D
Администратор
По вечерашнава жестока дискусија (темата е затворена од причина што и двете страни си произнесоа мислења и доста беа препукувања), чувствувам потреба дека некои работи треба да бидат разјаснети на членовите на IT.com.mk и неговите посетители.
Најпрвин, би сакал да кажам дека администраторите/модераторите на овој форум имаат тешка задача да го контролираат форумoт и истовремено да го истакнуваат своето сопствено мислење како обичен член... ова би значело дека секој од админите/модераторите мора да игра двојна улога, и тоа и го прави. Никој администратор/модератор досега нема избришано тема или превземено било што од причина што некој член не се согласувал со неговото сопствено мислење. (Доколку мислите дека има таков случај, Ве молам пријавете го тоа на администраторите.)
Понатаму би сакал да истакнам дека IT.com.mk нема ништо против македонскиот форум за хардвер - Hardware.com.mk, и дека темата иаку е иницирана од администратор, во неа е изразено неговото лично мислење а не официјалното мислење на IT.com.mk. Доколку некои од членовите или администраторите на Hardware.com.mk ја имаат погрешно разберено намерата, IT.com.mk упатува извинување до Hardware.com.mk и апелира да запрат сите расправии помеѓу двете страни и истовремено истакнува дека со цел подобрување на македонската ИТ сцена и веб, потребни се соработки помеѓу вакви проекти а не расправии.
Исто така би сакал и да појаснам дека иаку IT.com.mk поддржува рекламирање на други компании на овој форум (за подетални информации контактирајте со некој од администраторите или преку контакт формата на форумот), сепак гарантираме дека нема да го ризикуваме квалитетот на форумот за остварување на профит - ова е ветување!
Се надевам дека во иднина сите заедно ќе работиме на подобрување на квалитетот на овој форум и нема да потпаѓаме под влијание на некои членови кои се тука само за да иницираат кавги.
Поздрав :bye1:,
Дамјан Арсовски
Администратор
www.IT.com.mk
П.С. Сеуште стојам позади тоа што напишав во таа тема, но како лично мислење. Ова официјално мислење го истакнуваме колку да разрешиме некои мисли на некои членови дека имаме нешто против или слично.