Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.459
SK
Има и кај нас. Тоа е тоа. Се има кај нас. Софвер е во прашање. Супер беше наместено кога Коце направи Зелен Бран.
View: https://www.youtube.com/watch?v=cHRDPib_vfk

Ама после „мораше да се тргне“ од следниот градоначалник или кој и да беше, кога мораше нешто свое да измисли. И се закочи цел град со семафорите насекаде. Значи закочувањето е намерно предизвикано. НАМЕРНО. Да се разбереме.

Наместо системот да те „води“ да возиш 40-45кмч и да фаќаш се зелено, тој (досега) те тераше да возиш 75-80кмч за да може да фатиш зелено.

Имено, за да се разбереме. Значи тргаш ти на семафор, и трга зелено на Партизанска. Наредниот семафор 2-3-4 семафора пред тебе ги гледаш зелени. И знаеш дека ќе се затворат и те тера да возиш ШТО ПОБРЗО за да ги фатиш тие 4 зелени. И пак си возел 80кмч и на 5тиот пак те фаќа црвено. Ем си брзал како улав, ем не фаќаш зелен бран. Значи сегашниот магичен сетап на семафори те тера да возиш 20-25кмч за да фатиш колку толку зелено, или да возиш 80кмч и јаче. Значи конкретно ДА НЕ ВОЗИШ 40-45КМЧ. Обратно од тоа што треба.
Ова „ќе возат пребрзо да фатат семафор“, сега со камерите и казнувањата не држи вода како оправдување зошто нема синхронизирани семафори и зелен бран.

Она со закрчувањето во Центар само донекаде држи вода - ама само во правец на Центар и само во одредени делови од денот. Тие „контролорите“ на сообраќај сето тоа го користат како изговор да не работат и да си олеснуваат на смена.
 
18 август 2019
1.209
1.171
Не е проблем со пешаците. Проблем се колите. И најверојатно има повеќе од Скопје на многу помала површина
Не се проблем пешаците, проблем е бројот на луѓе, а тие користат автомобили. Додека во Словенија индустријата е разнесена, во Македонија скоро сѐ е концентрирано во Скопје. Тука најлесно се наоѓа работа, тука се клиниките, тука се најмногу факултети...

Гужви во сообраќајот прават жителите, ама и оние од провинција кои тука работат, дошле на клиника или од некоја друга причина.

Најлошо од сѐ е што 90% од провинција се трудат да се доселат во Скопје, баш поради работните места, клиниките, факултетите. Сакаат на своите деца да им обезбедат подобра иднина (така барем мислат). Градот не може да издржи толкав наплив, едноставно нема капацитет на улици и паркинг простор.

Во Словенија поголемите села имаа кино сали, авто школи, разни производни погони.... Така беше пред 30-40 години, претпоставувам дека не отстапиле од тој начин. Во Македонија сѐ се концентрира во градовите, а Скопје е најкарактеристично.

За крај: Словенците не одат со автомобил на мочање како што е навика кај нас. Ние за секоја ситница сакаме да појдеме со автомобил. Таму доста се пешачи и се вози велосипед. Пред 40-45 години никако не можев да се начудам кога ќе видам баба (можеби била 50 години, ама за мојата возраст сепак беше баба) на велосипед. Потоа се навикнав да ги гледам секој ден.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.029
7.694
Што сакаш да кажеш што не знаеме? Дека Словенија е развиена земја членка на ЕУ и ОЕЦД? Со поголеми јавни расходи од било која балканска земја? Напредна земја без проблеми надвор и внатре? Земја на ПИСМЕНИ И ОБРАЗУВАНИ?

Сепак сообраќајот е поголем од скопскиот - ист број на автомобили на двојно помал број на луѓе. И пешаците не се проблемот. Луѓето шофери се проблемот што несоодветните сообраќајни решенија ги решаваат со насилничко возење и прекршувања на законите. (Како една форумска дискусија - ќутите не зборете многу дека Жирафа не издава фискални за да имаме пониски цени...)
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Проблем се колите. И најверојатно има повеќе од Скопје на многу помала површина
Сепак сообраќајот е поголем од скопскиот - ист број на автомобили на двојно помал број на луѓе.

Гледам упорно го верглаш ова во два поста, нешто што не е вистина.
Прво викаш дека имале повеќе коли, па во наредниот пост сам се побиваш и викаш дека имало ист број на коли. Одлучи се сам со себе што сакаш да кажеш веќе. Сакам кажам - не знам речам, а и двете мислења се неточни.

Според твоето омилено АИ:
As of late 2023, Ljubljana had approximately 160,353 registered passenger cars

In 2020, there were 155,195 registered cars in Skopje.
As of late 2022, there were over 200,000 registered vehicles in the City of Skopje
Љубљана при крај на 2023 имала 160к патнички возила

Скопје при крај на 2020 имал 155к патнички возила
Скопје при крај на 2022 имал над 200к патнички возила.
За само две години бројот на возила во Скопје се зголемил со 45к.

Убеден сум дека во 2025 разликата со Љубљана е минимум 70000-80000 повеќе.

Али добро, веројатно Љубљана си ја видел на Гугл Мапс.
Доволно е таму да се извози ден-два и да се увиди дека Скопје каде каде има повеќе коли, сообраќај и гужва.
 
Последна промена:
18 август 2019
1.209
1.171
Што сакаш да кажеш што не знаеме?
Сакам да кажам дека во Словенија е друга култура, друг начин на размислување, друг начин на државно уредување (и друг начин на учење како се вози). Некој одамна размислувал Љубљана да не постане она што е Скопје денес. Беа со сличен број на жители со Скопје, сега Скопје има два пати повеќе.

Она што упорно го тврдиш дека Љубљана има повеќе автомобили, не знам колку е точно. Но факт е дека еден човек не може да вози два автомобила истовремено. Стандардот им дозволува да имаат мал автомобил за градско возење и голем автомобил за подалечни релации.

Затоа сообраќајот во Скопје и сообраќајот во Љубљана не може да се споредува.
 
bxxxn

user
11 март 2011
1.659
1.812
Како и сите и јас стравувам од казни ама реално е неодржливо нивото на возачка некултура. Утрово прелета кола во мала улица со 60+, каде нема тротоар (поради коли паркирани на троторар), други одеа во погрешен правец ... Дури мислам дека бројот на камери е мал и дека во секоја улица, особено во улиците кај католичка и дебар маало, треба да има по една камера за брзина и погрешен правец.
 
Доволно често одам таму за да знам што гледам по улиците. Дека не паркираат на тротоари не го менува фактот дека имаат МНООГУ повеќе коли. Второ - инфраструктурата е како во Вашингтон и не е како во Скопје.
И јас не бев тој што почна да споредува - провери ги пораките. Едноставно - наместо да се буните зошто немаме добар јавен сообраќај и да барате да се оправи тоа (не за вас, за сите други да одат со јавен сообраќај а вие раат со колите) вие чкрипкате и возите како што не треба и се буните за камерите.
Ако побараш уште поназад по пораките ќе видиш - САМО ФИЗИЧКИ ПРЕЧКИ можат да го средат сообраќајот во Македонија. Баш сум љубопитен дали камериве ќе успеат да го опаметат просечниот Македонец.
(Дали истите што ги браневте Жирафа дека не издаваат фискални се собравте тука или имам погрешен впечаток? Ако не па и крвна освета да воведеме наместо ЕУ решенија...)
Мислењето е автоматски споено:

Како и сите и јас стравувам од казни ама реално е неодржливо нивото на возачка некултура. Утрово прелета кола во мала улица со 60+, каде нема тротоар (поради коли паркирани на троторар), други одеа во погрешен правец ... Дури мислам дека бројот на камери е мал и дека во секоја улица, особено во улиците кај католичка и дебар маало, треба да има по една камера за брзина и погрешен правец.
ФИЗИЧКИ ПРЕЧКИ. ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ. Паркирање од двете страни во малите улички за почеток. ОБЕЛЕЖАНО СО ПЛАЌАЊЕ за да мора газдите во дворот да си ги ставаат колите. И на булеварите една лента за паркирање - така и средната ќе се забави заради влегување и излегување и ќе се одделат колите во движење до велосипедскиот и пешачкиот сообраќај... И јавен сообраќај по посебни ленти (БТР или како веќе се вика е добро решение ИМХО).
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.459
SK
Како и сите и јас стравувам од казни ама реално е неодржливо нивото на возачка некултура. Утрово прелета кола во мала улица со 60+, каде нема тротоар (поради коли паркирани на троторар), други одеа во погрешен правец ... Дури мислам дека бројот на камери е мал и дека во секоја улица, особено во улиците кај католичка и дебар маало, треба да има по една камера за брзина и погрешен правец.
Tреба да направат измени во законите и да дозволат пријавување со видео снимки. Топтан со давање некои симболични парични награди.

Денес заради една глупача сите семафори од Ново Лисиче до пред рекорд барем 2-3 менувања зелено повеќе ги чекав. Не се движеше со колоната оставаше по 20-30 метри пред да дигне глава и да се придвижи и постојано се пикаа друг аута па и цели автобуси. Посебно тука кај ГТЦ семафорите се прават паметни идат по лентата накај ГТЦ/Триумфална капија и се бутаат лево на семафорот. Може 2 аутобуса и 4 аута се бутнаа така додека госпожата се придвижи напред... И не, не беше колегијалност. Буквално десетици метри се движеа тие напред додека оваа да се придвижи.
Не можеш ни во друга колона да се пребациш, сите браник до браник залепени.

Зборувајте што сакате ама вакви има повеќе и сообраќајот е невидено успорен, и надвор од шпицови а посебно во шпицевите.

Треба ред и за да има ред треба мерки, ама треба и обратните имбецили да се стават во ред. Кој ги малтретира другите заради блеење во мобилен телефон, треба да биде казнет. И да се вози колку што дозволуваат условите. Не повеќе ама не и помалку.
Мислењето е автоматски споено:

Паркирање од двете страни во малите улички за почеток. ОБЕЛЕЖАНО СО ПЛАЌАЊЕ за да мора газдите во дворот да си ги ставаат колите. И на булеварите една лента за паркирање - така и средната ќе се забави заради влегување и излегување и ќе се одделат колите во движење до велосипедскиот и пешачкиот сообраќај... И јавен сообраќај по посебни ленти (БТР или како веќе се вика е добро решение ИМХО).
Аман бе друже, па не гледаш што се дешава деновиве?
Од семафор до семафор застанати аута, автобуси, камиони, сѐ заглавено, сообраќајот едвај лази.

Уште предлагаш по една цела лента да се блокира во сите правци?
Значи од 2 или 3 ленти - да идеме на 1 или 2 ленти? Практично да се намали капацитет на проток на сообраќај за некои 50-33% ??

Навистина што мислиш дека ќе случи тогаш?
Па не мора да сме гении, пардон - сообраќајни инжинери - за да предвидиме што ќе се случи во Скопје после намалување капацитет на проток на сообраќај за некои 50-33%.

Ќе се блокира цел сообраќај нема да оди ни напред ни назад. Целосен колапс... И без такви самоубиствени мерки сме навистина блиску до колапс. Чекај кога ќе врне или ќе има снег, па ќе зачестат сообраќајките. Ќе добиеме практична симулација показна вежба што се дешава со блокирана лента.
 
Последна промена:

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.498
3.101
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Денес заради една глупача сите семафори од Ново Лисиче до пред рекорд барем 2-3 менувања зелено повеќе ги чекав. Не се движеше со колоната оставаше по 20-30 метри пред да дигне глава и да се придвижи и постојано се пикаа друг аута па и цели автобуси. Посебно тука кај ГТЦ семафорите се прават паметни идат по лентата накај ГТЦ/Триумфална капија и се бутаат лево на семафорот. Може 2 аутобуса и 4 аута се бутнаа така додека госпожата се придвижи напред... И не, не беше колегијалност. Буквално десетици метри се движеа тие напред додека оваа да се придвижи.
Не можеш ни во друга колона да се пребациш, сите браник до браник залепени.
Да не беше со Шкода џип? :) Вчера имаше една таква на Илинденска ама се сомневам дека некој адаптивен темпомат или нешто слично уклучила затоа што колата одма кочеше кога ќе се доближеше на едно 10 метри од тој пред неа. Мислам дека нема шанси самата да го правеше тоа.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.459
SK
Да не беше со Шкода џип? :) Вчера имаше една таква на Илинденска ама се сомневам дека некој адаптивен темпомат или нешто слично уклучила затоа што колата одма кочеше кога ќе се доближеше на едно 10 метри од тој пред неа. Мислам дека нема шанси самата да го правеше тоа.
Некое мало аутце беше, со металик пастелно розово-сива боја. :)
Не е еден таков случај и не е од сега само сега многу повеќе бодат очи и нервираат.

На престигнување на ја начекав со телефон во рака, а спремен бев да снимам... Ако не ги казнуваат барем да ги срамиме малку (ако имаат срам).
 
18 август 2019
1.209
1.171
И јас не бев тој што почна да споредува - провери ги пораките
Учителке, учителке, тој прв почна. :)
вие чкрипкате и возите како што не треба и се буните за камерите.
Од каде тоа дека јас сум се бунел за камерите? Мислам дека тоа е добро, а како ќе биде во пракса, ќе видиме.
САМО ФИЗИЧКИ ПРЕЧКИ можат да го средат сообраќајот во Македонија.
Во тој случај не ни требаат добри патишта ниту крпење на улиците. Најдобри физички пречки се дупките.
Со физички пречки страдаат и совесните и несовесните возачи. Ги кршиме колите, ги трошиме облогите на кочниците, ја зголемуваме потрошувачката на гориво, а со тоа и загадувањето... Не, не, против сум секој ден да газам полицајци, иако некои го заслужуваат тоа.
Дали истите што ги браневте Жирафа дека не издаваат фискални се собравте тука или имам погрешен впечаток?
Немам ниту еден пост напишано за жирафи и слонови, така да впечатокот е погрешен.
 
Jedah

user
6 ноември 2007
1.308
2.284
Jedah's setup  
Processor & Cooler
AMD RYZEN 5 1600AF 6-Core 3.2 GHz (3.6 GHz Turbo) & CoolerMaster Hyper H411R
Motherboard
ASUS PRIME B450M-K
Storage
SSD: M.2 Corsair NVMe MP510 240GB / HDD: SAMSUNG F1R HE103UJ 1TB / HDD TOSHIBA DT01ACA 1TB
PSU
Cooler Master MasterWatt Lite 700W, 230V, 80Plus, HDB fan, Active PFC
RAM
Kingston 16GB 2666MHz DDR4 CL16 DIMM (Kit of 2) 1Rx8 HyperX FURY Black
Video card
MSI Gaming Radeon RX 570 256-bit 4GB GDRR5
Case
DeepCool Tesseract BF
Mouse
Logitech Optical M100 USB Black
Keyboard
A4Tech A4 KR-85 ComfortKey
Monitor
LG 24'' Full HD IPS Monitor with FreeSync™ (24MP60G-B)
OS
Windows 11
Значи ги надувте со Љубљана и Словенија уште шпенигла ми фали да ги пукнам!

Не ви ја разбирам корелацијата помеѓу урбаната Љубљана со 300.000 жители и пренатрпаното Скопје со 850.000 жители, во однос на брзо или споро возење?
Пак се сведуваме на психолошкиот фактор....
Сакате да кажете дека на љубљанчанец му е многу лесно во животот све во градот му е организирано и може да си приушти да си возика така со 50km/h
А скопјанец е наполнет со фрустрации од урбаниот хаос и не може да дозволи да дреме по улицине па мора да одржува 80km/h по главните булевари за да избега од сељаците во сообраќајот кој додатно му го нарушуваат неговото его?
Стварно не ви ја сваќам логиката.

Поентата околу Минхен и Љубљана, кои ги земав како епитом кон кој тежнеете ко ќе сакате да избегате од државава, ми беше дека законот за 50km/h во градска средина е имплементиран во тие два града како што е имплементиран во секој ебан град во цела Европска Унија.

ФАКТ - Во цела Европа! ограничувањето во градска средина е 50km/h - Така беше Скопје 1991год, така беше 2004год. Така е и сега 2025 накај 2026!
Што ви се смени во животот? Се поставија камери кои ќе го регулираат тоа што не било регулирано и требало да се почитува.
The End!

А тоа што Вас ви смета:
  • Што некој вози 45 наместо 50.5 km/h
  • Што не се синхронизирани зелените бранови по булеварите.
  • Што ви се уфилмало во глата дека на семафор треба да се одржаваат 2000 rpm за ко ќе светне жолто ти веќе да имаш набилдано 40km/h затоа што вие сте петиот во колона и сте ебани ради првиот што не стартал на време
Нема врска со Љубљана и Safe City!
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.029
7.694
Инаку Лос Анџелес е најдобар пример како не може да се реши сообраќаен колапс со додавање на ленти и патишта... Има очајно малку јавен транспорт и рекордни закрчувања. Ништо нема да се оправи со поголема брзина, без камери, со брзи ленти, а без јавен транспорт, ... (еве нека пише кој бил на што личи огромна инфраструктура за коли... отворете мапа како некој да фрлил варени шпагети...)

Што би рекол поранешниот градоначелник на Богота:

"Una ciudad avanzada no es aquella en la que hasta los pobres usan automóvil, sino aquella en la que hasta los ricos usan transporte público."
― Enrique Peñalosa Londoño
Мислењето е автоматски споено:

Учителке, учителке, тој прв почна. :)

Од каде тоа дека јас сум се бунел за камерите? Мислам дека тоа е добро, а како ќе биде во пракса, ќе видиме.

Во тој случај не ни требаат добри патишта ниту крпење на улиците. Најдобри физички пречки се дупките.
Со физички пречки страдаат и совесните и несовесните возачи. Ги кршиме колите, ги трошиме облогите на кочниците, ја зголемуваме потрошувачката на гориво, а со тоа и загадувањето... Не, не, против сум секој ден да газам полицајци, иако некои го заслужуваат тоа.

Немам ниту еден пост напишано за жирафи и слонови, така да впечатокот е погрешен.
Ти ме нападна дека споредувам а јас викам дека нема што да се споредува дека се од друга планета... Башка други ги споменаа и Загреб и Љубљана.
Се согласувам - подобро огромни дупки отколку 60 на час по уличките во Тафталиџе.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.342
Ќе се научат кога ќе се иселат во Немачка. Чунки опинокот се лизга на домашна територија.
Нека почнат да пишат казни и ќе видиш како ќе лазат. Чунки за овај народ најголема можна казна е по џебот.
Некни возев низ Скопје, сите ок си возат, некако и посмирени и пострпливи ми се чинат :)
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.622
3.169
Поспоро се вози. Подобро е така.
Но се кочи на првото трепкање на зелено на луѓе што се пред самиот семафор и се укопуваат а уште свети зелено. Тоа е простотилакот и немањето на знаење да се вози. Повеќе и не се очекува кога ќе ги погледнеш автошколите. Се влечат со 20 додека инструкторите дремат на телефони.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230

Шо би се рекло: Ти кога си спор не си свесен дека си спор, само што е болка за другите што не се спори.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.459
SK
Си има норми според кои се одредува кога некој е брз или спор, ете сега се спроведуваат нормите преку мерења... Притоа не може да не си свесен дека си спор, ПОШТО ГАРАНТ ЕДНО 10-мина ТИ СВИРАТ И ТЕ ПЦУЈАТ. :)

Што само по себе не значи дека е коректно, но значи дека ако тебе ти свират и тоа често во многу наврати - можеби проблемот е повеќе во сопствените постапки отколку до некултурата на другите.

Така да треба да се спроведуваат мерки и за тие што го кочат сообраќајот. Ете не мора казни, нека ги застануваат сообраќајци и нека им укажуваат (и онака сега немаат многу работа). Крајно после 3 опомени за попречување сообраќај нека следува - не казна - туку налог за дообука во аутошкола. Па после доволно повторување на истото, ваљда ќе научат. Повторувањето е мајка на знаењето. :)
 
18 август 2019
1.209
1.171
Притоа не може да не си свесен дека си спор, ПОШТО ГАРАНТ ЕДНО 10-мина ТИ СВИРАТ И ТЕ ПЦУЈАТ. :)
Од кај да знам дека мене ми свират?
Мислењето е автоматски споено:

Повторувањето е мајка на знаењето. :)
Јас сум овде најпаметен (најмногу знаење имам). Само во прво одделение три пати повторував. :)
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Си има норми според кои се одредува кога некој е брз или спор, ете сега се спроведуваат нормите преку мерења... Притоа не може да не си свесен дека си спор, ПОШТО ГАРАНТ ЕДНО 10-мина ТИ СВИРАТ И ТЕ ПЦУЈАТ. :)

Што само по себе не значи дека е коректно, но значи дека ако тебе ти свират и тоа често во многу наврати - можеби проблемот е повеќе во сопствените постапки отколку до некултурата на другите.

Така да треба да се спроведуваат мерки и за тие што го кочат сообраќајот. Ете не мора казни, нека ги застануваат сообраќајци и нека им укажуваат (и онака сега немаат многу работа). Крајно после 3 опомени за попречување сообраќај нека следува - не казна - туку налог за дообука во аутошкола. Па после доволно повторување на истото, ваљда ќе научат. Повторувањето е мајка на знаењето. :)
многу ме вади од кожа тоталната безобзирност на луѓето. Се влечкаат со рефлексите на мртов коњ и се понашаат како да се сами на светов. А највеќе што ме нервира е што типот треба да врти десно да се исклучи од автопат или булевар и наместо да се престрои во десна лента па да кочи за да заврти, тој останува во средна лента и таму кочи и те тера и ти да кочиш. И ќе се престрои во десна лента 5 метра пред да заврти десно. Страшна работа, страшна безобзирност и глупавост.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.459
SK
Од кај да знам дека мене ми свират?
Обично знаеш кога директно во тебе гледаат додека свират и плунка им искача од уста заради силината на викањето и пцуењето. :)

Патем пример е она од пред некој пост: толку да е некој загледан во мобилен телефон и опериран од срам дека тргнува и до 10 секунди откако колоната тргнала, и дека го задржува сообраќајот наназад на раскрсниците, дека ги овозможува тие што некоректно влагаат пред нејзе од несоодветни ленти, итн деке х луѓе ѝ свират и ја пцујат... Тоа не е нормално да се толерира во денешниве гужви. Ќе се најде некоја „тачка“ со неспособност за инхибиција на кој ќе му се „сопојат жичките“ па ќе ја едуцира на полошиот начин.
Мислењето е автоматски споено:

многу ме вади од кожа тоталната безобзирност на луѓето. Се влечкаат со рефлексите на мртов коњ и се понашаат како да се сами на светов. А највеќе што ме нервира е што типот треба да врти десно да се исклучи од автопат или булевар и наместо да се престрои во десна лента па да кочи за да заврти, тој останува во средна лента и таму кочи и те тера и ти да кочиш. И ќе се престрои во десна лента 5 метра пред да заврти десно. Страшна работа, страшна безобзирност и глупавост.
Апсолутно заслужува санкционирање (кога веќе сме на тема санкционирање на девијации).
 
18 август 2019
1.209
1.171
Обично знаеш кога директно во тебе гледаат додека свират и плунка им искача од уста заради силината на викањето и пцуењето. :)
Ама јас сум толку „добар“ возач па гледам строго пред мене, не ги гледам другите возачи. :) Ако не сум „добар“, не ќе го кочам сообраќајот. Со други зборови: Толкав ми е капацитетот за возење.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно