Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Купување на странски акции\хартии

budba

read-only
22 септември 2023
2
2
Не најдов оваква тема овдека во скоро време па се решив та прашам пак.

Кој е наједноставниот начин за купување, главно сакам да инвестирам во ETFs како SMP500 и да ми стојат подолг период со надеж дека ќе пораснат ,досега единствен начин што го најдов е преки Wise да ставам и да извадам пари на InteractiveBrokers.

Дали има нешто подобро од ова какви се провизиите и условите ме интересира.

Фала фи однапред.
 
Solution
Како што пишав во Wise темата. Ова е најдобар начин за купување акции, поготово ако се работи за помали инвестиции, затоа што Interactive Brokers дозволуваат да купуваш фракции од акции и од ETFs.

Од неколку обиди и варијанти што ги направив преку Wise. Најисплатливо е да купиш долари со ЕВРА преку Gpay (Си бираш ова на deposit делот).
За да добиеш $100.00 на Wise треба да депонираш 94.44EUR ($101.04)
Провизијата e 1.04%.

Потоа се поврзува Wise акаунтот директно преку Interactive Brokers и ги префрлаш парите таму. Се плаќа уште $0.39 провизии за овој трансфер што тоталот доаѓа $1.43. Oва трае 1 до 2 дена. :)

Првичната идеја ми беше преку SEPA или Wiretransfer да префрлам пари директно на Interactive Brokers, но таков трансфер кошта...

Tommy P

hello world
4 април 2011
105
105
Ќе вратат ли на мејл :D

Oд претходни искуства со плаќање на персонален данок од работа, не од акции, прво идев во УЈП, зборував со одредена личност, па и кажував дур бев кај неа во канцеларија, дека ке и пратам мејл со се што дискутиравме, да ми потврди дека добро сме се разбрале.

Ако не ми врати во рок од 2-3 дена, пак кај неа во канцеларија.

Праисториски начин, ама не гледам друга опција.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно