Не ни нарачав. Ставив во кошница, ми испаднаа натаму наваму работи и заборавив. Здравје ќе биде
терам со локални, изгледа имам вишак пари, еве незнам.Јас исто терав со Тримекс прва порачка и кога видов колку повеќе може да се нарача од ајхерб за истите пари, ги баталив.. буквално кланица.терам со локални, изгледа имам вишак пари,
Абе каков Тримекс. Јас си одам у аптеки фини лепо па си разгледувам натенане, мислиш ќе ги пробам ко кондуриЈас исто терав со Тримекс прва порачка и кога видов колку повеќе може да се нарача од ајхерб за истите пари, ги баталив.. буквално кланица.
. Добро што е право пола од работите и ги добивам на база мито корупција, ама за ќотек сум знам. Пуста мрза и навика. Коа ќе снема тогаш ми текнува. Еве ветувам ќе фатам ред некој (или лажам).
Јас би додал уште еден кверц или К2 комбо од 50 гр за да излезе фри шипинг.Фала за видеата, таман се за праќање по познати (ова има повеќе шанси да го одслушаат, отколку нешто на Англиски).
Мислењето е автоматски споено:
Еве еден предлог за нарачка, со моменталниот попуст ова иде под 22 евра така да не би требало ниту данок да се наплати. Шипингот е евтин пошто Natural Factors иако не е наведено, функционираат како шипинг сејвери (намалуваат поштарина). Друго размислување е дека полесните пратки, под ~700грама, поминуваат под радар на царниците.
Погледнете го атачментот 95338
Не.Дали приметивте дека цените се зголемени на голем број продукти со најновиот попуст.![]()
Фала за видеата, таман се за праќање по познати (ова има повеќе шанси да го одслушаат, отколку нешто на Англиски).
| 1/2 cup | 64 g | 2.25 oz |
| 2/3 cup | 85 g | 3 oz |
| 3/4 cup | 96 g | 3.38 oz |
| 1 cup | 128 g | 4.5 oz |
Нешто што можеби ќе им се најде посетителите на темава, рецепт за паста од турмерик.
Практично во тавче со ~150-200мл вода се ставаат:
~64 грама турмерик
3 супени лажици кокосово масло
1 мала лажичка бибер (најдобро свежно мелен/здробен, но може и фабрички сомелен)
1 мала лажичка цимет
1 мала лажичка џумбир (најдобро свежно изрендан, но може и исушен во прав)
Се меша неколку минути на тивок оган додека не се добие релативно густа конзистентна маса. После ладење се складира во затворена тегла, во фрижидер може да стои 10-14 дена.
За бенефитите ќе ве оставам сами да пребарате.
How To Make Turmeric Paste
View: https://www.youtube.com/watch?v=WRvHdV_sYvg
*** INGREDIENTS FOR THE TURMERIC PASTE *** 1 cup of water 1/2 cup turmeric 1 teaspoon ground black pepper 1 teaspoon ground ginger 1 teaspoon ground cinnamon 3 tablespoons coconut oil ***
Рецепт за пијалок:
INGREDIENTS FOR GOLDEN MILK *** 1 teaspoon of turmeric paste 2 Glasses of vegetable or cow's milk 1 teaspoon cinnamon Sweetener to taste *** TIPS *** Turmeric stains hands, clothes and kitchen utensils very much, so it is convenient to take care when handling it.
cup to grams
1/2 cup 64 g 2.25 oz 2/3 cup 85 g 3 oz 3/4 cup 96 g 3.38 oz 1 cup 128 g 4.5 oz
Mислиш на концентрацијата (oд аспект на тоа дека во свежа форма не може да се изеде количината потребна за терапевстски ефект), или чисто во дадениов случај дека сушен џумбир е подобар од свеж, рендан џумбир?Се е ок, ама скоро да не постојат билки кои се поздрави во свежа форма.
Mислиш на концентрацијата (oд аспект на тоа дека во свежа форма не може да се изеде количината потребна за терапевстски ефект), или чисто во дадениов случај дека сушен џумбир е подобар од свеж, рендан џумбир?
Хмм, ова сум го слушал неколку пати а никогаш не сум го истражил... Значи количините на страна, мене прва помисла ми е дека при сушењето неизбежно се губат некои работи/есенцијални масла/итн. Но штом ти го тврдиш ова, значи треба да се истражи/прочита подетално.Се што е сушено од билки е најчесто далеку помоќно.
Хмм, ова сум го слушал неколку пати а никогаш не сум го истражил... Значи количините на страна, мене прва помисла ми е дека при сушењето неизбежно се губат некои работи/есенцијални масла/итн. Но штом ти го тврдиш ова, значи треба да се истражи/прочита подетално.
Како љубител на зачини и вакви разно разни преливи и пастички, го пробав рецептов (направив 1/3 доза ко за проба). Мала измена направив и наместо кокосово масло ставив маслиново (кокосот не го сакам а и прескапо е кај нас).Нешто што можеби ќе им се најде посетителите на темава, рецепт за паста од турмерик.
Практично во тавче со ~150-200мл вода се ставаат:
~64 грама турмерик
3 супени лажици кокосово масло
1 мала лажичка бибер (најдобро свежно мелен/здробен, но може и фабрички сомелен)
1 мала лажичка цимет
1 мала лажичка џумбир (најдобро свежно изрендан, но може и исушен во прав)
Се меша неколку минути на тивок оган додека не се добие релативно густа конзистентна маса. После ладење се складира во затворена тегла, во фрижидер може да стои 10-14 дена.
На овие количини, состојки, начин на спремање (со топлина), и колку можете да изедете дневно, бенефитите се во центарот за задоволство (ако ви се допадне) и лачењето на допамин од тоа. Толку.За бенефитите ќе ве оставам сами да пребарате.
За вкусови нема да коментирам, но мене ми е интарасен рецептот од друг аспект.
Сите знаеме дека турмерик/куркумин има слаба апсорпција во човечкиот организам, но може значително да се подобри ако се комбинира со бибер (BioPerine) и/или ѓумбир. Така фирмите го смислиле Curcumin C3 Complex with BioPerine и ни ветуваат 20х поголема апсорпција.
Исто така знаеме ако турмерик/куркумин се обработува термички во комбинација со масти, резултира со подобра апсорпција. Ова е блиску, но не и идентично со Meriva Curcumin Phytosome Phosphatidylcholine Complex (куркумин врзан со лецитин), кој пак ни ветува 48х поголема апсорпција.
Поентата ми е, овој рудиментарен, ингениозен, традиционален рецепт (межеби со друго, а не кокосово масло) е начин како старите генерации успевале да најдат начин да ја зголемат апсорпцијата на овој чудесен лековит корен и да уживаат во неговите лековити својства...
Тоа е тоа кога не се знае да се прочита ни студија да се разбере што и као испитале и каков заклучок е донесен. Ова е како кога ќе ми кажат по 2-3 ракии на сабајле за прочистување и топ било (добро после следат 2-3 и за ручек па за вечера). Дури и најголемите мета анализи за куркуминот за разно разни болештии за кои се фура се во најдобра рака на ниво или малку под „ветува“ (promising). За црното семе уште не е дефиниран ни стандардизиран екстракт и минимум ефективна доза, а камо ли максимално дозволена. Ај се гледаме кога ќе има вакви податоци.Ни јас не сакав да коментирам. Џабе е потрешена енергија на мрчатори со комплекс на негација, а кои ги мрзи макар накратко да пребараат лесно достапни истражувања и податоци за корисните својства на турмерик (куркумин), посебно во синергија со бибер и масло, и посебно со додадени цимет и џумбир.
Дали ова е некој чудесен лек кој ги лечи сите болести?
Не, не е. Овде зборуваме за lifestyle, нешто што се практикува често и долготрајно, по можност и за цел живот. Така бенефитите ќе бидат големи.
Ете го одличниот ЛЕК со познато дејство во екстрахирана форма како бронходилататор, кој како пречистен екстракт се користи долго време во фармацијата за лекови и сирупчиња за благи форми на астма, кашлици и слично.Во тој контекст еве еден друг „бабин лек“, ама после неколку истражувања излегува дека не е само „бабин“ туку дефинитивно е ЛЕК... Иако не се сомневам дека дежурни мрчатори ќе мрчеа за плацебо, ако не беа линкани студии и истражувања (ма веројатно е дека такви секако ќе мрчат, пошто нели - его).
Се работи за Nigella Sativa, или black cumin, или народски „црно семе“.