Сери се на фирма чија што дејност не и е примарна дејност.
Што сакаше да кажеш?h:
h:
h:
h:
h:
Леле тоа е тој одговор, требал да провери и во пченките да не е.а неговиот одговор беше "ја имаше, ама не знам, можеби некој ја украл".. Се подзачудив и си отидов.
Абе хоштаплери едни, да беше некој друг, неупатен ќе му увалеа ,,сервисиран,, читај дефектен процесор па ќе го мафтаа по сервиси и чуда со месеци.Денес тргнав да се подновам со еден 4790К. Да го искористам попустот, нели. Имате процесор? Имаме. Може еден? Може еден и имаме знаете тоа е скап процесор не го купува секој, па држиме по еден на лагер. Во ред. Го бара во ветрината, го нема. Само момент да проверам. Се губи некаде на минутка, се враќа и ми носи процесор. И радоста во моментот ми спласна: на кутивчето пишува "вратено"! Што значи ова напишаново? Ништо, нешто наше интерно. Не, благодарам, и пријатен ден...
Не е толку дали е вратен за сервис, или од Битола, или од купувач или било што друго. Проблемот е дека односот е: еве ако сакаш, ако не, кој те ....Абе хоштаплери едни, да беше некој друг, неупатен ќе му увалеа ,,сервисиран,, читај дефектен процесор па ќе го мафтаа по сервиси и чуда со месеци.
ако имате земено било какви оштетени производи можете слободно да ги рекламирате.
во оваа тема тие работи не се поправаат. тоа може само да ви го исправи фирмата од каде сте пазарале.
а ако и тие не сакаат да реагираат, тогаш пријавете во Организација на потрошувачи на Македонија или во Државен пазарен инспекторат.
не ме разбирајте погрешно ама вакви работи не се поправаат на форум! не сум на страната на СЕТ, ниту на некоја друга туку мислам дека на погрешно место сте започнале дискусија. ниту еден член и ниту администрацијата е виновна за тоа што ви се случило.
ако почнам и јас да пишувам или секој да почне да пишува за вакви случувања, крајот нема да се најде на форумов.
не велам дека вие сте виновни туку во таква земја живееме со ваква култура и ваков систем.
и сите сме имале негативни искуства и тоа со секоја фирма. идеална не постои!
затоа постојат оние органи од погоре и ако не сте се обратиле кај нив - џабе! и понатаму ќе се вртиме во еден ист круг.
а сите поплаки паѓаат во вода!
Нормално е на 100 задовлни муштерии да има 1 незадоволен. Нормално е за мало незадоволство, тој незадоволниот муштеријата да направи од мравка, слон. Но не е нормално зошто со таквите негативни мислења се соживуваат луѓе кои и немале релано негативно искуство, но сакаат да прават драма и сензација, притоа не водејќи сметка за евентуалната штета која би ја направиле...