Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Скопските власти ќе се возат со електрични скутери

IT.mk postBot

Вести од Портал
5 декември 2011
1.543
125
Градот Скопје набави пет електрични скутери кои ќе се користата за потребите на градската администрација. Скутерите возат со максимална брзина од 45 км/ч и може да помине 50 км со едно полнење, за кое се потребни околу 5 часа. Цената на скутерите е околу 2.500 евра, односно потрошени се вкупно 782.458 денари за сите пет.

Според властите, електричните скутери трошат 10 денари на поминати 100 километри, и оваа штедливост би требало да биде доволна мотивација на сите граѓани, иинституции и власти да се заинтересираат за електромобилност. Секако, со електричните мотори се намалува и загадувањето бидејќи не испуштаат лоши гасови од согорување на гориво, и се полесни за оддржување. Скутерите ќе ги користат службите на Град Скопје – инспекторите, комуналните редари и други.

Неодамна Град Скопје постави и прв полнач за електрични возила во гаражата „Македонска фаланга“ со моќ од 22 киловати.



Оригинален текст http://it.com.mk/skopskite-vlasti-k-e-se-vozat-so-elektrichni-skuteri/
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.034
7.705
У секој случај, што повеќе електрични возила тоа поубаво. Wait, тоа значи ли дека РЕК Битола повеќе ќе работи? :(
 

bizmak

hello world
6 декември 2013
110
85
bizmak's setup  
Motherboard
Gigabyte 990XA-UD3
PSU
Antec TP-750C
RAM
8GB DDR3
Video card
2x Sapphire 280X
Case
DeepCool Tesseract SW Black
Мене најинтересен дел во оваа приказна ми е цената. 2500 евра во 2015, 1150 евра во 2011.

50 километри да помине нов скутер на струја = катастрофа изведба / батерии.
 

gug11

Баниран/a
15 октомври 2014
267
149
Мене најинтересен дел во оваа приказна ми е цената. 2500 евра во 2015, 1150 евра во 2011.

50 километри да помине нов скутер на струја = катастрофа изведба / батерии.

782.458 денари, хахахахахах испрани пари/
 
E

emet_

Гостин
У секој случај, што повеќе електрични возила тоа поубаво. Wait, тоа значи ли дека РЕК Битола повеќе ќе работи? :(
таа и без овие е/скутери и е/коли ќе загадува и ќе фучи ко луда.
http://emagazin.mk/vesti/vest/12221

а кога сме веќе кај струјата, вчера 2 саати немаше струја во аеродром.
европски цени, а како да има посебен „квалитет“ за испорака во македонија.
дали во австрија некојпат вака снемало струја?o_O
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
дали во австрија некојпат вака снемало струја?o_O

Како не, и таму снемува струја како и овде. Ама таму полуписмени мајстори кинат кабли со багер затоа што нема факинг подземен катастар.
Кинењето на оптички кабли е секојдневие во Аустрија (затоа имаат мизерен интернет)

Во Австрија не смееш да им бекнеш. Таму објавуваат планирани исклучувања на web страна која е непозната за населението (колку да не ги тужи некој) а објавувањето на радио или пак најавата неколку дена однапред е мисловна именка. Објавувањето на телевизија или радио не постои.
Откако ќе го поправат дефектот, во трансформаторот обично влегува нај пијаниот работник во смената и врши тестирање со уклучување и исклучување на секои 5-10 секунди.
Аустријанците се фин народ и сето тоа одамна го имаат научено па така веднаш пристапуваат кон гаснење на домашните апарати и климатизери. Најпаметните ги гаснат осигурачите затоа што може да се случи да ви „дојде“ струја мерена во kV.


За разлика од нив, Македонија е чиста спротивност.
Љубезни вработени, наплатни центри во централно градско подрачје, прецизна наплата без паушали, стабилен напон и редовно сервисирана мрежа.
Во Македонија (за разлика од Аустрија) се врши, исто така, прецизно мерење на напон на чекор и напон на допир за да нема дополнителни изненадувања кај домашните корисници (неписмените мајстори од Аустрија не прават разлика помеѓу нула и заземјување, замислете)
Во Македонија не може, како таму, да ви отворат разводна табла и со сила и да ви наместат GPRS уред за надзор на потрошувачка.
 

gego

hello world
6 декември 2009
333
360
Скопје
gego's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 3600 & stock cooler
Motherboard
MSI B450 TOMAHAWK
Storage
SSD 500GB & WD 2TB
PSU
Chiftech 750W
RAM
16GB
Video card
AMD RX 580 8GB
Case
NoName
Mouse
Blaody V5
Keyboard
A4Tech X7 G800W
Monitor
Asus VA24EHE
OS
WIN10
А ке стават зимски гуми? Пошо нели зимо иде, а зима душа дала за возење со скутерче! Како истемпираа, до пролет ке нема пола скутери (во зима се зима/зема), а после изборите и другата половина аш.
 
E

emet_

Гостин
@FLEGMA башка што во австрија кога менуваат ел. броило од аналогно во дигитално не ти се јавуваат да ти кажат дека ќе имаш прекин на струја, едноставно доаѓаат и си го менуваат без твое знаење... ниту ти даваат можност да си ја снимиш работата на компјутер во тоа време.

таму многу проекти пропаѓаат поради вакви нанајавени исклучувања, а за разлика од таму во Македонија дојде цел свет да инвестира во инфраструктура и човечки ресурси, а сето тоа доведе до намалување на outsourcing-от, па денес сите се пријавени и задоволни... рајска долина сме за европа море ееееј... :D
 

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно