![]()
Lemokey X1 QMK/VIA Wired Mechanical Keyboard
The Lemokey X1 is a wired mechanical keyboard with a TKL (80%) layout and premium features like QMK/VIA support, a 1000 Hz polling rate, and a gasket mount. These features enhance its durability and feel, making it an excellent choice for gaming and everyday use on Windows systems.www.lemokey.com
Оваа е, вели
OEM Profile Shine-Through Double-Shot ABS Keycaps
Не се залемени свичевите, hot-swappable се.
Тоа е профилот. Инаку не може да се сменат свичеви зашто се залемени на PCB. Само капачиња.
Зависно од продорноста на ЛЕДот некои PBT капачиња т.е. нивните легенди може да испаднат помалку проѕирни од овие сега што ги имаш. Ако ти е битен LED треба и тоа да го земеш во предвид. Ако не ти е значајно, тогаш може да си нарачаш и квалитетни кои не се со проѕирни легенди. Од нив има поголем избор и се поквалитетни обично.
Не се залемени свичевите, hot-swappable се.
Инаку не, мислев да сменам само капачиња, доколку си бендисам некои custom made, па затоа сакав да знам какви би пасувале.
треба се што е мх компатибилно да пасува ако е ко на сликата горе. Имаш избор колку сакаш и на али и остали продавници. Пази само сетот кога ќе гледаш дал има се капачиња што ти треба .. првиот ред е најчесто различен зависи од распоред па може од 1.25 до 2.5 U ширина да идат капачињата и шифтовите втор ред. Full sets обично идат со сите комбинации, ама помали сетови знаат да се ограничени.Не се залемени свичевите, hot-swappable се.
Инаку не, мислев да сменам само капачиња, доколку си бендисам некои custom made, па затоа сакав да знам какви би пасувале.
Aliexpress...Да не знае некој кај нас дали има некаде да се купат Outemu или Akko CS. Уште рокам Redragon K552 Kumara, си ја земав дури 2018-2019 и уште тера супер, само S копчето знае некогаш да регистриа 2 3 пати кога ќе го кликнам еднаш, а и реално сакам да пробам некој друг свич.
ги подмачкав стабилизаторите со една силиконска маст на Тему ја има, ја зедов за врати да не ми квичат, но и за тастатури брка многу работа![]()
Епа преку интернет тешко дека ќе проверам должина и дебелина на пинови, посебно на Али, ама ќе ги ѕирнам овие што ми ги спомна, фала.Aliexpress...
Само треба да пазиш зашто понови серии оутему и акко цс имаат подебели пинови па не влегуваат во старите сокети. Постари акко цс потешко се наоѓаат. Оутему има по нешто сеуште. Но обавезно провери пинови пред да нарачуваш. Outemu Silent Yellow, Silent Ocean and Silent White ќе влезат сигурно. Верувам и Peach V1 како и Lemon V1 односно од првите серии не би имале проблем. Верзија 2 и 3 веќе мислам дека не пасуваат без да ги сечеш пиновите.
Битен е составот на маста за да остане дејството конзистентно без да се разгради, да изгуби својства да покапе итн. Меѓутоа веќе си ставил па така сега терај и ќе видиш како ќе биде во иднина.
Не си требало да го направиш тоа ама не е страшно, има stab/switch lube во neksio од Keychron, јас го земав за стабилизаторите на Cooler Master MK730 и го смени целиот звук на тастатурата.ги подмачкав стабилизаторите со една силиконска маст на Тему ја има, ја зедов за врати да не ми квичат, но и за тастатури брка многу работа![]()
Не си требало да го направиш тоа ама не е страшно, има stab/switch lube во neksio од Keychron, јас го земав за стабилизаторите на Cooler Master MK730 и го смени целиот звук на тастатурата.
Разликата помеѓу двата типа е тоа што двата поинаку реагираат на материјалите со кои што се во контакт и најмногу за траењето.
Линкови:
Stabilizer Lube - Производ - Нексио
Switch Lube - Производ - Нексио
Тоа го констатитавме од поодамна.Ми влезе чивијата со тастатурите изгледа.
од алиекспрес ? линк ?Ми влезе чивијата со тастатурите изгледа.
Деновиве ја пробав Genesis Thor 404 TKL. Ми требаше поквалитетна тастатура со 5 пински лежишта за експерименти со свичеви и капачиња.
Има одлично RGB осветлување. Свичевите со кои се продава во Анхоч се Gateron Yellow Pro 3.0. Иако ова се бејзик опција сепак се далеку подобри од стандардните кои се инсталираат во тастатури од фабрика. Доаѓаат минимално подмачкани. Одот е мазен и не забележав некој гласен пинг. Тастатурата општо е многу тивка со релативно добро подмачкани стабилизатори на големите копчиња.
PCB поддржува 3 и 5 пински свичеви што е најголемиот адут на оваа тастатура.
Капачињата ми се видоа ОК и со добар квалитет. подебела е пластиката. На некои сајтови пишува дека се од PBT материјал.
Софтверот е исто така доволно добар за се она што на просечен корисник му е потребно.
Негативности кои јас ги согледав се многу оштри рабови на пластичното куќиште. Но и крцкање на пластиката ако се поместува или превиткува тастатурата. Плочата е метална и се слуша чудно крцкање на свичевите на PCBто кога ќе пробате да ја превиткате тастатурата.
Се на се оваа тастатура е подобрена верзија на Thor 230. И е наменета за гејмери. Лично сметам дека Thor 230 е подобра инвестиција за помалку пребирливи и пред се луѓе кои не планираат да менуваат свичеви.
И се подумав на Keychron V3 Max како експериментална тастатура. Но кога го чув звукот на кочињата си нарачав онлајн уште една AULA. Овој пат F87 со шајн тру капачиња.
од алиекспрес ? линк ?
Дај снимка од звукот вака на гледање механичка тастатура џабе.Пристигна Aula F87
Погледнете го атачментот 152742
Space Gold свичеви кои се многу слични со reaper. Исто толку лесни и тропкави. Единствено спејсот ми е малку посмирен по звук. Но оној на F75 ми се допаѓа за нијанса повеќе.
За да се чујат разлики потребно е двете тастатури да ги имате пред себе.
Оваа тастатура за разлика од белата има провидна горна површина. Па под копчињата се гледа PCB и ледовите кога е вклучено осветлување.
Искрено очекував легендите да се повеќе видливи преку ден. Но со оглед на тоа дека стаува збор за буџет PBT капачиња мислам дека е повеќе од одлично.
Нарачав и Outemu Silent Peach V3 кои исто стигнаа па ќе ги поставам наскоро.
Топла препорака за секој кој сака осветлена TKL тастатура за одлична цена.
Погоре го постирав линкот од продавачот. Немав никакви дополнителни давачки.
Дај снимка од звукот вака на гледање механичка тастатура џабе.![]()
Гледам gokica дека е обожавател на AULA, али некои други дали имате мислења и искуства со AULA или AJAZZ тастатури?
Колку време ја имаш? Претпоставувам од Али ја имаш земено?Јас имам Ajazz AK820, презадоволен сум од неа. Многу убаво звучи, изгледа супер, а и билд квалитетот е одличен.