошто нели директно свети во тебе, споредено со ридериве кај кои што екранот се осветлува странично со оптички влакна или нешто во тој стил.
Покрај другото, маде ин тајван е кобово, што по денешен критериум кога све е маде ин прц(peoples republic of china) му доаѓа ко да е у дојчланд правен :)

Иначе чим веќе имаш на што да читаш, подобро почекај да се види како ќе биде ситуација со колориве. Наводно цената на производство на новите колор еинк екрани е дури помала од сегашниве црно бели, така да не би требало да бидат поскапи.
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.034
1.845
Скопје
Цената за верзија без реклами е 169$

Не е само за стрипови, и за книги e наизменично :) . 90% од стрипчиња што читам моментално а и што ќе ги читам уште доста години(моментално околу 9000 броја во колекција) се црно бели, така да не ми фали некако боја дури и да е некоја ретка колор едиција конвертирана во грејскејл. Доста се полесни од таблет, а и башка малку око да поштедам.
Иначе ти држи муабетот, колор стрипчиња боље изгледаат на таблет. Мада јас ипак ќе почекам да искочат ридери во боја за таа намена, има добар развој на тоа поле и веројатно ќе има годинава.Исто и респонсивноста би требало драстично да се подобри кај новиве ридери пошто имаат и нови процесори разработено.

За книги ми е libgen.io прва станица, нема што не сум нашол(на наглиски). Кој не го знаел сајтов можда ќе му заврши работа.

И новиот Оазис чита на увце ;), ете ти дополнителен аргумент да си го земеш.Можда само со спиење на кауч ќе пројдеш штознаеш, кој не ризикува... :).
И мене ми фаќа око, али според мене е опција што доаѓа во предвид само ако не го занима човек колку кошта и мора да има ајфон :)(за помалку од 50% од цената на оазис го имаш кобо H20). Со 32ГБ верзијата е 300$ + достава би била околу 15-20$(отприлика толку беше за другиве моделчиња) ако може да се нарача преку амазон до македонија, и 18% ддв додај... Не друже, не проаѓаш само со кауч :p.
Исто кaкo алтернатива го имаш Kobo Aura One со 7.8" екран со 32GB околу 290$ + 18%ддв при достава.Ептен е блиску цената меѓу овие 2 , ама па тие 0.8 + на екранот ептен се привлечни. и додатно имаат ставено по два реда диоди и може фронтлајтот да биде бел или жолткаст.Нели сега тоа е најмодерно, дека блулајтот од диодите за осветлување пореметува сон па оваа опција е као идеална за пред спиење ако читаш.Мада ипак мислам дека ова е поизразено кај лцд екрани пошто нели директно свети во тебе, споредено со ридериве кај кои што екранот се осветлува странично со оптички влакна или нешто во тој стил.
Покрај другото, маде ин тајван е кобово, што по денешен критериум кога све е маде ин прц(peoples republic of china) му доаѓа ко да е у дојчланд правен :)

Иначе чим веќе имаш на што да читаш, подобро почекај да се види како ќе биде ситуација со колориве. Наводно цената на производство на новите колор еинк екрани е дури помала од сегашниве црно бели, така да не би требало да бидат поскапи.

ах онака регуларно сеа може не ни прќаат од Амазон навака, а на времето барем коа го зимав 3ка ва (и пред него) ѓи пракаа интернационално и тоа за 19$ .. ама јебига тогаш мораше да се пробие нова ствар на пазар и да отвори пазар за е книги :)
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
Заборавив, не прават рифреш на целата страна на секое вртење(освен ако не ти е така подесено).
На киндл мислам дека имаше опција да се избере од 1-5 вртења, на кобово има од 1-10 или на секоја нова глава од книгата.
Од фул рифреш на секоја страна апсолутно нема потреба, освен ако нема многу ghosting(останати силуети од буквите од претходната страна). Јас на книги ghosting ама ич не гледам на кобово со подесено на фул рифреш на секоја нова глава(ова може да биде и 20+ страни), кога би можел скроз би го исклучил.На стрипови ако не фул рифреш на секое вртење, се познава ghosting во одредени ситуации, ама не смета нешто многу.
Ова одамна сакав да го направам на мојот Киндл, и не ми текнува зошто баталив. Требаше jailbreak да се направи претходно, така?
edit: NVM, заборавам дека имаш Кодо. :)

Ја уше сум заглавен на 3ка та или така наречениот сеа Kindle Keyboard, ни батерија има попуштено ни бутур .. ми иде да го пуштам у вода некој одмор :)
Следен пат кога ќе ти дојде да го пуштиш во вода, продај ми го мене. И јас имам 3-ка, ама страв ми да помислам дека ќе морам да користам модел со тач скрин ако (кога ќе) му се деси нешто на мојов. ;)
Каква ретардирана глупост е тач скрин UI на уред кој во 99.99% од времето единствена интеракција со корисникот, му се две команди: страница напред, и страница назад.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
Ајде сега киндлаџии, дајте една листа со плусови/минуси за киндл , и зашто би бил подобар од кобово? Пошто прилично долго се информирав на темава пред да го изберам H2O, и баш ме интересира дали сум промашил нешто, дали нешто ми фали а да не знам :)
Не си промашил многу. Единствено за стрипови, не знам колку помагаат тие 0.8 инчи (~2sm). Maлку некако, 17 сантиметри се повеќе од 15, ама сеуште далеку од просечната димензија на стриповите (физичката димензија). Уште ли не се сети некој да направи софтвер (на РС) што ќе ги дели страните со стрипови, во одделни имиџи за секоја една слика на страната?

За водоотпорноста, за мене ова би било важно. Кога сум на одмор често го носам читачот на чамец (кога одам на плажа), потенцијална опасност од вода постои и обично го виткам во неколку кеси, за да го заштитам од паѓање на ранецот во вода (нормално, тоа помага само ако се реагира веднаш). Со водоотпорен читач не би се замарал со тоа, така да водоотпорноста е добар бонус.

Окулу цената, основниот модел на Киндл во Анхоч кошта окулу 4К денари (или барем толку беше преклани кога јас го купив вториот киндл). Сега на Амазон гледам, 80долари е најевтиот модел. Oсновните модели на Кобо, на ибеј најевтино ги наоѓам за 80-90 долари со поштарина.

Кобо H2O - од јапан околу 9000 со сите давачки, достава за околу 1 недела.+
Kako стигна до 9000д? Или не го купи од тој линкот за $133? Koлку ти наплатија царина и данок?
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.231
1.728
Скопје
Нешто искуство со pocketbook Anhoch PC Market Online - Дома ?

И некој админ да ја префрли дискусијата надвор од огласи? Плиз енд тенкс!
Го зимав во предвид 8 инчниот покетбук кога бирав, али малку ми скрши филм што е 350 грама тежок(Aura one со 7.8" е 230грама). Па уште малку ми доскрши филм што прочитав дека имал тапа контраст екранот споредено со аура оне, мада ова може и да не смета реално ако ги немаш двата еден до друг и да се јадеш зашто не ти е најбољи покетбукот :).
А скроз се пишманив кога отидов побарав во анхоч дали може да ги разгледам покетбук уклучени, а дечкото ми кажа дека неможеле да се уклучат пошто треба да се напунат прво.
Ако го мрзело дечкото да покажува, ок, ама ако стварно беше така како што ми кажа онда сите што ги имале во анхоч се со делумно заебана батерија. Литиумска батерија никогаш не смее да стои фул испразнета подолг период. А пошто од фабрика доаѓаат наполнети обично 30-50 % , можам да замислам колку време седеле за да им паднат батериите на 0, и уште колку после тоа.
И тука заврши покетбук како добар избор за мене.

Не си промашил многу. Единствено за стрипови, не знам колку помагаат тие 0.8 инчи (~2sm). Maлку некако, 17 сантиметри се повеќе од 15, ама сеуште далеку од просечната димензија на стриповите (физичката димензија). Уште ли не се сети некој да направи софтвер (на РС) што ќе ги дели страните со стрипови, во одделни имиџи за секоја една слика на страната?

Kako стигна до 9000д? Или не го купи од тој линкот за $133? Koлку ти наплатија царина и данок?

Тапа скенови имаш :p, се научија више сите на по 1 страна да ги прават. Иначе има за делење софтвер, памтам дека се заебавав пред едно 3-4 години делев страни пустев.Ги гледам сега програмчињата што ми останале од тоа време , и мислам дека беa GraphicsMagick во комбинација со Homer, или само првото не сум 100% сигурен.Во секој случај мачна работа ако не ти е ептен ќеф да си средиш нешто што неможеш да најдеш веќе средено.

Незнам што стрипови читаш, ама за моиве таман е(дилан дог, марти мистерија и сл) можда малку да е помал екранот отколку стрипот во реалност, веројатно 7.8" би биле баш колку оригиналот.Немам аналогно стрипче да измерам. Реално и овие поголемиве(како америчкиве марвели) се читливи ради добра резолуција што има екранот , ама малку се ситни буквите и може некој да го замара тоа.
Иначе на хартија може изгледа малку 0.8 разлика, ама во реалност е бајаги. Еве ти сликче за отприлика да осетиш, кобото до киндле со 6"
Kindle-vs-Kobo-Aura-H2O-560x334.jpg

Царина нема за еридер, само ддв 18%. И доброто е што емс немаат педерски надувани цени ко дхл и слични звериња, за нив околу 150ина денари отидоа.
Малку поскапи беа кога го зимав, ме фати 146$. Така да сега би искочил негде околу 8500 со сите давачки со 133$ цена.Али рачунај си ти 9000, и после части се со кусурот :)
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.231
1.728
Скопје

kirev

senior
31 мај 2010
9.123
7.810
На времето се мислев меѓу Кобо и Киндл, па донесоа во Анхоч и толку беше од мислењето :)
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
Во врска со можноста на некои ебук ридери да читаат текст (погоре зборевте за ова), да ве потсетам дека постојат аудиокниги кои се нарирани од актери и се многу попријатни за слушање од генерички компјутерски говор. :)
Добри аудио плеери се посоодветни уреди за репродукција на аудиокниги. Ако најдам време ќе гледам да напишам рецензија за пар аудио плеери кои ги користам некое време.

@DeJaVu ЕМС доставуваат до дома, или замараат како ДХЛ да идеш до кај нив во канцелариите?
Инаку ми се допаѓа концептот на Кобо H20. Aura One уште повеќе ми се допаѓа (за стрипови). Но нема да загризам сега и да нарачам. Kindle Keyboard засега сеуште одлично ме служи (чукам во дрво), а за мене механички тастери се многу подобар интерфејс од тачскрин. 6 инчи е сосема доволно за читање книги, а приказот (за мене) е некако подобар од тој на Paperwhite моделите.
Да почекаме да видиме што ќе се случи со најавите за е-инк екрани во боја. :)

Инаку за Анхоч, тоа им е стандарден одговор. Или еден од нив, мене ми кажаа дека не смееле да ги отвараат кутиите. Но бев упорен, и бев услужен, со објаснување дека нема да купам производ што не ми даваат прво да го видам. Едноставно инсистирај да се консултира претпоставениот (и изрази спремност за купување), па и најмрзливиот продавач ќе мора да ти учини. ;)

Тапа скенови имаш :p, се научија више сите на по 1 страна да ги прават. Иначе има за делење софтвер, памтам дека се заебавав пред едно 3-4 години делев страни пустев.Ги гледам сега програмчињата што ми останале од тоа време , и мислам дека беa GraphicsMagick во комбинација со Homer, или само првото не сум 100% сигурен.Во секој случај мачна работа ако не ти е ептен ќеф да си средиш нешто што неможеш да најдеш веќе средено.

Незнам што стрипови читаш, ама за моиве таман е(дилан дог, марти мистерија и сл) можда малку да е помал екранот отколку стрипот во реалност, веројатно 7.8" би биле баш колку оригиналот.Немам аналогно стрипче да измерам.
The Walking Dead, на пример:
upload_2018-1-7_23-56-47.png
Димензиите (според Амазон) се: 6.4 x 0.8 x 10.1 inches. Е сеа, Марти, Дилан Дог (YU) стриповите секако беа физички помали (дај една страна да го видиме скенот), за таков формат ~7 инчи би биле многу посоодветни. Инаку мислев на некој софтвер кој автоматски и без многу рачни интервенции би вршел конверзија на имиџите со страните, во имиџи од одделните слики (со што автоматски се прави зумирање). :)
Не сум налетал на вака „расклопени“ стрипови, обично еден имиџ е една физичка страна.

Инаку и јас би сакал да ги замолам модераторите да одвојат дел од темава, во посебна дискусија за Ебук читачи или Ebook Readers (предлог за наслов).
 
psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.506
31.957
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Mислењата се префрлени.
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.231
1.728
Скопје
@DeJaVu ЕМС доставуваат до дома, или замараат како ДХЛ да идеш до кај нив во канцелариите?
Инаку ми се допаѓа концептот на Кобо H20. Aura One уште повеќе ми се допаѓа (за стрипови). Но нема да загризам сега и да нарачам.
Да почекаме да видиме што ќе се случи со најавите за е-инк екрани во боја. :)
Немам појма дали доставуваат до дома, пошто не ми се чекаше да ме бараат или известување да ми стига, чим стигна одма им отидов на железничка.Мада мислам дека не би го доставиле до дома пошто треба ипак да платиш кај нив давачки.
Дефинитивно вреди да се почека, пошто Clearink веќе имале клиенти што си платиле лиценци за екраните и треба early 2018(шефот спомна јануари) веќе да има комерцијални читачи.
Али има мало разочарување, бар за мене. Дечките имаат 2 платформи, оптимизирана за видео со 33Hz рифреш и Bistable(како што се сегашниве читачи).Не ми е баш најјасен овој момент со оптимизираново за видео, ама по се изгледа не ја чува последната слика на екранот него се гаси нешто ко лцд екран.Башка првите скоро сигурно ќе бидат со 4096 бои. А за жал(а може и за нечива радост) платформата оптимизирана за видео ќе биде првата што ќе излезе на пазар.Така да early 2018 престана да ме радува толку откако прочитав за ова, али ипак не е далеку и ќе видиме што ќе биде дефинитивно кога ќе излезе.

Повеќе радува ACeP пошто според најавите ќе има 32000 бои од старт, ама па се немаат изјаснето кога ќе го пуштат.Може малку и да се заборават, пошто Clearink во моментов не им прави конкуренција на Bistable поле.
Иначе не е и тука без глупи моменти, како например 150ppi :(. Киндл вифи има 167ppi.Така да веројатно нема да проаѓа толку лесно читање на ситни букви, и ќе треба со малку поголем екран да се земе за стрипчиња.

Иначе на кој му е хитно за читач и му фаќа око Kobo H2O, би препорачал да побрза.Пошто имаат веќе пар месеци H2O2 избацено, и може да ги снема.А новово ем е поскапо и според мене ама ич не е некој апгрејд.Му имаат додадено +4гб за вкупно 8гб ама па тргнати се сд слотовите, и внатрешниот и надворешниот.Светлото е со опција да си подесуваш бело или накај жолто и е 30ина грама полесен.

Инаку за Анхоч, тоа им е стандарден одговор. Или еден од нив, мене ми кажаа дека не смееле да ги отвараат кутиите. Но бев упорен, и бев услужен, со објаснување дека нема да купам производ што не ми даваат прво да го видам. Едноставно инсистирај да се консултира претпоставениот (и изрази спремност за купување), па и најмрзливиот продавач ќе мора да ти учини. ;)
Јебига, нивна загуба ако е така. Не се осеќам ама ич заебан, дури услуга ми направија :).

The Walking Dead, на пример:
Димензиите (според Амазон) се: 6.4 x 0.8 x 10.1 inches. Е сеа, Марти, Дилан Дог (YU) стриповите секако беа физички помали (дај една страна да го видиме скенот), за таков формат ~7 инчи би биле многу посоодветни. Инаку мислев на некој софтвер кој автоматски и без многу рачни интервенции би вршел конверзија на имиџите со страните, во имиџи од одделните слики (со што автоматски се прави зумирање). :)
Не сум налетал на вака „расклопени“ стрипови, обично еден имиџ е една физичка страна.

Изволте страна
00011.jpg
Сега одзумирај ја, вади лењирот и мери 6.8" дијагонала :)
Ставив еден The Walking Dead, и читливи се буквите(нормално помали од ју стриповиве).Ќе го земам здравје следниот пат кога ќе си ги мериме ламбите, па ќе видиш и на живо како изгледа.
За делењево погрешно те разбрав.Мислев сакаш од скен со 2 цели страници на една слика да ги делиш на 2 слики со по една страна на секоја.
Иначе на пејпрвајт има panel viev(незнам твојот и останати постари дали поддржуваат, прогуглај.И да нема фабрички, може има некое модче), и го има баш тој ефект што сакаш. Само имај предвид дека батерија бар х4 потрошња(веројатно и повеќе зависно колку панели има страната) за исто стрипче споредено со стандарден изглед, пошто ќе вртиш страни на секоја секунда.Плус ќе губиш имерсија, пошто пола од концентрација ќе ти биде на вртење страни :)
Еве и упатство како да си ги конвертираш од едно гуглање на брзина:
I used a cbz file of Scott Pilgrim 01 for this. You will need kindlegen and Kindle Comic Converter. Extract them both and then go into the kindlegen folder and copy/paste kindlegen.exe into the Kindle Comic Converter folder. Run kcc.exe, add your files, choose your device, and hit execute. It should convert it into a mobi file that also works with Kindle's panelview. It looks great! The comic is fullscreen fit-to-height and a double-tap zooms in on that quadrant. You can zoom back out by double tapping or just go to the next quadrant like it's a normal page. :)
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
...треба early 2018(шефот спомна јануари) веќе да има комерцијални читачи.
Али има мало разочарување, бар за мене. Дечките имаат 2 платформи, оптимизирана за видео со 33Hz рифреш и Bistable(како што се сегашниве читачи).Не ми е баш најјасен овој момент со оптимизираново за видео, ама по се изгледа не ја чува последната слика на екранот него се гаси нешто ко лцд екран.Башка првите скоро сигурно ќе бидат со 4096 бои. А за жал(а може и за нечива радост) платформата оптимизирана за видео ќе биде првата што ќе излезе на пазар.Така да early 2018 престана да ме радува толку откако прочитав за ова, али ипак не е далеку и ќе видиме што ќе биде дефинитивно кога ќе излезе.

Повеќе радува ACeP пошто според најавите ќе има 32000 бои од старт, ама па се немаат изјаснето кога ќе го пуштат.Може малку и да се заборават, пошто Clearink во моментов не им прави конкуренција на Bistable поле.
Иначе не е и тука без глупи моменти, како например 150ppi :(. Киндл вифи има 167ppi.Така да веројатно нема да проаѓа толку лесно читање на ситни букви, и ќе треба со малку поголем екран да се земе за стрипчиња.
Тесно ги следиш работиве значи. Мене ми изгледа дека интересот за е-инк екрани во боја примарно им е за таблети, не за ебук ридери. Затоа и емулацијата на лцд (со 30 фрејма освежување). А во врска со бројот на боите, мислам дека можеби тоа и нема да биде голем проблем - не сум сигурен дали стриповите користат голем распон од бои. Огромниот дел секако се црно-бели. Затоа најмногу ми се допаѓа моментот што кога ќе испаднат моделите со боја, постарите црно-бели модели како Кобо Aura One (со поголема дијагонала) би требало да паднат со цена кога ќе се чистат залихите. Тоа ќе биде право време за набавка на поголем црно бел ебук ридер за стрипови. :)

Чисто ако гледаме само за читање книги, помалите модели се подобри. Полесни се, и подобри за долго држење во рака.

Иначе на пејпрвајт има panel viev(незнам твојот и останати постари дали поддржуваат, прогуглај.И да нема фабрички, може има некое модче), и го има баш тој ефект што сакаш. Само имај предвид дека батерија бар х4 потрошња(веројатно и повеќе зависно колку панели има страната) за исто стрипче споредено со стандарден изглед, пошто ќе вртиш страни на секоја секунда.Плус ќе губиш имерсија, пошто пола од концентрација ќе ти биде на вртење страни :)
Еве и упатство како да си ги конвертираш од едно гуглање на брзина:
I used a cbz file of Scott Pilgrim 01 for this. You will need kindlegen and Kindle Comic Converter. Extract them both and then go into the kindlegen folder and copy/paste kindlegen.exe into the Kindle Comic Converter folder. Run kcc.exe, add your files, choose your device, and hit execute. It should convert it into a mobi file that also works with Kindle's panelview. It looks great! The comic is fullscreen fit-to-height and a double-tap zooms in on that quadrant. You can zoom back out by double tapping or just go to the next quadrant like it's a normal page. :)
Интересно, не знаев за panel view. Не најдов јасни податоци кои модели го подржуваат, ама според датумот на видеово можно е вториот киндл што го имам, да поддржува panel view. Ќе пробам во прва прилика кога ќе добијам желба за стрипови. Фала и за методот за конверзија. :)
View: https://www.youtube.com/watch?v=SVNtpbyIYN4
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.034
1.845
Скопје
@DeJaVu ЕМС доставуваат до дома, или замараат како ДХЛ да идеш до кај нив во канцелариите?

ЕМС ако треба да им однесеш доказ нешто околку царина, треба да отидеш до железничка, иначе ако ти пресметаат сами, ти носат дома и може да му платиш на рака на курирот. Плус (обично) се јавуваат, па можеш чак и да ѓи договориш на друга локација да ти го донесат. Пример мене ми вртеа дур идев на работа, па со курирот се договорив да ме чека кај што паркирам (секако ако е ептен разлика, ќе треба да го чекаш ако иде за тој регион нормално). Од курирски пошти иначе едини кај нас што не се рип оф да дриблаат со шпедитерски услуги, лежарини и сл
 
FiC DoGG

user
17 април 2007
1.047
1.111
www.behance.net
FiC DoGG's setup  
Processor & Cooler
i7 2600k Noctua NH D14
Motherboard
Asus Sabertooth P67
Storage
840 pro 128GB + 500GB HDD + 1000GB HDD
PSU
CM Real Power 550W
RAM
2x4GB DDR3 1333
Video card
Gigabyte GTX 760 2GB
Case
CM Centurion 5
Mouse
A4tech X7
Monitor
2x Dell U2412m
OS
Windows 8.1 Pro
Интересно, не знаев за panel view. Не најдов јасни податоци кои модели го подржуваат, ама според датумот на видеово можно е вториот киндл што го имам, да поддржува panel view. Ќе пробам во прва прилика кога ќе добијам желба за стрипови.
Колку што знам panel view го има веќе неколку години наназад, но самиот стрип мора да биде форматиран да го поддржува, така да пиратерија што е само скенирана и пикната во cbr нема функционира така.
Мене лично ми е малку шугава таа идеја со panel view, самиот распоред на панелите си има значење и каков филинг ќе има страната, замисли печатена верзија да добиеш исецкана како конфети и да го доловиш истото чувство, не иде баш.
Јас читам доста манга на киндлот, и освен неколку серии каде што scanlator-ите се правеле паметни и користеле некои шугави фенси фонтови, сум немал проблеми со читливост. Paperwhite со дупло повеќе ДПИ од мојот к4 треба да биде уште подобар за читање безразлика што е мала дијагоналата.
Физичката големина на стандардниот киндл ми е некако таман за читање со една рака, поголем екран во истиот форм фактор би било поидеално за мене во споредба со само зголемување на екранот и целиот уред со тоа. Новиот киндл оазис изгледа ептен погоден во тој поглед, само што е доста солен.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно