InSides
lurker
- 21 февруари 2009
- 775
- 2.070
Јас правев некои груби пресметки пред извесно време. Според мене, цената зависи најмногу од рачката, и секоја комбинација ја поминува замислената граница од 2000€![]()
За жал, денес €2,000 едвај ќе го покријат сировиот материјал (алуминиум 6061, алуминиум 6082, ПОМ, бронза C932, бука/јавор ламинат).
Тоа не вклучува (1) обработка - што е најчесто неколкупати повеќе од цената на материјалот, (2) финиширање, (3) мотор, (4) електроника за контрола на моторот, (5) сталак со неговите материјали.
Исто така не ги вклучува рачките.
Хај-фај е прилично скап кога не си подготвен на компромиси.
Јас имав голема среќа што најголемиот дел од ова е изработено далеку пред после-пандемиските поскапувања, и имав достапност од машинобраварски услуги со достапни цени. Со мајсторот кој ми беше партнер во изработката, заедно се учевме и на техники, и му набавував материјали за вежбање и купував алати.
Да плаќав по пазарни цени, тешко ќе беше ова изводливо.
Мислењето е автоматски споено:
Инаку, што се однесува на изворниот муабет на @xenon - не дека не се обидов да најдам некој модус, ама не од аспект на заработка. Тоа е секогаш речиси невозможно.
Ме фати инает зошто ние немаме локален производител на овакви работи. Од инает и го направив грамофонот, ама тоа е приказна за во кафана со пиво.
Чинам дека единствен современ локален бренд кој може да поддржи оваков производ е Теохаров. При неврзан муабет пред некое време во Аудиокултура им напоменав дека сум подготвен да го редизајнирам само да се произведе и дистрибуира, без никакви барања за профит од моја страна (да, навистина), но некако немаше интерес. Не ми рекоа ни да ни не.
Последна промена: