Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Steam Machine за 150$

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.214
1.681
Скопје
Само што нарачав едно, ме чешаше џебот изгледа... :)
Сега само уште да го склопам 3д штампачот што го нарачав пред некоја година, и да му отштампам куќиште... Што нема да се деси во догледно време. :D
Ај нек се нагоде. Пошто неможам да си земам едно, бар за тебе ќе се радувам :).

Чим го добиеш одма мењање паста/падови. Задната плочка е ладилник за рамот кој нема сензор за температура, така да не би било лошо да го појачаш тој дел. Можеш едноставно да ја избушиш плочката и да заштрафиш некој помасивен ладилник, што сигурно ти се матка по кутии, директно на неа(јас додатно и вентилаторче би бапнал). Покрај рамот сигурно ќе се одрази позитивно и на температурата на останатите компоненти пошто е мала матичната.

Ако отклучуваш CU и додатни јадра кај процесорот и/или оверклокуваш, припази на тоа колку струја влече, пошто над 300 вати прочитав дека можело ако е све на макс и фул оптеретено. Зависно од употребата, ако ти иде натаму потрошувачката, тогаш препорачливо би било да се утилизираат и тие додатните мини конектори за напојување на машинчево. Пошто 300 вати преку еден 8 пински конектор се малку многу, може да се стопи од среќа.

Ај уште еднаш нек се нагоде, па обавезно да споделиш искуство од прва рака.

Едит: Изумив да спомнам дека има модели за 3д принтање на ритеншн брекети, да може да му се монтира пример кулер од AM4 напред, ако имаш некој добар што ти се матка низ дома.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.795
6.494
SK
Знаев дека не треба да влагам во зајачката дупка... Додека да разберам што правам, поминале часови во видеа и читање. :-/

Во Нексио нема thermal putty. Веројатно ова ќе го нарачам како замена (според препораките):

А ова го препорачуваат наместо паста:


За ладење изгледа најпаметно е еден подобар 120мм вентилатор, би рекол малку оф-центар од АПУ-то, сечење на горните финови само под вентилаторот. За задната страна ќе видам дали ќе најдам некаде стари Интел кулери, инаку сѐ што наоѓам по дома се некои гломазни парчиња алуминиум.

И ќе видам падови може и да не менувам, само паста за тестирање и проверка на температури. Маката е што нема сензор за задната страна кај видео рамот.

Ако отклучуваш CU и додатни јадра кај процесорот и/или оверклокуваш, припази на тоа колку струја влече, пошто над 300 вати прочитав дека можело ако е све на макс и фул оптеретено. Зависно од употребата, ако ти иде натаму потрошувачката, тогаш препорачливо би било да се утилизираат и тие додатните мини конектори за напојување на машинчево. Пошто 300 вати преку еден 8 пински конектор се малку многу, може да се стопи од среќа.
Tие да ти биле некои MicroFit поротви. Ќе треба или MicroFit adapter да барам и нарачувам, или да најдам такви конектори па да направам адаптер. Пошто никад нема да најдам стари кабли за ретрофит, тие изгледа се за фармите, за поврзување со големи напојувања.

Ако дојде зорт за струја, можно е и дирекно на плоча да се залемат ~16AWG жици (канибализирани од расипано напојување) и така да се склепа некој стандарден конектор.
Ама не планирам оверклок на АПУ, можеби ГПУ клокот да дојде на дифолт за архитекурата (од 2к е ставен на 1.5, копачки финти). И овозможување на јадра и ЦУ-а е интересно, ако се има време за тестирање (што нема да има во догледно време).
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.214
1.681
Скопје
Знаев дека не треба да влагам во зајачката дупка... Додека да разберам што правам, поминале часови во видеа и читање. :-/
Па ти пиши пред да потрошиш часови во видеа и читање, веќе бајаѓи имам прочитано од битните работи во врска со уредов, сигурно ќе ти го намалам значително времето што ќе го потрошиш на таа занимација.

Во Нексио нема thermal putty. Веројатно ова ќе го нарачам како замена (според препораките):
А ова го препорачуваат наместо паста:
За ладење изгледа најпаметно е еден подобар 120мм вентилатор, би рекол малку оф-центар од АПУ-то, сечење на горните финови само под вентилаторот. За задната страна ќе видам дали ќе најдам некаде стари Интел кулери, инаку сѐ што наоѓам по дома се некои гломазни парчиња алуминиум.
И ќе видам падови може и да не менувам, само паста за тестирање и проверка на температури. Маката е што нема сензор за задната страна кај видео рамот.
И немораш птм, ако имаш добра паста мање више исти ташак ти е. Птм спречува испумпување кое го има кај пастата ради промена на температури, но пример МX4 имам користено по мноогу години без промена и на цпу и гпу, без приметна деградација на перформанси.
За падови/пути за рамот шознам, знам дека е препорачливо да се менуваат при отварање на графичка, но лично никад немам сменето на неколку графички што си ги имам препастирано низ годиниве.
Но пошто е бивши копачки инструмент, можеби повеќе деградираат падовите, тука веројатно @Pane24 би можел да ни даде памет од долгогодишно искуство од прва рака.

Tие да ти биле некои MicroFit поротви. Ќе треба или MicroFit adapter да барам и нарачувам, или да најдам такви конектори па да направам адаптер. Пошто никад нема да најдам стари кабли за ретрофит, тие изгледа се за фармите, за поврзување со големи напојувања.
Ако дојде зорт за струја, можно е и дирекно на плоча да се залемат ~16AWG жици (канибализирани од расипано напојување) и така да се склепа некој стандарден конектор.
Доколку има таква потреба, лемење е најлесно/најефтино изводливо. 2 модуларни кабли залемени директно на конекторите па си ги брцаш во напојување. Тука го имаш пинаутот на конекторите(Ј2000/Ј2001) за струја - GitHub - ded811/BC250-Power-Adapter: KiCad adapter PCB for powering the AMD BC-250 through J2000/J2001 using standard PCIe 8-pin and EPS 8-pin PSU cables.

Ама не планирам оверклок на АПУ, можеби ГПУ клокот да дојде на дифолт за архитекурата (од 2к е ставен на 1.5, копачки финти). И овозможување на јадра и ЦУ-а е интересно, ако се има време за тестирање (што нема да има во догледно време).
За јадрата на процесорот е едноставно, 1 блок е, го отклучуваш и или ќе биде стабилно или нема. За CU веќе се 8 нови отклучени блокови со по 2CU и треба тестирање да најдеш кој блок ти прави проблем(за да го исклучиш само него) ако имаш нестабилност, а може и сите да ти работат без проблем па де не мора ни да тестираш после анлокот.
 

Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.502
7.806
Скопје
www.facebook.com
Што поголема топлинска енергија се ослободува тоа пократко е времетрањето на термалната паста.
На 580 киве и 1060ките у времето ако се менуваа пасти на секоја 1-2 години
Тогаш на сите графички што знаат да повлечаат од 300w па нагоре времето на промена на термална паста опаѓа на 6-7 месеца.
Исто така имам приметено дека и да не е користена воопшто графичката односно да стоела 4-5 години спакувана знае да дојде и до намалена ефкасност на самиот алуминиумски блок односно фреонските цевки за распределување на топлината низ алуминиумот се помалце ефективни. А и термалната паста е неефективна и слабо спроведува топлина.
А за термални падови мн големо смарање станаа со тоа мерење и нарачување на точни димензии, во мода сегашно е со термал putty и помалце замарање е.
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.214
1.681
Скопје
Што поголема топлинска енергија се ослободува тоа пократко е времетрањето на термалната паста.
На 580 киве и 1060ките у времето ако се менуваа пасти на секоја 1-2 години
Тогаш на сите графички што знаат да повлечаат од 300w па нагоре времето на промена на термална паста опаѓа на 6-7 месеца.
Ова многу зависи од пастата што се користи, некои траат помалку некои повеќе во исти услови. Во мојот пример каде што ја немам менувано со години(5+), нормална десктоп употреба со чат пат гејминг, спомнав дека MX4 имам користено.
Наведи и што паста имаш користено за целосност на информацијата.

За падовите на меморијата. Им се намалува ефикасноста после одредено време? Имаш примери од графички што биле со сензор за температура, на кои им скокнала температурата приметно после одреден период, и со промена на пад/пути се смалила за х степени?
 

Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.502
7.806
Скопје
www.facebook.com
Ова многу зависи од пастата што се користи, некои траат помалку некои повеќе во исти услови. Во мојот пример каде што ја немам менувано со години(5+), нормална десктоп употреба со чат пат гејминг, спомнав дека MX4 имам користено.
Наведи и што паста имаш користено за целосност на информацијата.

За падовите на меморијата. Им се намалува ефикасноста после одредено време? Имаш примери од графички што биле со сензор за температура, на кои им скокнала температурата приметно после одреден период, и со промена на пад/пути се смалила за х степени?
MX4 i MX6 Користам сиве овие години. Самата паста на постари графички каде што јадрото помалце загрева трае мн подолг период наспорти поновиве графички каде што времетраењето е сосема на краток период. Односно најмн 6 месеца.
На мои графички 3080/3090ки у времето кога имав поголема количина приметував разлики во температури после 3-4ти месец, додека 6ти месец преку сила тераа и прегреваа на јадро односно и хотспотот значително беше висок.
Додека за термалните падови немам ориентација, претежно разни брендови сум ставал инаку да зависно од тоа колку време се користат графичките на падови на меморија околу 1 година си теруцкаат без проблеми. Особено тие со GDDR6X меморијата.
 

Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.361
11.982
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.795
6.494
SK
MX4 i MX6 Користам сиве овие години. Самата паста на постари графички каде што јадрото помалце загрева трае мн подолг период наспорти поновиве графички каде што времетраењето е сосема на краток период. Односно најмн 6 месеца.
На мои графички 3080/3090ки у времето кога имав поголема количина приметував разлики во температури после 3-4ти месец, додека 6ти месец преку сила тераа и прегреваа на јадро односно и хотспотот значително беше висок.

И тоа пази, ова е во твое сценарио каде картите работат 24/7 па нема големи варијации во температура. Во секојдневно сценарио (со помалку или повеќе гејминг) има многу повеќе циклуси на загревање/ладење - па следствено има и многу повеќе „пумпање“ на термалната паста, па побрзо се доаѓа до потреба од повторно менување на пастата.

Ама заjeбот е во тоа што кога ја менуваш пастата, помалку механички ги оштетуваш и падовите (или повеќе, ако не пазиш како го вадиш хитсинкот), посебно ако треба повеќе пати годишно да го правиш тоа. Така да искача овие phase shift термалниве материјали си вредат за парите. Уште повеќе за замарањето со менување паста, пошто теоретски треба да траат повеќе од работниот рок на самиот хардвер.

Ова можеби би требало да иде во некоја тема за ладење/пасти... Инаку јас на крај од ваму нарачав Honeywell PTM7950 (Phase Change Pad 8.5W/mk):


На претходинот линк (поназад) цената е пониска ама ова тука е постара продавница а производов е со илјадници нарачки. Во моментов има и активни купони на Али.
Мислењето е автоматски споено:

Добра цена за тоа основното путе од 30 грама. :)

Падовите се поскапи, посебно со оглед на тоа што за BC 250 треба 2 типа на дебелина. @DeJaVu - падовите ќе ги оставам на место ако перформансите се добри, посебно тие на бекплејтот не сакам да ги дирам. Ако мора, тогаш со пути.
 
Последна промена:

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.214
1.681
Скопје
@DeJaVu - падовите ќе ги оставам на место ако перформансите се добри, посебно тие на бекплејтот не сакам да ги дирам. Ако мора, тогаш со пути.
За во рак се картициве нели оригинално, што значи дека вентилатор ја дува и задната плочка(ладилникот за рамот), така да евентуално тоа да го имаш предвид. Во секој случај има простор за подобрување на ладење. Ќе си процениш чим го добиеш.

Ја пошто си сакам ладно, воглавно ради долговечност(секои 10 степени помалку е отприлика дуплирање на животниот век кај кондензатори и полупроводници), не би го оставил на мира :), али ако не ти се замара сигурно може да брка работа и така.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.795
6.494
SK
али ако не ти се замара сигурно може да брка работа и така.
Не се разбравме. Секако ќе додадам нешто за ладење на бекплејтот, ама од надвор.

Сакав да кажам дека освен ако не се јават проблеми (краширање, главење, итн, без оверклок и овозможување на cpu/gpu јадра), без потреба не би го демонтирал бекплејтот (за да не ги оштетам падовите). Од истиот аспект ниту па на предната страна не би ги дирал падовите (ако нема проблеми).

И генерално ако испадне дека ќе треба менување падови, тогаш ќе ги менувам со пути, не со нови падови.
 

Luidgi

lurker
24 февруари 2008
854
938
Нарачав и јас дур е на акција уште некој ден. Се надевам ќе стигне годинава.
 

Enquito

poweruser
8 август 2017
2.649
1.815
Вие што нарачавте пишете дали ќе ви наплатат дополнителни давачки од ЕЛС за пратки над 100€, знам некои луѓе се жалеа за тоа.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно