Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Дали „паметните“ домови навистина го прават животот полесен или само покомплексен?

nocabir392

read-only
19 март 2026
1
1
Здраво на сите,

Деновиве многу размислувам за тоа колку длабоко навлеговме во „паметната“ технологија дома. Иако е супер да имаш сè поврзано, почнувајќи од паметни светилки, па до IP камери и сензори, се прашувам дали навистина си го олеснивме животот или само си создадовме уште еден „хоби-проект“ кој постојано бара внимание.

Неодамна се фатив себеси како потрошив цел викенд само за да ги оптимизирам мрежните поставки бидејќи сè почесто забележував доцнења во одзивот на уредите. Дојдов до точка каде што мојот мал 5-портен мрежен преклопник (switch) и еден постар безбедносен апарат (security appliance) станаа центар на мојот дом. Иако е забавно да се конфигурираат VLAN-ови и да се мониторира сообраќајот, се прашувам дали оваа комплексност е нешто што сите го правиме за „душа“ или навистина е потребно?

Интересен е моментот кога една обична сијалица бара постојана интернет конекција и соодветно подесени правила во фајрволот за да работи како што треба. Искрено, понекогаш ми недостигаат деновите кога „мрежа“ значеше само кабел од модемот до компјутерот и ништо повеќе.

Како вие се справувате со ова? Дали се трудите сè да држите во еден затворен и сигурен систем, или сепак дозволувате уредите да „дишат“ без премногу ограничувања? Дали сметате дека оваа технологија е доволно зрела за просечниот корисник, или секој од нас мора да биде „мрежен инженер“ за да функционира едно модерно домаќинство?
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.223
16.377
„Полесен“ и „покомплексен“ како термини не се исклучуваат меѓусебно. Ние ги комплицираме работите за да ни биде полесно, тоест нешто да прави работи за нас за да ни биде полесно. Тоа е и јадрото на автоматизацијата, наместо еден човек да товари камион што е наједноставна работа но најтешка, можеме да имаме робот што е суперкомплициран ама нас ќе ни биде полесно.

Просечен корисник во Белгија на пример или Холандија кој има пари да си дозволи Out of the box решение нема да се замара и све ќе му работи. Ние овде што гледаме егзотики на телевизија но сме сеуште во камено време и мораме све да билдаме од нула или ќе се откажеме или ќе се измачиме. :)
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.579
1.068
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Јас би се осврнал кон Манифактурниот концепт...

Прашањето е всушност следново:

Дали smart-home-овите навистина го олеснуваат секојдневието?
Дали постои реална економска можност во моментов за масовна употреба,
односно дали е економски прифатливо барем кај едно 20% од населението?
Дали има некој економски модел во outsorcing на таквите mundane tasks за тие корисници кои би виделе бенефит во таквите системи?
Дали доколку се најде доволно потрошувачи кои би ги користеле таквите системи
би можело да се развие посериозен бизнис модел зад тоа?

Некој да си игра SRE или DevOps или најмалку System Administrator по дома сум видел колку е "забавно" со DIY Сервери
што секако само по себе е повеќе трошење на време, доклку не се монетизира тоа на некој начин.

Мое мислење е дека ДА има бизнис модел за тоа
меѓутоа многу далеку сме од сето тоа
и најверојатно бизнис моделот може да го разработуваат фирми од типот на НИКОБ или фирми со сличен домејн
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно