Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

А1 лошо искуство

Sliderr

hello world
16 мај 2012
50
109
Само да те охрабрам и да ти кажам дека се ќе биде во ред.. Ти само ќе изгубиш 2-3 месеци што ќе чекаш да ти го заменат телевизорот, можеби и меракот ќе ти помине :)

Знам неколку вакви случки ( не кажувам како ги знам ) и сите се решени во полза на купувачот..

Каргото и А1 ќе имаат меѓусебен договор кој да плати оштета за телевизорот, а купувачот ќе си добие нов телевизор
 
triki123

Баниран/a
4 мај 2019
85
65
"Со потпишување на оваа испратница потврдувам дека кутијата и производот го примам во исправна состојба."

Тоа го имам потпишано, значи јас кога му реков не го потпишувам ова додека не го отвориме, рече епа јас ќе си го земам телевизорот и си одам затоа што немам време да чекам, и јас му реков добро ајде дај да потпишам и си замина одма.

Ова скроз изгледа ко да му паднало при транспорт на батето и свесен дека доста веројатно е дека го оштетил брзал да те намести... од авион се гледа намерата...
 
joBs0

hello world
13 септември 2019
108
171
@krema те разбирам друже, но:

Вулгарноста е од нивна страна, кога требаше да ги чекам недела дена да ми го решат проблемот.
А тоа што јас не работев цела недела на никој не му беше гајле.

Уште поголема вулгарност е да ти достават расипан телевизор со карго, со кој те обрзвуваат на 2год договор.
 
Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Само да те охрабрам и да ти кажам дека се ќе биде во ред.. Ти само ќе изгубиш 2-3 месеци што ќе чекаш да ти го заменат телевизорот, можеби и меракот ќе ти помине :)

Знам неколку вакви случки ( не кажувам како ги знам ) и сите се решени во полза на купувачот..

Каргото и А1 ќе имаат меѓусебен договор кој да плати оштета за телевизорот, а купувачот ќе си добие нов телевизор
Дај Боже да е така друже. Сите ние посакуваме да биде така во полза на купувачот, т.е. да му го сменат ТВ-то со нов.
Туку дај барем одоколу , дај некој хинт од кај знаеш? :D
 
Sliderr

hello world
16 мај 2012
50
109
Дај Боже да е така друже. Сите ние посакуваме да биде така во полза на купувачот, т.е. да му го сменат ТВ-то со нов.
Туку дај барем одоколу , дај некој хинт од кај знаеш? :D

Се случува да се направи грешка, малку невнимание треба за да се случи ова.. Ние како купувачи сме греота што сеуште многу споро се решаваат вакви случаеви во нашава држава, па дури со закани судски ќе си го добиеш тоа за што си платил поштено..
 
Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Се случува да се направи грешка, малку невнимание треба за да се случи ова.. Ние како купувачи сме греота што сеуште многу споро се решаваат вакви случаеви во нашава држава, па дури со закани судски ќе си го добиеш тоа за што си платил поштено..
Е добро овоа се подразбира, сите го знаеме. Дај молим те, дај мал ама прав хинт. Ајде направи компромис од твојта тајна и нашата знатижелност да се сретнеме некаде на пола пат. Макар на 1/4...c'mon man :D
 
toplel

user
18 август 2016
1.061
1.546

-Знајш да чуваш тајни?
-ДА!

"и јас "
 
Sliderr

hello world
16 мај 2012
50
109
Ти си курир работиш во карго, го товариш телевизорот во пикап-комбе возиш до кај купувачот, поминуваш низ улициве и дупкиве ( кратери ) наши,а телевизорот ти е позади во гепек и оп паднал.. Продолжуваш да возиш гледаш семафор, зелено трепка, кочиш и оп се удрил пак телевизорот..

Ни на крај памет не ти доаѓа дека тој се оштетил при транспорт,а кутијата нема видливи оштетувања за некое чудо :)
Потоа негираш дека е твоја грешка и префрлаш на А1, а они кажуваат исправен го испративме...

Па се уклучуваат инспекции судови и сл.. за на крај А1 и каргото да си ја платат штетата

Нема потреба мислам за други примери.. очигледно е дека е оштетен при транспорт, а тоа го знаат и А1 и каргото 100%, само ај да пробаме ние да не платиме туку они да платат..
 
Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Ти си курир работиш во карго, го товариш телевизорот во пикап-комбе возиш до кај купувачот, поминуваш низ улициве и дупкиве ( кратери ) наши,а телевизорот ти е позади во гепек и оп паднал.. Продолжуваш да возиш гледаш семафор, зелено трепка, кочиш и оп се удрил пак телевизорот..
Не дека и ова не го претпоставувавме уште при првиот ти пост кога рече "не кажувам како знам" , ама сепак сакавме директно да прочитаме како знаеш.
Благодариме на искреноста ;)
 
olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.884
3.812
А демек овие од А1 го спремале и праќале ТВ-то воопшто :) Само препраќаат документ до нептун т.е. сетек, бидејќи нептун веќе не продаваат филипс. И овие само чекаат прилика да увалат скршен ТВ на некој муштерија и им излегува прилика нарачка преку карго и го пуштаат спакуван ганц нов. На крај изгледа ми се чини гомнарите ќе излезат сетек, друг ретко кој увезува филипс, а они се познати поштењаци. Па после оди разбери се. Тој потпис и документ мислам дека нема никаква валидност, не постои такво нешто дека потпишуваш као демек све е ок со производот, живи глупости, ниту потпишувајте такви работи ниту има потреба. А телевизор поготово се купува во живо во салон, го пробуваш барем 5-10 мин пред купување.
Само џустро со вакви преваранти од фирми, пријави ги во ДПИ и ОПМ, ако треба и тужба на суд, спреми си комплет документи. Не викам дека А1 или каргото се виновни, може и не е до нив, можеби како што реков од дистрибутерот "сетек" или друга фирма постапиле злонамерно и пуштиле дефектен производ, јер тоа мора да се "прогура".
 
Последна промена:

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.195
16.333

Ако се прсти значи тука е притиснат екранот со прст, затоа што кривината на линијата одговара со кривината на онаа црна линија која се гледа кога телевизорот е уклучен.

Има слики погоре тоа е од шо го бришев со микфорибер крпа телевизорот и те молам не ме прави ненормален затоа што не ми е дојдено до заебанција да се докажуваме како мали деца си се фатил како слеп за стап ја ти праќам слики ти очигледно ме правиш слеп бркај работа те молам
Чим тоа ти го толкуваш како скршено единствени две опции на кои можам да помислам се дека или ти немаш видено како изгледа скршен телевизор во живо, или немаш видено како изгледа телевизор воопшто

Пази сега ваму момак. Ти отвараш тема која е сосем бесмислена и бараш мислење од членовите на форумот. Си потпишал документ ко некој удрен со мокра чорапа по глава и сега ми кукаш сум те правел ненормален? Дали си свесен каква глупост тропнуваш? Двете опции на кои можеш да помислиш можеш да си ги завиткаш во книвче и да си ги напикаш знаеш каде, јас не сум знаел како изгледа телевизор а? Теле-визор низаеден, јас сум пораснат во сервис за електроника.

Не гледам причина зошто си дефанзивен освен ако чувствуваш вина и си виновен за тоа што ти се случило. Јас не велам дека ти си го скршил туку велам дека таму линијата што ја гледам одговара на линијата кога телевизорот е уклучен. Дали ти си го притиснал таму, или мајка ти или тетка ти, или пак некој таму што го пакувал и препакувал јас не тврдам ништо, но очигледно е дека таму екранот е притиснат со брст за време на хендлање. Бидејќи ти побара тука помош и толкување и јас ти кажав која ти е единствената опција, бидејќи си потпишал како токмак, искористи го ова што ти го посочувам и не ми јади многу мушмули. Сабајлево повторно ги гледам сликите и повторно доаѓам до истиот заклучок дека во горниот десен агол има еден лак-кривина кој се гледа на изгасено а чија форма одговара на пукнатината која се гледа и кога екранот е уклучен. Затоа биди коректен, заблагодари им се на сите тука што им го трошиш времето, биди свесен за ова што ти го посочувам, зошто ако ти не си свесен, ќе биде свесен оној во сервис или во инспекција и ќе ти го збибери повторно на неспремно.
 
gamon

user
15 септември 2014
1.670
1.952
orgrimar
овај екран не е скршен од удар дирекно во панелот, скршен е од пад од поголема висина додека бил во кутија, вака се кршат при пад кога е поставен исправено, ако падне легнат помали се шансите да се скрши и најчесто се кршат во средина
 
Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.549
1.049
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
постојат многу можни криви страни, а сепак само А1 е лошо преставен со "сликата на телевизорот"... и тоа во Topic...
 
NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.618
6.892
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
постојат многу можни криви страни, а сепак само А1 е лошо преставен со "сликата на телевизорот"... и тоа во Topic...

Не знам што значи тоа "Topic", ама нормално дека А1 е лошо претставен зашто А1 се одговорни за состојбата и испораката на производот кои ТИЕ го продаваат. Што да не треба сега да изиграва ЦСИ и да истражува дали на курирот му паднал дур возел по дупки или дали СЕТ им увалиле дефектен производ? Убаво кажа некој погоре, А1 треба да си го средат проблемот интерно и да го го обештетат.
Следниот пат кога ќе зимам телевизор преку А1 ќе внимавам на сите работи спомнати во темава.
 
Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.549
1.049
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
лошо му е искуството веќе цел ден и со нас на авторот на темава, меѓутоа не може да смени во поставките на Темата....
а тоа дека сите по малку се криви е факт, така сме ги поставиле некои работи и Ние (парафразирам)...
 
toplel

user
18 август 2016
1.061
1.546
постојат многу можни криви страни, а сепак само А1 е лошо преставен со "сликата на телевизорот"... и тоа во Topic...
Членот го купи од А1, не од „многу криви страни“. Така што лошото искуство е со А1, а тие нека си ги отворат очите со кого соработуваат и како истите ги третираат нивните корисници. Јас сум сигурен дека членов не е прв што му се случува истото, имајќи предвид каков фушерај постои низ фирмите за ИТ техника.

Претпоставувам го користат фактот што телевизорот не може да се провери преку карго достава и тука автоматски се активира „нашиот“ менталитет. Ништо чудно и дефект да е од магацин па се надеваат дека некој ќе го плати преку А1 на обврзувачки договор и после нека си го поправа зошто е „негов проблем“.

Згора на сѐ му бараат 7,000 денари за поправка од прв ден на телевизор што не можат да докажат дека е физички оштетен од корисникот/купувачот зошто нема никакви видни физички оштетувања.

А1 треба да си бараат техничари од фирмата со која соработуваат да го инсталираат уредот, а не да го праќаат по карго. Ако истата фирма-соработник нема услови за таква достава нека си најдат соодветна што нуди преку јавен оглас.
 
Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2.613
1.564
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Па А1 и е најодговорен во случајов.
Кога веќе користи надворешни служби за транспорт, може подобро да го направи тоа, да ги осигура предметите... да се ангажира корисникот во најкраток можен рок да му се обезбеди проверка и нов телевизор... А тука испаѓа дека тие си завршиле работа со 24м договор и што ми е гајле за понатаму. Најлесно е префрлање на одговорноста...
 
Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.549
1.049
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Членот го купи од А1, не од „многу криви страни“. Така што лошото искуство е со А1, а тие нека си ги отворат очите со кого соработуваат и како истите ги третираат нивните корисници. Јас сум сигурен дека членов не е прв што му се случува истото, имајќи предвид каков фушерај постои низ фирмите за ИТ техника.

Претпоставувам го користат фактот што телевизорот не може да се провери преку карго достава и тука автоматски се активира „нашиот“ менталитет. Ништо чудно и дефект да е од магацин па се надеваат дека некој ќе го плати преку А1 на обврзувачки договор и после нека си го поправа зошто е „негов проблем“.

Згора на сѐ му бараат 7,000 денари за поправка од прв ден на телевизор што не можат да докажат дека е физички оштетен од корисникот/купувачот зошто нема никакви видни физички оштетувања.

А1 треба да си бараат техничари од фирмата со која соработуваат да го инсталираат уредот, а не да го праќаат по карго.
аха значи теорија на заговор....
А1 сака да ги шитне сите лоши телевизори во земјава на сметка на тежината на темава...

очигледно веќе не е во прашање телевизорот туку А1...

јас реков и претходно ако некој читал...
А1 треба да почне да си ги дава своите телевизори во Салон или со достава на Техничка служба најкултурно...
сепак не е А1 единствен кривец за телевизоров како мој личен заклучок читајќи ја темава...
 
Почни подобро да читаш што напишав. Не ми давај лажна импресија како да си на пат да го оправдаш nickname-от (шега).

Никој не го обвини А1 директно, туку фактот што фирмата со која тие соработуваат и го снабдува телевизорот го праќа преку карго наместо преку нивна техничка служба. Ако таа фирма нема своја техничка служба да инсталира и донесе производ до краен корисник тогаш не одговара на моделот што А1 го има моментално. Потпишуваш договор и купуваш од А1 пред да ти го донесат дома и за тоа тие треба да стојат максимално зад исправноста на производот.

Еве, за позитивен пример ќе ги земам Сетек. Штом нема нешто на лагер во Охрид го носат првично во нивниот салон, па после со нивно возило го носат до краен корисник. Никогаш не сум видел да ми пратат нешто преку карго сервис, нит да го купам без да го проверат (телевизор). Значи таква пракса треба да има и А1 со нивниот снабдувач до краен корисник.

Вака испаѓа фирмата што ги снабдува телевизорите праќа по карго и не одговара на штетата, а ти веќе си го потпишал договорот што отвора една огромна сива зона во целава ситуација. Во случајов нема видна физичка штета, а членот веќе плаќа договор неколку месеци и нема телевизор.
 
нема шанса да читам двапати што ми објасни сега, пошто ја читам темата од почеток...
ако сакаш да ми го оправдаш nick-от слободно објасни ми поедноставно

имено и Phillips си го "брука" името ама генерално живееме во манифактурно општество (колку и да е соодветен терминот)

да повторам... А1 не се единствено криви, како што и некои инстанци кај Нас не се криви без Нас...

А1 најубаво да си доставува преку техничка служба следен пат,
бидејќи Каргото (имено на кое не му слушнав воопшто име) "нема време" да ја работи својата работа

"најнефер" сме кон мајсторите за поправка на телевизор, оти "откриле" што му е на телевизорот а никој не ги платил за работата (односно зеле само залак)

кога веќе сум кај тоа да бидам културен и да се јавам кај својот мајстор да го испоштувам...
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.500
7.804
Скопје
www.facebook.com
овај екран не е скршен од удар дирекно во панелот, скршен е од пад од поголема висина додека бил во кутија, вака се кршат при пад кога е поставен исправено, ако падне легнат помали се шансите да се скрши и најчесто се кршат во средина
Работев во Самсунг фабриката за ТВ , имам скршено екран со притискање на прст во самиот ќош при самата монтажа. Многу пипава работа се. Најјчесто корисниците кога отпакуваат тв од кутија ги фаќаат баш на самиот ќош на панелот наместо по рабовите.Овоа не е оштетено при транспорт. Туку при препакувањето.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.195
16.333
А1

10654319994.png
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно