blackelf
lurker
- 14 декември 2013
- 619
- 546
Потполно си во право, ама ова со додатоциве не е ветувачко како 2к, Knock Knock и сл.Абе види, не дека не си во право, и јас го имав тој впечаток, ама кога ќе се погледне големата слика ЛГ можеби и се најиновативна компанија.
Во претходните модели "први" имплементираја 2к резолуција, копчина од позади, ласер фокус и Knock knock кои функционираа одлично. А како капак на се беа и слабите рамки околу екранот, г3 со 5,5 инчи беше помал од некои 5 инчни телефони.
Тоа со копчината од позади им беше полн погодок според мене, посебно корисни за сликање селфи. Штета што го тргнаа.
Во новиов модел главниот фокус е на камерата. Лично јас сакам да експериментирам со камерите, имам неколку леќи за мојот г3
Покрај дизајнот кој искрено не ми се допаѓа, ми смета и тоа што го намалиле екранот. Но сепак тоа е компромис поради модуларноста. Незнам кој друг нуди метално тело, променлива батерја и слот за sd картича.
Ќе видиме како ќе се покаже телефонот кога ќе биде пуштен во продажба. Се надевам се опаметија и нема да ја повторат истата грешка кога го пуштија Г3 со лаг и прегревање.
edit: Го заборавив најважното. ЛГ барем имаат муда да направат нешто поразлично.