Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Поврзување на резервен GPON (Backup ONT)

Luidgi

lurker
24 февруари 2008
858
940
Сакам да поставам резервна GPON конекција со два Huawei HG8245H ONT уреди на истото оптичко влакно. Идејата е секогаш само еден ONT да биде активен, а другиот исклучен, и по потреба да можам да ги заменам без физички да го преместувам оптичкиот кабел. Мониторинг на состојбата и контролата на релиња за вклучување/исклучување на ONT уредите ќе се врши со ESP32.

Планирам да користам 1:2 GPON splitter, со по еден излез кон секој HG8245H. Резервниот ONT има клониран сериски број (SN), односно исти податоци за автентикација према провајдерот како примарниот ONT. Конфигурацијата од провајдерот автоматски се повлекува на уредот и го става во bridge mode. Двата уреди се тестирани независно, се си функционира од аспект на автентикација/конфигурација.

1790412588368.png

Целта на ова е да покрие worst-case сценарио во кое главниот ONT уред хардверски откаже.

Моменталната оптичка моќност на активниот ONT е околу −13 dBm, па ме интересира дали дополнителните ~3–4 dB загуба од splitter-от би биле проблем и дали ваквата конфигурација е практично изводлива?


Ова подолу е дел од мрежната топологија, со идејата за втор GPON уред како резерва. Главниот рутер e OPNSense, кој остварува PPPoE конекција со Huawei-то. Резерва рутерот е ZTE MF286R со OpenWRT, кој работи како WiFi AP/Switch меѓутоа во исто време има своја активна PPPoЕ сесија. Во случај да OPNSense-от падне, ZTEто превзема со рутирање/DHCP/VPN итд. на цела мрежа, се додека OPNSense-от не се врати во функција - тогаш автоматски се враќа во WiFi AP/Switch режим.

1790412146932.png
 

Dr.Calimero

read-only
10 јануари 2025
2
15
Нема да имаш никаков проблем до -24дбм.
Ако сега нивото ти е -13 со сплитерот ако е квалитетен може да качи 2 до 5дбм зависно од квалитет и ќе ти биде на двете места -18 или 19 така да се е во ред.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно